December 30, 2012

Новите DC: Краток муабет за Aquaman

Кога Љубиша ми го предложи Aquaman од рибутот на DC, мислев дека ме ремети. "Океј, читни го барем првиот број и кажи ми што мислиш." Да читам Aquaman? Сериозно? Лик од време кога некој мислел дека и Superdog е добра идеја? Го послушав зошто му верувам на вкусот. За неколку дена летнаа сите 13-14 броеви. 

Значи, замисли колку е тешко да пренесеш ваков лик во денешно време. Лик кој со години е омаловажуван, во сенка на група сериозни херои и си го перцепирал само како предмет за ремет. Аквамен - последниот лузер што плива и збори со риби.

Прв број. Аквамен спречува грабеж и ги остава локалните џандари, случајни минувачи и авторот на овој текст со подотворена уста и крената веѓа. Како е Аквамен ваков шизик на копно? Следната сцена е во рибен ресторан каде што истиот тој Аквамен решава да мезне нешто. Сите сме уште толку збунети... Како тоа ќе јаде риба, чекај малку? Дури и гостите го прашуваат какво е чувството да бидеш ничиј омилен херој и му ја претставуваат општо познатата слика за него. Во следните неколку страници, најискулирано ги крши сите предрасуди и се позиционира во мојата листа на наслови што обавезно ќе ги чекам секој месец.

Дури и заканата со која лик како Аквамен би можел да се соочи е генијално изведена. Хуманоидни пирани? Одлично за почеток. Запазен е неговиот главен душман, Black Manta од старите броеви, кој јас го дознав дури сега. Како што течат броевите, така се открива и потеклото на ликот и неговото место на копното и во подводниот свет. Последнава приказна која се врти околу Атлантис, некако ми кажува дека следно за читање ќе ми биде и новите Justice League, уште еден наслов кој сум го избегнувал. 

Сеуште не ми се верува како е можно Aquaman да е толку добар стрип. Џеф Џонс тука е дефинитвно она што е Скот Снајдер кај Batman, со тоа што имал дури и потешка работа зошто Бетмен како лик е класи над Аквамен. Ете, рибутот на DC со кој планот беше, меѓудругото, да се претстават стари ликови на новите генерација очигледно успеа. Аквамен си доби уште еден нов фан.

December 22, 2012

Преглед на RIFT: Storm Legion

Помина месец и некоја недела откако излезе првата RIFT експанзија, Storm Legion. Лично, ја чекав со нетрпение долго пред воопшто да ја најават. И, после еден месец, конечно стигнав до 60-ти левел. Со оглед на минималното слободно време што го имам за играње, успеав да видам добар дел од експанзијата. Асално можев да седнам еднаш во две недели, а под асално мислам на повеќе од два саати дневно. Генерално, Storm Legion е солидна експанзија, меѓутоа има и одредени недостатоци кои ќе ги спомнам понатаму.


Една од најбитните работи кои мора да ги спомнам за RIFT, е дека е единствената игра која успеа да преживее со моделот на месечна претплата и да продаде експанзија. Иако е рано да се зборува, сеуште се држи океј, па дури собра и награда за најдобра експанзија за 2012.

Trion го проширија светот со два континенти кои се поголеми од светот кој е дел од оргиналната игра. Новите континенти се поделени на десетина зони, чиј дизајн е најмоќниот сегмент од целата експанзија. Доколку стариот свет делуваше клаустрофобично на моменти, овде е сосема поинаку. Зоните се сериозно добро изработени, полни со детали и места за посетување. Дури и тие што изгледаат мрзливо (има две-три кои можеле комотно да се спојат во една голема), си имаат одредена убавина. А, со целиот суптилен СФ, RIFT успеа да си создаде идентитет, кој успешно ја двои од останатите игри.


Иако светот е огромен, Trion заринкале кога дошло време истиот да се пополни со содржина. Темата на експанзијата е Crucia (змејот на Воздухот) и нејзината армија, Storm Legion, и тимот за развој на приказната и квестовите, мислел дека тоа е доволно. Речиси во секоја зона, слична тема и непријател се присутни, па некако престанува да е интересно после седмиот пат. Покрај тоа, Trion воведува Carnage квестови кои дополнително ја влошуваат ситуацијата. Што се Carnage квестови? Сите оние "Убиј X свињи" кои се стандарден елемент од секој MMORPG наслов, тука се добиваат автоматски. Кога ќе убиеш одредено суштество што се шета рендом низ светот, се активира Carnage квестот кој бара да убиеш уште 15 исти такви. Без оправдување, без приказна. Кога веќе убивам 10 џиновски пајаци, сакам да знам зошто. Читам квестови, сакам RPG. Со Carnage квестовите, Trion го сведува грајндот на најлошото можно ниво. 


Останатите "нормални" квестови се поврзани во една голема приказна, посебна за секоја зона. Механиката им е подобрена во однос на сличните квестови од оргиналната игра, меѓутоа приказната е претежно бледа, да не речам досадна. И, плус тоа, има само по еден таков ланец во секоја зона, па изгледа некако лимитирано. За разлика од WoW каде што во една можеш да следиш повеќе различни приказни. Не само WoW, дури и оргиналната RIFT функционираше така. 

Акцентот е ставен на Димензиите, player housing кој го нуди експанзијата, ама па за тоа имам уште помалку време. Моментално во тек е Fae Yule фестивалот и има еден куп тематски ситници што може да се искористат во Димензија. И да, овогодинешниот Fae Yule е многу подобар од лани, има дури и трка со санки. Инаку, од целата експанзија ми остануваат уште две цели зони во кои не сум стапнал. Од новите данџани, влегов во два. Од Storm Breaker Protocol излегов разочаран и сеуште останува најомразената инстанца во цела игра. Целиот концепт изгледа интересно (играчите управуваат со Mecha роботи), меѓутоа реализацијата и механиката се фрустрирачки. Затоа и ретко кој има нерви да го заврши до крај. Од рејдовите ништо немам видено, веројатно и нема во брзо време. А, за новиот Warfront ќе зборувам во посебен пост.


Е, сега што ми направи ќеф. Ивентите во зоните се одлични, најмногу поради тоа што играта е сега преполна со играчи. До тој степен што некогаш и ми сметаше. Новите Рифтови, Hunt рифтови го носат и тој дел на друго ниво и се супер освежување од класичните. После 60 левел, има разни варијанти, со различни предизвици и наменети за поголеми групи. Onslaught модот (tower defense) е пристуен и на новите континенти во феноменално издание. Од новите класи, играм само дел од Harbinger (главниот soul ми е Warlock сега) и интересно е.

Музиката за жал е очајна. Има само две различни траки, една за еден континент. Може да има и три, само што јас упорно слушам една иста музика тука. Trion никако не ја научи таа лекција. Сакам да верувам дека ќе го корегираат ова во иднина, зошто ја прави играта да изгледа недовршено уште толку. Да не спомнувам колку багови имаше првите две недели, и покрај успешното лансирање со минимален лаг (освен првите неколку саати).


Trion веќе одбраа правец за RIFT и тоа јасно се гледа. Само што некогаш премногу се трудат да ги задоволат сите играчи, па денес играта во одредени делови изгледа како монструозна крпеница. Има за секого по нешто, но крателе и додавале кај што сериозно немало потреба. Јас сум претплатен до септември следната година, па има шанси да ме убедат дека и во иднина ќе остане мојата примарна МMORPG зараза.

December 17, 2012

Крајот на Homeland

Како тип што тврдеше и убедуваше луѓе дека Homeland е најдобрата серија сезонава, се осеќам должен да си го повлечам муабетот. Со последниве три епизоди, се акнаа од земја. Морам со спојлери, така да... 

My name is Nicholas Brody and you got punk'd.

Му го хакнаа вајрлес бајпасот на потпретседателот? Озбилно Homeland, до толку без идеја? Како и сите слични амерички серии и филмови. Серијата баш и затоа беше добра, затоа што успешно избегнуваше шаблони. Во неколку епизоди дозволија стварите да излезат од контрола и не ми е јасно како и зошто. Толку хајп за Абу Назир и сега го нема, а? Нов Абу Назир? Броди ќе бега цела трета сезона, четврта? Освен тоа, целата таа приказна со Кери и Броди стана толку напорна, што било која турска серија во било кој период од денот би била подобар избор за гледање. Последниве епизоди повеќе гледав во ѕид отколку во монитор.

