June 4, 2011

Star Wars: Dark Empire (стрип)

Како што и претходно имам пишувано, да се најде нешто квалитетно во 'проширениот универзум' на Star Wars е вистинска реткост. Особено во книгите и стриповите издадени по, и за време на приквел трилогијата.

Dark Empire е првиот дел од истоимената трилогија, чиј прв број е издаден во декември 1991 од Dark Horse Comics. Приказната во Dark Empire се протега низ шест броја, по 30-тина страници, каде како сценарист се јавува Tom Veitch (познат по многу Star Wars стрипови), додека цртежите се на Cam Kennedy.

Dark Empire е вистинско уживање. Од самото сценарио и приказната, до оние текстови на крајот од секое издание кои се одлично стокмена мала енциклопедија за ликовите, локациите и се останато од Star Wars универзумот кое што се спомнува во стрипот. Дејствието започнува шест години по Return of the Jedi, односно смртта на Дарт Вејдер и битката на Ендор. Лук е веќе сериозно оформен како Џедај, а Хан Соло и Леа очекуваат дете. Империјата сеуште не е целосно поразена, а се појавува и нова закана во форма на оружје за масовно уништување, World Devastators, за кои се вели дека се поопасни и од било кој Death Star. Императорот се враќа назад посилен од било кога, развивајќи моќ со која може да ја пренесе сопствената свест во неговите клонови (не тие клонови од The Clone Wars, него Палпатин клонови). Лук, соочен со воскреснатиот Император, решава да ја прифати Темната Страна и судбината на неговиот татко.

Тоа што најмногу ме фацинираше во Dark Empire е атмосферата која е претерано блиска до оргиналната трилогија. Нарацијата е слична, приказната има класични елементи кои комплетно се вклопуваат едни со други и ликовите се тие, со одреден прогрес како што сме виделе во филмовите. Муабетот ми е дека доколку некогаш Лукас се решел за снимање на нешто по RotJ, ова би била совршената приказна. Без многу отскокнување од изворниот материјал, баш е некако логичниот продолжеток. Лук и Леа со единствените Џедаи, Сит лордови и слични измишљотини воопшто не постојат, а Темната Страна не зборува за црвени сејбери, force lightning и вилани чие име има префикс 'Darth'. Иако ова е една посебна тема која може да ја обработам во иднина, на кратко ќе кажам само дека дел од Темната Страна во оргиналната трилогија е претставен со механичките импланти на Вејдер. Нели, кога Оби-Ван кажува дека е повеќе машина отколку човек, звучи како и тоа да е директен продукт на Темната Страна? Слично нешто се случува и со Лук во Dark Empire. Да, темава дефинитивно ќе ја покријам во иднина.

Значи, заклучокот е дека стрипов е вреди да се прочита, а исто така и да се поседува на хартија. Јас го читав во електронска верзија, ама гледам дека комплетната DE трилогија е нешто помалку од 20 долари, па може да се набави во блиска иднина. Деновиве ќе ги читнам и другите два дела, па ќе пишам.

Види такоѓе:

2 comments:

Unknown said...

Ова ќе ми дојде на iPad-от.
Одлична рецензија... Фала.

Бојан Николов said...

Нема на што. :)

Поздрав!