May 31, 2008

Аниме на месецот: Ekusu Makina [Appleseed Ex Machina]

Долго време го подесував расположението за Ex Machina, зошто сакав вистински да уживам и комплетно да се посветам на тоа што ќе го гледам. Поради првиот дел, добро знаев што да очекувам и поради тоа чекав погоден момент кога ќе можам да бидам доволно сконцентриран. Океј, не е којзнае колку комплексно, но сепак треба одредено внимание.

Ex Machina ги следи истите главни ликови од првиот дел, но не е негово директно продолжение. Deunan, и нејзиниот партнер/љубовник, киборгот кој некогаш бил човек, Briareos, членови на воената организација E.S.W.A.T. (Extra Special Weapons And Tactics) се соочени со терористички напади кои го дестабилизираат мирот во Олимпус каде што луѓето, киборзите и биороидите се обидуваат да опстојат заедно. Биородите се всушност клонирани луѓе, чија што ДНК е вештачки изменета, да неможат да чувстуваат силни емоции. Откако Briareos е повреден, Deunan мора да се здружи со биороидот Tereus кој изгледа исто како Briareos кога бил човек. Додека се обидуваат да го одржат мирот во Олимпус, соочени се и со нивните лични проблеми.

Приказната е далеку од уникатна, но е презентирана на мошне симпатичен начин, и одлично се провлекува низ обилната акција и растурање роботски газови. Зад ова стои создавачот на Ghost In The Shell мангата, Masamune Shirow, така што целото GitS чувство додека се гледа Ex Machina е сосема нормално. Колку и да е различни, имаат јака допирна точка, интеракцијата помеѓу човекот и напредната вештачка интелегенција и нивното коегзистирање во едно утописко општество.

Следствено на ова, за Ex Machina би важеле горе-доле истите работи што ги имам кажано за Ghost In The Shell, со тоа што ќе признаам дека Ghost In The Shell сепак повеќе успеа да допре до мене.

Е, сега, анимацијата. Најдоброто нешто што го имам видено после Final Fantasy VII: Advent Children. Ете, ако за ништо друго, вреди да се гледа поради визуелното искуство кое и не се среќава баш често, и покрај големиот број на 3D анимирани филмови како оние што Pixar редовно ни ги сервира.

Неможам да најдам ниту една маана или нешто што не ми се допаѓаше, така што е веќе на мојот список на омилени аниме филмови и серии. Би го препорачал на секого, без разлика дали сака и нејќе аниме, а особено би им одговарало на фановите на The Matrix, Blade Runner и слично. За Star Trek фановите, има очигледен омаж на Borg, ако кажам повеќе би било спојлер. Мојата оценка за Appleseed Ex Machina без размислување е 10/10.

* Аниме за месец април: Ghost Hound

Историјата се повторува

Селтикс и Лејкерс во финале после 21 година! Интересен беше целиот плеј-оф, барем тоа што можев да го гледам и се надевав баш на вакво финале. Ќе биде ептен интересно за гледање. Сега ќе симнам тоа што пропуштив од последниве неколку натпревари меѓу Селтикс и Пистонс. Ноќеска не догледав до крај, заспав, а сега не фатив реприза.

Финалето почнува на 5-ти јуни. Финалево, како и целиов плеј-оф, навивам за Селтикс. :)

May 30, 2008

Lost: Крај на четврта сезона

Само што го изгледав финалето на четвртата сезона на Lost! Саат и пол уживање, иако на моменти беше предвидливо. За жал, сезоната траеше пократко отколку што беше планирано, ама супер извадија одредни работи. Видовме се и сешто, од епизоди од кои се скока од столица, до онакви, подосадни и од епизодата со тетоважите на Џек. Серијата одамна почна да се движи во нов правец, ама имаше и моменти што ме потсетија што всушност гледам. И да, никогаш во друга серија или филм немам видено толку многу пресврти. Тоа што се случи на самиот крај од финалево, го претпоставвуав, но не бев сигурен, така што не бев којзнае колку изненаден.

Lost конечно дојде до некоја средишна точка, од која ќе мора да почнат да се отплеткуваат мистериите кои мислам дека ги има повеќе од доволно. Последнава епизода откри како функционираат некои работи на островот, останува уште да видиме зошто. Доволно беше, очекувам расплет во наредните две сезони. Ако сум добро информиран, крајот ќе биде во 2010. Ме нервира само чекањето измеѓу сезоните. Веројатно петтата сезона ќе почне да се прикажува од октомври годинава.

