December 30, 2007

Дотур на постови

Го преселив речиси цел стар блог, тука. Поради тоа се појавија архиви од ноември 2006 до јули 2007. Некои постови ги испуштив намерно, некои можеби ненамерно, а не е ни битно. Го планирав ова одамна, и денов некако ми се виде погоден за ваква активност.

Исто така, го средував и МК блогролот, подредени се блоговите по азбучен ред, некои сум ги испуштил (ненамерно), ќе го корегирам тоа деновиве. Планирам и другите линкови да ги средам, нешто ќе додадам, нешто ќе тргнам, нешто ќе изменам...

Деновиве кога ќе имам слободно време ќе се занимавам со сајдбарот, сакам да испробам и некои скрипти.

December 29, 2007

Утрински Battle Report (полошо не можеше)

Ми ја рокнаа флотата на OGAME, и со тоа, неколку месеци играње се расфрлаа низ вселената. Типот што ме среди, доби месечина пред некој ден, и лесно ми ја следеше флотата. Тоа е тоа, ме начека и ме уништи. Ќе пробам да се вратам во форма, сигурно ќе ми треба повеќе од две недели.

Имав 20% шанси и јас да добијам месечина, ама ништо од тоа. Ај, следниот пат. :)

Денес е убав ден да правам нешто друго освен градење на нова флота, иако собрав ресурси од другите планети и почнав да градам.

Еве како изгледаше извештајот на крај (го ставам тука за спомен):



На сите мои девет планети, прогласив Ден на жалост.

December 27, 2007

Saw IV (2007)

Првиот дел беше освежување за жанрот, и најпријатното филмско изненадување за мене во изминативе неколку години. Конечно нешто мрдна од клишеизираната шема по која се правеа хорор филмовите. Следуваше вториот дел, не толку добар како првиот, но сепак (приближно) успеа да ја долови атмосферата. Третиот беше океј, и ништо повеќе од тоа. Се гледаше дека ќе прават уште делови (носи филмов пари!), и убивањето на главниот антагонист, беше грешка која ме интересираше како ќе ја исправат.


Првиот дел го сакам највеќе поради оргиналноста и изненадувачкиот крај. После тоа, не може ниту еден дел да биде подобар. Го гледав ноќеска Saw IV. Искрено, очекував да се разочарам, и испадна спротивното. Од крајот на Saw III можеше да се види што отприлика ќе се случува, но не верував дека толку добро ќе го изведат. Повторно стапици, повторно борба за живот и учење лекции. И, повторно крај кој го најавува новиот дел. Да, ќе има Saw V следната година.

Искрено, сакам да видам уште еден дел. Saw серијалот некако успеа да опстои цврсто на тоа што го постави првиот дел, и се прашувам дали петката ќе биде последниот добар Saw, кој ќе направи пари, а нема да биде плукан од поголемиот дел фанови. Исто така, се надевам дека Jigsaw нема да се врати како зомби (фак ју, Џејсон!) или нешто слично, и дека ќе ја задржат "реалноста" во филмовите.

Доколку не се сопрат на време, Saw може да го снајде истата судбина како Hellraiser, односно да излегува секоја година по еден катастрофален direct-to-video. Ако се паметни, ќе сопрат после петката, и ќе најдат друг начин за заработка. Но, најавени се седум дела, па останува да видиме...

December 26, 2007

Вистинската Амане Миса

Амане Миса е еден од главните ликови во Death Note. Доколку би била вистинска, би изгледала вака:



Е, ова се вика оживување на манга/аниме лик. Во филмот Death Note: The Last Name глумицата што ја глуми Миса не изгледа ни приближно како во мангата/анимето, а камоли како девојкава погоре. Во филмот дури има и црна коса.

Повеќе слики од горната Амане Миса, тука.

December 25, 2007

Neverball зараза


Kula World ми беше еден период, омилена игра за PlayStation. Neverball е слична таква, само за Linux (работи и на Windows).

Во Neverball играчот движи топка по разни платформи, собира парички со цел да се отвори порталот за следното ниво. Има вкупно 75 нивоа, поделени според искуството на играчот. Нормално, секое ниво е потешко од претходното.

Играта е екстремно заразна, на моменти фрустрирачка и играњето, покрај забавата, може да резултира со искршени прсти, тастатура или монитор.

December 23, 2007

Трејлер за четвртата сезона на Lost


Вчера го гледав трејлерот за четвртата сезона на Lost. Фино изгледа, иако не открива многу, а и не ни треба. Најбитното е тоа што четвртава сезона ќе почне недела дена порано, на 31-ви јануари. Од мај чекам, и се надевам дека ќе се исплати. Без разлика што ми е преку глава од серијава, ја чекам, и ќе ја гледам, само за да видам дали и како ќе се справат со срањето во кои самите продуценти си се донесоа. Толку заплети, прашања, а многу малку одговори. До тој степен забегано, што со секоја трета епизода, серијата си земаше нов правец...