Крајот на втората сезона веројатно е последното нешто што ќе го гледам од Homeland. Мислам, веќе се решив после епизодата со бајпасот, ова само ми потврди.

December 15, 2012

Во одбрана на Skyfall

Го гледав Skyfall пред некоја недела и тоа на кино снимка. Некако не ми се излегуваше разочаран од кино како оној пат. И, после некое време и изгледани неколку постари Бондови за анализата да ми биде комплетна, да си кажам за Skyfall. Третата шанса можеби изгледа различно од општата претстава за Бонд, и веројатно има повеќе причини зошто е тоа така.

После еден не толку лош и еден катастрофален Бонд, немав апсолутно никакви очекувања дека ќе видам нешто добро и сега. Откако франшизата е "рестартирана" во модерно време, непотребно осакатија еден куп Бонд атрибути кои се битни состојки во формулата за филм за таен агент кој има специфични карактеристики. Извади ги и ќе добиеш просечен акционен трилер, какви што има секоја година по 20.

Гледајќи назад низ филмовите со кои сме растеле, заклучив една битна работа која иако присутна никогаш не ја земав во предвид кога ги оценував последниве три. Можеби зошто во првите два недостасуваа тие Бонд елементи и воопшто не ми ни падна ова на памет. Значи, секој Бонд филм и секој актер припаѓа на сопствена ера. Така е формулиран ликот, негативците и секако технологијата што ја користи. Не само периодот и начинот на раскажување приказни на филм, туку и општо моменталната ситуација во светот (мислам и на политичката ситуација, нормално). Токму тие две главни ствари ја прават равенката врз која се базира еден Бонд филм. Речиси во секој филм можеш да најдеш нешто карактеристично за тоа време. На пример, тоа е јасно изразено во филмовите со Броснан. Од супер-негативец кој создава воени конфликти главно преку своите медиуми, до невидливи коли и СФ технологија. Die Another Day е онака глуп пример за тоа како некој сметал дека ќе се развива технологијата, па затоа и Бонд е опремен со геџети кои во обид да се "чекор пред светот" изгледаат смешни. Се случувало и порано, да, меѓутоа пукна комплетно. 

Денес светот е сменет, а кога веќе Бонд треба да постои, треба да се носи со околностите. Не може во 2012 да има негативец со приватен остров кој ќе го освојува светот. Функционирало некогаш, во поинакво време кај поинаква публика. Денес таков Бонд би изгледал како Остин Пауерс. Дури и Бонд како лик треба да припаѓа на денешницата. Не може да се облекува во гумен крокодил, не. Баш тоа и беше проблемот со претходните два, што во обид да се доближи Бонд до ова време, претрпе и ликот. За чудо, Skyfall симпатично ги вади сите Бонд моменти и успешно си игра со нив. Затоа е и единствениот од трите кој успева да се доближи до она што треба, она што повеќето сакаме да го видиме. 

Крајот на Skyfall понуди кулминација која само го спои овој модерен Бонд со почетокот на серијалот. Откако Крег доби Q на средина на филмот, и тоа онаков Q каков што е повеќе веројатно дека ќе биде во факинг 2012, доби и нов М и Манипени. На крајот, се осеќа транзицијата на овој Бонд во она што беше Бонд пред Casino Royale. Можеби три филмови беа премногу како приквел или вовед, но Skyfall е битен чекор во формирањето на овој нов Бонд. Доколку хинтовите беа повеќе од играње со публиката, очекувам да го видам Бонд во вистинско светло следниот пат. Крег има уште две шанси пред него. Очигледно ова помина и кај пошироката публика, и веројатно тоа доволно за да ја потврди насоката на следниот филм. До сега, најбондовскиот Бонд со Даниел Крег. Дури и како филм е супер, и заслужува второ гледање.

December 11, 2012

Околу Star Trek Into Darkness

Тажно е што се случува со големи франшизи кога ќе ја снема главната движечка сила. Во случајот на Star Trek мислам на Роденбери, а кај Star Wars тоа е разумот на Лукас. Деновиве е актуелен тизер трејлерот за новиот Star Trek, сомнително насловен Into Darkness. Ненамерно, насловот на кратко објаснува каде се наоѓа Star Trek моментално. Ми текнаа уште некои други варијации на насловот, ама ќе ги оставам за покасно, кога ќе го гледам. Да, веројатно ќе го гледам, како инаку би мрчел на раат?


Доколку сеуште некој верува во Џ.Џ. Абрамс, трејлерот е тука да му удри ластик. Сериозно, има луѓе што мислат дека трејлерот е добар? Не е лош? Да, ако е трејлер на Transformers, можда. Во овие минута и нешто, Абрамс мајсторски успеал да го прикаже сè она што не е Star Trek. Се рушат згради, бродови, експлозии, вриштат плавуши, онака демек хаос, темница нешто, мрак паѓа, оган... Нешто што за жал се продава супер на пазарот за кое е наменето, и единствено нешто што можам да направам е да прокењам вака тивко. Ама, ми е искрено криво што успеаа нешто како Star Trek да го доведат до ова ниво. На ниво на Transformers е, еј! Изгледа дури полошо од претходниот. Баш и во постот за претходниот објаснував што е погрешно со овој 'рибут'.

Уште една упропастена шанса да го издигнат Star Trek над стварите на кои има влијаено. Наместо да поставуваат нови стандарди и да покажат кој е кој во жанрот, трчаат паралелно со останатите шкарт холивудски трендови. Постерот, еј, постерот!

December 2, 2012

Неколку кратки анимирани филмови

Ми требаа добри анимирани филмови. Кратки. И денес потрошив време да најдам и да изгледам нешто квалитетно и да изберам неколку за листата подоле. Прво изборот, па после и за "Анимакс"...



Е, сега... Годинава пак имаше "Анимакс" и успеав да го фатам првиот ден. Фестивалот лани и покрај сите маани, изгледаше како да ќе има некаква посветла иднина. За жал, од првиот и единствен ден на кој што присуствував, повеќето впечатоци се лоши. Иако имаше поголем избор од лани, тоа што го имаше на репертоарот беше крајно напорно и досадно. Малкуте исклучоци ги загуши Kingdom, некаква вегетаријанска пропаганда од Нов Зеланд чија 'уметничка вредност' веројатно не ја сконтав поради отсуството на шал и цвикери со дебели рамки. 

Добри беа The People Who Never Stop, Story of Him, Seven Minutes In The Warsaw Ghetto, Dove Sei Amor Mio и Oh, Willy. Да, многу се, само што по нив следуваше една тура за која Kingdom ми го упоропасти расположението. Да не почнувам за катастрофалниот квалитет на снимката. Сериозно, ЈуТјуб линк или касета испратиле авторите? Или организаторот прибирал што му дошло под рака? Не знам какви биле останатите два дена од фестивалот, но ќе им верувам на тие што ми кажаа дека не биле ништо подобри.

November 24, 2012

Шест години Crapwerk

Crapwerk се довлчека до шестата година. Со оглед на тоа што годинава имам сериозни обврски кои ме спречуваат да пишувам почесто, изборот на постови напишани од лани е значително помал. Да не ја кршам традицијата, ете ги, поделени во категории. 


Филмови и серии

RIFT и World of Warcraft

И, уште игри..

Стрипови

November 20, 2012

Looper (2012)

Looper изгледаше фино на трејлерот, и одма да кажам - сосема океј филм е. Брус Вилис може да си допише уште еден лабав СФ на списокот. 12 Monkeys нема да го сместам во оваа категорија зошто воопшто не е лабав и е едно 12 класи погоре. А, Џозеф Гордон-Левит со уште една улога докажа колку е способен. Сериозно, кој очекуваше дека копиљот од Третиот Камен од Сонцето ќе може да се носи и со поголеми улоги? Спојлери подоле.

Looper е во суштина акционен трилер, со класична СФ подлога - патување низ време. Мојата омилена тема, експлоатирана до бескрај и изведена на милион начини. Многу пати со различен пристап, теории и парадокси кои исто така причинуваат и дупки во приказните. Енивеј, ќе дојдам и до тоа, ако не заборавам зошто уште седум пати ќе ме прекинат додека го пишувам ова.

