January 31, 2008

Изгубените ќе бидат најдени

Не ми се верува дека дојде време за новата сезона на Lost. И покрај лошото финале на третата сезона, едвај чекам првата епизода од четврта сезона сабајле да се појави по торент сајтовите.

Се надевам дека извлекоа поука од тупењето во третата сезона, и дека ќе видиме нешто интересно. Форматот е сменет, ќе биде нешто како 24 серијата, значи дејствието ќе се случува во 'реално време'.

Очекувам конечно да видам некаков расплет и објаснување на мистериите што се накотија изминативе сезони.

* * *

01.02.2008 UPDATE: После осум месеци чекање, добивме досадна, просечна епизода. Нема ништо ново, повторно тапкаат во место и не мрдаат. Имаше неколку интересни моменти, но ништо посебно. Ќе ја чекам втората епизода следната недела.

Ептен ми се скрши филм. Со оглед на тоа колку го рекламираа новиов почеток, очекував бар малку повеќе...

January 30, 2008

Армагедон


Астероидот TU24 вчера ја промаши Земјата за некои 530,000 километри. Можеби се спасивме од ова, но дали ќе се спасиме од Американскиот сателит што пред неколку дена откажа во вселента и се распаѓа на пат кон Земјата? Според некои извори, би требало да удри некаде во фебруари или март оваа година. Сеуште не се знае каде би паднале неговите остатоци.

Дури и да го преживееме ова, следниот предизвик е Apophis кој треба да удри во 2029. Доколку удри, би предизвикал експлозија 100 пати поголема од бомбата фрлена на Хирошима во 1945. Не верувам дека Брус Вилис ќе биде жив и здрав до тогаш.

А, како ќе се справиме со Годзила?

January 27, 2008

Morningtide pre-release


Со една недела закаснување (беше одложено поради празникот минатиот викенд), конечно Morningtide pre-release турнирот. Кај што ми е криво што паузирав со Magic: The Gathering толку време, туку криво ми е што дури сега првпат учествував на ваква дешавка.

Со 75 рандом карти (tournament pack) + три booster-и излезе фин дек (со 40 карти), па планирам да играм слична комбинација во иднина. Нормално, најинтересно е што ваквите турнири се играат со нови, непознати карти, плус pre-release картата за колекционерите.

Во иднина (ако продолжам да играм, нормално), нема шанси да пропуштам pre-release. Следното вакво случување е дури во април, за Shadowmoore.

Планирав да направам неколку фотки од тоа што се случуваше во "Гоблин", само што се сетив на планот откако заврши. :)

January 25, 2008

Објавена (интернет) војна на Скиентологијата

Деновиве по интернетов почна да кружи видео од група која објави војна на култот кој со години цеди пари од неговите прврзаници, и сее смрт кај тие што се откажале.

Од пред неколку години почнаа да делуваат и кај нас, намамувајќи ги луѓето со нивните бесплатни стрес-тестови. Повеќе за ова, на овој линк. За среќа, не се толку распространети и мејнстрим, но се ужасно досадни и напорни.


Групата се нарекува "Anonymous" и се заканува дека ќе го уништи култот. Деновиве делуваат хакирајќи ги скиентолошките сајтови, а најавуваат и превземање на други радикални мерки, надвор од сајбер-просторот.

Иако ја поддржувам секоја акција на "Анонимните", не верувам дека ќе успеат да направат нешто поголемо од хакирање сајтови. Дури и се сомневам дека зад видеото стои некоја поголема организирана група. Веројатно се работи за некој измамен поранешен член, кој ги согледал последиците. Сепак, видеото имаше ефект, се крена прашина и верувам дека поголем број луѓе се информираа за негативното влијание на Скинетологијата и Скиентолошката црква.

Повеќе информации околу ова, може да се најдат на овој линк.

За малку ќе заборавев, кој не ја гледал South Park епизодата "Trapped in the Closet", да ја гледа што поскоро. :)

January 24, 2008

Здраво Liliana Vess

По кратко размислување дали да си купам Mad Auntie или booster, си купив booster. И, внатре - Liliana Vess. Ретка и скапа карта. Добредојде во мојот дек, Liliana.