Трејлерот трае околу две минути и може да се погледне тука.

December 20, 2007

The Dark Knight: Ќе биде ли добар новиот Бетмен?


За одговорот ќе мора да почекаме до 18.07.2008...

Бетмен е првиот супер-херој што сум го сретнал во животот. Пораснав со Бетмен, и неможам да го сместам во листата на омилени супер-херои (каде што Spawn е прв), туку ми е во посебна категорија ("Бетмен" се вика категоријата).

Веројатно филмовите (Batman & Batman Returns) на Тим Бартон се мојот прв контакт со Бетмен. Ги имам гледано многу пати, и до ден денес ми се едни од омилените филмови. Мајкл Китон за мене секогаш ќе биде Бетмен/Брус Вејн.

До ден денес, никој не успеал да ја долови атмосферата на филмовите на Бартон, изгледот на Готам и ликот на Бетмен. Никогаш нема да се заборават улогите на Џек Николсон како Џокер, Дени ДеВито како Пингвинот и Мишел Фајфер како Жената-Мачка... Се надевам дека некој ден, Бартон повторно ќе режира Бетмен филм.

Следуваа Batman Forever (1995), кој иако имаше солиден кастигн (освен Вал Килмер) и потенцијал да биде добар филм, Џоел Шумахер (кој има одлични филмови) не успеа да го продолжи тоа што го почна Бартон, туку сосема го уништи со Batman & Robin (1997) кој повеќе личеше на некоја Power Rangers верзија за деца, отколку на Бетмен филм. Како и да е, ги гледав во кино, собирав албум со сликички, а ги имам и во колекцијата на филмови. :)

Е, сега. Batman Begins е од оние филмови кои нестрпливо ги чекав да излезат од моментот кога беа најавени. Го дочекав, го гледав и имав мачнина во желудникот наредните неколку дена. Филмот е лош, Кристијан Бејл иако е закон глумец, го дотепа Бетмен/Брус Вејн, на полош начин и од Џорџ Клуни. Дури ни Клуни не си ја сфати улогата ТОЛКУ сериозно како Бејл. Нолан е исто така добар режисер, но потфрли со филмов.

Толку многу го имам плукано Batman Begins секаде каде што можев, што сум веќе уморен и немам намера да го правам тоа и тука. Непосредно по прикажувањето на филмот, и за мене, изненадувачкиот успех што го постигна, го најавија и продолжението, The Dark Knight, кој, како што споменав горе, излегува наредното лето.

Немав никаква доверба во филмов, ниту пак некои позитивни мисли, се додека не го видов Хит Леџер како Џокер! Не очекував дечко му на Дони Дарко од Brokeback Mountain да биде ТОЛКУ добар како Џокер! Сликите и трејлерот ветуваат многу.


Како што може да се види од постерите, Нолан изгледа ќе ја користи сината сатурација како од филмовите на Бартон. Освен тоа, вториот негативец е Харви Дент/Ту Фејс, кој се појави во Batman Forever и не беше ништо посебно. За жал, тука е повторно Кристијан Бејл како Бетмен. Се надевам дека овој пат ќе се потруди повеќе, и дека ќе има подобар костим. Бет-моторот е тапа, исто како бет-мобилот во Batman Begins.

Редновно ги следам новостите околу филмов, ме заинтересира и се надевам дека нема да ми ги сруши очекувњата како минатиот. Туку, колку да е лош Batman Begins, имам оргинал Бетмен action-figure. :)

Деновиве ќе правам Бетмен маратон, па ќе видам дали Batman Begins сеуште ми е лош.

December 11, 2007

Првото искуство со Wine на Ubuntu 7.10


Покрај тоа што е алкохолен пијалок кој не преферирам да го конзумирам, Wine е апликација која служи за емулирање на Windows програми во Unix оперативен систем.

Тоа отприлика би била дефиницијата.

Е, сега. Факт е дека има Windows програми кои се незаменливи, но некако го засакав Ubuntu, па немам пуштено Windows XP десетина дена. Решив да пробам да ги користам тие програми, преку Ubuntu. Го симнав Wine, го подесив, читав упатства...

Лесен е за користење. Има виртуелен C:\Program Files фолдер (нормално и виртулен C:\ кој е прикажан на првата слика), во кој се прави copy+paste на програмите од оргиналниот таков фолдер, кој е пожелно да се наоѓа на NTFS партицијата. Ова е, нормално можно, доколку на машината има инсталирано и Windows оперативен систем, како во мојот случај. Знам дека Wine може да послужи и за инсталирање на Windows програми, ама тоа го немам пробано.


