July 2, 2011

Spawn #201 - #208

Како што ветија Image Comics после јубилејната 200-ка, за некои шест месеци Spawn доживеа дури осум нови броеви. Помина некое време додека последните неколку се појавија во електронска верзија, меѓутоа чекањето и те како се исплатеше.

Spawn продолжи со приказната за Џим Даунинг, оставајќи го Ал Симонс да почива на раат. Претходно веќе спомнав дека многу ми се свиѓа новиов Спон, и баш ме занимаше како ќе продолжи понатаму. #201 отвара со гостување на Џим во ток-шоу, преку кое се обидува да го открие својот идентитет. Откако никој нема да одговори на неговиот повик, Џим во шоуто ја презентира својата исцелителска моќ (која оди во комплет нели со неговата улога на новиот hellspawn) и успева да се здобие со целото внимание на јавноста. По серија настани предизвикани од неговото "излагање", завршува правејќи чудо кое ќе му обезбеди титула на месија и еден куп следбеници. Притиснат од неговата нова "улога", бидејќи е топ тема на сите вести, се повлекува во сенките на Њујорк, во форма на Спон. Почнува општа потрага по него. Полицијата го бара, а следбениците си го бараат нивниот спасител. Во целата оваа фрка, Твич успева да го лоцира и мислејќи дека е Ал, бара помош за спас на Сем кој е смртно ранет и се наоѓа во болница.

Сем не е единствениот што го бара Спон. Се вратија и неколку стари непријатели кои тргаат по симбионтот на Ал Симонс, чија приказна допрва треба да почне да се расплетува. Што значи, очекувам понатаму стрипов да се развие уште подобро. Исто така, цртањето во последниве неколку броеви е на највисоко ниво, до сега веројатно и најдоброто во овој наслов. Најголемата заслуга оди кај Szymon Kudranski, дечкото е феноменален, успеа да внесе сосема поинаква и помрачна атмосфера и му даде нов живот на стрипот за само неколку изданија. Браво!

МекФарлејн е потпишан на повеќето како еден од луѓето задолжени за приказната. Мислам дека тоа што собра нови и млади артисти и писатели, беше добар потег за да се живне малку Spawn како стрип. Со нетрпение го очекувам секој нов број, и се радувам што постојано има прогрес.

Spawn #209 излегува за некој ден.

3 comments:

Влатко said...

Еве се потпишав :))

Spawn престанав да го читам таму негде после 185 (или 195-ти број беше...?)
__________
СПОЈЛЕРИ
___________

...кога Ал Симонс си ја разнесе главата. Вооопшто не очекаував дека тоа-е-тоа, миаслев уште од нареден број ќе се врати некако, ама кога го претставија новиот Spawn тој белецот , реакцијата беше WTF is this ??? :)) Воопшто не е интересен лик како Ал.
Се надевам у Бункер ќе го набават некад стрипов па од првиот до 185 /195? ќе се помине пак само сега на хартија.

The Darkness е сличен стрип (демони, касапење, голи ангели хехе,...), не знам дали си го читнал, има свои моменти ама The Darkness како лик е многу лошо направен. А и педерот-сајдкик не помага многу. :))

Бојан Николов said...

:))

Супер е Спон и со новиот дечко, ти требаат веројатно неколку броја за да го навикнеш. После станува ептен добро. Ете, барем 200ката читни ја. :)

The Darkness немам читано, а имам неколку броеви. Ете, може да видам шо е. :)

Поздрав!

Влатко said...

Пробав да го читам белецов ама не бе чудно е некако, а и почна веќе да опаѓа стрипот у квалитет.
Ал си е Ал. :) WANDAAAAAAAA!!!