January 27, 2010

5ive Days to Midnight (мини-серија)

Какво пријатно изненадување е 5ive Days to Midnight. Мини-серија на Sci Fi Channel од 2004, не ми е јасно како и требаше волку време за да стигне до мене. Се гледа брзо, има само четири епизоди и е напната до самиот крај. Текстот подоле содржи спојлери, зошто не можев, а да не измрчам за крајот. Остатокот е феноменален.

Значи, главен лик е професор по физика (одлична улога на Тимоти Хатон) кој на гробот на неговата жена наоѓа чудно куферче со детали (исечоци од весник, полициски извештаи, слики, итн.) од неговото убиство кое треба да се случи по пет дена. Прво, се сомнева дека е невкусна заебанција, се до моментот кога почнуваат да се случуваат настаните опишани во материјалите од куферчето, за кое нели, сите сконтавме дека е пратено од иднината.
 

Во куферчето се наоѓа и полициски извештај со осомничените за убиството на професорот, односно сите ликови во серијата, и како што се билда приказната, секој станува сомнителен. Приказната се одвива интересно, куп заплети и пресврти и повлекува претпоставки што најчесто испаѓаат погрешно. Негде во третата епизода, ми стана јасно што е крајот, испадна ко што мислев само не како што го замислив. 
 
Професорот успеа да измени дел од трагичните настани кои се случуваат пред неговата смрт, но не успеа да ја спречи смртта на девојката која сепак умре. Од тука, сфатив дека професорот сепак умира и дека ќерка му е таа која го праќа куферчето од иднината, за да го спаси. Девојчето (кое ептен, ептен личи на Дру Баримур како мала) низ цела серија покажува дека е исклучетелно интелегентна, па по таа логика сконтав кој го пратил куферчето.

Е, сега, крајот. Зошто мораше целата маглива атмосфера на 5ive Days to Midnight да се упропасти со среќен крај и досаден пресврт? До тој момент серијата си тече совршено. Бев сигурен дека професорот ќе умре, па пораснатата ќерка од иднината го праќа куферчето. Да, ќе го прати, само за да ги измени настаните и да умрат многу повеќе други луѓе и да има хепи енд. Плус, џандарон испадна лош, еј не сери? Колку пати сме го виделе тоа? Доволно. Генерално, серијата е одлична, да имаше поинаков завршеток, ќе беше многу подобра како целина. Сепак, вреди да се гледа.

January 25, 2010

Спор интернет и зима

Под сомнителни околности ми е потрошен месечниот интернет сообраќај и последните неколку дена сум отсечен од триста ствари, зошто неможам еден мочан сајт да отворам (64/64 kbps конекција за три компјутери). Среќа што барем WoW можам да играм, оптимизирана е за слаби брзини, така да 90% од играњето ми се одвива нормално. Си ја купив играта, трае до 27 февруари, таман кога ќе треба да полагам.

Се левелирам брзо, играм инстанци, battlegrounds... Првпат да видам што се дешава у инстанците на оргинален сервер. Roleplaying-oт е одличен, има NPC-ја што ја откриваат приказната, има интеракција со нив и прават смисла. И, конечно ми е ќеиф да играм инстанци. Добра опрема, XP и никогаш нема да се случи да падне серверот и да потрошиш време за џабе. Злато се прави лесно, продавам ствари цело време. Значи, неспоредливо подобро од пиратски сервери. Крај на муабетот. Се што зборев за ритејл, паѓа у вода. Плус, додека шибам квестови, ми иде у позадина The Hobbit аудио-книга. :) Еве моментална состојба од armory.

Гледам Bleach. Пред да легнам, ставам епизода да се симне со дајал-апов спор и си имам по една нова секое сабајле. Ми требаше вакво лајт аниме после Serial Experiments Lain (одлично аниме, треба нешто повеќе да пишам). Bleach е супер. Едноставна приказна, милион епизоди, добро за освестување сабајле и за пред заспивање.

Ах, да. Пробувам и да твитам, пошто Фејсбук скинав пред некое време.

Последната сезона Lost за недела дена, а?

January 19, 2010

Ragefire Chasm

13-ти левел денес, два пати трчање низ Ragefire Chasm со Цајц (ја трчам, он кине све околу дека 39-ти левел), си собрав супер опрема, неколку плави ајтеми и ствари од кои извадив 2 злато. Јебига, споро е, али барем изучив Journeyman tailoring и си сошив торбици. Моментално се левелирам во Silverpine Forest, супер зона, немав стапнато тука со години (мојот најпрв WoW карактер беше Undead), па некако ми е ново местово. Плус, не сум сам ко порано тука, има уште мали левели што се левелираат тука. Да фатам уште некој левел, па цепам накај Barrens и Ashenvale.