Успешно пуштив некои програми, како на пример Winamp, и супер работеше/работи. Photoshop CS2 работеше, наредниот ден нејќеше ни да чуе (вика "hardware or system error"), а немав време да седнам и да го средам.

FL Studio 2006 не го пушта, т.е. работи само како (бескорисна) демо верзија. Претпоставувам ова е вака, бидејќи ако добро памтам, покрај кракот, имаше измени во registry-то. Ех, да. Wine може да емулира и виртуелен regedit.exe кај што претпоставувам може да се среди ова и со FL Studio. Да, знам. Ништо не сум пробал ко што треба, а пишувам пост, ама пишувам за впечатоците од Wine, а не "show and tell" пост или туторијал. Ќе биде и тоа, има време. :)


Веројатно може да прави многу повеќе од тоа што јас го правев до сега со него. Ќе пробувам, ќе видам, ќе пишам тука...

Сега ми е во план да пробам да пушам и некоја игра. Имам инсталирано Warcraft III и NBA Live 2008, и ќе пробам да ги играм на Ubuntu.

December 9, 2007

Laibach...


...се феноменални во живо! Одличен настап синоќа на Саем. Немам зборови.

December 5, 2007

Краток (и јасен) преглед на Ubuntu 7.10

После неколку дена на Ubuntu 7.10, заљубен сум тотално во него. Прекрасно изгледа, комплетно е фукнционално и прави openSuSE да се осеќа ко Internet Explorer. :)

Иако е рано за заклучоци, ќе кажам дека Ubuntu 7.10 е моментално најдобриот оперативен систем, и сигурно најдобрата Linux дистрибуција. Океј, немам многу искуство со Linux, но како нешто повеќе од почетник, си земам за право да го кажам ова.

Инсталацијата на системот е лесна, дури полесна и од онаа на openSuSE. Ептен позитивно ми изненади инсталацијата од Live CD-то. Кој друг оперативен систем ти овозможува да го чепкаш додека се инсталира? Додека траеше инсталацијата, можев слободно да сурфам и да правам други основни работи.

Следуваше инсталирањето на програми. Поедноставно е дури и од Windows, благодарение на Synaptic со само еден клик може да се инсталираат саканите програми.

Моментално, се ми функционира. Барем тоа што ми треба. За некои работи, признавам, се испотив додека ги средам, ама тоа било до мене, а не до Ubuntu. :)

Единствено што ми фали, и поради што сеуште Windows XP е на друга партција, се програмите за аудио продукција, кој ќе се обидам да ги емулирам некако и тука да ги пушта. Photoshop исто недостасува, ама ќе пробам да го работам GIMP. За игри, и немам баш време.

Тоа е тоа. Ете и скриншот од моменталниот десктоп. Ќе гледам да пишам и нешто повеќе за Ubuntu, само да навлезам малку повеќе. :)

Најпосетувани веб-сајтови за изминативе неколку дена:

http://www.ubuntuforums.org
http://www.gnome-look.org

December 3, 2007

Заклучок

Колку повеќе учиш, толку повеќе колоквиуми ќе паднеш...


November 29, 2007

Стигна Ubuntu

Стигнало Ubuntu-то денеска, што го нарачав пред скоро месец дена. Сега видов, и само што го отворив пакетчето (види слика). Два диска, плус налепници. Супер е вакво нешто, особено ако имаш лош ден како денешниов.

Ќе го пробам live CD-то после, а деновиве да најдам време, ќе го инсталаирам и ќе го пробам како што треба. Криво ми е openSuSE што ќе треба да го тргам, ама тоа е.

Се надевам дека ова Ubuntu е подобро од минатото, од кое сеуште ги чувам дисковите што ми ги пратија. Читав ептен позитивни рецензии, а гледам дека се поголем број на корисници се имаат одлучено за оваа дистрибуција. Сепак, додека не проверам сам, не зборам ништо.

Доколку некој сака бесплатен Ubuntu Linux, нека го посети овој линк.

November 28, 2007

Desu nôto [Death Note]

За мангата дознав неколку месеци пред да почне серијата. Приказната ми беше интересна, ама некако не дојдов до мангата. Излезе серијата, заврши со прикажување во Јапонија уште летоска. Ја симнав пред десетина дена и синоќа конечно ја изгледав. 37 епизоди. Сигурно ми е најекспресното гледање на серија, заедно со Lost, лани...


Death Note (2006) ми се допадна поради уникатната приказна, длабочината на ликовите, музиката, анимацијата и пораките што ги упатува. Глупо би било да се знае приказната пред ова да се гледа или чита.

На кратко, што е приказната. Шинигамите имаат тетратка, во која доколку се напише нечие име, личноста чие име е напишано, умира. Една таква тетратка завршува во рацете на Јагами Рајто. Млад, интелегентен дечко, на кој му е малку досадно. Тоа е сé што би требало да се знае пред гледањето/читањето. Сè друго може да го расипе уживањето во Death Note.