Значи, во 2044 патувањето низ време не е измислено. 30 години подоцна е, меѓутоа веднаш е забрането и се користи незаконски. Логично (најверојатно не), забранетата технологија ја користи мафијата! И, тоа не за да ги прави секојдневните мафијашки работи, туку испраќа луѓе во 2044 за да ги упукаат платените убијци познати како "лупери" (добро, како да ги пишам?). Бидејќи нели, во таа иднина те следат до тој степен што ако мафијата сака да се ослободи од твоето тело, ќе мора да те прати во минатото за да застрелаат. Океј, ќе поминеме низ ова, океј? Океј. 

Некој од иднината решава да се ослободи од луперите, со тоа што ќе ги прати во минатото да се убијат сами себе. Сериозно? Сами себе? Зошто? Океј. И, нормално, старата верзија на Џо е Брус Вилис кој и не планира туку така да биде убиен. О, не. Планира да го најде типот од иднината што ги нарачува овие ствари и да му пружи класичен Брус Вилис третман додека е сеуште дете. Океј, доколку некој воопшто стигнал до тука со читање, ќе претпоставам дека го гледал филмот и нема потреба да го раскажувам, нели? Филмот е океј. Онака, во духот на постарите СФ филмови, баш какви што фалат. Без многу ефекти, со некаква СФ приказна, па макар и полна со дупки. Мислам, веројатно стварите околу патување низ време си функционираат така како што функционираат во рамките на универзумот на делото. Секој може да се исфура теорија каква што сака, и освен ако не е крајно забегана, често испаѓа океј.

Ме изненади колку добро изгледаше Џозеф Гордон како млад Брус Вилис. Што ти прави добар мејкап артист и гледање филмови со Брус Вилис со недели. Изразите на лицето, гестовите... погодено таман. Сепак, не колку Џош Бролин во Man in Black 3, зошто Бролин е далеку подобар актер од Џозеф Гордон-Левит.

Еј, да. Единствена непотребна работа во цел филм беше онаа глупост со телекинезата. Зошто? Сериозно, зошто? Ајде океј, голтнав многу ствари, ама ова беше стварно не за тука. Јасно ми е дека сакале малиот да го претстават како некој што би пораснал во гнасен негативец и се појебава со луперите во иднината, ама телекинеза бе? Мутација? Луѓето стануваат мутанти со телекинеза? Не, не. Не. Другото како што кажав - океј. Подобар од Total Recall со Колин Ферел. Тоа го изгасив после неколку минути и го избришав.

November 18, 2012

36-та Комора: Вовед во Кунг Фу филмови

Последниве месеци се навлеков на уште еден шкарт жанр - стари Кунг Фу филмови од 70-ти и 80-ти. И, тоа не од оние со Брус Ли, туку оние што во (мислам дека ги викаа) видеотеки пред 15 години можеа да се најдат во задниот рафт на "Карате" одделот. Изгледав доволно многу за да можам да напишам асална серија постови, меѓутоа не доволно за да го одмаздам селото.

Ги гледав скоро сите филмови што важат за најквалитетни во жанрот. Знам чии филмови се најдобри, кои актери имаат силно Кунг Фу, кои гласови ги синхронизираат и кој колку пати го убил Паи Меи. Кога ќе видиш, сите се правени по истата формула. Одмазда, забегана кореографија на борби, Шаолин, уникатен негативец и сценарио во кое најпрво се мери вербалната сила пред некој да наебе.


Најквалитетните (ова е крајно дискутабилно, меѓутоа зависи како ги гледаш) филмови доаѓаат од Shaw Brothers Studio. Кога ќе видиш дека филмот што едвај си го нашол за да го симнеш има SB лого на почетокот, знаеш дека ќе е добар. Уште ако е со Гордон Лиу, тоа е тоа. И, ако негативецот е Ло Ли - ти веќе го гледаш најдобриот Кунг Фу филм во живот. Нормално, додека не го изгледаш следниот од истата екипа.

Друга битна работа е дејството да е некако поврзано со Шаолин храмот. Доколку не е, тогаш добар дел од филмот се одвива на истиот рид каде што се снимени сите овие филмови. Дури и во тие со Шаолин, сигурно има некоја пресметка на ридот. Тоа е тоа место, и таа е таа сува трева каде што двајца Кунг Фу мајстори глумат дека се тепаат. Бонус поени доколку е очигледно дека не се ни допираат со ударите. 

Сепак, ништо, ама апсолутно ништо не ја заменува англиската надсинхронизација. Ништо не е вредно колку тие гласови. Некои морав да ги гледам и на кинески, со превод, и го нема тој шмек. Значи, строго со англиска синхронизација и VHS рип. Ремастеризираните верзии на тие култни наслови не се ништо во споредба со оргиналите. Голем дел ги има и на ЈуТјуб. 

Филмовите и актерите ќе си добијат посебен третман во идните постови на оваа тема. Во меѓувреме, задолжително да се проверат следниве наслови: The 36th Chamber of Shaolin, Clan of the White Lotus, Eight Diagram Pole Fighter, Shaolin VS Wu-Tang и Executioners from Shaolin.

November 3, 2012

Star Wars Парастос

Често пати сум дискутирал околу тоа што ќе се случи со Star Wars откако ќе го нема Лукас. Одговорот на тоа прашање деновиве го добив како колено во јајца. Неоспорен факт е дека брендот носи пари, многу пари, и едноставно не може тоа туку така да сопре. Лукас со изговор дека сака да ја предаде франшизата на помлади бизнисмени, ја шитна на Дизни. Со тоа, Star Wars од едни алчни раце, отиде во други, познати исто така по молзење на продукти. Само што не знам дали има нешто останато да се молзи од Star Wars, така што ова ќе се сведе на цедење. 


За да биде уште потрагично, најавен е нов филм за 2015. Episode VII. Единствено полошо од ова е ремастеризирана верзија на Empire Strikes Back каде што полудениот Чубака ги силува Хан Соло, R2-D2 и Jar Jar во мочуриштето на Дегоба. Во исто време. Најавата за нов филм немаше да биде таква каква што е, да не беа милионите фанови кои година дена претходно ќе кампуваат пред кината низ САД да видат за што станува збор. Мислам сериозно, профит настрана ова е веќе некрофилија. Толку ли никој нема идеја за нешто свежо што ќе може да носи пари? 

Дизни се ѓубриња. За секоја глупост како Star Wars Detours, имаат продолжение на Кралот Лав. И не, TRON: Legacy не е никаков аргумент дека ќе го однесат Star Wars во добра насока. А, што е исто така страшно е што и Индијана Џонс е сега под нивна контрола. Прашање на време е кога ќе најават римејк или продолжение со некој шупак од актер што ќе го носи шеширот и камшикот.

Гласините кажуваат дека следното продолжение на Star Wars (уште не ми се верува дека пишувам за следно продолжение) ќе се бави со сосема друга приказна и ликови. Што значи, никогаш нема да видиме екранизирана верзија на The Force Unleashed. А, за Dark Empire е предоцна. И, да, филмовите нема да сопрат со Episode VII.

October 30, 2012

RIFT: Загревање за Storm Legion

За две недели излегува првата RIFT експанзија, Storm Legion. Тоа значи дека следниот месец планот е секој (втор) пост да биде околу тоа колку е добра и што пропуштаат тие што не играат. Моментално е во тек Tempest Rising ивентот кој води кон експанзијата и новата приказна, континенти и еден куп други работи


За тие што си направивме приордер, денес го отворија новиот данџн, Exodus of the Storm Queen. Данџнот е инстанциран дел од познатo место во Iron Pine Peaks, таму каде што војнците на Icewatch го чуваат Змејот на Воздухот, Crucia. Crucia е главниот непријател на играчите во експанзијата, откако е конечно ослободена од вековниот затвор. И, баш крајот на Exodus е она што го претпоставував, го имаше во трејлерот и конечно го видовме во играта. Crucia се издигнува од Cloudborne Tarn и одлетува! Дефинитивно најепскиот дел од цел ивент и одлична најава за она што може да се очекува од Storm Legion. Снимив и видео.

