December 31, 2009

PS2: Најиграни за 2009 (прв дел)

Ќе ја завршам годинава на Crapwerk со PS2 игрите од кои прстиве ми се доискривија... Пошто PS2 дојде малце покасно кај мене дома, уште играм стари игрици, а и ќе продолжам, додека не падне цената на PS3. 2009 и немаше којзнае колку многу игри за PS2 што ми го привлекоа вниманието, а догодина ќе има уште помалку. PS2 веќе некое време го гази новава генерација конзоли и најмногу за две години комплетно ќе го истиснат.

Се изнаиграв Black годинава. Пуцачина од 2006, меѓу најдобрите што воопшто сум ги играл, било на PC, било на конзола. Играчот е во улога на Jack Kellar, оперативец (black ops) на ЦИА кој м'кља терористи наоколу. Приказната не е којзнае колку битна, мене не ме внесе баш многу, ама добри се сцените измеѓу нивоата. Супер се реализирани, само што некако брзо ги заборавав. Black ме фураше на моменти како Call of Duty, но не до тој степен да се осеќам како воен ветеран и да имам флешови во наредните неколку месеци по завршувањето на играта. Во Black најмногу ме фасцинира околината и дизајнот на мапите. На моменти ме потсеќа на Half-Life 2, има такви пусти разрушени места, темно-жолта сатурација и сиви бои, многу слична атмосфера. Одлично и детално сработено. Мисиите се речиси слични како и во повеќето FPS игри, многу акција, некогаш бараат и тактички потези, значи ништо посебно и ново, туку баш тамански како што треба да е. Интересно е тоа што може да се носат само две оружја и неколку бомби. Ништо повеќе. Па така што некогаш ситуации кога дел од мисијата ќе зависи едно оружје, а некогаш ќе треба да се направи и избор помеѓу неколку. Да не го дрвам, Black е задолжителна игра за PS2.

God of War II ја играм месецов. Конечно ми дојде на ред, читав толку добри рецензии за играва и испадна се точно. Се гледа дека е искористен максимумот ресуси кои PS2 ги нуди графички и тоа ја прави играта уште толку поубава. Со оглед на тоа што сме 2009 и сме виделе што се може со графиката денес, ретко ме изненадуваат постари игри. God of War II е hack & slash какви што има многу за PS2, и сега ми е јасно зошто го сметаат најдобриот од својот вид. Приказната е одлична, инспирирана од грчката митологија каде што главен лик е Кратос, курназ што прави покољ низ Античка Грција, од штанцани војничиња до Колоси и Богови. God of War II има куп разни комбоа, фраерски оружја и одлични анимации. У која друга игра можеш да му откорнеш рака на некој и да го заколеш со неговата (откорната) рака у која држи меч? :)

Tony Hawk's Pro Skater 3 играв цела пролет, ко демек за размрдување. Возев скејт ко дете, а и од тогаш играм вакви игри. Интересни скејт-паркови и локации, финтици, комбоа, па и некои немогучи ствари што никако неможев да ги пројдам. Tony Hawk's Pro Skater и Fifa Street 2 се баш онака игри за одмарање мозок, после напорен ден или у напорен период. Добра музика у позадина, стискаш, леташ, пркосиш на гравитација...

Со ова и ќе го завршам првиот дел, другиот здравје догодина, за пет саата цепам на планиње и мора да легнам. Tekken 5 и Crash Nitro Kart нема потреба да ги спомнувам, знаеме дека се игри што најдобро функционираат во друштво.

П.С. 2009 да ја заборавиме.

December 27, 2009

Аниме саундтрек плејлиста

Музиката има огромен удел во обликувањето на квалитетно аниме. Почнувајќи од главната тема со која отвaра, преку музиката која се провлекува низ сцените.... Ќе правам од време на време колеции на добри ствари од саунтреци, а ако не ме мрзи, ќе склопам некоја mp3 колекција и ќе ја закачам тука. До тогаш, ЈуТјуб...

