February 7, 2008

Cloverfield низ десет точки

Не верувам дека кино-снимката ќе се разликува многу од DVD-то на Cloverfield, а и не е битно. Го најдов со задоволителен квалитет, но тоа е најмалку што ми пречеше во филмов. Во минатиот пост за филмов, спомнав дека ќе биде катастрофа голема колку што суштеството ја прави во Њу Јорк. Бев сосема во право. Најсмешно е како J.J. Abrams дошол до идејата за филмов. Бил со синот во Јапонија, шетале низ продавници и кога ги видел Годзила (Gojira) играчките, сфатил дека и на Америка и треба слично чудовиште. Јас мислам дека доволно ќе биде и Годзила да им отиде таму, и да им покаже како се уништува град...


Да пробам да ги пренесам впечатоците од Cloverfield во десет точки:

1) Ова не е филм за чудовиште. Ова е филм за луѓе кои се обидуваат да преживеат напад на чудовиште. Трчање низ рушевини не е monster movie.

2) Ова е доказ дека лош филм може да доживее солиден финансиски успех со добар маркетинг. Ќе има и продолжение во 2009.

3) Начинот на кој е снимен филмот, е веќе виден во The Blair Witch Project. Ништо ново, и ништо интересно.

4) Зошто се обиделе да протнат љубовна приказна? Може ли еден Холивудски филм да помине без ова?

5) Чудовиштето, кое го имаше некои 30 секунди во филмот, "исфрлаше" некои мали суштества што личеа на Face Hugger-ите од Alien.

6) "Cloverfield" е лошо име за чудовиште кое изгледа како да излегло од блокчето за цртање на четиригодишно дете. Да, така изгледа.

7) Годзила јаде десетина вакви чудовишта за доручек.

8) Сакам да имам камера како таа што дечкото ја користи за да снима. Значи, со батерија која трае вечно, со SD картица што има бесконечна меморија и најбитно од се, што е отпорна на било што. Дури и на суштества кои можат да и ја откинат главата на Статуата на Слободата.

9) Филмов е правен по сличната "не објаснувај ништо"формула, како Lost.

10) Постерот е многу подобар од филмот. Радо би зјапал 80 минути во постерот, отколку повторно да го гледам филмов.

6 comments:

Pornocrates said...

Леле бе па и ти па. Ко на филм!

Чекај, не беше ти истиот дечко што го поштуе Трансформерс „филмон“? :р

Бојан Николов said...

Ова е МНОГУ полошо. :)

Neno said...

Transformers е феноменален у контекст на ефекти, ништо друго! Иначе во принцип многу ретардиран филм, поготово во моментот кога играчкиве се криеа околу куќата... ај да прекинам, пошто се нервирам на таков амерички "хумор". Поготово кога е вплеткана љубовна приказна и хепи ендинг. Мислам... лејм!
А за овој филм не би коментирал пошто не сум го гледал ниту пак ЌЕ, пошто The Blair Witch Project е еден и единствен оригинален филм снимен значи на таков начин, вакви копии сега поготово + со некои диносауруси no thanks! А исто така го земав и фактот дека филмов е режиран од овој на LOST кој што тотално ја усра цела серија.
Знаев дека не е ништо друго освен тешка бљувотина!

Внукот said...

А, зошто воопшто гледаш филмови од Џеј Џеј е моето прашање за тебе! =))

Bi said...

Штета, баш имав очекувања од филмов. Многу закон беше трејлерот. :(

Rogi said...

Стар пост, ама тек сега го прочитав на раат. :) Ете. Драго ми е што уште тогаш решив воопшто да не го гледам филмов. Одлуката се базираше на тоа што мразам Freehand стил на снимање, ама ете, имало и други добри причини за негледање :D