Серијата се гледа во еден здив, неизвесноста и напнатоста што ја има, ме натераа да гледам епизода по епизода, сè до крајот, кога останав со подотворена уста. Генијална серија, можеби најдоброто нешто од поновово аниме. Скорз забегав по ова, сè уште средувам впечатоци, почнав да ја читам мангата, а нека помине некое време, ќе седнам и пак ќе ја изгледам. Инаку, има и два филма, излезени исто така во 2006, а наредната година ќе има нов филм.

Излезе EП-то на Nanohex

Денеска излезе ЕП-то ("The Brain Experiment") на Nanohex за британскиот Industrial Culture Records. Се работи за dark ambient музика. Со Nanohex се занимавам скоро 4 години (под разни имиња на почетокот), и досега излегоа неколку компилации, EП-ја и еден сплит. Во 2008 се планира и албум, а до тогаш ќе има уште неколку помали изданија како и соработка со некои музичари од Македонија и Хрватска.

Да не биде скорз авто-реклама, на Плагиј.ат има повеќе информации, клик тука.

Колку што знам, новово издание ќе биде дистрибуирано низ Велика Британија, Јапонија (за ова највеќе се радувам), Полска и некои други европски држави.

Некои од минатите изданија може бесплатно да се симнат, а и да неможеа ќе се потрудев да го овозможам тоа. Сепак, поголемиот дел од изданијата се бесплати и се заштитени со Creative Commons лиценца. Линкови до сите изданија има на официјалната МајСпејс страна.

November 26, 2007

Фрли го тоа у R2-D2 !

Ја открив најдобрата канта за ѓубре! R2-D2 канта за ѓубре! Произведена е во Јапонија, како лиценциран Star Wars производ, и е $99.99 долари (намалено од $149.99). Запазиле на детали и изгледа ептен кул. Освен тоа, голема и не би морал да ја празнам често.

Може да се нарача и преку ThinkGeek. Штознам, би дал пари за ова ако ептен, ептен имам вишок. Вака би можел тие 100$ да ги потрошам на други Star Wars играчки. А, гледам сега дека имаат и добри Darth Vader перници за многу поефтина цена.

Кантава би била добра во комплет со C-3PO шкафче. Не постои такво, ама сепак... :)

November 24, 2007

Една година Crapwerk


Помина една година од првиот пост на Crapwerk. Брзо лета времево... Повеќе од 100 поста до денес. Триесетина тука и околу 70 на првата верзија, на Блогерај, каде што започна целата оваа приказна.

Толку за ова.

Деновиве ми се враќа инспирацијата за пишување, имам еден куп идеи, уште да најдам време. Заврши колоквиумскава недела, можеше да заврши и подобро, но тоа е тоа. Како што вика една колешка, "Јануари е мој месец". И мој.

Моментално правам семинарска за instant messaging, може и ќе ја ставам на блог, а со мали измени би можело тоа да оди и на македонската Википедија. Нормално, кога ќе ја завршам, ќе видам дали ги задоволува критериумите да биде некаде јавно објавена.

Од понеделник се враќам на C кодирање, сакам да се одморам викендов, да изгледам некој филм. Најубавите вести, се тоа што конечно излезе Futurama филмот, Bender's Big Score. Океј, официјално сеуште не е излезен, но благодарение на пиратеријата, ми стои на хард-диск и чека да најдам слободно време и да го изгледам.

За крај, имам потреба да препорачам блог. Повелете: Tux Enclave.

November 16, 2007

Kôkaku kidôtai [Ghost in the Shell]

Во 1995 Мамору Оши го режира трансценденталното сајберпанк ремек дело наречено Ghost In The Shell (правено според истоимената манга), кое ги поместува границите на разумот, и отвара дополнителни прашања околу смислата на човековото постоње. Тука е сместено и влијанието на технологијата, како битен фактор за она што некогаш било човек.

Убавината на
Ghost In The Shell е тоа што со секое гледање, се откриваат некои нови работи, различно се доживува и дозволува гледачот да го засака уште повеќе. Цртаниот од гледачот бара само малку повеќе внимание, отворен ум и активирање на мозокот, во замена за едно незаборавно луцидно патување, надвор од границите на нормалата и секојдневието.

Анимацијата е преубава, а тука е и хипнотизирачката музика на генијот Кенџи Каваи.


Го немав гледано подолго време. Ноќеска го гледав пак. Сфатив дека секојпат, се повеќе ме ежат овие неколку реченици:


"
It can also be argued that DNA is nothing more than a program designed to preserve itself. Life has become more complex in the overwhelming sea of information. And life, when organized into species, relies upon genes to be its memory system. So, man is an individual only because of his intangible memory... and memory cannot be defined, but it defines mankind. The advent of computers, and the subsequent accumulation of incalculable data has given rise to a new system of memory and thought parallel to your own. Humanity has underestimated the consequences of computerization."

