Често пати сум дискутирал околу тоа што ќе се случи со Star Wars откако ќе го нема Лукас. Одговорот на тоа прашање деновиве го добив како колено во јајца. Неоспорен факт е дека брендот носи пари, многу пари, и едноставно не може тоа туку така да сопре. Лукас со изговор дека сака да ја предаде франшизата на помлади бизнисмени, ја шитна на Дизни. Со тоа, Star Wars од едни алчни раце, отиде во други, познати исто така по молзење на продукти. Само што не знам дали има нешто останато да се молзи од Star Wars, така што ова ќе се сведе на цедење.
За да биде уште потрагично, најавен е нов филм за 2015. Episode VII. Единствено полошо од ова е ремастеризирана верзија на Empire Strikes Back каде што полудениот Чубака ги силува Хан Соло, R2-D2 и Jar Jar во мочуриштето на Дегоба. Во исто време. Најавата за нов филм немаше да биде таква каква што е, да не беа милионите фанови кои година дена претходно ќе кампуваат пред кината низ САД да видат за што станува збор. Мислам сериозно, профит настрана ова е веќе некрофилија. Толку ли никој нема идеја за нешто свежо што ќе може да носи пари?
Дизни се ѓубриња. За секоја глупост како Star Wars Detours, имаат продолжение на Кралот Лав. И не, TRON: Legacy не е никаков аргумент дека ќе го однесат Star Wars во добра насока. А, што е исто така страшно е што и Индијана Џонс е сега под нивна контрола. Прашање на време е кога ќе најават римејк или продолжение со некој шупак од актер што ќе го носи шеширот и камшикот.
Гласините кажуваат дека следното продолжение на Star Wars (уште не ми се верува дека пишувам за следно продолжение) ќе се бави со сосема друга приказна и ликови. Што значи, никогаш нема да видиме екранизирана верзија на The Force Unleashed. А, за Dark Empire е предоцна. И, да, филмовите нема да сопрат со Episode VII.
2 comments:
Толку. Нема да видиме повеќе ремек дела ко Attack of the Clones. Наместо франшизата да отидеше кај некои млади, независни филмски продуценти кои ќе создадеа нова магична трилогија која ќе не потсети како е да сме деца пак после 20 години, Лукас ја даде на корпорацијата која нема никаков сенс за бизнис (види што направија со Марвел. Авенџерс! Бљак!).
:)))))
Сори. Морав :*
И мене ми текна на Авенџерс али друго е тоа. :) Не верувам дека може да ги извадат Индијана Џонс или Стар Ворс така.
Post a Comment