December 17, 2012

Крајот на Homeland

Како тип што тврдеше и убедуваше луѓе дека Homeland е најдобрата серија сезонава, се осеќам должен да си го повлечам муабетот. Со последниве три епизоди, се акнаа од земја. Морам со спојлери, така да... 

My name is Nicholas Brody and you got punk'd.

Му го хакнаа вајрлес бајпасот на потпретседателот? Озбилно Homeland, до толку без идеја? Како и сите слични амерички серии и филмови. Серијата баш и затоа беше добра, затоа што успешно избегнуваше шаблони. Во неколку епизоди дозволија стварите да излезат од контрола и не ми е јасно како и зошто. Толку хајп за Абу Назир и сега го нема, а? Нов Абу Назир? Броди ќе бега цела трета сезона, четврта? Освен тоа, целата таа приказна со Кери и Броди стана толку напорна, што било која турска серија во било кој период од денот би била подобар избор за гледање. Последниве епизоди повеќе гледав во ѕид отколку во монитор.

Крајот на втората сезона веројатно е последното нешто што ќе го гледам од Homeland. Мислам, веќе се решив после епизодата со бајпасот, ова само ми потврди.

4 comments:

Gorgon said...

Според мене последнава епизода ги извади предходните две,моментот со бајпасот и зашто Кели е уште жива а Абу Назир мртов.А зашто ми е ок последнава епизода?Милсиш дека Броди го направи тоа или не?Има нов Абу Назир или Броди ќе стане Абу назир џуниор?Ако веќе некој го мести Броди кој е тој и зашто го прави тоа? Како и да е,освен срањето со бајпасот и глупоста со Кели и Абу Назир последнава епизода држи вода многу повеќе него ли предходните две :)

Random nobody said...

Like i said .. најдорто нешто од серијата ми беше секс сцената со морена. Толку.

Бојан Николов said...

@Gorgon, мислам дека Броди врска нема со бомбата, пошто епизоди уназад пробуваат да му го обелат образот. Ипак е америчка серија и публиката повеќе сака да види непријател од страна. Башка, веќе го покажаа "новиот" Абу Назир. :)

@Андреј, имаше повеќе такви сцени. :))

Goran Cvetkoski said...

Still a better lovestory than Twilight