August 31, 2011

Бесплатно Рифтање

Оваа недела, TRION по повод нивниот полу-роденден, овозможија бесплатно играње RIFT на сите заинтересирани играчи. И оние со активна претплата, и оние без. Дури и трајал акаунтите имаа една недела плус за играње. Уште вечерва, нивните сервери ќе бидат отворени.

Играв малку оваа недела, колку што ми дозволи времето, таман колку да го излевелирам Паладинот што го почнав пред некој месец. Шест месеци пројдоа откако играта излезе официјално и супер си тера. За разлика од други ММО-а, имаа успешен старт, што ветува дека RIFT допрва ќе расте.

Инаку, првпат откако играм, имав потреба телефонски да разговарам со луѓето од техничка поддршка и сум изненаден од нивната професионалност и љубезност. Имав мал проблем со акаунтот кој експресно беше решен.

Следно во играта е новиот 1.5 patch во кој треба да ја пуштат новата PvP зона. Се надевам дека во следниот, ќе има поголемо проширување на Телара, во PvE насока нормално, па дури и зголемување на левелот до 60. До тогаш, ќе паузирам, зошто меѓудругото, треба и да се дипломира следнава сесија.

August 30, 2011

Како Source Code си го упропасти потенцијалот

... да биде филм на кој ќе се сеќаваме и после 5 години. Океј, можеби и без лошиот крај ќе се заборавеше брзо (ако воопшто некој го памти филмов). Како и да е, под сликата има спојлери. На кратко, Source Code е СФ драма со Дони Дарко, чиј лик се буди во друго тело на воз, осум минути пред да експлодира бомба.

"Не ми е ни мене јасно" - Дони Дарко си ја чука главата

Крајот! Аман, крајот! Филмот беше скоро перфектен до моментот кога со девојката ќе излезат од возот и ќе шетаат низ Чикаго. Да разјасниме нешто. Дони Дарко беше мртов, додека неговата свест функционираше така како што функционираше. Според правилата кои ги постави самиот филм, можеше да има интеракција само со минати настани, во ограничена околина. Ограничена околина. Кој дел од ова продуцентите го испуштиле кога се пишувал крајот. На крајот, неговата свест и неговото влијание на ситуацијата со возот, успеа да создаде, извини вака, алтернативна реалност. Не, не. Не завршува тука. Од истата таа Дизни паралелна димензија, Дони Дарко успеа да прати смс порака до 'нашата', кршејќи ги правилата на физиката од филмот и генерално логиката. Се надевам дека некој го застрелал типот одговорен за овој хепиенд.

Ако некој го чита ова, а не го гледал филмот, нема да ме сфати колку бесмислен беше крајот. До тогаш, гледав супер филм, изненадувачко добра варијанта на нешто што можеби е и познато од филмови како Groundhog Day или 12 Monkeys. Иако поголемиот дел од настаните ги превидов, сепак имаше потенцијал да прерасне во некаков култен филм. И ќе ми беше мило да беше така. Има интересна приказна, тензија до самиот крај (ах..), некои детали беа уникатни, па дури го имаше и Расел Питерс во споредна улога. Се што требале е да скратат од крајот, зошто веќе е касно за друг тип во главна улога (Џек Гиљуеефсдасхол нема капацитет за ништо друго). Време е за некаков Director's cut кој би го завршил филмот во правиот момент.

Star Wars: Invasion - Revelations #1

Star Wars: Invasion е еден од поновите Star Wars стрипови на Dark Horse Comics. Прво, да кажам дека изданиево ми е особено драг поклон (Дамјан, фала!!!), директно од Midtown Comics. Пошто сум пицајзла за амерички стрипови на хартија, ова стоеше недопрено со недели, додека му градев светилиште и ритуално танцував околу него. Но, тоа е друга тема.

Месецов така ми се наместиле работите, што и да фатам да гледам и да читам, обавезно вклучува некаква инвазија на вонземјани. Токму тоа е темата и во Star Wars: Invasion (очигледно е ради насловот, само што спомнав во случај некој да не примети). Секогаш кога правам муабет за нешто од проширениот универзум на Star Wars, неможе да пројде без доза мрчење, освен ако не е The Clone Wars, ете тоа некако успеа да ми прирасне за срце. Од време на време знам да чепнам нешто, најчесто испаѓа лошо, меѓутоа се наоѓа и нешто што е навистина океј. За жал, Invasion ќе мора да го сместам во онаа првата група.