Се пријавив и за pre-release турнирот на "Morningtide" едицијата, значи, играм во недела.


Liliana is the girl your mother warned you about. Her dark charisma is undeniable - she's witty, magnetic, and unabashedly sexy. Liliana believes everyone's looking out for themselves, and that she's just a little better at it than others. Although Liliana looks as though she's in her 20s, in reality she is much, much older. Long ago she made a dark deal with ancient, sinister forces to secure her necromantic power and youthful beauty. As Liliana begins to come to grips with the high cost of her bargain, her inner turmoil rises.

January 23, 2008

Heath Ledger (1979 - 2008)

Нека иде све у пизду матер! Ми се тресат рацеве од нервоза!

Јас не знам што да кажам. Сеуште сум во шок, пред малку дознав и неможам да поверувам. Спрема човеков имав огромна почит, секој ден го гледав трејлерот за "The Dark Knight" и му се восхитував. Нека почива во мир. Подолу ги има деталите околу трагичната смрт. Не сум во состојба да преведувам.

* * *

22.01.2008 - Academy Award nominee Heath Ledger has died in NY.

He was found dead in his bed in one of his residences in Soho by his housekeeper at 3:35 PM ET today. Law enforcement sources tell TMZ they believe it was not a crime, adding that prescription pills were found near his body.

According to NYPD a masseuse arrived at Ledger's apartment and was let in by a housekeeper. When Ledger didn't answer his bedroom door, the housekeeper and the masseuse opened it and found him unconscious. They attempted to wake him; when they couldn't, they called 911.

We're told when paramedics responded, the actor was in full cardiac arrest. They attempted to perform CPR on him, but were unsuccessful. He was pronounced dead at the scene.

The 28-year-old actor has a two year old daughter with former fiancee Michelle Williams -- they separated in September, 2007. He plays The Joker in the upcoming Batman film, "The Dark Knight" and is perhaps best known for his groundbreaking role as Ennis in "Brokeback Mountain."

We're told Heath had dinner last night with his model girlfriend Gemma Ward.

Извор: TMZ

January 22, 2008

openSuSE 11.0 Alpha 1

Деновиве е актуелна Alpha 1 верзијата на openSuSE 11.0. Иако немам намера да го менувам Ubuntu 7.10, ако имам време и можност, ќе пробам некоја постабилна верзија на новиов openSuSE. Пред Ubuntu, користев openSuSE 10.2, бев задоволен, но Ubuntu 7.10 ми понуди многу повеќе.

Еве како изгледа инсталерот:


За повеќе информации околу новата верзија, клик тука, а за превземање на стабилна openSuSE верзија, тука.

January 19, 2008

Излезе Cloverfield


Конечно. Се заинтересирав уште кога беше најавен, ги следев случувањата околу него, шпекулациите, новостите... Долго се шпекулираше дали е Годзила филм, дали е "Lost" спин-оф или нешто друго. Во секој случај, јасно беше дека се работи за филм со чудовиште.

Да разјаснам нешто на време. Сакам филмови со џиновски чудовишта, mecha роботи и слично. И, кога велам Годзила, мислам на Gojira, оргиналниот јапонски филмски серијал, а не на глупиот холивудски римејк.

Продуцент на филмот е J.J. Abrams, познат по "Lost", "Alias", Mission Impossible III и новиот Стар Трек филм.

Е, сега. Во Cloverfield имаме џиновско чудовиште кое прави бељи низ улиците на Њу Јорк, и сето тоа е "раскажано" од аспект (снимките од нивната аматерска камера) на група млади луѓе. Како Blair Witch Project, само со квази-Годзила.

Не ми е чудно што успеа филмов, нормално ако рејтингот на IMDB се смета за некаков успех. Океј, и заработи доволно пари на првиот ден на прикажување. Тоа се смета, нели? Ќе имало и втор дел.