Storm Legion доаѓа со 10 нови левели, два огромни континенти три пати поголеми од тоа што го има сега, димензии и еден куп рејдови, данџни и динамична содржина. Trion играат на големо, се надевам дека ќе им се исплати. Ќе видиме за две недели.

October 28, 2012

Новите DC: Batman #13

"Кловн влегува во полициска станица..."

А, исто така и во новата приказна чија тежина е логичен следбеник на маестралната Night of the Owls. Џокер се враќа во новиот универзум на DC, откако последен пат го видовме неговото брутално одрано лице. Отсутен една година од Готам, се враќа повторно да го тероризира градот, како физички така и психички. Морници уште на моментот кога всушност се дознава колку е блиску до своите (потенцијални) жртви. 

После два филери, ова е тоа што се чекаше од Капуло и Снајдер. Првиов број одлично го сетира патот за тоа што ќе го видиме во следните.

Овој пат заканата е многу пострашна, особено кога мотивот за неочекуваното "исчезнување" на Џокер станува крајно сомнително. А, со оглед на тоа што досега овој тим успеа да го испорача, несомнено се работи за историски добра Џокер приказна. Снајдер е на цврста позиција и веќе на сите ни е јасно што сè е способен да направи. 

Цртежите се перфектни. Капуло и овој пат заслужува овации. Само чекав да стигнам до страниците каде што конечно се појавува Џокерот за да видам што успеал да создаде. Моменталната физичка состојба во која се наоѓа ликот, е веројатно најморничавата варијанта во кој го имам видено.

Крајот наговестува нешто за кое се надевам дека нема да има таков исход како што изгледа. И, иако мислев да почекам да се соберат неколку броеви, ова нема шанси да го оставиш недочитано. Новите броеви од другиве наслови сеуште не ги разлистав, меѓутоа мислам дека ништо не е на ова ниво. Браво!

October 27, 2012

Преглед на Torchlight II

По инцидентот со прашина во кулерот на графичката колку во пропадната транзициска фабрика (и таблетот со сопствена свест, но тоа е друга приказна), конечно Torchlight II си го доби заслуженото внимание. Со неколку изиграни саати и испробани две од четирите класи, првичниот заклучок е дека продолжениево го прави кецот да изгледа како недовршена бета.


Пред еден месец почнав да играм Engineer и резултатот по тие петнаесет минути играње еднаш неделно беше воспалена десна рака и "Абе, не сум сега за ова расположен" муабети. Класата можеби си наоѓа играчи, ама мене ми создаваше глупава слика за целата игра. Затоа, си направив Outlander, зошто пиштоли се поефективни од било кој џиновски чекан.

Во суштина, Torchlight II има идентичен гејмплеј како кецот (а, каков друг сакаш?), само што дејствието наместо во еден хаб со милион исти данџни е сместено во огромен шарен свет. Разновидна палета на непријатели, оружја, животињи за придружба и квестови. Приказната е интересна, меѓутоа се сведува на тоа дека ти си тој херој зад мониторот кој ќе ги спасува жителите на рендом места со својот напатен маус. Примарно во ваквите игри е да убиваш сè што мрда, а не е твојот пантер (или булдог) кој меѓу другото, може да оди до најблискиот град и да купува и продава ствари. 


Како и во кецот, девелоперите и тука ставиле од истата дрога. Значи, играта е крајно заразна и баш затоа ти треба нешто повеќе слободно време и дождливи денови. А, сериозно, најдобра е моментално од жанрот и тоа го сфатив по само еден саат играње. Толку ми требаше и за Diablo III. За ова, одговорно тврдам дека е далеку подобар дил, со оглед на работите што ги нуди. Diablo III може комотно да се слика со цената и недостатокот на офлајн варијанта. Torchlight II за тие 800 денари колку што ја купив нуди поинтересна игра, LAN опција и Интернет мултиплеер, гордо покажувајќи среден прст кон Blizzard и нивната шабанска политика.


Со првиот карактер го пројдов Grand Regent Eldrayn и тука заврши неговата инженерска кариера. Сега планирам да ја завршам играта со Outlander. Со оглед на тоа што класата ми дозволува побрзо да ги проаѓам квестовите дури и на потешко ниво, ова ќе биде брзо па ќе видиме што имаат и другите класи да кажат.

Засега, Torchlight II ми е фаворит сингл-плеер игрица за оваа година. Ако го земеме во предвид прогресот коj Runic го направија од оргиналот, третото продолжение би било уште подобро од ова. Имаат ли муда да направат вистинско MMO?

Види такоѓе:

October 21, 2012

The Expendables 2 (2012)

Океј, вториот дел на The Expendables. Уште на почеток да кажам, дека продолжениево мене ми беше далеку подобро од кецот. Првиот колку и да беше фино да се гледа, повеќе беше сконцентриран на тоа кои имиња во која сцена ќе се појават. Затоа и најсветлата точка му беше сцената во црквата. Не дека вториот не го прави тоа. Го прави, дури и поексплицитно. Само што друго ми е муабетот...

Сталоне успеа да го направи она што никој не можеше кога беше времето да се направи. Пред 30 години. Од тоа тогаш, денес е останата само носталгија и лоши продолженија. Не дека времето ги прегазило акционите херои, туку жанрот е претворен во нешто сосема различно. Сега сите тие се собрани на едно место, подостарени и се обидуваат да докажат дека можат уште. Приказната не е ни битна, кога имаш постојана акција и пукање. Дијалог колку да ги носи ликовите низ сцените, по некоја референца кон познати ликови на актерите, Чак Норис факти и малку зезање на своја сметка. Колку и некои ствари да делуваат, а и да се, исфорсирани, не можеш да фаќаш кусури. Домаќински си е филмот и крај.

Лично, најголемото изненадување ми беше Ван Дам. Го немав одамна видено никаде, остарен е, и уште е заебан гад. И, башка негативец со најјакото име во било кој акционен филм - Вилејн! Брус Вилис и Шварценегер за среќа имаат нешто поголеми улоги од минатиот пат. И, конечно сцена каде што заедно со Сталоне го прават тоа што најдобро го прават. Нешто што сцената во минатиот филм го немаше и покрај тоа што пружи слично чувство. 

Статам и другиве се супер. Иако крајот на филмот ги засенува сите останати имиња освен старошколската петторка, сите одлично си го пополнуваат местото, дури и оној Ренди Котур што искрено појма немам кој е, и што бара тука веќе два филма. Стивен Сегал воопшто не фали, ете му ги тие неговите direct-to-DVD филмчиња со фацата и пиштолот во преден план на омотот, нека си ги снима. Курт Расел исто не успеа да се испазари за улога, зошто нели, презафатен е, еве сега пет нови добри ќе излезат со него. Сериозно, чул некој за Курт Расел нешто во последниве години? Единствено ми е криво што не го довлечкаа Мр.Т некако.

Сепак, Сталоне планира уште едно продолжение, веројатно да ја заокружи трилогијата. Немам ништо против, нека тера. И, онака поентата е да видиме кој актер што ќе каже, на кого. Другото е веќе видено. Е, па пре би гледал акција со овие него со Стив Остин, таму некој..

October 17, 2012

Околу новиот Бонд. Џејмс Бонд.

Откако пред две години новиот Бонд филм се одложи на неодредено, го изгубив агентот од радар, скроз. Се додека не ја чув темата за Skyfall од Адел. Факинг Адел кај мене на блог, и дури и ја фалам. Сериозно, песнава е најбондовското нешто во филмовиве со Даниел Крег до сега. 


За жал, веројатно и единственото во Skyfall. Нема геџети, нема супер-вилани што сакаат да го покорат светот со гас за смеење, нема Кју (има некој младиќ небитен), нема добри девојчиња. И, десет Хавиер Бардеми нема да успеат да го извадат филмот, зошто Бонд веќе одамна пробува чекори по некои "современи" стази. Не е Бонд тоа. Не дека нема да го гледам, не дека нема да искењам чим го изгледам. Само што овој пат знам дека ќе е срање и не очекувам никакви изненадувања. Додека не ја вратат душата на Бонд филмовите, ништо.

Значи уште еднаш, феноменална ствар.