Приказната, инаку сместена 25 години по Јавин, со веќе подостарен Лук Скајвокер, ја раскажува инвазијата на расата Јужан Вонг (упозорение: може и да не се изговара вака). Нормално, мала група Џедаи, преводена од Скајвокер решава да се соочи со нив, со минимална помош од Новата Република. Еј, колку пати пројдов низ слично сценарио месецов? Колку пати опишував за инвазија каде што мала група преводена од Тој и Тој им се спротиставува на окупаторите? Океј, океј.

Интрото е отприлика тоа, се врти околку некаква force-sensitive фамилија која е дел од војната и најава за она што ќе се случува низ петте броеви од аркот. Внатре, во првава епизода, едвај има нешто Star Wars што би ми се допаднало на мене. Скајвокер, освен на насловната, не се појавува нигде, акцентот е удрен на некои неинтересни ликови, а дури на крајот се појавува некој остаток од Империјата, со мал муабет околу позицијата на Леа во Новата Република и општо Галаксијата. Иако цртањето е одлично, некако се подизгубив во сценариото. Она што личи на едноставна приказна, некако пробале да го прикажат заплеткано, со многу ликови, муабети кои се ирелевантни во моментот (прв број е, може после ќе биде битно)... Или па јас се презаситив периодот од темата.

Сепак, може да се читне и понатаму, чисто да не ми остане впечатокот ваков. Или па да ги ѕирнам и претходните броеви, да ми се поврзат точките.

Види такоѓе:

August 29, 2011

Brad Barron #1: Neljudi

Brad Barron е нов стрип за мене. Освен неколку наслови на Бонели, останатите нивни изданија не ми се нешто особено интересни. Така и Бред Берон успеа со години да остане стрип што го гледам низ трафиките и не се обидувам да дознаам што е. Приказната за Бред Берон, мислам дека на форумот, беше споредена со онаа од Falling Skies, па некако така се решив да му дадам шанса. За среќа, во "Бункер" ги има сите броеви на стрипов, од првиот, до последниот број, издадени од Весели Четвртак.

Го набавив првиот број и летна набрзинка. Иако темата е преџвакана во секаква литература, мене речиси секогаш ми е интересна. Станува збор за инвазија на вонземјани, каде што поробените луѓе се обидуваат да преживеат и да пружат отпор на окупаторот. Годината е 1956, а главен лик, нели како што е името на стрипот, е Бред Берон. Професор по биологија (срдечен поздрав до создавачите на Falling Skies, макар било и случајно) и ветеран од Втората светска војна, закитен со неколку медали и лузни.

Бред Берон во инвазијата, се разделува со семејството и е заробен од Морбовите, гуштероидните вонземјани кои планираат да ја користат Земјата за ресурси и да вршат експерименти врз луѓето. Во првиов број, приказната само полека се обликува, има флешбеци од нападите, дел од тоа што се случува со луѓето кои се заробени, додека понатаму останува да видиме како точно Бред Берон ќе се справува со гнасните Морбови.

Фин стрип, ликот е интересен, и мислам дека има простор за добри епизоди, и покрај тоа што темата не е баш најоргинална. Има и подобри наслови од Бонели, ама за фанови на вонземски инвазии ова е супер. Ќе читам и понатаму, за среќа сега има каде да се набавуваат овие ствари.

August 25, 2011

Најдобрите моменти во The Hitchhiker's Guide to the Galaxy филмот

Книгата првпат ја прочитав во 2005, кога излезе со оној лошиот предвод на македонски кај што Зејфод е преведен Запход. Отприлика и филмот се појави тогаш и успешно го избегнував се до пред некој ден. Конечно се решив да го гледам, и за чудо, го гледав пак следниот ден. Пак.

Фантазијата на Даглас Адамс мислам дека се искусува некако поинтимно и претставата за работите кои се во книгите, секој различно би си ги замислил и интерпретирал. Токму поради оваа причина, не ми се гледаше филм кој беше многу поразличен од мојата претстава за The Hitchhiker's Guide To The Galaxy. Првата книга ја имам читано многу пати, а деновиве додека бев на одмор ги читав втората (The Restaurant at the End of the Universe) и третата (Life, the Universe and Everything). Некако фино ми легнаа и расположението ми се подеси за гледање на филмот. Веќе си имам цврста слика и за ликовите, местата, универзумот и сè, така што филмот испадна претежно безопасен.