May 26, 2008

Стрип: Wanted

Не знам како до сега не ми поминал Wanted низ раце. Веројатно да не беше најавен филм, немаше уште долго да седнам и да го прочитам.

Wanted е дело на Марк Милар, типот што стои зад сценаријата на купче добри стрипови како Civil War, Ultimate X-Men и моментално Fantastic Four. Wanted е негов мини-серијал објавен во 2003 и 2004 годината.

Главниот јунак во приказната, Весли Гибсон, живее мизерен живот, без никогаш да се спротистави на некого и трпи секакви срања наоколу. Знае дека девојката го изневерува со неговиот најдобар пријател, свесен е дека шефот се изживува со него, итн. Еден ден, се појавува Фокс, девојка која му кажува дека неговиот татко, кој го напуштил кога имал само осум месеци, работел за тајна организација, и сега по неговата смрт, Весли треба да го завземе неговото место.

Тука доаѓа интересното. Тајната организација, е всушност здружение на super-villains (преводот би бил ужас, супер-негативци?), кои 20 години ловат супер-херои и го рекреираат светот по нивен терк, играјќи си со сеќавањата на останите луѓе. А, мртвите супер-херои човештвото ги "памти" само како фикција; стрипови, филмови и слично. Тука станува уште поинтересно, ама ајде да не откривам.

Значи, Весли, од обичен плашливец, станува ладнокрвен убиец кој повеќе убива за да си го задоволи сопственото его, и поради тоа што "му се може", затоа што организацијата ги прикрива сите акции на членовите.

А, крајот е ненормално добар и језив. Тоа мора да се чита.

Инаку, ме плаши филмот што ќе излага. Колку што разбрав, приказнта е видно измената, ќе има претерување со акција, и освен тоа, Анџелина Џоли!? I don't think so. Главните ликови во стрипот се базирани на физичкиот изглед на Еминем и Хали Бери. И, што по ѓаволите бара Морган Фримен во секој втор филм?

May 24, 2008

Indiana Jones and The Kingdom of the Crystal Skull (2008)

Ако треба да изберам само еден филм кој ми го обележал детството, би се мислел помеѓу некој од Индијана Џонс филмовите.. Тоа вчера што го доживеав во Рамстор киното, беше многу повеќе од враќање на убавите спомени. Два саата бев окезен, скокав од столчето, и цело време кажував дека ќе дојдам да го гледам уште неколку пати додека не излезе на ДВД. Кратко и јасно: Indiana Jones & The Kingdom of the Crystal Skull е најдоброто враќање на херој од осумдесетите! Тоа што вчера го почувстував, тешко дека ќе можам да го опишам со зборови. Ќе кажам само дека долго време не сум гледал толку добар филм.

Харисон Форд е незаменлив. Иако остарен, сеуште го има тоа за да го носи шеширот на Индијана Џонс. Мислам дека и уште пет дела (Даааа! Ајде!) да сними, нема да го изгуби шармот и неприкосновената харизма.

Филмот е генијален од секој аспект. Приказната е таа, колку и некои луѓе да беа разочарани на крајот, тоа е - Индијана Џонс никогаш не се занимавал со реални работи. Другата работа, што комплетно ме вoодушеви е тоа што за снимањето не е користен дигитален формат, така што филмот изгледа како да е снимен во осумдесетите, неколку години после последниот филм. Да не спомнувам дека има еден куп референци до претходните делови, кои го прават сценариото уште подобро.

Сега ми е јасно зошто чекавме толку години на филмот. Спилберг комплетно го оправда чекањето, и достоинствено го врати Индијана Џонс на публиката.

Е, ова е филмот на годината! Не е ниту Iron Man, а нема да биде ни The Dark Knight, без разлика на тоа колку се добри.

May 21, 2008

Iron Man во кратки црти

По толку чекање, конечно го гледав! Не можев да дочекам квалитетна снимка, така што морав да се задоволам со просечен telesync. Нормално, ќе го гледам и кога ќе излезе на ДВД. Мислев дека Transformers ќе ми биде последниот филм со квалитетен CGI што го гледам на кино-снимка...

