Пред мрачниот период, пред Дизни, постоеше еден Crapwerk каде што често пати Star Wars беше централната тема. Не ни стигнував да напишам за сите Star Wars стрипови, книги и игри со кои се труев, а на полиците дома постепено ми снемуваше место за сите Star Wars брендирани лајна. Самиот визуелен идентитет на блогот беше така уредуван со години што дури имам маици и шолји со тогашните Crapwerk мотиви. Star Wars ми беше една од омилените фикции за конзумирање и бев сигурен дека е невозможно да се заситам. Хаха.
Кога Дизни ја купи франшизата од Лукас се случија неколку клучни работи. Ја укинаа The Clone Wars серијата, го пензионираа 'проширениот универзум' кој ја содржеше Star Wars митологијата создавана надвор од двете филмски трилогии на Лукас и ja распуштија LucasArts, компанија што од 1982 ги потпишуваше сите Star Wars игри до тогаш. Потезите на Дизни најавуваа и различен бизнис план од претходното раководство за чиј успех гаранцијата на некој начин можеше да се побара во актуелното квантитативно и квалитативно марвелување. Суперхероите тогаш не страдаа нели, сигурно ќе се однесуваат грижливо и со оваа интелектуална сопственост? Хаха.
Моето секојдневно занимавање со Star Wars заврши откако го гледав Rogue One. Таму првпат видов како империјата Дизни го проституира брендот и не сакав да погледнам пак. Сепак, и таков неинвентивен, Star Wars повторно доминираше со поп културата. Тоа веројатно беше и врвот на она бидување кул со Star Wars фанатизам, претежно од луѓе кои до скоро не ни имале контакт со франшизата, а сега беа фанови "од детство". Пресмешно беше да се посматра таа ехо комора.
Спакуван со некои фини впечатоци од The Force Awakens, одјебав Star Wars. Не ме интересираше веќе ни Rebels, не го гледав The Last Jedi во кино, единствено се смешкав на драмите со Battlefront II играта. Јасно ми беше дека Дизни нема некоја јасна насока за како да го води брендот, барем не онака како што се надеваа дека ќе биде прифатен од публиката. Денес ни Rebels веќе не постои, туку Дизни сега се фалат со тоа како ја "спасиле" The Clone Wars како некој друг да им ја укина. Пресмешно.
Смешно е и како се решив да се размуабетам за ова, особено тоа што главниот мотив ми е The Last Jedi. Го гледав и мислам дека му пристапив најобјективно, па така и ќе заклучам дека е најлошиот Star Wars филм до сега. Дури полош и од Attack of the Clones кој во некоја паралелна реалност сигурно би важел за злосторство кон човештвото. Сериозно, да ви се намочам на филмот. Не можам да најдам ништо позитивно освен повремената визуелна привлечност.
Види, Дизни знаат дека ако залепиш Star Wars лого на тоалетна хартија ќе има луѓе што ќе кампуваат за да купат неколку ролни. Но, очигледно не им е јасно зашто тие луѓе го сакаат и почнале да го сакаат брендот. The Last Jedi е одличен пример за тоа, а уште подобар е Хан Соло филмот што излезе отпосле и кој како за Star Wars филм имаше лош одзив. Соло филмот не планирам да го гледам, ме заболе што правел Хан Соло пред да го сретнеме во кантината, ама се заинтересирав да дознаам што направиле со Лук Скајвокер и како реакцијата на публиката задала финансиски удар на самоуверените Дизни.
The Last Jedi е доказ дека Дизни сепак немале јасна идеја и правец за оваа нова трилогија. Или па доколку постоел некаков нацрт план, онаа коза Кејтлин Кенеди му дозволила на Рајан Џонсон да го згужва и фрли, па филмот е таков каков што е наводно со намера да ги "поткопа очекувањата". Демек, Рајан Џонсон ги читал теориите на фановите за она што би можело да се случува и го пишувал обратното. Браво, еј. Баш тоа е правилниот пристап за продуцирање филмови.