Прво, да кажам дека филмот делува конфузно, доколку не е прочитана книгата и има дупки што само така би се пополниле. Сценариото, иако е чепнато од самиот Даглас Адамс, на моменти е очајно, зошто се тргнати некои епски реплики или се осакатени со глуп муабет. Од ликовите, најпогоден е Артур Дент, па дури и Марвин, додека Зејфод и покрај тоа што го глуми генијалниот Сем Роквел е тапа без главите како во книгата. Форд е Mos Def, а Трилијан не е ништо посебно.

Значи, одиме по ред сега.

1. Водичот. Од првата сцена кога се појавува, до самиот крај Водичот е супер претставен низ мали симпатични анимации и гласот на Стивен Фрај.

2. Артур Дент и Марвин. Мартин Фримен е одличен како Артур Дент и успеал да го долови ликот како што јас си го претставувам. Плус, една од причините поради која се решив да го гледам филмот е токму тој, зошто ќе го глуми и Билбо во адаптацијата на The Hobbit. Марвин, иако е различен од мојата замисла, испаднал супер, фино е дизајниран, само што му фалеа и него реплики. Животот на Марвин во филмов, му го даваат Алан Рикман (гласот) и Ворен Дејвис (џуџето во роботот). Дури камео има и стариот Марвин, од серијата од 80-ти.

3. Слартибартфаст. Врвот на филмот е сцената која почнува откако ќе се појави Слартибартфаст и ќе го прошета Артур низ градилиштето на планети. Целата сцена ја изгледав со подотворена уста. Визуелно, една од најдобрите сцени што сум ги видел на филм.

Покрај се, филмот е навистина интересно доживување, визуелен трип со супер саундтрек и како што реков, јебига, по некоја дупка која може да ги збуни гледачите. На крајот од филмот, кога екипата се договара да оди во Ресторанот на Крајот на Универзумот, Марвин ќе прокоментира дека Ресторанот се наоѓа на другиот крај. Да, беше смешно, само што тој Ресторан не се наоѓа на таков крај од универзумот.

Претпоставувам да бил Даглас Адамс жив до комплетирањето на филмов ќе видевме нешто многу подобро, па дури и адаптација на останатите книги. Актерската екипа е супер, само малку да се поработело на сценариото и темпото на филмот, мислам дека добиевме фина филмска франшиза на едно од најдобрите дела некогаш напишани.

August 14, 2011

Falling Skies: Прва сезона

Falling Skies е нова СФ драма, создадена од Роберт Родат (познат по Saving Private Ryan и како типот што го пишува сценариото за Warcraft филмот) и продуцирана од Стивен Спилберг.

Falling Skies следи мала група луѓе во Бостон, преживеани по инвазија на вонземјани кои ја разрушиле Земјата и испоубиле се што им застанало на патот. Приказната, која почнува неколку месеци по инвазијата, е најмногу сконцентрирана на Том Мејсон, професор по историја, и пензионираниот капетан Вивер, кои се дел од луѓето што ја предводат групата преживени и се обидуваат да се одбранат од вонземјаните кои се уште пристуни, и не доаѓаат баш во мир. Серијата е пред се драма, па така да повеќе гледаме како преживеаните се справуваат со ситуацијата, отколку со самите вонземјани, или како што ги викаат, Скитери. Во демолираниот Бостон едвај се наоѓа храна, вода, лекови, па дури и оружје и муниција, зошто и ова им е некакво основно средство за преживување на овие луѓе. Следуваат спојлери подоле.

Луѓето дознаваат дека Скитерите имаат заробено огромна група на деца, кои ги контролираат со помош на некакви биомеханички импланти, со цел градење на некаква градба среде градот. Имплантите се прикачени директно за р'бетот на жртвата и освен за контрола, служат и за комуникација помеѓу луѓето и нив. За биде позамрсено, Скитерите воопшто не се вонземјаните кои ја нападнале Земјата, туку зад целото стои скроз трети вонземјани кои со исти импланти ги заробиле и оние кои се познати како Скитери.

Речиси целата приказната е раскажана од аспект на луѓето, многу малку се дознава за мотивот на вонземјаните (добро, ресурсите се очигледната причина), за тоа што прават кога не ловат луѓе, за роботите што ги користат и слично. Најмногу ми се свиѓаше атмосферата, напнатоста која преовладува и нормално, Поуп. Поуп е најдобар лик, штета што не знаеле како подобро да го искористат. Другите ликови, горе-доле не се лоши, ама па и не оставаат којзнае каков впечаток.