Не би зборувал многу за приказната. Тоа е нешто што треба да се види и да се доживее. Во кратки црти, во футуристичко општество, каде што постои компјутерска мрежа на која се приклучени луѓето/киборзите, се појавува мистериозен хакер кој почнува да манипулира со приклучените на мрежата.


Ghost In The Shell, има извршено огромно влијаније врз The Matrix, кое е повеќе од очигледно. Hint: дигиталниот дожд.

Следува серија, а по неа и уште два други дела. Се зборува нешто и за филм, кој не бил сакал да го гледам.

November 11, 2007

11:12 PM

"You take the blue pill - the story ends, you wake up in your bed and believe whatever you want to believe. You take the red pill - you stay in Wonderland and I show you how deep the rabbit-hole goes."

November 10, 2007

НБА на МТВ1

МРТ1 од ноќеска почна да врши пренос на НБА утакмици. Значи, секој петок, околу еден и пол по полноќ, ќе може да следиме НБА во живо. Ептен се израдував кога видов дека ќе вршат пренос на Мајами VS Феникс.

Таков поспан, некако го издржав првото полувреме. Мајами иако првите 2-3 минути губеа со 8 разлика, благодарение на Џејсон Вилијамс превземаа водство, и така и заврши првото полувреме. Со 5 поени предност за Мајами. Си легнав, неможев веќе. Станувам сабајле, ни OGAME уште не сум проверил, идам на NBA.com, и што да видам. Пак изгубиле, а добри беа во прво полувреме. Јебига, без Вејд се ептен лоши сезонава, немаат ниедна победа. Целиот рикеп, тука.

Е, сега за преносот. Катастрофа. Лошо аудио (од која година се микрофоните у МТВ?!), лош коментатор (може и не е крива лошата опрема, а?) и лош пренос на слика, онака, блекаути од време на време, кочење, фрејмови... Па, се сјеба скроз едно време, пуштија тоа рекламата за утакмицата, вртеше некои 5-6 пати, сменив канал на некои три-четири минути...

Дека се МТВ, сигурен сум дека нема да се подобри ова, ама тоа е. Разбрав дека и некоја од хрватскиве телевизии ќе врши пренос утре, т.е. видов реклама, ама не се сеќавам. Ќе се информирам денес, барав нешто по нивните сајтови, ама нема.

November 5, 2007

Holy retarded trap, Batman!


"Batman" серијата со Адам Вест и Бурт Вард ми беше омилена кога бев мал. Ја даваа на МТВ, ја гледав секогаш, дури и ги снимав епизодите на VHS. Пред некоја недела, си ја симнав втора сезона, онака, од носталгични причини.

Лоша серија, човече! Мислам, мене да ми се избаци некој облечен како овие Бетмен и Робин, ќе му се згазам од смеење.

А, да не зборам за формулата по која е правена серијата. Значи, се дешава некоја провала, Гордон му се јавува на Бетмен, па со Робин се спуштаат во пештерата, влагаат во Бетмобилот и одат до полициската станица. Таму им објаснуваат што се случило, и наоѓаат негативецот и неговите луѓе. Се тепаат, негативецот бега, и нешто покасно - Бетмен и Робин се заробени (види слика, ги ставија под огромни лупи за да изгорат на Сонце) во најглупите можни стапици! Скари, мети за стрелање, жешки подови и слично. Епизодата завршува оставајќи го негативецот да ја проследи разврската in the same bat-time, on the same bat-channel! [sic]


Во продолжението, на само момент од нивната смрт, негативецот кој ги заробил го снемува, оди некаде, оставајќи ги Бетмен и Робин да се испржат на скарата (или слична ретардирана стапица). Тогаш Бетмен и Робин се ослободуват, и одат по негативецот.

Ако сте гледале една епизода, сте ги гледале сите. Незнам како издржала серијава три сезони. Сепак, има и некои интересни моменти, како појавувањето на Брус Ли во улога на Като од Green Hornet, како и незаборавното batusi на Адам Вест! (еве уште еден batusi линк)

Тука е и култната најавна шпица (танананананана... Бетмеееен, Бетмеееен, Бетмееен!), црвениот телефон, бркот на Цезар Ромеро (Џокер) и "BANG!" моментите. Нормално, и "Holy _____, Batman" фразата на Робин, искористена точно 352 пати во трите сезони.

October 30, 2007

OGAME: Отворени се uni34 и uni35


Незнам дали некој сеуште игра OGAME. OGAME на нашиве простори, најмногу се играше пред повеќе од две-три години.