Eве што има денес на плејлиста:

December 22, 2009

Филмови во 2009

Ги изгледав повеќето филмови кои ми го привлекоа вниманието уште пред да излезат, меѓутоа не успеав да пишам за сите. Не дека сега немам време, туку ме спука некоја мрза, неможам да се логирам, а камоли да седнам и да искуцам нешто.

Годинава се изнагледав добри филмови. Некои и не толку добри, ама успеаа некако да пројдат, барем да запамтам дека сум ги гледал.

Moon е најпријатното изненадување годинава. Дело на младиот режисер Данкан Џонс, кој допрва треба да почне со кариерата. Moon е независен филм, научно-фантастична драма, жанр кој изминативе години апсолутно ме купи со добрите филмови што имав прилика да ги погледнам. Приказната е генијална, раскажува иднина во која Месечината се користи како извор на ресурси кои помагаат во опстојувањето на Земјата. За собирањето, обработката и препраќањето на супстанцата хелиум-3 се грижи приватна компанија. Сем Бел е единствениот астронаут, придружуван од роботот со неверојатна вештачка интелегенција, GERTY, кој се грижи работата при собирањето на хелиум-3 да биде успешно завршена. Е, сега, за да не е се совршено, Сем Бел доаѓа до сознание кое комплетно ја поместува целата слика за компанијата. Тоа е всушност клучниот елемент на приказната, што нема да го спомнам поради спојлери. Moon е одлично напишан и изведен со минимална употреба на специјални ефекти, но затоа има одлични сетови и Кевин Спејси кој го позајмува гласот на GERTY. GERTY e омаж на HAL9000, па дури и целата станица на Месечината изгледа како да е излезена од 2001: A Space Odyssey. Инстант класика.

F.A.Q. About Time Travel е британски филм со типон од The IT Crowd... СФ комедија, апсолутно мајсторски изведена. Замисли си муабетиш за патување низ времето, пијан, у бар, и одеднаш баш тоа почнува да случува... Супер приказна, интелегентно напишано сценарио кое всушност го движи целиот филм, харизматични ликови и сето тоа одлично реализирано. Искрено, очекував многу повеќе тупење со наука, испадна некои ствари ги чепка ептен површно, што и не го прави филмот помалку забавен. Јас скроз се внесов, мислам дека пет саата да траеше, немаше да ми здосади. Еден од оние филмови што најмалку сакаш да завршат. Ме изненади Ана Фарис, не ја познав...

The Hangover ми е во конкуренција за 3 најдобри филмови годинава. Ваква комедија му се нема десено на Холивуд со години, а јас не памтам кој филм последен пат сум го гледал три пати во една недела. Четворица другари одат во Лас Вегас на ергенска забава, за следниот ден да се разбудат со тешка главоболка и без никакво сеќавање за претходната ноќ, во растурена соба, со празни флаши пиво насекде, тигар во купатилото, итн... The Hangover има сцени што неможев ни да ги замислам или предвидам додека го гледав, сцени кога сопирав да се досмеам или да враќам за да се изнасмеам пак. Еден од најдобрите филмови годинива и општо, една од најдобрите комедии што некогаш излегле. Ќе има и втор дел догодина, иако не прави смисла, прави пари. Тоа е, знаеме како функционираат работите...

Fanboys е комедија генерално наменета за Star Wars фанови и како таква функционира, не совршено, ама таман. Значи, ако не си фан на Star Wars, не ти е смешно и готово. Барај друг филм, зошто повеќето фори се наменети за одредена публика. Fanboys е базиран на краток филм, со скоро иста приказна - четворица другари, пред премиерата на Star Wars: The Phantom Menace тргнуваат кон ранчот на Лукас да украдат копија за другар, болен од рак, кој тешко дека ќе дочека да го види филмот во кино. Нормално, безброј референци (тоа е поентата, да) до Star Wars, неколку познати фаци, Вилијам Шетнер... Конечно го дочекавме филмов, се одложуваше дооолго време, очекувањата кај мене си ги исполни, не ни треба да е нешто поразлично од тоа што е.

