October 30, 2007

OGAME: Отворени се uni34 и uni35


Незнам дали некој сеуште игра OGAME. OGAME на нашиве простори, најмногу се играше пред повеќе од две-три години.

Како и да е, вчера и денес отворија два нови универзума на англиската верзија, uni34 (стандарден) и uni35 ("speed" универзум). Пред месец дена, почнав да играм во uni33. Пред тоа, некое време ја играв Балканската верзија на uni7. Се регистрирав вчера и во uni35, да пробам како е да се игра OGAME така брзо. Интересно е, градбите се побрзи, се добиваат повеќе ресурси...

Доколку некој се реши да почне да игра, ги предлагам uni33 и uni35. Првиов е исто така релативно нов, и може лесно да се напредува во играта. Таму е и македонската алијанса во која сум и јас член, Last Stand.

Туку, за тие што незнаат што е OGAME, ме мрзи да објаснувам, еве линк од Wikipedia. Да напоменам само, дека играта е екстремно заразна, и се регистирате на своја одговорност. :)
OGAME не бара никаква инсталација, потребен ви е само веб-прелистувач (Mozilla Firefox, нормално), слободно време, нерви (де, на сите ни ја искршиле флотата и ни собрале илјадници ресурси) и добра воља. Не е ништо тешко, лесно се влага во шема... и тешко се излегува.

А, исто така, за почетниците, има и едно фино упатство, напишано од Chronic, OGAME ветеран, и објавено тука.

October 29, 2007

GNOME љубов

Го ре-инсталирав SuSE-то вчера. Решив малку да сменам, и сега користам GNOME. Фино е, се навикнав брзо и моментално му го средувам изгледот. Еве како изгледа моментално:


(клик на сликата за зголемување)

October 24, 2007

Contra трејлер

Contra ми беше, и сеуште ми е (да живее NES емулаторот!) една од омилените игри за Nintendo NES. Играта има многу продолженија, а излегува и ден денес. Има верзии и PlayStation 2, а наскоро излегува и за Nintendo DS. Јас ќе си ја играм на емулаторов уште некое време.
Како и да е. Денес налетав на фан трејлер за Contra филмот кој никогаш не се сними, а веројатно никогаш и нема. Трејлерот е склопен од филмови со Сталоне и Шварценегер, само што тука ги толкуваат улогите на Bill Rizer и Lance Bean. Bill Rizer и Lance Bean на официјалниот омот на играта, (намерно) личат на ликовите на Сталоне и Шварценегер, од Rambo и Predator филмовите. Како мал, мислев дека се стварно они. :)

Еве го трејлерот:

Повеќе за Contra, на овој линк.

October 19, 2007

Кој сега ќе го спаси светот?


Изминативе неколку години, се вратија многу херои од осумдесетите, кои можеби и требаше да си останат таму. Терминатор, Џон МекКлејн, Роки Балбоа, да не речам и Снејк Плискин. Индијана Џонс, веќе неколку години се обидува да се врати, и конечно своето второ (четврто!) доаѓање би требало да го има следната година.

Освен цедење на парите на фановите, не гледам некоја друга причина зошто моите херои од детството се повторно тука да го спасат светот или слично. Океј, факт е дека денес нема херои кои би биле пандани на овие, а веројатно никој нема ни да им се доближи. Кој, Вин Дизел? Да, да. Секако.


Нејсе, од сите горе што ги набројав, најголемата утка беше
Terminator 3: Rise of the Machines. Крај. Live Free or Die Hard не го гледав, иако подолго време го имам дома. Другиве беа така-така. Највеќе го чекам Indiana Jones & The Kingdom of the Crystal S Зошто не им текна порано?

Како и да е, дадов предолг вовед за тоа што сакав да го кажам. Излезе постерот за новиот Рамбо! Се враќа и Рамбо, за последен пат да им ебе матер на непријателите на Америка. Трејлерот е поодамна излезен, и може да се погледне на
YouTube. Нека помине и Рамбо, и искрено се надевам дека ќе се појави некоја нова фаца, достојна да стои рамо до рамо со сите овие што се спомнати во текстов.

October 16, 2007

Тоше Проески (1981-2007)

Загина најголемата македонска ѕвезда! Нека му е вечна слава! Мене сè уште ми е тешко да поверувам...


* * *
Македонскиот пејач Тоше Проески утринава околу 6.30 часот загинал во сообраќајна несреќа со својот џип “фолксваген туарег“ во судар со камион во близина на Нова Градишка во западна Славонија, Хрватска.

Во возилото, освен Проески кој спиел на предното седиште, биле и Љиљана Петровиќ (1958) и Ѓорѓе Ѓорѓевски (1975) од Скопје, кој го управувал возилото. До несреќата дошло наводно поради недоволно растојание меѓу возилата
. “Туарегот“ удрил во приколката од камионот, кој бил пред него. По контактот со камионот, кој имал италијански регистарски ознаки, џипот силно удрил во средишната ограда од автопатот, по што излетал и се превртел неколкупати.
Петровиќ и возачот Ѓорѓевски се тешко повредени. Хрватската полиција официјално потврди дека македонскиот пејач загинал во сообраќајката.
Превземено од Net Press.

October 7, 2007

Редизајн

Си играв малце со дизајнот на Crapwerk денеска. Резултатот е очигледен. Некако ми беше премногу светол пред тоа. Не е сеуште готов, ќе го сменам барем хедерот, деновиве кога ќе имам повеќе време.

Додадов и нови секции за линкови. Попрегледно ми е да си ги имам линковите во посебни категории, еве, за почеток одвоени се линковите за стрипови, а и линковите поврзани со компјутери. :) Не се целосни, ќе се трудам редовно да ги апдејтувам.

Тоа е тоа. Стеј тјунед.

October 1, 2007

30 години Atari2600

Култната гејмерска конзола Atari 2600 го прослави својот 30 роденден. Мојата гејмерска кариера започна со клон на Atari, пред некои 15-16 години. До пред некоја година не ни знаев што точно беше црната конзола, со џојстици со црвени копчиња. Сега знам дека бил клонот на Atari2600, Rinco 256-in-1.

За разлика од вистинската конзола, моево беше цело црно и пластично. Кертриџи за него никогаш не најдов да купам (океј, имаше доволно игри). Среќа, џојстици се наоѓаа лесно, се сеќавам дека купував нови.

Од време на време, покрај
Nintendo NES и MAME32 емулаторите, знам да го пуштам и Atari2600, со надеж дека ќе најдам повеќе од игрите што тогаш ги играв. Ги немаше по имиња, туку се мотаа преку едно копче на самата конзола. Некои ги најдов, некои сеуште ги барам. Од тие што ги знам по име, највеќе ги играв Pitfall!, Dig Dug, Donkey Kong, Pac-Man, Pole Position.

Има океј емулатори, ама не е тоа – тоа. Спремен сум да платам дури и за неисправна
Atari2600 конзола, или уште подобро “Rinco” клон. Не се сеќавам што се случи со мојата, ама мислам дека беше расклопена до последно штрафче, заедно со многуте радивца и Нинтенда. Имав таков период кога расклопував ствари.

Какo и да е, за
Atari2006 ќе пишувам пак во некоја наредна прилика. Мислам дека носталгијата за старите игри и конзоли никогаш нема да си ја излечам...

Доколу некој сака да си освежи сеќавање и да си врати спомени, на линков има Atari2600 емулатори, а и голема листа на емулатори за други конзоли.