Иако не очекувам многу од филмов, освен евтин (скап!) рип-оф на Годзила, снимен/режиран на малку поразличен начин од останатото холивудско ѓубре, ќе го гледам кога ќе има подобра снимка за симнување. Ги читам реакциите на американците кои веќе го гледале и го опишуваат како нешто невидено. Очигледно повеќето од нив не гледале јапонски филм со чудовиште и ова им делува ново.


Исто така, верувам дека филмов е катастрофа, голема колку катастрофата што ја предизвикува чудовиштето во Њу Јорк. Успехот се должи на маркетингот и името на продуцентот. За потсетување, кога се појави трејлерот немаше ни име, туку созададе мистерија која ја разгоре публиката.

Ќе го гледам, иако како што кажав не очекувам многу. Се надевам дека ќе биде барем просечен. Ако ништо друго, има убав постер. :)

П.С. Обезглавувањето на Статуата на Слободата веќе е демоде.

January 15, 2008

Првите две епизоди на Terminator: The Sarah Connor Chronicles


Пишував за серијава пред неколку месеци. Пилотот и втората епизода беа прикажани синоќа во Америка. Сабајле веќе ги имаше риповите за симнување. Ги симнав, ги изгледав и покрај тоа што немав таква намера. Но, штом го преживеав гледањето на Terminator 3: Rise of the Machines, немав проблем со серијава.

Дејствието почнува неколку години по настаните во Terminator 2: The Judgement Day, во 1999 година. Сара и Џон Конор бегаат од полицијата и се обидуваат да имаат нормален живот. По Џон Конор, пратени се нови Терминатори, некои да го убијат - и еден (една!) да го заштите. Битно е да се спомне дека серијава ги игнорира настаните во T3 (ова јас го правам со години). Интересна е приказната. Доколку T3 беше нешто слично на ова, сигурен сум дека ќе ми се допаднеше повеќе.

Кастингот не е лош (Lena Headey е прекрасна како Сара Конор), глумата е исто така солидна а сценариото на моменти делува исфорсирано, особено кога ги рециклираат репликите на Шварценегер. Интересно е и поврзувањето со првите два филма, враќањето на стари ликови и слично.

Негативни страни, има многу. Интересен почеток, но имам некои забелешки. Зошто Терминаторите кои се пратени да го убијат Џон Конор се поблиску до моделот на Шварценегер? Сфаќам дека е серија, и сакаат да вметнат повеќе ликови, но бар двајца слични на T-1000 ќе завршат работа, со оглед на тоа што овој пат Џон Конор го штити модел на Терминатор кој изгледа како тинејџерка.

Акцијата не недостасува, уште во првата епизода имаше доволно. Во втората веќе има разработување на приказната. За ефектите нема да зборувам, свесни сме што се може да направи денешната технологија. Очекував ова да биде полошо. Многу полошо. На крајот на денот, и не излезе толку катастрофа колку што се очекуваше. Генерално, критиките за серијата што ги читав се позитивни, и како што гледам, серијава ќе доживее барем една сезона. Јас не планирам да гледам понатаму, доволни ми се овие две епизоди.

Кога сме веќе кај Терминатор, во 2009 изгледува четвртиот дел, Terminator Salvation: The Future Begins со Кристијан Бејл во улога на Џон Конор.

January 11, 2008

Dragonlance цртан!?

Какво пријатно изненадување и враќање во минатото! За четири дена изглегува Dragonlance цртан. Открив сосема случајно, бидејќи, незнам зошто, прекинав одамна да следам што се случува со Dragonlance.

Дел од книгите (сега гледам дека има околу 190, тогаш помалку беа) ги читав некаде 2002/2003, така што сеќавањата ми се малку избледени. Сега го најдов и дискот со Dragonlance е-книгите, гледам сум имал и мапи од светот на Dragonlance, слики и сл.

Што е Dragonlance? Кратката дефиниција би била, спој на Dungeons & Dragons со Толкин. Ќе им се допадне и на едните и на другите, иако сум сигурен дека повеќето фанови на Толкин се фанови на D&D и обратно.