Уште два левела и ќе можам да сум поактивен во инстанци, таман додека не ја купам играта за фул акаунт, да сум 20-ти левел со плава опрема, напредната професија и изучени спелови.

Играва ми е поинтересна од било кога и не верувам дека ќе се вратам пак на приватен сервер. За крај, еве ја моменталната состојба на карактерот.

Da Original WoWsta!

Од вчера ги играм десетте бесплатни денови што ги нудат Blizzard за World of Warcraft на оргинален сервер. После три години киснење на приватни сервери, решив дека ако ништо друго, барем ќе пробам каков е оргиналниот WoW.

Направив Undead Mage (моментално 12-ти левел) зошто ја немам The Burning Crusade за Blood Elf Paladin, а мора да играм Хорда, ради друштво. :) Искуството е сосема поинакво. Споро левелирање, интензивно квестање, крпење опрема, auto-loot за собирање на сè што би можело да донесе некоја пара... Не сум навикнат на толку спора игра, а не сум ни навикнат да ми работи сè.

Плус, со последниот patch, играта си има свој систем за помош при квестови и директно телепортирање во истанци. Првото е супер, меѓутоа второво повеќе ми наоѓа примена на пиратскине сервери, а не тука. Кога веќе пешачиш/јаваш/леташ пет саати за да, пример, испорачаш писмо за квест, зошто да не го мрднеш г'зот и до некоја инстанца за рејд. Баш читав дека стариве играчи се жалат за оваа новина. Мене, не ми мења којзнае колку, и вака со квестањево доволно осеќам хардкор играње.

Ќе мора да ја набавам оргиналната за да ми се продолжи акаунтов и по истекот на овие 10 дена гага. Инаку, лимитот со trial акаунтите е 20 левел, неможеш auction house, гилдови, whisper на луѓе на кои не си им во листа на пријатели, mailbox и веројатно уште некои други ситници кои не сум ги забележал до сега. Не планирам да забегам со играње на оргинален сервер, него повеќе ми е да си го истерам ќефот барем месец и да видам колкава е разликата. Од 15-ти левел почнувам инстанци, па ќе видам што-како...

Играм на Skullcrusher релмот и еве статистика од armory.

January 15, 2010

Трејлер за Tekken филмот

Абоминација. Од трејлерот се гледа дека воопшто не се потрудиле околу филмот. Лоша продукција, дијалози како излезени од Драгонбол, ефтина музика, тотално утнат кастинг и нормално, ќе излезе директно на ДВД, што доволно зборува за слабиот квалитет на филмот.

Добро е што барем се држеле до облеката на ликовите, меѓутоа пак ќе кажам, кастингот не го бива. Џин е катастрофален, Брајан не личи на Брајан, Нина е како излезена од нискобуџетно порно, Јошимицу изгледа како робот што сака да го уништи Токио, Хеихачи е дебел старец... Единствено Рејвен ми изгледа како да е погоден. Леј воопшто го нема? Каде е Леј во филмот? Пол и Кинг исто ги нема. А, се многу позначајни ликови од, на пример, Стив Фокс или Мардук.

Се надевав барем на просечен филм во кој ќе можам да уживам, како фан на играта. Филмот излегува во март/април годинава. Клик тука за трејлерот.

January 13, 2010

11 причини зошто Pidgin е подобар од Windows Live Messenger

Pidgin користам со години наназад, уште од времето кога се викаше GAIM и тврдам дека е најдобриот инстант месиџинг клиент кој се појавил досега. Далеку помоќен и позгоден избор од Windows Live Messenger, а еве и неколку причини зошто.

1. Pidgin има табови
Главната причина поради која почнав да го користам. Pidgin има табови кои се далеку попрактични од прозорците на Windows Live Messenger. Сите конверзации се во еден прозор, при што не доаѓа до преоптоварување на таскбарот.

2. Pidgin нема реклами
Со самото тоа што е бесплатен и open-source, Pidgin не ги малтретира корисниците со досадни и светкави реклами.

3. Pidgin има елегантен интерфејс
Минималност и едноставност. Далеку подобар изглед од шарениот Windows Live.

4. Pidgin е побрз
Бидејќи нема реклами и посебни прозорци за секоја нов чет, Pidgin функционира побрзо. Значи, користи многу помалку процесорски ресуси.

5. Pidgin е мулти-платформски софтвер
Pidgin функционира на повеќе оперативни системи. Windows, Linux и Mac OS X.

6. Pidgin има поддршка за 16 протоколи
MSN, Yahoo!, Google Talk, ICQ, IRC, MySpaceIM, AIM и многу други.

7. Pidgin поддржува повеќе акаунти
За еден, или повеќе протоколи може да се користат повеќе акаунти, сите со заедничка листа на контакти. Контактите може да се поделат во групи.