Како и да е, вчера и денес отворија два нови универзума на англиската верзија, uni34 (стандарден) и uni35 ("speed" универзум). Пред месец дена, почнав да играм во uni33. Пред тоа, некое време ја играв Балканската верзија на uni7. Се регистрирав вчера и во uni35, да пробам како е да се игра OGAME така брзо. Интересно е, градбите се побрзи, се добиваат повеќе ресурси...

Доколку некој се реши да почне да игра, ги предлагам uni33 и uni35. Првиов е исто така релативно нов, и може лесно да се напредува во играта. Таму е и македонската алијанса во која сум и јас член, Last Stand.

Туку, за тие што незнаат што е OGAME, ме мрзи да објаснувам, еве линк од Wikipedia. Да напоменам само, дека играта е екстремно заразна, и се регистирате на своја одговорност. :)
OGAME не бара никаква инсталација, потребен ви е само веб-прелистувач (Mozilla Firefox, нормално), слободно време, нерви (де, на сите ни ја искршиле флотата и ни собрале илјадници ресурси) и добра воља. Не е ништо тешко, лесно се влага во шема... и тешко се излегува.

А, исто така, за почетниците, има и едно фино упатство, напишано од Chronic, OGAME ветеран, и објавено тука.

October 29, 2007

GNOME љубов

Го ре-инсталирав SuSE-то вчера. Решив малку да сменам, и сега користам GNOME. Фино е, се навикнав брзо и моментално му го средувам изгледот. Еве како изгледа моментално:


(клик на сликата за зголемување)

October 24, 2007

Операција Firefox

Започна нова кампања за ширење на Mozilla Firefox меѓу интернет корисниците. Ми се свиѓа новиов начин за промоција на Firefox, креативно и интересно е изведено. Во “Операцијата Firefox” може да се вклучи било кој, и да помогне на повеќе начини. Фин им е сајтот, верувам дека ќе привлече многу нови корисници, и дека кампањата ќе биде успешна. А, ќе се делат и награди.

Доколку има такви што сеуште не ги откриле благодетите на Firefox, може тоа да го направат преку овој линк. Да живее Лисицата!

Contra трејлер

Contra ми беше, и сеуште ми е (да живее NES емулаторот!) една од омилените игри за Nintendo NES. Играта има многу продолженија, а излегува и ден денес. Има верзии и PlayStation 2, а наскоро излегува и за Nintendo DS. Јас ќе си ја играм на емулаторов уште некое време.
Како и да е. Денес налетав на фан трејлер за Contra филмот кој никогаш не се сними, а веројатно никогаш и нема. Трејлерот е склопен од филмови со Сталоне и Шварценегер, само што тука ги толкуваат улогите на Bill Rizer и Lance Bean. Bill Rizer и Lance Bean на официјалниот омот на играта, (намерно) личат на ликовите на Сталоне и Шварценегер, од Rambo и Predator филмовите. Како мал, мислев дека се стварно они. :)

Еве го трејлерот:

Повеќе за Contra, на овој линк.

October 19, 2007

Кој сега ќе го спаси светот?


Изминативе неколку години, се вратија многу херои од осумдесетите, кои можеби и требаше да си останат таму. Терминатор, Џон МекКлејн, Роки Балбоа, да не речам и Снејк Плискин. Индијана Џонс, веќе неколку години се обидува да се врати, и конечно своето второ (четврто!) доаѓање би требало да го има следната година.

Освен цедење на парите на фановите, не гледам некоја друга причина зошто моите херои од детството се повторно тука да го спасат светот или слично. Океј, факт е дека денес нема херои кои би биле пандани на овие, а веројатно никој нема ни да им се доближи. Кој, Вин Дизел? Да, да. Секако.


Нејсе, од сите горе што ги набројав, најголемата утка беше
Terminator 3: Rise of the Machines. Крај. Live Free or Die Hard не го гледав, иако подолго време го имам дома. Другиве беа така-така. Највеќе го чекам Indiana Jones & The Kingdom of the Crystal S Зошто не им текна порано?

Како и да е, дадов предолг вовед за тоа што сакав да го кажам. Излезе постерот за новиот Рамбо! Се враќа и Рамбо, за последен пат да им ебе матер на непријателите на Америка. Трејлерот е поодамна излезен, и може да се погледне на
YouTube. Нека помине и Рамбо, и искрено се надевам дека ќе се појави некоја нова фаца, достојна да стои рамо до рамо со сите овие што се спомнати во текстов.

October 16, 2007

Тоше Проески (1981-2007)

Загина најголемата македонска ѕвезда! Нека му е вечна слава! Мене сè уште ми е тешко да поверувам...