Ајде, сега по ред. Прво, да кажам дека комплетно ги исполни моите очекувања. Колку што очекував - толку и добив. Второ, Роберт Дауни Џуниор е совршениот избор за Тони Старк. Точка. Нема да може никој подобро. Трето, филмов е еден од најдобрите направени според стрип.

Уште сум под импресии, можеби сум премногу пристрасен, ама неоспорен факт е дека филмот владее. 'Nuff said.

May 20, 2008

Resident Evil 4 (или Зошто да се поседува PS2)

Најдобро потрошените пари оваа година ми се на PlayStation 2. А, сигурно, една од најдобрите причини за да се поседува PS2 е Resident Evil 4. Како заколнат фан на Resident Evil 3: Nemesis, мислев дека веќе ништо нема да успее да ја долови атмосферата која ја создаваше таа игра. И, ете, згрешив како и обично.

Вчера конечно, по скоро четири години од издавањето, ја купив Resident Evil 4. Уште по првите 10 минути, го осетив истото чувство што го предизвикува Nemesis! Истата атмосфера, адреналинот шиба на ист начин, само што на друго место и во друго време. Приказната е сместена некаде во Европа, каде што Leon S. Kennedy е на задача да ја најде исчезнатата ќерка на Претседателот на САД. Иако, се се случува далеку од Raccoon City, амбиентот во малото (претпоставувам шпанско, зошто на шпански зборат) селце е речиси ист. Дејствието се одвива прекрасно, а има и огромен број на кратки видеа што го прават уште поинтересно. За графиката немам скоро никакви замерки, освен тоа што има премалку различни зомбија. И, камерата малце ми беше чудна на почеток, ама ја навикнав.
Ах, да. Мислев дека Jill ќе ми фали, ама Leon супер го пополнува местото.

Тоа е отрпилика, уште сум на почеток, а сум тотално воодушевен. Не сакам да брзам, а освен тоа и немам многу време за играње. Сега за сега, изгледа совршено и сеуште е најдобриот survival horror серијал на игри!

П.С. Ако веќе прават уште Resident Evil филмови, би сакал да видам некој направен баш според играва.

May 17, 2008

Spawn стрипови за симнување

Линковите од минатиот пост одамна се скинати, па решив да почнам да аплоудувам Spawn од почеток. Значи, скенирани, супер квалитет, секој број е околу десетина мегабајти. За почеток, ова што е доле. Ќе има апдејт наскоро.

May 15, 2008

Приватни World of Warcraft сервери

Поминав година и кусур на приватни World of Warcraft сервери. Штознам, не би играл WoW на оргинален сервер, највеќе поради тоа што премногу сум навикнат на полесно левелирање, со голем XP rate, еден куп симпатични custom ствари, а и пред се, бесплатно е. Тоа што сакам да го добијам од WoW, го добивам без пари, а сепак е страшно многу забавно, без оглед на тоа што тие што плаќаат го зборат спротивното (криво им е дека ние играме без пари :P ).

За среќа, има доволно, па дури и премногу приватни (читај: пиратски) сервери, каде што може да се игра бесплатно World of Warcraft. За разлика од други MMORPG игри, има приватни сервери на кои има доволно луѓе за да биде интересно. Криво ми е што The Matrix Online и LOTRO неможеме вака, ама тоа е тоа. Значи, изборот е голем, а може да се најдат на разни сајтови за наменети за приватни сервери, како што е XtremeTop100, каде што серверите се подредени по популарност, односно гласови. Интересното е тоа што скоро секој сервер, нуди по некаква награда за гласањето, најчесто in-game злато или опрема. За да се игра на приватен сервер, потребна е играта (да де), обичната и The Burning Crusade експанзијата, плус последниот patch. Има сервери на кои се играат и постари верзија, ама се со многу помалку играчи. Не треба никаков крак, само треба да се промени адресата на серверот и да се направи акаунт на истиот.

Има неколку вида на приватни сервери, fun server (со многу поголем XP rate, за побрзо левелирање), blizzlike ( XP rate и сл. како на оргинален сервер), PvP (првенствено наменет за Player VS Player играње, исто така со голем XP rate). Денес повеќето сервери нудат и high XP/PvP и Blizzlike играње, со различни акаунти нормално. Некои fun сервери, претеруваат со забавата, така што има custom леверлирање, па наместо 70 левели, постојат и по 140.