8. Со Pidgin може да се менуваат имињата на контактите
Незнам дали Windows Live ја имаат имплементирано оваа опција, но со Pidgin лесно може да ги сменам имињата контактите кои имаат глупи симболи и смајлија во никнејмот, или па ставаат цели реченици, па немора секој пат да отварам конверзација за да видам за кој од пријателите се работи.

9. Pidgin покажува кој те блокирал или те тргнал од контакти
Порано имаше и опција да видиш кој го затворил прозорот за чет.

10. Pidgin е побезбеден
Колкав е бројот на малициозен софтвер специјално наменет за Windows Live, а колкав за Pidgin?

11. Psychic mode
Pidgin го има најдобриот чет плагин. Кога контакт започнува конверзација со тебе, ти пишува "You feel a disturbance in the Force." Треба ли да кажам повеќе?

January 9, 2010

Avatar (2009)

Ете, го гледав Avatar, конечно. Последен пат вака разочаран излегов од кино на Quantum of Solace. A, како не, кога влегуваш со огромни очекувања, си читал само позитивни рецензии, пофалби и две недели уназад слушаш добри критики од еден куп луѓе околу тебе. На крај, остануваш заглавен со просечен филм, што се курчи сo ефекти и гледаш дека парите што биле наменети за сценарио, се спичкани на светлечки медузи и розеви растенија.

Avatar е дефинитивно најпреценетиот филм за последнава деценија и доказ дека со агресивен маркетинг ("фрливме волку милијарди на специјални ефекти, филмот е ремек-дело)" може да изманипулираш огромна маса на луѓе, па и да ги убедиш дека гледале добар филм. И The Dark Knight беше рекламиран на секој можен начин, меѓутоа комплетно ги оправда очекувањата.

Аvatar, покрај ефектите, што морам да признаам, се едни од најдобрите што сум ги видел (а, за година максимум ќе видиме и подобри), има оскудна приказна, еднодимензионални ликови и катастрофално сценарио. Океј, едниот тип е добар, другиот лош, на крај ќе се тепаат и тоа е тоа. Ликовите се баш како од цртан филм, без никакви нијанси на други особини освен главната. Негативецот е како излезен од глупаво јапонско аниме наменето да рекламира играчки, додека Џејк Сали, главниот протагонист, е херојот излезен од книгата на стереотипи и клишеа. Ја виде некој споредбата на Avatar со Pocahontas на Дизни? Заебанција е, но е апсолутно точна. Огромната сличност со цртанот е дури смешна на моменти.

Барем да беше забавен, ако ништо друго. Првата половина, додека скокаат по дрва на месечината, е болно досадна. Филмот ми стана интересен дури кога почна битката помеѓу луѓето и На'вите. А, Пандора е посебна приказна. Скоро сите локации ги имам видено на друго место, во World of Warcraft, тие што играле ќе се сложат со мене. Спомнав негде на Крапверк и претходно, дека ако некогаш има World of Warcraft филм, би сакал да изгледа исто како Avatar. Почнувајки од флората и фауната на Пандора, до дрвото што е многу слично со Teldrassil или Nordrassil. Дури и змејовите се тие истите, а да не зборам на концептот со "логирање" во светот на На'вите. Како да играа некој напреден MMORPG.

Значи, Avatar ќе си добие култен статус, огромна група на фанови, а јас ќе го заборавам за брзо време, зошто не ми остави никаков позитивен впечаток...

January 5, 2010

Deadly Perils, Priceless Treasures...

Пројдоа точно пет години од мојот прв MTG дек. Правев пауза од летоска и деновиве спремам нов дек. Веќе разгледувам карти од Zendikar, M10 и тоа што веќе имам, за да склопам нешто ново и интересно за играње. Плус, нејќам да пропуштам ништо од Zendikar, блокот е најдобриот од Ravnica, па навака, барем од тоа што можев да видам. Во февруари излегува и втората едиција, Worldwake. Приказната за светот на Зендикар ја има на сајтот на Гоблин, нема да објаснувам многу, клик тука. Многу интересно и посериозно од приказните на Lorwyn/Shadowmoor и Shards of Alara блоковите.

Wizards конечно се спуштија на земја со боиве и има еднобојна едиција, далеку подобра од шарениот Shards of Alara сет. Кај што беше без врска, остави и дек (Jund) што едвај може да се победи, а гледам го играат премногу луѓе. А, немам намера да правам дек, специјално наменет да победи Jund.

Почнувам со декот неделава, моментално тестирам тоа што имам и што може да се игра, па ќе видиме. Има интересен дек со вампири, али се премногу скапи клучните карти...