* * *
Македонскиот пејач Тоше Проески утринава околу 6.30 часот загинал во сообраќајна несреќа со својот џип “фолксваген туарег“ во судар со камион во близина на Нова Градишка во западна Славонија, Хрватска.

Во возилото, освен Проески кој спиел на предното седиште, биле и Љиљана Петровиќ (1958) и Ѓорѓе Ѓорѓевски (1975) од Скопје, кој го управувал возилото. До несреќата дошло наводно поради недоволно растојание меѓу возилата
. “Туарегот“ удрил во приколката од камионот, кој бил пред него. По контактот со камионот, кој имал италијански регистарски ознаки, џипот силно удрил во средишната ограда од автопатот, по што излетал и се превртел неколкупати.
Петровиќ и возачот Ѓорѓевски се тешко повредени. Хрватската полиција официјално потврди дека македонскиот пејач загинал во сообраќајката.
Превземено од Net Press.

October 7, 2007

Редизајн

Си играв малце со дизајнот на Crapwerk денеска. Резултатот е очигледен. Некако ми беше премногу светол пред тоа. Не е сеуште готов, ќе го сменам барем хедерот, деновиве кога ќе имам повеќе време.

Додадов и нови секции за линкови. Попрегледно ми е да си ги имам линковите во посебни категории, еве, за почеток одвоени се линковите за стрипови, а и линковите поврзани со компјутери. :) Не се целосни, ќе се трудам редовно да ги апдејтувам.

Тоа е тоа. Стеј тјунед.

October 1, 2007

30 години Atari2600

Култната гејмерска конзола Atari 2600 го прослави својот 30 роденден. Мојата гејмерска кариера започна со клон на Atari, пред некои 15-16 години. До пред некоја година не ни знаев што точно беше црната конзола, со џојстици со црвени копчиња. Сега знам дека бил клонот на Atari2600, Rinco 256-in-1.

За разлика од вистинската конзола, моево беше цело црно и пластично. Кертриџи за него никогаш не најдов да купам (океј, имаше доволно игри). Среќа, џојстици се наоѓаа лесно, се сеќавам дека купував нови.

Од време на време, покрај
Nintendo NES и MAME32 емулаторите, знам да го пуштам и Atari2600, со надеж дека ќе најдам повеќе од игрите што тогаш ги играв. Ги немаше по имиња, туку се мотаа преку едно копче на самата конзола. Некои ги најдов, некои сеуште ги барам. Од тие што ги знам по име, највеќе ги играв Pitfall!, Dig Dug, Donkey Kong, Pac-Man, Pole Position.

Има океј емулатори, ама не е тоа – тоа. Спремен сум да платам дури и за неисправна
Atari2600 конзола, или уште подобро “Rinco” клон. Не се сеќавам што се случи со мојата, ама мислам дека беше расклопена до последно штрафче, заедно со многуте радивца и Нинтенда. Имав таков период кога расклопував ствари.

Какo и да е, за
Atari2006 ќе пишувам пак во некоја наредна прилика. Мислам дека носталгијата за старите игри и конзоли никогаш нема да си ја излечам...

Доколу некој сака да си освежи сеќавање и да си врати спомени, на линков има Atari2600 емулатори, а и голема листа на емулатори за други конзоли.

September 26, 2007

Пари од блогирање

На оваа тема се спремав одамна да пишувам. Одличниот пост на Ивица ме инспирираше конечно да го напишам текстот што следи.

Дали може да се заработи со блогирање? Одговорот е да. Второто прашање, сигурно би било: Како? Кратко и јасно, со реклами. Барем таквиот начин на заработка од блог, е најзастапен. Доказ дека може да се живее од блогирање, е Darren Rowse. Типот блогира некои шест години, а деновиве неговиот најпознат блог, го доживеа третиот роденден. Не би ги објаснувал во детали начините на зароботка, на блогот на Darren Rowse има убав пост за тоа.

Дали може да се заработи со блогирање во Македонија? Можеби, но потешко. Ако станува збор за заработка од реклами од типот на Google AdSense, пак е тешко, бидејќи ретко има реклами на македонски јазик, а и самиот систем на AdSense не поддржува реклами на блогови со македонска содржина. Препорачливо е содржината на блогот да е на англиски. Со самото тоа, би се таргетирала поголема група на читатели/постетиели.

Моето искуство со AdSense почна пред неколку месеци. Почнав со 2-3 блога со англиска содржина, кои со текот на времето згаснаа, зошто ме мрзеше да ги апдејтувам. Деновиве ре-активирав еден од нив, и деновиве ќе го полнам со нови работи, а ќе отворам и уште неколку. Не дека се заработува многу, туку како хоби е интересно.

Досега имам пробано само AdSense, зошто знам дека сигурно имаат исплата на заработката во Македонија (праќаат чек). Друго нешто дали фунционира, незнам.