Па, така единствено нешто што The Last Jedi го поткопува е целата претходна приказна. Не само од The Force Awakes кој сега после The Last Jedi изгледа исклучително лошо, туку и концептот на оргиналната трилогија. Не можеш да земеш лик како Лук Скајвокер и да го напишеш така. Има многу покреативни насоки од таа да го претвориш во старо цинично пувало. Некако не сум убеден дека некој што жртвувал толку многу за идеалите и семејството туку така да крене раце.
Иако е лошо и мрзливо, не ми сметаше толку што одеднаш Силата може да послужи како инстант месинџер за Кајло и Реј, или опрема за дишење во вселена и што духовите на умрените Џедаи може да фрлаат громови. Повеќе ми сметаше тоа што ако веќе решија Лук да умре, зошто тогаш физички не беше присутен да се бори со Кајло? Сигурен сум дека некаде во некоја книга или на амбалажа од некое Star Wars шампонче ова има некое соодветно објаснување, ама ме заболе куров искрено. Филм гледам, не ме занимаат опширните теории за детските фантазии на Рајан Џонсон.
A, кога сме кај детски фантазии, Реј уште е Мери Су тип на лик и нема никакво поместување од нејзиниот иницијален шаблон. Неколку денови се знае со сите другите ликови и веќе е блиска пријателка со повеќето. Освен тоа, подобра е од сите нив и сите нејзини каракеристики се подарени од Рајан Џонсон (па, и Абрамс) наместо заслужени од наративот. За само неколку денови е магичен експерт за лајтсејбери, речиси може и сама да се тренира затоа што е силна независна Џедајка. Подобра од самиот Лук Скајвокер! Не е тајна дека Кејтлин Кенеди сака да ја прогура нејзината феминацистичка политика во Star Wars, ама ова е тажно.
Потажно е и од оние интервјуа на Гвендолин Кристи кај што Дизни ја натерале да кажува дека Капетан Фазма е примерен и силен женски лик. Фазма, ликот што вкупно 60 секунди е во двата филмови. Хаха. Ниеден од споредните ликови нема повеќе од една карактеристика, а не па споредните "силни" женски ликови. Дефинирани се само со полот. Ако сакаш силни повеќеслојни ликови што се исто така и женски пол ете Game of Thrones е најдобар популарен пример. Значи, не е доволно Кејтлин Кенеди да каже кој лик е каков, публиката треба сама да го види и почувствува тоа.
Од заслепеното туркање на такви глупави агенди страда цела франшиза. На Дизни не им е јасно дека никој нема да им се идентификува со тие ликови. Супер ако некој може да се идентификува со семоќни совршени ликови кои не се потрудиле и не страдале за работите кои ги имаат. Кога публиката реагира на тоа, ја обвинуваат за шовинизам, политичка некоректност, а слабата посетеност ја правдаат со презаситеност на пазарот. Не гледам пошироката публика да е презаситена со марвеловите суперхерои што ги има по три пати годишно, а Дизни?
Убава идеја е тоа да се оди спротивно од очекувањата на публиката, меѓутоа не смее приказната да се страда од тоа. Или барем да не се осеќа толку многу. Никој не го мрази The Last Jedi што е "различен", не го сакаме зашто е лош како филм и нема никаква здраворазумна логика. Новите ликови се ужасни и немаат никаков развој во однос на претходниот филм. Фин е сведен на кловновско ниво, а сигурен сум дека имаше простор да се работи со лик кој до вчера беше Стормтрупер и ги напушти редовите да се приклучи на отпорот. А, отпорот е... чекај, како тоа новата Галактичка Република нема огромна армија туку има мало парамилитарно движење и дозволи група на терористи да направат толкава штета? Дали евокси ја водеа Републиката по битката за Ендор?
Дали може да добиеме некакво објаснување за како се случи ова или само треба да прифатиме дека не може да има Star Wars филм без лошите да се во поголем број и дека крајот на оргиналната трилогија беше за џабе? Толку ли беше тешко да се напишат три филма кои ќе се занимаваат со некој друг вид на непријател? Дали беше полесно да се напише и долга сцена со деца робови и ослободување на животни? Деца робови во универзум каде што постојат дроиди и животни што ќе бидат пак заробени саат време покасно.