Секако, Falling Skies не е совршениот СФ, меѓутоа е интересно и покрај дупките што ги има. Морам да кажам дека финалето малку ме разочара, зошто како што читав, требаше да испадне нешто невидено, нешто што ќе ме копка до следното лето. За жал, крајот на сезоната беше далеку од добар, да, беше неочекуван, неочекувано лош. Негде после осмата епизода, си развив некаква теорија за крајот, па повеќе се надевав дека ќе се дознае нешто повеќе за Скитерите, како на пример, да испаднеше дека тоа се уствари луѓето кои вонземјаниве ги киднапирале со години наназад, па оформиле армија, па блабла... Наместо тоа, Том Мејсон се предаде на "главните" вонземјани, за да го спаси син му. Да погодам, на почеток на втора сезона ќе се појави и он со имплант? Се до финалето, серијата беше супер...

Втората сезона дури следното лето, да завршеше оваа како што треба, да пцуев што ќе треба да чекам. Вака, ако ми текне догодина на серијава, може и ќе гледам.

August 11, 2011

Cтрип книжaрницa "Бункeр"

Конечно Скопје си доби продавница наменета само за стрипови. Се вика "Бункер" и се наоѓа во кулите спроти Рамстор. Можат да се најдат квалитетни наслови на повеќе балкански издавачи, има голема понуда на Бонели стрипови, гиганти, книги како и изданија од редовните серии. Овој месец има 10% попуст на сите стрипови.

Работното време е од 11:00 до 19:00 секој ден, освен недела, а во сабота работат до 14:00. Им посакувам успешна работа и многу, многу нови наслови.

Повеќе информации и слики има на овој линк. Благодарност до Гордан за сликата погоре.

RIFT 1.4 и Baron Krevic

Веќе неколку дена како TRION го пуштија последниот patch на RIFT, Legacy of the Fallen. Приказната продолжува после настаните од претходниот ивент, каде што силите на Akylios направија партал низ Телара. Ивентот помина прилично океј, а кулминираше со нов рејд, Hammerknell.

Најинтересните и најкорисните новини во Legacy of the Fallen се новата cross-shard LFG алатка која го скратува времето за групирање на играчи (од различни сервери) во инстанци и посебното место за предмети од квестови кое пак заштедува простор во торбиците на херојот.

Друга работа што е интересна е целосниот редизајн на зоната Scarwood Reach која од мрачна пустелија се претвори во фино место полно со вегетација, се со цел да се развие приказната за новиот sliver, The Drowned Halls, нов тип на рејд инстанца за 10 играчи сместен во паралелна реалност, достапен преку машина која го овозможува тоа.

Единствена замерка би било тоа што играта некако многу забега во PvP правец. PvP рифтови, нови PvP квестови, новини во warfront-овите... Како малку да ги подзаборавија PvE играчите. Во 1.5, кој треба да излезе следниот месец, се најавуваше и нова зона која ете, испадна дека ќе биде PvP зона. Не дека имам нешто против PvP, меѓутоа останатите сегменти од играта некако паѓаат во сенка, што не беше случај на почетокот. Затоа од следната недела, ќе паузирам до 1.5, чисто за да видам во кој правец ќе ја однесат играта.

Енивеј, сеуште има PvE, ете, вчера се собравме 20 луѓе и конечно го убивме Baron Krevic и квестот кој ми дремеше со месеци, е завршен. Интересни се овие босови низ зоните, само не ми е јасно зошто многу играчи ги избегнуваат. Ем додаваат на приказната, ем се добиваат некои фини ствари, како на пример оние од Akala.

Иако TRION се секако за пофалби за брзиот развој на играта, запоставуваат некои битни елементи, како на пример различни стартни зони и PvE што не е невозможен рејд или рифт ивенти кои почнаа да не се разликуваат едни од други.

August 8, 2011

Drakensang Online Open Beta

Bigpoint ја објавија бетата на онлајн hack'n'slash RPG верзијата на Drakensang. Играта е различна од Drakensang сингл-плеер игрите и е клон на Diablo, кој се игра во browser и не бара никаква инсталација.

