Премногу надеж за Terra Nova сезона. Жал ми е, не бев воопшто во право. Многу работи ветуваа, за на крај да остави горчлив впечток. Стивен Спилберг, огромен буџет и интересен концепт, некако сé мирисаше на квалитет. Сепак крајниот резултат е некако очаен.

Семејството пристигнува во Тера Нова, патување во еден правец, каде што "избраните" од загадената Земја треба да го изградат човештвото од почеток. Тука се појавува и друг проблем - диносаурусите. И тоа не било какви, туку одвратни CGI диносауруси чии инстинкти пркосат на шанса на малите луѓе за нивен нов почеток. Диносаурусите се отпорни на куршуми и речиси сите оружја од иднината, што е нели уште поголем проблем од самото нивно присуство. За тензијата и ужасот да бидат повеќе ускладени, група тинејџери од Тера Нова, прави типични тинејџерски работи, вовлекувајќи се упорно во непотребно опасни ситуации. Тие тинејџери нели, се идината на човештвото? Нека им е со среќа на жителите на Тера Нова.
Таман мислев дека на непријатните ситуации им дошол крајот, во Новата Земја има уште еден проблем - група на луѓе кои дошле пред тие во главниот камп (каде што е сконцентрирана приказната и главните ликови) и не се баш најпријателски расположени. Со ова темпо, во следните епизоди очекувам и mecha диносауруси, вонземјани и праисториски џиновски бубачки. Нормално и трет камп, кој упорно се обидува да им наштети на другите два, паралелно истражувјаќи го електромагнетизмот во бунарите низ Тера Нова.
Описот на Terra Nova може да се сведе и на два збора - колосално срање. Но, ако пишам само така, ќе испуштам да кажам за шаблонските ликови (татко бивши џандар, мајка докторка, бунтовен син, паметна ќерка и мало ќеркиче што храни диносауруси со гранки), предвидливата приказна (снемува група копиљаци во шума - следната сцена бегаат од диносаурус) и генеричкото сценарио ("Ти спушти го оружјето - Не ти прв. Ајде двајцата во исто време"). Срамота е со ваков буџет и продуцент ова. Се обиделе да ја прилагодат за сите возрасти, притоа занемарувајќи дека ваква каша може да има катастрофален исход.
Заканата со која се соочени ликовите во серијата, воопшто не е закана. Незнам дали луѓето зад серијата знаат која година сме и дека CGI диносауруси не изгледаат баш опасно. Во 90-ти, во Sliders, можеби. Тука не. Плус, налет репопулација на Земјата во минатото кога живееш бетер од што си живеел. Подобро ќе кашлам на тераса, отколку да живеам во шума и да ме бркаат CGI диносауруси и непријателски расположени вооружени кретени цело време. Тоа колку сетингот воопшто не прави смисла, е многу подолг муабет за кој и немам баш многу време.
Серијата е едноставно лоша. Нарачани се 13 епизоди, рејтингот ќе падне после четвртата, и догодина никој нема да се сеќава на ова. Запамтете ми ги зборовиве.
6 comments:
Мене баш ми е симпатична серијава. Се надевам дека ќе преживее сезонава...
Ја мислев дека ќе е бољи. :S
Грда, грда страшно грда серија. Не можев да ја изглеам до крај првата епизода, очај човече.
Не го глеам ова пошо викаш дека е лејм.
Бај д веј, смени го темјплетот ми трнат очите откако ќе прочитам еден пост, после тоа мора утре да продужам друг. Иначе си кул ;D
Mickey :*
Намерно е тоа Мики пеер, за да не ми заглавувате тука на блогов. Земете нешто учете. :)))
Немој да ме тролаш, да не те уапсам :D :D
Мики :*
Post a Comment