Најава: WildStar, уште една нова MMO игра

Многу пати сум дрвел на тема ММО пазар, дури сум си и сам себе досаден. Публиката е таа, генерално прифаќа модел обликуван уште 2004 со WoW. Но, компаниите упорно се обидуваат да се постават како конкуренти на Blizzard и често пати тоа не завршува баш како што треба. Ниту TERA, ниту RIFT, а ни The Secret World не успеаа да грабнат доволно публика. TSW дури и клоца за живот, и покрај тоа што имаше одличен старт.


Тогаш, по што се разликува WildStar? Свеж наслов, иновативни идеи (или барем завиткани така добро да делуваат иновативно), нов огромен свет... што нуди толку посебно од насловите погоре? Океј, да се накашлам и ќе кажам. Графика и амбиент! Колку и да е самиот гејмплеј примарен, многу е битно, барем на мене, каде е сместено сето тоа. А, WildStar ќе се одвива на планета наречена Nexus, полна со истрипано шаренило и технологија. Значи, нешто како Torchlight, со повеќе СФ и нешто повеќе cartoonie од WoW.

За почеток, планирани се четири класи (ги викаат "paths", ќе функционирале малку поинаку од стандардите), Explorer, Soldier, Scientist и Settler. И, нешто што се вика Momentum Mechanics. Веројатно нешто што го има во сите други игри, само спакувано во фенси хартија. Еј, се додека можам да трчам низ планетата од видеата и скриншотите, како сака нека вика.

WildStar нема датум, ни отворена бета. Веројатно следната година. А, јас сеуште немам клуч за било каква бета. До тогаш, играва ќе ми биде во фокус, а ќе гледам да прокоментирам и некои поголеми вести. За крај, ќе кажам само дека NCsoft стои зад играва, а моментално имаат јак играч на терен.

October 11, 2012

Три серии за 2012-2013 сезоната: Homeland, 666 Park Avenue и Revolution

Новата сезона на американски серии, 2012-2013, веќе е во тек неколку недели. Анимираните на МекФарлејн си се таман, само што некако се презаситив и веројатно ќе чекам да се соберат повеќе, за евентуалните досадни епизоди да дојдат измеѓу. Со иста финта ги гледам The Simpsons и South Park изминативе неколку години и таман си е. Тоа е, отидоа и овие во тој кош.

Мислам дека е доста и од The Office, а и од Modern Family. Првиве за чудо успеаа да извадат добра сезона без Мајкл Скот, ама промените кои се најавија за текновнава некако ми ја тргнаа серијата од фокус. Modern Family имаа просечна и уморна трета сезона, па четвртава може и да почека. Единствен ситком што продолжувам да го следам и едвај чекам да почне сезоната е Community. Знам дека нема да утнат.

Е, сега за посериозните, или како што ги викаат таму, драмите. Моментално следам три, од кои една сигурно ќе ја укинат пред да се откажам. Значи, да почнеме.


666 Park Avenue

Нова серија со Тери О'Квин во главна улога. Иако името повеќе прилега на некој скејт емо инди блек метал бенд од Флорида, серијата е џам! Неочекувано добра! Во кратки црти, Тери О'Квин рента лукзузни апармани во сомнителна зграда на богаташи. Исто така, им ги исполнува желбите во замена за нивната душа. И, не, не е глупаво колку што звучи. Дури има и некој Линч шмек. Ликовите се супер, дури и главната плавуша што упорно душка кај што не и е местото и веројатно ќе наебе. Тери О'Квин e перфектен антагонист. Ако некој не е убеден после последната сезона на Lost, еве прилика. Ќе се следи ова, и покрај тоа што насловот 666 во него е детски, наместо контраверзен како што веројатно синот тинејџер на главниот продуцент мислел дека ќе биде.

Homeland

Homeland е апсолутно најдобрата серија што оди моментално. Значи, моментално, а не на пауза како Breaking Bad. Во тоа ме убеди втората епизода од втората сезона. Веројатно ќе склопам некој пост со спојлери, а до тогаш планирам да убедувам луѓе да гледаат. Мислам, ако во втората епизода се случија ствари кои мислев дека ќе ги видам во некоја следна сезона, што друго да очекувам од серијава? Имаат инспирација, имаат добра екипа и одлична тема. Може кај сакаат да ја носат. Втората сезона е веќе подобра е првата и сигурен сум дека ќе станува уште понапнато.

Revolution

Веќе пишував за почетокот на Revolution. Сеуште е тапа, веќе четири епизоди, ама е лек за спиење. Ужасни ликови, катастрофална глума и најпредвидливите дијалози што сум ги видел во последно време. Речиси сè во серијата се коси со логика и нема апсолутно никаква смисла. Дури и почнаа да убиваат ликови кои беше логично да ги развиваат понатаму. Спомнав дека има флешбеци како во една друга серија на Абрамс? Ако не, еве. Има. И, тоа само за колку да пополнат дупки кои е невозможно да се решат во склоп на моменталниот концепт. Како што реков, Jericho цртан филм за деца. Ќе ја укинат пред да прекинам да гледам и искрено ќе ми биде криво. Онака, станува добра од што е лоша, и не сакам да заврши за три недели.

Отприлика тоа е тоа. Сигурно пропуштам некоја јака серија за која уште не сум слушнал, или почнала нова сезона и на уште нешто, а не сум приметил. Ќе се надополни листава во секој случај.

September 30, 2012

Почеток на петтата сезона на The Clone Wars

Полека почнуваат новите сезони од сериите кои ги следам редовно. Викендов почна и The Clone Wars, таму каде што застана минатата сезона. Дарт Мол заедно со Саваж Опрес ја продолжува својата одмазда и потрага по Кеноби. Двајцата Ситови се помоќни од било кога и убиваат и пљачкаат сè што ќе им дојде при рака. Пробаа дури да регрутираат и армија пирати. 


Првата епизода најавува една помрачна сезона. Галаксијата е до гуша во војна, криминалот цвета на сите страни, а продуцентиве одат баш до таму до кај што им дозволуваат глупавите PG ограничувања. Затоа и дробам дека со последната сезона докажаа дека имаат поголеми јајца од сите инволвирани во новата трилогија.

И, чисто се сомневам дека ова ќе биде последна сезона. Премногу добро им оди за да ја прекинат. А, би гледал уште пет сезони ако се волку добри како што се сега.

September 29, 2012

Пандарија

"Чекај бе, нели овој кењаше за WoW пред некоја недела, шо е сеа?"


Океј, завчера решив да видам што е толку посебна новата експанзија Mists of Pandaria. Ми го испраа мозокот со ивентот, очигледно. Башка, после долго време пак сум во играта со другарчињата од маало. И, во кратки црти - Пандарија апсолутно владее! Каде да почнам? Blizzard решиле да пуштат срце и да понудат Пандарени и на тие што уште не ја купиле експанзијата. Со тоа што, недостапна е Monk класата како и оној дел од континентот за 85-90 левел.

Си направив Shadow Priest. Не сум ја играл класата сериозно, а и мислам дека тоа немаме во маалската екипа. Почетната зона е феноменална. Преубаво изгледа, квестовите се разноврсни и интересни, приказната е закон, а има и музика што комплетно се вклопува во целиот амбиент. Мислам дека никогаш до сега немам направено толку скриншоти од било која друга зона. Приказната почнува на остров кој плови низ океанот, бидејќи е всушност грб од џиновска желка која се вика Shen-zin Su. Таму се наоѓа и храмот во кој Пандарените ги тренираат боречките вештини. Местото е во духот на кинеската/азиската митологија и култура. Од вегетацијата, до животинскиот свет и градбите. Иако се вклопува во рамките на WoW, на моменти изгледа како да играш сосема друга игра. 