Како што кажав, за четири дена излегува цртанот правен според Dragonlance: Dragon of Autumn Twilight. Ја имам книгата уште од тогаш, ама мислам дека ја немам читано цела. Ја разгледував, познато ми е, ама не памтам детали. Песната со која почнува книгата ја памтам. Како и да е, немам намера да ја читам сега, немам ни време, така што ќе го погледам цртанот деновиве.

January 10, 2008

Нов MTG дек после две години

Вчера после толку време седнав Magic: The Gathering да играм.

Мислев дека веќе никогаш нема да продолжам да играм. Последното нешто што го купив беше од Ravnica блокот. Денес си купив нов дек. Ќе играм од време на време, никако сериозно, само по некое турнирче ваму-таму. Следниот петок, на пример. :)

Закон е деков, го пробав со другар, треба да се надогради малце и таман ќе биде. Обично сум избегавал да купувам preconstructed декови, ама овој пат мерак ми беше.

Декот е од Lorwyn блокот. За десетина дена излегува и новата едиција.

January 6, 2008

The Punisher: Purgatory да се запали!


Да се запали секоја копија од стрипов, под итно! Или да се избрише скенот од хард-диск... Штета, мене ми е на ДВД со еден куп добри стрипови.

The Punisher ми е еден од омилените стрип херои, аркадната игра кога бев мал ми беше омилена, а и филмот од 2004 го обожавам. ОК, не е битно...

Во мини-серијалот The Punisher: Purgatory (четири броја се вкупно), Frank Castle е мртов, откако се самоубива (?!?). Станува локален мит и бугимен, и еден ден се враќа од гробот. Не е ТОЛКУ лошо, се до моментот кога се открива неговата "моќ" - од мантилот го вади оружејто што ќе го замисли! Низ смеење прочитав уште две страници, и баталив. Не му стои натприродново...

January 4, 2008

Мала доза World of Warcraft

Се откажав (по втор пат) од WoW пред неколку месеци. Само што се вратив од кај другарот што ме навлече... Направивме нови карактери. Драган Tauren Warrior, јас Tauren Shaman.

Да не зафркаваше интернет конекцијата, ќе игравме повеќе од пола саат. Визуелен приказ на тоа што се случуваше:

WoW терминалите :)

Get a Barbie!


21 lvl за пола саат...

Интересно е WoW од време на време, ама нема шанси да почнам пак, иде сесија... Иако саат време дневно нема да ми штети. :)

January 2, 2008

What's My Age Again?

Уште еден роденден. Секоја година ми е, барем по еднаш. Покрај стандарните среќа, љубов, положување на предметите кои го содржат зборот "програмирање" во името, здравје, пари и секс - имам уште неколку (материјални) желби:

1) PlayStation 2 - Не ми треба PS3, ниту Nintendo Wii. ПлејСтешјн Двојка сакам. Касно пројавив желба, ама тоа е. Ќе го набавам во текот на годинава.

2) Spawn Collection, vol.1 - Да можам, сите ќе си ги подарам. Ќе почнам со ова.

3) Locutus of Borg, 4.5" action figure - Една од моите омилени Star Trek играчки. Ептен ако мора да бирам. :)

4) Death Note тетратка - како утеха, бидејќи не постои вистинска.

5) Ghost In The Shell SAC Box Set - Ова, или било кое обично, оргинално GitS кец DVD.

January 1, 2008

Spawn стрипови за даунлоуд

Oдамна ги имам собрано (и прочитано) скоро сите Spawn стрипови, нормално, скенирани. Низ годиниве ги собирав од разни даунлоуд сајтови, p2p програми и што уште не. На овој линк, има еден куп Spawn стрипови за даунлоуд. Од редовната серија, плус мини-серијали. Rapidshare линкови се, секој број може посебно да се симне.

Spawn ми е омилен стрип со години, а пред недела дена го завршив и сајтот/семинарската, на тема Spawn. :)

UPDATE: Линкот за даунлоуд погоре не работи, затоа клик тука.