Harry Brown е последниот филм од оваа година што го гледав. После толку рецензии, фалења, се надевав дека ќе видам нешто повеќе од просечно. Тоа што го знаев за филмот доволно ме заинтересира да го ѕирнам. Мајкл Кејн глуми пензиониран маринец, што ја одмаздува смртта на најдобриот пријател и шах противник. Очекував повеќе од просечна драма, сигурно не очекував Мајкл Кејн да иде сите да ги испотепа со базука, ама мислев дека ќе видам нешто приближно кул како Gran Torino. Има еден куп исфорсирани и тотално беспотребни сцени, мислам сфативме дека Кејн живее во опасно маало кај што младичи пушат курови у мерцедес. Пресвртот на крај воопшто не ме изненади, зошто во ниеден момент претходно не ми беше битно кој и што во бандата. Не е лош филмот, океј е, само што е за едно гледање... и за на Телма. Во Harry Brown игра и Plan B, шизикот што соработува со Chase & Status...

Ќе се апдејтува ова, зошто има и уште неколку други, ама тоа деновиве... Од останатите за кои пишував изминатава година, ќе ги издвојам District 9, Inglourious Basterds, Coraline, 2012, Terminator Salvation, Wolverine, Bruno, Bolt, римејкот на Friday the 13th и Punisher: War Zone што упорно го заборавам. Значи, пак ќе кажам, супер филмови годинава, барем пола од овие што се спомнати тука ќе остават некаква трага, а некои веќе си обезбедија статус на култни филмови. Ќе видиме Avatar каков е деновиве... И Up ми дреме, треба конечно да седнам.

December 18, 2009

Iron Man 2 трејлер

Конечно се појави првиот трејлер за Iron Man 2 и изгледа супер. Едвај чекам да излезе филмот, знам дека ќе биде подобар од првиот. Трејлерот открива по малку од новите ликови кои ќе се продолжат во продолжението како Black Widow, War Machine и се разбира Whiplash. Отприлика, приказнава е следната. Тони Старк е притиснат од владата, медиумите и јавноста да ја открие тајната на Iron Man оклопот и да ја сподели со армијата. За трејлерот, клик тука.

Деновиве сум ептен во Iron Man расположение. Завршив со читање на The Invincible Iron Man стриповиве што се дел од Dark Reign (Љубиша, фала за препораката), моменталната состојба во која се наоѓа Marvel универзумот каде што Норман Озборн има огромна политичка и воена моќ и носи промени кои се нормално, во негова полза. S.H.I.E.L.D. e расформиран, Озборн има нова слична организација H.A.M.M.E.R. и создава херои аналогни на оние што веќе ги знаеме, а Тони Старк се наоѓа во бегство. Ќе пишам нешто повеќе, кога ќе ги дочитам останатите, како Dark Avengers, X-Men, итн...

Dark Reign инаку е продолжение на настаните од Secret Invasion. Требаше прво тоа да го читам, мада и вака може да и се влезе на приказната. Сега како што имам време, ќе му седнам и на ова.

December 14, 2009

Најава за Stаr Wаrs: Thе Fоrcе Unlеashed 2

На 2009 Spike Video Game Awards беше најавена Star Wars: The Force Unleashed 2. Некое време го дрвам со тоа Star Wars: The Force Unleashed е една од најдобрите работи што и се случиле на целата франшиза до сега. За среќа, имаат уште идеи за приказната, па ќе видиме и приквел, барем така се шпекулира. А, со оглед на тоа како завршува The Force Unleashed, ова е логично продолжение.

За жал, не е најавена верзија за PlayStation 2, што е нормално, бидејќи играта ќе излезе дури за една година, а како што проаѓа времево, се помалку игри добиваат и PS2 верзии. Изгледа пак ќе направат финта, ќе излезе година дена покасно за PC, како првата, зошто сега за сега се планирани верзии само за PlayStation 3, Xbox 360, Wii, DS и PSP.