И, приказната што е? Почнуваш со краток тренинг и вовед од онаков стереотипен стар учител за кинески борчки вештини и си "избраниот" што треба да ги среди фрките со четирите елементални духови. Да не навлегувам во детали, квестовите со елементалите се сериозно добри. Откако ќе го победиш најголемото зло на островот, почнува еден од најдобрите моменти што сум ги видел во играва. Патот те води до самиот Shen-zin Su, кој се жали дека има трн кој го загрозува неговото постоење. Трнот е всушност брод кој се забил во брегот, и кој војната помеѓу Хордата и Алијансата ја довел до хармоничниот дом на дебелите панди. Тука квестовите се надоврзуваат на синематикот со која беше најавена експанзијата. По низа квестови од Хордата и Алијансата, доаѓа момент кога играчот ќе мора да се одлучи на која фракција ќе се приклучи, бидејќи нели, Пандарените се неутрални. Одбрав Хорда и се најдов во Оргримар каде што Гарош Хелскрим ми приреди топло добредојде ("Ако брат ти се приклучил на Алијанса, ќе мора и него да му го одереш крзното").


Она што ме изненади кај Пандарија е влијанието кое го има врз играчите. Од класичните серковци што хараа пред месец дена нема ни трага. Насекаде расположен народ сите возбудени од новите ствари, нешто приближно до најдобрите денови на WoW. Cataclysm за жал исфрустрира огромен број луѓе, нешто што сериозно се одрази на заедницата. Овие три дена е баш пријатно, се надевам дека така и ќе остане. 

Левелирањето е брзо, моментално сум 24 левел, а вкупно играв неколку саати. Квестовите во Azshara со Гоблините се врв, едвај чекам да видам како е во другите зони каде што имаше големи промени со минатата експанзија. Талентите се можеби упропастени, меѓутоа сега за сега не ми се одразија на гејмплејот. 


Останувам во Азерот уште една недела. Таман ММО фикс додека не излезе 1.11 печот на RIFT. После тоа ќе си се удомам пак таму, зошто се претплатив на една година минатата недела. За Torchlight II уште ништо не стигнав да пишам, зошто уште не ни играв ко што треба. Саат време не се важи. А, добра е. Ептен е добра.

September 26, 2012

Лошите и не толку лошите страни на Revolution

Ќе потрошам уште еден муабет на серија што може да ја снема среде сезона, наместо да пишам за нешто сосема солидно како Suits. Се мислев дали воопшто вреди, ама сè што може да послужи како потсетник за тоа колку е Џ.Џ. Абрамс преценето копиле, ќе го опнам тука. 

Пред неколку месеци, објаснив што е Revolution и не би да се повторувам. И, пред да се предомислам за постов, ќе прејдам на впечатоците. Генерално е онака, не прави некоја разлика во неделниот распоред. Сепак, ќе се даде шанса и на третата епизода. Ако не пишам скоро како е, сигурно е дека ќе ја посочам како пример за лоша серија следниот пат кога ќе најават слична. Да не бидам ептен клошар, ќе почнам со не толку лошите моменти, кои одеа и до океј. Останатото е како упростена верзија на Jericho, нешто за најмладата публика, да оди во недела сабајле.

Сетингот е кул. Како што тогаш спомнав, потсеќа на Life After People. Ако ништо друго, интересно е да се види како би изгледале големите градови во САД по петнаесет години без струја. Има неколку ликови што се океј, како типот што работел во Гугл, негативецот и Гас од Breaking Bad. Отприлика тоа се сите ликови што се подносливи и ти е гајле што би се случило со нив. Приказната колку и да е полна со дупки, има мааал потенцијал да се развие во нешто подобро, само што се сомневам дека ќе биде нешто што досега не сме го виделе. Црни чадови и поларни мечки на тропски остров, пали само еднаш. Само еднаш.

Лоши страни има еден куп. Не толку како Terra Nova (ха, да не сум пишел немаше да ми текне!), ама доволно за следната епизода да е пресудна. Глупости од типот на стигнување пешки во Чикаго, онака чист, свеж и наспан, за пола ден од некое село во околина. И, уште во првото место да го најдеш човекот што го бараш, од прва? И, како тоа 15 години во иднина без електрична енергија сите се експерти за такво елегантно мечување? Еден куп вакви ствари што нема да ги спојлам сега, и еден куп клишеа. Дури и црнецот од Jericho си има соодветна варијанта тука.

Некако дејството се одвива бргу. За две епизоди се случија толку многу ствари, а сепак ништо битно. Тензија нула, турска серија е понапната од ова. Кога ги знаеш архетипите на ликовите, знаеш од кого што можеш да очекуваш. Единствената причина поради која ќе ја гледам и следната епизода е да видам како планираат да го развиваат ова. А, да. Има и флешбеци. Ја има и Џулиет.

September 20, 2012

Околу последните броеви на Spawn

Се мислев, меѓутоа и нема баш да навлегувам детално во тоа што се случуваше после Spawn #208. Во секој случај, има многу да се збори за Spawn, кој моментално го има статусот на најпотценет стрип на денешницата. Океј, еден од најпотценетите. 

При читање на последниве броеви, бев решен да го опишам од листата на стрипови за следење. Приказната направи чекор во правец кој делуваше веќе видено и рециклирано. Во еден момент помислив дека пак ќе ја читам приказната за напатениот Спон и неговиот вечен душман Малеболџа. 

Откако Џим Даунинг е Спон, Мекфарлејн пробува некакво "враќање на корените", кое повеќе личеше на обид да се пополни празнината која ја остави Симонс. Враќаше ликови, одолговлекуваше ствари без потреба и стигна до момент кога ќе се запрашаш дали стрипот тапка во место. За среќа, успеа да изненади, да ги поврзе точките и да му даде смисла на Спон. Без разлика дали погодил нечиј вкус или не.

Факт е дека стрип како што е Spawn денес и нема некаква формула за успех. Темите инспирирани од библиска митологија не палат како пред дваесет години, а токму тоа е сржта на ликот. Кога ќе поставиш такви корени, малку е тешко да избегаш од тоа. Дури и самата приказна околу Џим Даунинг доби таков размер. Даунинг со своите способности убеди огромен број на луѓе дека е "Второто доаѓање", доби низа слебеници кои го третираат како (модерен) Исус. И, тоа е сосема на место спакувано и одлично претставено. Приказната забегува до тој степен што во целиот тој хаос се мешаат и Ватикан, сомнителни инвеститори и организации, и покрај тоа што си има стандардните врагови од Пеколот.

Овие броеви фрлија и светло на непознатото минато на Даунинг и зошто баш тој е наследник на Симонс. Симбионтот си доби посебен третман, и тоа во најубаво нацртаните стрип-табли што сум ги видел во последно време. Кудрански е БОГ и одговорно тврдам дека е најдобриот цртач на Spawn, подобар дури и од Капуло. Мислам дека и не е возможно помрачно да се пренесе атмосферата која владее во стрипот.

МекФарлејн припомага со приказната и тоа баш во моменти кога има некој критичен пресврт. Како газда на целата франшиза, сосема професионално си ја врши работата и точно знае кога е потребна негова интервенција. И, плус кога ќе ја видиш насловната на #221...

Ме занима што ќе случува понатаму. Симонс како да ѕирка од некој агол, ама ми се чини дека е прерано да го вратат. Во секој случај, продолжувам активно да го следам Spawn.

September 10, 2012

Call of Duty: Modern Warfare 3

Не ми е јасно како со секое ново продолжение успеваат да го надминат претходното. Формулата е таа, веќе со години наназад, и очигледно перфектно функционира. Без размислување, Call of Duty серијалот ми ги понудил најдобрите шутери.


Продолжението на Modern Warfare 2, нуди искуство во екот на Третата светска војна каде двете најголеми спротиставени сили се нормално Русите и Американците. Играчот приказната ја тера преку неколку различни ликови, некои добро познати од претходните наслови. Мисиите се одвиваат во неколку светски градови, како Њујорк, Париз, Лондон, Прага, меѓутоа мене омилена ми беше онаа во Сиера Леоне. Од моментот кога изрипуваш од река со снајпер до песочната бура, ова сигурно беше една од најдобрите мисии во цел серијал.

Приказната е малку тешка за следење, зошто сè брзо се случува, а кратките брифинзи меѓу мисиите не се доволни за да се создаде толку прецизна слика. Не ти ни треба којзнае каков вовед за да истрошиш неколку жаржери во сè што е непријател, без разлика дали се наоѓаш во авионот на претседателот или во тунел во Прага. Доволна е да те поврзе со ликовите кои ти помагаат во мисиите, до тој степен што емотивните завршетоци не те изненадуваат. А, и друга работа што не сум ја видел во игра, е таков театрален пад на Ајфеловата кула. Цареви се за правење филм. 

