Го гледав синоќа во кино во Рамстор. Не очекував којзнае колку, но во никој случај не очекував да биде колосално промашување. Quantum of Solace е празен, стерилен, плиток и далеку од Бонд филм. Casino Royle некако го проголтав, зошто знаев дека тоа и им беше поентата, да направат филм за мисија на Бонд, пред да ја добие дозволата за убивања. И покрај тоа, беше според книга на Јан Флеминг. Иако немаше Кју, гаџети, хенчмени и куп работи што се стандарни во Бонд филмовите, некако успеа да ме забавува, но без да го споредувам со претходните.
За Quantum of Solace не знаев ништо. Ни што е приказната, ни кој е негативецот... ништо. Дека го нема и Кју, дознав пред некој ден. Како да го објаснам филмот во кратки црти? Трае два саата, 90 минути има акциони сцени и 15 минути изговор за приказна, колку да има нешто што ќе ги одвои брканиците и пукањето. Сериозно, не успеав да фатам ништо од приказната. Никогаш не сум видел по неразработена приказна во Бонд филм. Исто како да ја немаше. Негативец кој во ниеден момент не ме убеди дека е достоен за да оди против било кого, а најмалку против Бонд.
Зошто комплетно е сменет карактерот на Бонд? Можеби филмот требаше да се вика Одмаздата на Бонд. Од гаџетите, исто ништо. Апсолутно ништо. Незнам со која цел е ова, дали да го направат филмот пореален, но е ужасно лоша идеја. И што е уште полошо, гледам дека филмов оствари солиден (финансиски) успех овие два-три дена, па очекувам и следниот да го тераат во овој правец.
Даниел Крег таман ме убеди дека е Бонд во Casino Royale, тука комплетно ме разочара. Не покажа ниту една карактеристика својствена за агентот. M e океј, ја обожавам Џуди Денч.
Значи, после Die Another Day, го имаме новото катастрофално остварување, со таа разлика што барем во Die Another Day го имаше Џејмс Бонд и знаевме дека се работи за Бонд филм, додека Quantum of Solace изгледа како просечна акција. Се радувам само што брзо ќе го заборавам.
9 comments:
Ништо не памтам од филмот освен кршење на стакла и сл. И ова не беше Бонд, дефинитивно.
Имаше стакла, да...
Ти реков да немаш очекувања од филмов? Мене топ ми беше :) Очекуев да гледам Nico 8, испадна тоа. Супер е!
значи да не трчам накај кино?! :)
Искрено Craig ич не ми е Бонд. Бонд е шарм и мозок, а не куп мускули и тепачки.
Поздрав
TOLD YA SO!!!
Не зборам веќе за филмов. :)
Баш ме разочара ...
А се радував на новиот „Бонд, Џемс Бонд“ филм.
Ванчо, не ја ни кажува таа реплика. :)
Аман бе, зарем толку лош може да биде филмот што го најавуваа со месеци и месеци? Го немам гледано, ама сега ме спаси :)
Се зезам, ќе го изнајмам и ќе видам каков ќе биде, ако не заборавам ќе оставам пак коментар
vrska nemate od bond. seljaci
Post a Comment