Перидов очекувам да има повеќе новости околу играва, па ќе постирам кога ќе има нешто ново. Сега, клик тука за трејлерот. Летоска имав напишано нешто околу моите желби и идеи за иднината на The Force Unleashed, за тоа клик тука.

"Uncertain your future is. Find yourself, you must."

December 13, 2009

Heroes of Might and Magic викенд

Нели, World of Warcraft? Не. Серверот е нешто сјебан, плус сум пред пензија, full epic, пројдени инстанци и презаситеност за периодов...

Играм Heroes of Might and Magic V од вчера. Ми требаше нешто вакво, што ќе бара од мене да кликам со една рака, без многу замарање. Плус, визуелно ги обожавам Heroes of Might and Magic игрите (играм од тројката па навака, заедно со Chronicles серијалот, од време на време), такви се шарени, да ти е ќеиф да кликаш. Почнав со првата кампања, негде сум до четвртата мисија. Во споредба со претходните игри, петкава е значително полесна, имаш армија сељаци на секој чекор, брзо левелирање, бафови, ресурси и што уште не.

Графиката е далеку подобра, ротирачка камера, 3D, многу детали, подобра анимација на борбите, ама па затоа единиците и суштествата се премногу еднолични што на моменти знае да скурчи. Незнам колку различни единици има, видов неколку, веројатно има доволно по фракција. Интересен е и книгата со магии, само што не успеав уште да се снабдам со доволно магии. Приказната сега нема да ја коментирам, зошто уште сум на почеток.

Зошто сум релативно слободен периодов, планирам да ја завршам оваа ако не ми скурчи пред тоа, па да ги грабнам експанзиите.

December 11, 2009

Family Guy: Something, Something, Something Dark Side

Денес низ warez мрежата се појави целосна, нецензурирана верзија на новата Family Guy пародија на Star Wars, Something, Something, Something Dark Side која официјално треба да излезе за две недели. Само што ја изгледав и саат време не прекинав да се смеам. Колку пати треба да повторам дека Сет МекФарлејн е гениј? Не престана да се надминува себе и не знам до каде би можел да оди.

Новата пародија е феноменална и ми се свиѓа повеќе од Blue Harvest, затоа што нели, The Empire Strikes Back го сметам за омилен од оргиналната трилогија. Ваква пародија на овој филм, немало до сега, а нема ни да има, бидејќи ова го движат ликови од најдобрата хумористична цртана серија која моментално се прикажува.

МекФарлејн знае како да ги искомбинира карактеристиките на неговите ликови со оние на Лукас и може секоја сцена од Star Wars да ја претстави како дел од Family Guy универзумот. Хан Соло е уште покул кога го 'глуми' Питер. ("I love you. - Fuck off.") Палпатин е татко и на Лоис, Картер Пјутершмит, Џиновската кокошка е Боба Фет, па веќе може да се претпостави каква сцена не очекува во следната пародија.

Скроз забегани моменти, ако почнам да ги двојам ќе треба да го раскажам целото. Има куп ситници ради кои плукав кафе од смеење, аплаудирав ко кретен и враќав сцени. Крајот најмногу ме изненади, делува како МекФарлејн да спрема пародија на уште една култна трилогија. Океј, немора да значи, меѓутоа кревам две раце "за".

We Have A Bad Feeling About This ќе биде последната пародија, на Return of the Jedi и треба да се појави на пролет.

December 9, 2009

World of Warcraft: The Comic

World of Warcraft универзумот е доволно голем, за приказната од играта да може да се прераскаже преку стрипови, книги, филмови, па дури и серија. За филмот ќе почекаме уште некоја година, најавен е уште одамна.