Графиката не е којзнае колку подобрена, барем јас не приметив нешто многу различно. Она што е за пофала, е поголемата слобода на движење. Доколку порано мисиите беа линеарни, тука има еден куп начини како да дојдеш до непријателот, а и да се засолниш. Ако се игра на потешко ниво, има многу поголем простор за соодветна тактика. И, нормално единствениот минус - траеше пократко и од Black Ops. Ја цепкав со денови, а пак на крај времето за кое ја пројдов беше околу пет саати. Special Ops и другите модови не ме интересираат баш многу, а и немам време.

Следно од серијалот е Black Ops 2. Првпат Call of Duty ќе забега во футистичка војна, со мисии во 2025. Како ќе го изведат тоа, ќе видиме во ноември.

September 5, 2012

Датум и нов трејлер за RIFT: Storm Legion

Storm Legion на 13-ти Ноември, најавено со нов трејлер и цена за експанзијата. Деновиве ќе се претплатам на една година и ќе ја добијам бесплатно. 


Џабе везам за тоа колку RIFT е најдоброто ММО. И, искрено ми е криво што не го добива вниманието што го заслужува. Присутен сум уште од затворената бета, ја гледав играта како расте и развива и каков посветен тим се грижи за неа. Од игра што почна како WoW клон (со плус динамична содржина), направија ѕверотина која ги надминува сите игри во жанрот во секој поглед. Дури и приказната ја развија, вметнаа уникатност, само некако срамежливо го покажуваат средниот прст кон конкуренцијата. Веројатно тие џиберите од маркетинг тимот треба некој фино да ги рашамара и раздига на клоци. Работите ли нешто, ало? Мислам, сите други MMORPG наслови што урлаа на секој банер, треснаа од земја, не? RIFT се одржа и покрај триста глупости, дури вадат и експанзија.

Смачено ми е да објаснувам што е RIFT толку битна за жанрот, џабе е. Панди се шиткаат повеќе, деца можат и на шпорет да пуштат WoW... Што ако размислам подобро и не е толку лошо. Ако дојде таа заедница од мрсулави германски второодделенци кај нас, ќе ја ебат тотално. Тие малку играчи што ги има RIFT барем се сериозни и возрасни.

И, што ми беше муабетот? Да, Storm Legion. Еве една фина листа на мал дел од стварите што ќе ги има, што Trion ги најави на PAX.

Breaking Bad: И, сега што до следното лето?

Мислам дека вака не сум се осетил од времето на Lost. Знаев дека живи ќе се јадеме уште од моментот кога разбрав за делењето на сезонава на два дела. Другиот дел, следното лето. Фак оф. Идат спојлери. Многу спојлери. 


Кога заврши четврата сезона, муабетот беше "И, сега што?". Каде ќе оди серијата после ова? Што повеќе може? Очигледно дека може, и може многу. Комотно можам да кажам дека вистинскиот 'breaking bad' момент на Волт беше токму во оваа сезона. Останатото беше само успат. Тука е вистинскиот бесмилосен нарко бос, кој може да да стиши девет луѓе сместени во различни затвори. Тука е моментот кога не му ни треба шеширот за да биде Хајзенберг. Комплетно забега, а веќе не му требаа ни пари. 

Мислев дека врвот на сезоната е епизодата со возот. Седев и ќутев неколку минути откако заврши. И, после што? Го скинаа Мајк. Мајк, крив, ама не и дужен. Еден од најдобрите ликови во цела серија. Крајот на сезонава барем не ме изненади. Четири сезони чекав Хенк конечно да се посомнева во Волт. А, како последна етапа од серијата што друго би можело да биде? Да заврши среќно, сигурно нема. Америчка серија е, правдата ќе се истера до крај (мада, убија дете бе, шо знаеш). Знаеме каков ќе е исходот, ме занима само како ќе извозат до таму. Понапнато ќе биде од било кога. Ја навивам за Волт, серко е Хенк. Серко со добра душа, ама ипак.

September 2, 2012

Три недели до Torchlight II

Покрај сите оние работи за RIFT на овогодинешниот Pax Prime кои ја расплакаа заедницата од среќа, Runic Games извадија и трејлер со кој го најавија датумот за Torchlight II. Играта официјално ќе биде објавена на 20-ти месецов, така што има време да се испазарат неколку резервни маусови.. мауси.. Мауси е?


Како и да е, се надевам дека ќе се исплати чекањето, зошто мене ми е нарачана уште пред два месеци. А, ја чекам од првиот момент кога ја најавија. Две години. Runic одложуваа неколку пати, со оправдување дека ќе добиеме исполирана игра, далеку подобра од оргиналот. Тие што ја пробаа бетата, тврдат дека се во право, па ете за три недели прилика сите да се увериме. 

Мислам дека видеава ги немам постирано, па еве ги. Класите во Torchlight II: The Outlander, The Embermage, The Berserker и The Engineer.

Него, мене и друго почна сериозно да ме занима. Guild Wars 2. Другар ја донесе на работа и од тоа што видов, делува како да го оправдува хајпот. Језиво добро изгледа.

EDIT: Ова е 600-тиот пост на Crapwerk. :)

September 1, 2012

Doctor Who: Риспект за Мет Смит

Кога Мет Смит би го немал тој уникатен шарм, би работел како жонглер на некој баскерфест каде што неодговорните родители би ги плашеле нивните разгалени деца со него. За среќа, талентот му овозможи да се истакне како еден од најдобрите Доктори кои стапнале во Тардисот.


Ја изгледав првата сезона со Мет Смит како единаесетиот Доктор и сум воодушевен. Од неговата изведба, од приказните, а и од Карен Гилијам како новата придружничка - Ејми Понд. После Дејвид Тенант, ми требаа месеци за да продолжам со новите епизоди. Дејвид Тенант е феноменален, меѓутоа има нешто посебно околу Мет Смит. Далеку од тоа дека сакам да ги споредувам, двајцата се одлични. Но, сите што се сомневаа во изборот за тогаш новиот Доктор, може комотно да му гризнат од лептир машната. Или од шишката, сеедно.

Кога Мет Смит го превзема Тардисот, беше многу сличен на претходниот Доктор. Нормално, за транзицијата да биде мазна. Докторот во суштина е тој, но оваа инкарнација е некако потемпераментна, ексцентрична и налудничава. Дури и Ејми Понд и Рори се такви, да одат во комплет. Комплетно забегана екипа. Најдобрата комбинација од сезоната со Дејвид Тенант и Били Пајпер. 

Покрај тоа, продукцијата го достигна врвот тука. Приказни, ефекти, сценарио. Би ги издвоил "Victory of the Daleks", "Vicent and the Doctor", "The Hungry Earth" и финалето како најдобри епизоди воопшто.

А, јас каснам една сезона, денес почнува новата. 

За The Cabin in the Woods, без спојлери. Едвај.

Форсирам пост за The Cabin in the Woods, иако многу малку може да се каже за филмот без спојлери. Џос Видон (The Avengers, Firefly) и Дру Годард (Cloverfield, Lost), согледувајќи ја очајната состојба на денешниот американски хорор решаваат критиката кон истата да ја преточат во филм кој навидум изгледа како и сите останати. Друштво од пет млади луѓе, сите до еден веќе милион пати видени шаблони, одат на викенд во колиба во шума. До тој степен е клише, што по пат, ќе бидат предупредени од сомнителниот језив старец на напуштена бензинска пумпа. И, тоа е толку добро истемпирано што си "А, каде е сега стариот што ќе ги предуп... Ааааа, ете." Единствената разлика е што овие ги има пишувано Џос Видон, мајстор за создавање ликови.

Како што кажав, сè си е тука. Глупавата плавуша, паметниот црнец, куртонот (Крис Хемсворт), стонерот и неебаната црвенокоса. И, ги прават сите работи што ги очекуваме. Само што, зад целото тоа се крие нешто многу, многу, МНОГУ поголемо. Далеку од оргинална идеја, но за жанрот и начинот на кој е спакувано и сервирано - оргинално е. Филмот е така склопен што теориите за она што се случува ти се менуваат на секои десет минути. Таман мислиш дека си предвидел што ќе се случи, ќе те забега во сосема друг правец. Денес ретко се наоѓаат хорори кои така си играат со очекувањата на публиката. 