Drakensang Online и покрај тоа што е браузер игра, нуди квалитетна 3D графика, убаво дизајнирани зони и одлична музика. Сега засега, има само две класи, Spellweaver (range) и Dragon Warrior (melee). Иако е бесплатна, некои работи се плаќаат, зошто нели, неможе се без пари. Уште сум на почеток, сега за сега е интересно, гејмплејот е веќе познат, квестовите се интересни и што е најбитно, барем на европскиот сервер, има многу играчи во секое време од денот.

За среќа, Drakensang Online може да се игра и фулскрин без никаков лаг, само што квалитетот не е баш ист на 1920x1080 резолуција. Се надевам дека ова ќе го средат. Играта е сепак во бета верзија, и нормално е да има некои ситни багови и одредени недостатоци (четот е сеуште во некоја рана верзија). Drakensang Online има навистина што да понуди, дури и како клон на Diablo. Останува да видиме како се развива понатаму.

Јас играм на европскиот сервер, под ник Zearthus.

August 6, 2011

Најава за League of Legends: Dominion

Првата сезона на League of Legends завршува кон крајот на август. Како што Riot Games најавија пред неколку месеци, играта тогаш ќе го доживее својот најголем апдејт за време на нејзиното постоење, апдејт кој ќе ја започне втората сезона на натпреварување.

Иако развојот на мапата Magma Chambers, што јас ја чекав со месеци, е стопиран, верувам дека новиот мод во Dominion апдејтот, ќе ја освежи играта баш како што треба. Новиот мод, односно новата мапа, ќе понуди сосема различна стратегија. Наместо класичното рушење кули за да се стигне до Нексусот за победа, овој пат играчите ќе се борат во capture-the-нешто мод, барем од тоа што може да се види во тизер трејлерот. Сеуште нема детални информации околу ова, меѓутоа и тоа што го има, е доволно за да ме израдува.

Се надевам дека Riot нема да сопрат тука и дека конечно ќе ја завршат и Magma Chambers.

UPDATE: Видео "Behind the Scenes: Gameplay Design"

August 2, 2011

Scream 4 (2011)

Ново продолжение на Scream звучи како лоша идеја, нели? Така ми звучеше и мене откако го најавија, додека не го изгледав. Морам да напоменам дека сум огромен фан на првиот дел, уште го имам на VHS дома и порано редовно го гледав. Како дете, ми беше еден од првите слешер хорори и причина подлабоко да го истражувам жанрот. Исто така, беше еден од првите филмови кои со пресвртот на крајот ме оставале по три дена со подотворена уста. Вториот, а особено третиот дел, беа катастрофално лоши и ги гледав само заради тоа што беа Scream и да видам кој е убиецот.

Ете, Вес Крејвен сними и четврото продолжение, во време кога слешер жанрот е мртов, а она што останало од него е скроз измутирано во некоја друга форма. Scream 4 не се обидува да го освежи жанрот или да биде на некој начин револуционирен, напротив, свесен е за она што може да го понуди, па дури и се заебава на сопствена сметка. Филмот, мене лично, супер успеа да ме извози. Преполн е со финти, сцени и реплики кои се повикуваат на претходните филмови, се разбира намерно и упорно става акцент на разликите на франшизата тогаш и денес, па на моменти и симпатично ги исмејува. Денес не можеш туку-така да убиеш некој со врата од гаража како пред десетина година и Scream 4 тоа јасно го кажува.

Scream 4 намерно се обидува да избегне одредени клишеа од хорор филмовите, дури и "правила" кои самата франшиза си ги има поставено, и тоа фино го докажува уште во првата сцена. Уште таму знаев дека нема да гледам досадно продолжение, туку забавен филм кој буди блага носталгија. Најзаебаната работа околу Scream е тоа што секогаш убиецот зад маската е непознат до самиот крај, а нешто треба да ја одржи тензијата и да покрева сомнеж до тогаш. Од сите продолженија, само четвртиот успеа тоа да го направи баш како што треба.

Инаку, приказната... Приказната, мене и не толку многу најбитна, е онака, колку да ги собере преживеаните ликови од претходните филмови на едно место. Сидни Прескот се враќа во Вудсборо после десетина години да промовира книга и нормално, се појавува нов Ghostface. Не е филмот добар ради приказната, како што реков, добар го прават референците и носталгијата. Затоа и не би му се допаднал на некој што не го сака кецот или воопшто го нема гледано.

И да, нема потреба од петто продолжение или римејк. Сериозно. И како што вика една реплика од филмот, додека сум на темава, "You forgot the first rule of remakes. Don't fuck with the original!". Закон е Scream 4.