Крајно време е да се најде јунак што ќе го обеси Сет Грин за тестиси. Ако некој некогаш имал таква идеја, сега е вистинскиот момент да ја реализира. Мислам, сигурно е полесен за киднапирање од Џорџ Лукас.
"Касно е за нас, Бобо! Оди, и не гледај назад!"
Пред некоја година имаше муабети дека по завршувањето на The Clone Wars ќе се снима хумористична анимирана серија со ликовите од Star Wars. И, тоа со старите, со Хан Соло во пакет. Звучеше премногу трагично за да е вистина, ама трејлеров за Star Wars Detours делува некако реално, нели? Ова е сè освен смешно. Болат очи, уши и глава. Како може ова да е добра идеја? Како може некој што има барем трошка риспект за Star Wars да се потпише на нешто вакво? Едно е пародија, друго е кога пародијата е официјален Star Wars производ. А, ќе речеш дека не можеа подоле од Attack of the Clones.
Од толку голем универзум и приказни, се решија за ова. Покрај материјал како The Force Unleashed, се решија за ова. Најжално е што ова ќе успее, ќе има публика и профит, иако се коси со логика зошто некој би сакал да го види Кеноби како комичар во кантина.
2 comments:
Да се зачуди човек колку многу би можела да се прошири оваа статија. :)
Поздрав до Дизни.
Се мислев, ако не ме мрзи ќе пишам, ама тоа е тоа.
Post a Comment