The Cabin in the Woods е најдобриот понов американски хорор (хорор комедија?) што сум го гледал. Го спушти Tucker and Dale vs Evil за едно место подоле. Освен ако не си хипстер што гледа (премотува?) чешки порно хорори снимани со вебкамера, филмот нуди џам саат и пол покољ потпишан од Џос Видон.

Еј, да. Покрај тоа што The Cabin in the Woods референцира еден куп филмови, реклама од 80-ти, јас сум сигурен дека видов Lost теорија, на Дру Годард, веројатно? Можеби тоа сакав да го видам, ама - има еден "Замисли..." муабет на крај од филмот. Има, таму е, нема шанси да сум само јас.

Препорачувам задолжително гледање, под услов да имаш бар изгледано неколку хорори во живот. Било какви, ги има и тука. Сè што е тука, намерно е така. Нема дупки, сè си е со прична таму кај што е. Трејлерот никако. Никако. Спојлери.

August 25, 2012

R.I.P. Star Wars

Крајно време е да се најде јунак што ќе го обеси Сет Грин за тестиси. Ако некој некогаш имал таква идеја, сега е вистинскиот момент да ја реализира. Мислам, сигурно е полесен за киднапирање од Џорџ Лукас.

"Касно е за нас, Бобо! Оди, и не гледај назад!"

Пред некоја година имаше муабети дека по завршувањето на The Clone Wars ќе се снима хумористична анимирана серија со ликовите од Star Wars. И, тоа со старите, со Хан Соло во пакет. Звучеше премногу трагично за да е вистина, ама трејлеров за Star Wars Detours делува некако реално, нели? Ова е сè освен смешно. Болат очи, уши и глава. Како може ова да е добра идеја? Како може некој што има барем трошка риспект за Star Wars да се потпише на нешто вакво? Едно е пародија, друго е кога пародијата е официјален Star Wars производ. А, ќе речеш дека не можеа подоле од Attack of the Clones.

Од толку голем универзум и приказни, се решија за ова. Покрај материјал како The Force Unleashed, се решија за ова. Најжално е што ова ќе успее, ќе има публика и профит, иако се коси со логика зошто некој би сакал да го види Кеноби како комичар во кантина. 

August 20, 2012

Mists of Pandaria и очајната состојба на WoW заедницата

Се појави и синематикот од новата World of Warcraft експанзија, Mists of Pandaria. Морам да признаам, изгледа феноменално. Blizzard знаат како се прави ефективен трејлер и до сега немале утка. За самата експанзија, ќе го кажам истото што го зборувам со месеци. Фино освежување после змејови и огини, дефинитвно беше потребно нешто вака повесело. Е, сега колку ќе биде крајниот резултат позитивен, ќе видиме дури следниот месец. Играчите се поделени, па играта изгуби дури еден милион од нив пред некое време. 

Mists of Pandaria е веројатно експанзијата која ќе ја одлучи конечната судбина на WoW. Ризичен потег да направиш експанзија базирана на минимална приказна и раса, со оглед на тоа што успешните WoW експанзии беа во директна врска со лорот кој влечеше корени од Warcraft стратегиите.


Деновиве подигрувам WoW на оргиналниот сервер кај што исто така подигрував пред некоја година. Неспоредливо подобро од пиратеријата на која се гњавев пролетоска. Азерот е сеуште забавно место за трошење време и пари. Со оглед на тоа колку Blizzard ја искасапија играта, квестовите и приказната успеваат да приредат фино RPG искуство. Конечно со нормално темпо на левелирање, ги видов измените во Cataclysm и некои се сериозно добри. Е, сега, со ризик да звучам како штреберот од твојата локална играчница, да си кажам неколку ствари.

Главниот проблем поради кој играта веќе извесен период ужива негативен публицитет е заедницата. Моментално WoW ја доминира една нова генерација на играчи, кои и на некој начин се одговорни за катастрофалната состојба на играта. Постарите, растени во време кога "игрите беа тешки", полека си заминаа, и се појави онаков зерговски бран на копиљаци кои буквално плачат зошто не успеале да го бутнат тој и тој бос во тој и тој рејд. Полека, знам што зборам, истово моментално се случува и во RIFT, но за среќа бројот на тие деца е мал за Trion да почнат да даваат се на тацна.

Проблемот е што истите тие, не се способни да се организираат ни за едeн обичен данџн, а камоли да рејдаат со 20-25 луѓе. Очигледно истражувањето на пазарот покажало дека на доминантната генерација серковци битно им е "да се убие нешто" и да се осеќаат среќно и задоволно. Го разбирам тоа, но што се случи со предизвиците? Каде е мотивот за малку да се помачиш? Јебига. Среќа, среќа што постојат игри како RIFT, со возрасни деца кои нема да те пцујат ако почнеш муабет за приказната во играта.

Порано во WoW не беше така. Заедницата се грижеше за себе, играчите си помагаа, иако имаше и те каква конкуренција и компетитивност. Денес ќе доживееш да те пцуе дете чисто онака, што кога си се собирал со лаптопи во маало да играш WoW, не знаело латиница да чита. Сега се е некако тажно, нема веќе мултиплеер и трчаш истанци онака немо, без никој ништо да каже. Или читаш како си ги вадат очите меѓусебно. Мислев дека денес само на пиратскиве сервери го има ова, ама и таму е истиот гамад, само што не плаќа 15 долари месечно. Штета, ама веројатно ова е природниот тек. 

Океј, да не испадне рејџам и сум тотално замрачен циник, играта е сериозно сеуште кул. Настрана копиљаци со фул епик опрема собрана за недела дена, WoW е уште интересна. Да, графиката е застарена, механиката е таа, светот си е тој, ама знае да те изненади иако можеби делува уморно. Ќе трза уште некое време, барем уште со MoP. Да имам време, сигурно би дал шанса. Панди, бе.

August 19, 2012

Ted (2012)

Ах, еве ја. Тука била најдобрата комедија за годинава. Другите две за кои се надевав останаа само на добри трејлери и ништо повеќе. Casa De Mi Padre беше досаден до смрт, а The Dictator е полн со глупости и хумор наменет за луѓе што своеволно го гледале Epic Movie повеќе од десет минути. Два пати.

Се сомневав во Ted. Си дозволив да помислам дека Сет Мекфарлејн нема да успее да го пренесе неговиот генијален хумор на ваков начин. За среќа, не бев во право. Мекфарлејн работи со ќеф, си прави ствари што на него му се интересни, а во исто време допираат до публиката. И, знае како оние работи што некако влијаеле на неговото детство симпатично да ги вклопи во неговата бизнис идеја. Мекфарлејн е огромен фан на поп-културата и не се плаши тоа да го покаже. Го сакал Флеш Гордон во филмот, ете го Сем Џонс како шмрка кокаин со плишано мече. Дури го викнал и Рајан Рејнолдс за да го трола. Страста на Мекфарлејн и љубовта кон она што го прави среќен се гледа и во интервјуто со Џорџ Лукас, каде што буквално му светат очите на секој кажан збор од дебелиот врат.

Ted е одличен. Забавен, смешен и полн со душа. Има трејдмарк Family Guy хумор, дури и по некоја референца чат-пат. Мекфарлејн одлично ја пренел симболиката за она плишано мече што не те пушта да пораснеш. Мечето со кое на триесет и кусур ќе седнеш со бонг на каучот и ќе гледаш Флеш Гордон. И, она кога ќе си дозволиш неодговорно да се распуштиш дури и кога најмалку треба.

Марк Волберг успеа да ме изненади позитивно, а не сум некој фан. Дали дека упорно бирал улоги кои не му одговарале, не знам. Мила Кунис е срце, си блеска со шармот кај и да се појави. Сет Мекфарлејн покрај тоа што е сценарист и режисер, го позајмува и гласот на Тед, мечето што оживува во осаменето детство на Марк Волберг, нели. 

Го чекаме следното од Мекфарлејн. Откако го скрши мразот со филмови, верувам дека нема да застане тука. Докажа дека може, нека продолжи понатаму.

Еј, да. И ова.