Од јануари годинава играм на
WoWfusion, и сега за сега, не размислувам за промена. Играм на fun серверот, имам и хорда и алијанса карактери, скоро сите 70-ти левел со добра опрема. WoWfusion се покажа одлично. Скоро секогаш има околу 1000 луѓе што играат во исто време, минимален број на багови, стабилен е, има custom shopping mall, каде што може да се набават еден куп ајтеми, портали до секаде и сл.

Покрај сите овие работи што ги набројав погоре, не би можел да замислам како би било играње на оргинален сервер. Можеби некогаш, кога малку ќе падне цената. :)

May 8, 2008

Поклон

Стигна поклон од Wizards of the Coasts! Мала папка за Magic: The Gathering карти, собира повеќе од 100, со супер слика, башка foil (светка). Вакви поклони праќаат на регистрирани играчи, со DCI бројче. Отидов ја карти да редам...

May 7, 2008

Загревање за The Incredible Hulk

2008 е година на на филмови базирани на стрип. The Dark Knight, The Punisher, Iron Man...

Иако не сум нешто многу возбуден, сепак се радувам на новиот Hulk. По оној од 2003, Marvel Studios решава да направи нов филм за Hulk, многу поблизок до стрипот и старата телевизиска серија. Собрана е нова екипа, а овојпат Bruce Banner/Hulk е Едвард Нортон, кој се појавува и како ко-сценарист на филмов. Во Америка, премиерата е закажана за 13-ти јуни (да, знам дека звучам како Грајфер).

Од тоа што може да се види од трејлерот, Hulk изгледа многу подобро од филмот од 2003. Ептен ми е интересира како ќе се покаже Едвард Нортон. Одличен актер е, ама некако неможам да го замислам во оваа улога. Ерик Бејна беше супер во минатиот филм, незнам зошто воопшто го сменија. А, сега и Лив Тајлер во главна женска улога... Многу ме интересира како ќе излезе.

Hulk од 2003 ми е еден од омилените comic book филмови, се надевам дека овој нема да ме разочара.

May 4, 2008

Celtic Pride

Се трудам да го следам овој НБА плеј-оф најмногу што можам. Откако Мајами пропаднаа брукајќи се максимално, Бостон ми станаа број еден тим за следење, пред се, затоа што ми пружаат огромно задоволство кога ги гледам. По распадот на оној состав на Булс и заминувањето на Џордан, не навивам конкретно за никого, само гледам да уживам во натпреварот.

Овој плеј-оф фаворити ми се Бостон. Одличен тим, си го заслужија ова. Последен плеј-оф кој ме забавуваше вака беше 2006, кога тепаа Мајами, а лани ми беше ужасно тапа зошто Спарс од секогаш ми биле досадни, а и не сум некој фан на Данкан и Паркер.

Ме изненадија Атланта! Не очекував (а веројатно ни Бостон, па затоа си дозволија и порази) вака да играат против Бостон и да извадат 3 - 3! Само што заврши седмиот меч. Нормално, Бостон тепаа, сите знаевме дека така ќе биде. Интересна игра, веројатно најинтересната (од тие што ги гледав) помеѓу овие два тима во плеј-офот. А, и каков момент беше тоа кога Марвин Вилијамс го удри Рондо... Како и да е, ги згазија, и мило ми е за тоа. Ќе видиме како ќе играат со Кавси, зошто сакам да ги гледам Бостон и во финале, што и не е тешко да се случи, нели?

А, додека трае плеј-офот, се обидувам да ги прогурам Мајами низ 07-08 сезоната на PS2 на NBA Live 08. :)

Shadowmoor импресии

Денес беше и вториот prerelease турнир на Shadowmoor кај нас, како и release на глобално ниво. Малку ми е криво што не успеав да играм на првиот, ама и денес беше доста интересно, имаше доволно народ. Сега сфаќам дека кога малку повеќе ќе навлезеш во Magic: The Gathering, најинтересниот дел од целиот циркус се prerelease турнирите, нормално, поради новите карти. :)

И покрај лошите карти што ми се паднаа, сега додека ги средував дома, најдов нешто интересно, па врз основа на тоа ќе правам нов дек. Нема нешто што би одговарало за дековите што веќе ги имам. Можеби малку претерале со хибридните карти и мешањето на боите, па згора на тоа и новите способности на картите, ама ќе видиме како ќе биде. Денес беше само почетокот...

Чекам да стигне fatpack кај нас со книгата и одма купувам, зошто приказната во Shadowmoor владее.