"Batman" серијата со Адам Вест и Бурт Вард ми беше омилена кога бев мал. Ја даваа на МТВ, ја гледав секогаш, дури и ги снимав епизодите на VHS. Пред некоја недела, си ја симнав втора сезона, онака, од носталгични причини.
Лоша серија, човече! Мислам, мене да ми се избаци некој облечен како овие Бетмен и Робин, ќе му се згазам од смеење.
А, да не зборам за формулата по која е правена серијата. Значи, се дешава некоја провала, Гордон му се јавува на Бетмен, па со Робин се спуштаат во пештерата, влагаат во Бетмобилот и одат до полициската станица. Таму им објаснуваат што се случило, и наоѓаат негативецот и неговите луѓе. Се тепаат, негативецот бега, и нешто покасно - Бетмен и Робин се заробени (види слика, ги ставија под огромни лупи за да изгорат на Сонце) во најглупите можни стапици! Скари, мети за стрелање, жешки подови и слично. Епизодата завршува оставајќи го негативецот да ја проследи разврската
in the same bat-time, on the same bat-channel! [sic]
Во продолжението, на само момент од нивната смрт, негативецот кој ги заробил го снемува, оди некаде, оставајќи ги Бетмен и Робин да се испржат на скарата (или слична ретардирана стапица). Тогаш Бетмен и Робин се ослободуват, и одат по негативецот.
Ако сте гледале една епизода, сте ги гледале сите. Незнам како издржала серијава три сезони. Сепак, има и некои интересни моменти, како појавувањето на Брус Ли во улога на Като од
Green Hornet, како и
незаборавното batusi на Адам Вест! (еве
уште еден batusi линк)
Тука е и култната најавна шпица (танананананана... Бетмеееен, Бетмеееен, Бетмееен!), црвениот телефон, бркот на
Цезар Ромеро (Џокер) и "BANG!" моментите. Нормално, и "Holy _____, Batman" фразата на Робин, искористена
точно 352 пати во трите сезони.