Компанијата Wildstorm, дел од DC Comics во ноември 2007 почнува со издавање на World of Warcraft: The Comic. Приказната почнува со човек кој се буди на бреговите на Калимдор, без никакво сеќавање за себе или како стигнал таму каде што е. Заедно со двајца Елфови (Најт Елф и Блад Елф) е заробен од Орките со цел да се натреварува во гладијаторските арени. Членовите на тимот се борат за сопствените животи, како и за златото на Орките-господари кои ги држат во заробеништво. По извојувана победа против друг тим кој важи за еден од најагресвните, главните ликови решаваат да побегнат и Ло'гош (човекот кој по победата ќе се стекне со ова престижно име/титула) конечно да дознае кој е и од каде е, за подоцна да се испостави дека е всушност изгубениот крал на Стормвинд.

Приказната се протега низ повеќе клучни и добро познати региони во играта, се појавуваат сите главни раси и повеќето од класите, како и некои ликови што веќе ги знаеме. Пристуни се и елементите што ги прават класите карактеристични, од опрема па се до магии, маунтови и што уште не. Што значи дека стрипот комплетно ги користи оргомните ресурси што играта ги нуди за создавање на една добра приказна. И не ме чуди што World of Warcraft: The Comic функционира толку совршено. Нормално, наменет е за фанови кои се запознаени со играта, но не е којзнае колку понеинтересен и за останатата публика.

Спакував 22 броја во две архиви, може да се симнат од тука и од тука. Ќе ги ставам и другите неколку, до сега излегоа 25.

December 8, 2009

FlashForward на пауза до 2010

По емитувани десет епизоди, FlashForward заминува на пауза до март следната година. ABC како причина за прекинот, ги наведуваат Зимските Олимписки Игри, поради кои и последната епизода на Lost ќе биде прекината.

Серијата не е лоша, само што некако си мислам дека нема да трае многу. Добро е тоа што е многу подинамична во споредба со Lost и бар за сега, не се расфрлаат со мистерии за кои ќе треба да пројдат неколку сезони за да бидат објаснети. FlashForward веќе завзема некаква форма и тек по кој ќе се движат настаните, па се надевам дека во иднина нема да ги искомплицираат работите. Значи, сфативме дека самиот 'флешфорвардот' директно влијае на иднината кои луѓето ја видоа шест месеци од блекаутот. Знаеме и кој го предизвикал, остана уште разоткривањето на целиот заговор и причините, па ете материјал за уште неколку сезони.

FlashForward ми има еден голем проблем. Ликовите ми се некако неубедливи, па тешко е да ти е гајле за нив. Не ме интересира ни кој ќе умре, ни дали ќе умре и што ќе се случи. Дури и пресвртот во последнава епизода не ме потресе којзнае колку. Можеби дека пребргу ги објаснуваат работите, или па уште не се случил вистинскиот пресврт. Имаат време до март да пробуваат различни ствари, други и ликови и да набацат нешто плус во приказната. Вака е празно, а тоа што го има не е доволно за серија од ваков тип.

December 4, 2009

Назад на Digg

После долго време, се враќам активно на Digg. Го користев активно порано, секогаш кога имав уклучено Фајрфокс, ми дремеше Digg во позадина... нешто како што сега е случај со Facebook. За жал.

Од тоа киснење на Digg, денес ми останаа куп сајтови што ги следам секојдневно, а сајтот го отварав многу поретко, додека во позадина ми беше Facebook со корисни информации за тоа кој, како и кога прднал и во колку саат, проследено со лајкови и коментари колку далеку се слушнало. Факт е дека Facebook го смени интернетот, и неоспорно е тоа дека е корисен, и мене ми е, особено за информирање за настани и слично. Facebook не е во никој случај лош, супер е од главната идеја до техничката реализација, затоа и привлече толкав број корисници, кои денес создаваат лоша слика за сервисот.

Сега на Digg си направив и нов акаунт, има големи подобрувања од последнот пат кога бев логиран, сега ќе си го спастрам убаво.

За тие што не се во тек, Digg е сервис на кој корисниците споделуваат линкови (новости, статии, видеа и слично). Секој момент има нешто ново, а најгласаните се објавуваат на почетната страна. Digg денес слави пет години постоење.