Ни на Марк Хамил не му се свиѓа брлавењево на Дизни. Го гледав на интервјуа што збори. Лук Скајвокер е тоа, Дизни. Генерации и генерации се идентификувале со неговото херојство, авантура и жртва за сега да го видат како молзи вонземски животни на остров во некоја галактичка вукојебина и не го заболе за ништо. На публика што со години се објаснува дека Хан пукал прв, нудиш карикатура од Лук Скајвокер. Барем да имаше некој друг цврст лик за да го избалансира тоа, но не. Има дебела азијатка за да се покрие и тој пазар малку.
И, неговата смрт ќе биде залудна како смртта на Соло. Рајан Џонсон не се ни потруди да покаже како тоа влијаеше на Лук или било кој. Реј направи фаца на негодување и после се стрча да му помогне на Кајло Рен. Претходниот ден беа смртни непријатели, денот претходно не се ни познаваа. Да не заборавиме, ова се случува во рок од ден-два. Во тие саати Реј емотивно се поврза со Соло, ја посведочи неговата смрт, се помири и псле реши да му помогне на убиецот. Ниедна смрт не влијае врз никого во овој ужасно бесмислен филм. Речиси цел отпор изгина и сите се среќни и весели на крајот. Со кои емоции треба да сочуствувам во The Last Jedi? Дали само треба да се смеам на пубертетските "шо мајка ти" фори на По?
Сети се само како завршува Empire Strikes Back. Добрите се поразени. Ги осеќаш последиците и се грижиш. Тука за што треба да ми е гајле во Episode IX? За како ќе се спаси Републиката што некако магично изгуби од мал остаток од Империјата? За Лук и Соло што умреа во рок од два дена без последници врз приказната, само за да се шокираме ние како публика? За Кајло Рен што практично никогаш не видовме колку е опасен? Среќа што за следниот филм Рајан Џонсон нема да е тука, инаку што ли ќе правевме со неговата ненадмината способност да оди контра сечии очекувања.
Баш поради него трилогијата е веќе полоша од приквелите. Со елиминацијата на Сноук или игнорирањето на Витезите на Рен за сметка на поигрување со публиката успеа да се посере врз целиот Star Wars на Дизни. Не е ова оргиналната трилогија на Лукас каде што ликовите и настаните се без претходна основа. Ако убациш лик како Сноук или го свртиш вниманието кон некои елементи за на крај да ги игнорираш секако дека ќе биде неуспешно. Императорот во оргиналната трилогија функционира така мистериозно во универзумот затоа што тој универзум нема никаква митологија и историја. Сега Star Wars во стадиум со богато изграден свет каде што потешко проаѓаат такви екскурзии. И да не заборавиме уште еднаш, сите тие необјаснети лајна е само за да се изненади публиката.
Не можеш да создадеш филм каде што главната енерија е изненадувањето за публиката. Особено не Star Wars филм. Можеби ќе послужи кратко во кино и во екот на општата возбуда, ама никако на долги стази. Гледај ги еден по друг The Force Awakens и The Last Jedi и ќе видиш колку е катастрофална целината. Не знам што ќе биде со Episode IX, трилогијата е веќе предлабоко во гомна за и Џ.Џ. Абрамс да може да ја извлече. Веројатно заслужено се погреба ова. Убаво беше пред три-четири години да се биде дел од чекањето на The Force Awakens, ама сепак ќе си се држам до оргиналната трилогија на Лукас.
Дизни планираат нова трилогија надвор од Скајвокер сагата за која во моментов уште е задолжен Рајан Џонсон. Којзнае како ќе нè изненади овој пат. Се надевам најголемото "поткопување на очекувањата" ќе биде кога Дизни ќе го исклоцаат подалеку од франшизата заедно со Кејтлин Кенеди. Покрај таа трилогија планирани се и нови серии кои би било пресмешно да пропаднат, еве ако не како на DC филмовите, барем како TRON и John Carter кои се на некој начин исто жртви на шашави одлуки на Дизни. Симпатично ми е кога големи компании не знаат да остават големи франшизи на раат додека улета некоја функционална инвентивна идеја. Ова ќе испадне ко Terminator што на неколку години ги прави истите ствари и очекува различен резултат.

No comments:
Post a Comment