Shareapic е исто така интересен сервис за хостирање на слики (нешто како Flickr), кој се врзува со AdSense акаунтот, и добивате пари со кликови на секоја ваша слика и галерија.

Од мене за ова, толку (за сега). Кај Goodbytes има многу повеќе околу оваа тема, препорачувам да ѕирнете и кај него.

September 23, 2007

Музика за оваа недела

На Блогерај, неделава е актуелна нова "штафета". Овој пат, темата на верижните постови е "5 омилени албуми". Некои пишуваа за нивните 5 омилени албуми на сите времиња, омилени албуми за викендот (минатиот) и за најслушаните албуми за изминатата недела.

"Штафетата", до мене стигна преку Гиж. Се одлучив да направам листа на пет омилени/најслушани албуми за оваа недела. Имаше многу, но се одлучив за овие пололу:

KATATONIA – The Great Cold Distance (2006)

Најдоброто парче музика за 2006 година, според мене. Katatonia се еден од најдобрите бендови што некогаш сум ги слушнал. Албумот е прекрасен спој на бес и меланхолија. На сингловите што излегоа од овој албум, имаше интересни бонус траки кои го најавија новиот правец на бендов. Нивната шарена, но солидна дискографија, е доказ дека се успешни кога станува збор за експериментирање со музиката.

DREADLOCK TALES – SynchroniCity (2007)

Кога првпат ги слушнав, мислев дека се некаде од Јамајка. Финциве комбинираат даб, амбиент и реге на ептен пријатен начин. Релаксирана музика, погодна за спиење.

KRAFTWERK – Computer World (1981)

Kraftwerk се бенд што никогаш нема да ми здосади. Неделава, постојано си ја вртев нивната дискографија. Омилен албум ми е “Computer World”, а тука некаде е и “The Man-Machine” (1978). Концертот на Саем пред неколку години им беше феноменален. Кој не бил, пропуштил многу.

XENOMORPH – Qlippoth (2003)

Додека го чекам новиот албум на лудиов Германец, мора да се задоволам со претходните два. Xenomorph е најдобриот dark psytrance артист, што некогаш постоел. Типов го преточува мракот во музика. :) Штета што не отидов кога настапуваше тука.

PIMENTOLA – Misantropolis (2007)

Новото издание на Шведската издавачка куќа, Cold Meat Industry, која се занимава со мрачна експериментална музика, индастријал и слични правци. По одличните Coph Nia, Deutsch Nepal и Arcana, на ред дојде и Pimentola. Одличен албум, со кул наслов. Оваа година излезе и албумот на Sturmast, кој е исто така добар.

September 16, 2007

Колин Мекри (1968-2007)

Поранешниот светски шампион во рели, Колин Мекри, загина вчера во хеликоптерска несреќа, заедно со неговиот пет годишен син. Како што е познато, хеликоптерот со кој управувал Мекри, се срушил близу неговата куќа во Шкотска.

Тажно, и сеуште не ми се верува. Нека им е лесна земјата.

Повеќе околу настанот и смртта на Мекри, на официјалната страна на Британскиот "Тајмс".

Мекри ја зема титулата во 1995 година, имаше 25 победи на Светското рели и свој серијал на компјутерски игри.

September 15, 2007

ObjectDock 1.9


Ретко се случува да налетам на некој добар и корисен програм за олеснување на работата на Виндоус. ObjectDock е мошне корисно програмче кое е сместено на десктопот и служи за организација на шорткати (имаме ли адекватен македонски збор за ова?!) до програми, фолдери и што и да е друго. Лесно се подесува по потребите на корисникот, така што може да ги ставите програмите и фолдерите кои највеќе ги користите. Автоматски доаѓаат My Computer, My Documents, My Music и My Pictures, а од програмите (default) интернет прелистувачот што го користите, плеерот за музика... Има и сопствен weather шорткат, на кој за жал, го нема Скопје (барем кај мене не успеа да проработи).

Изгледа прилично фино, а за него постојат и еден куп скинови, теми и други интересни додатоци. Практично програмче кое ја олеснува работата со Виндоус. Го има во две верзии, бесплатна и верзија што се плаќа. Штознам, 20$ не би дал за tray поддршка. Бесплатната верзија има се што е потребно за ObjectDock да ги задоволи потребите на корисникот. Го препорачувам програмчево на сите Виндоус корисници.

Клик тука за даунлоуд.

September 13, 2007

Подводни светови

Седум неверојатни антички градби се пронајдени на дното на океаните. Градби кои се нашле таму низ разни земјотреси и други катаклизмични катастрофи. Се работи за пронајдоци во водите крај Египет, Индија, Куба, Јапонија, Тајланд па дури и Антарктикот. За Антарктикот, уште одамна се зборува дека е едно од местата каде што би можела да се наоѓа легендарната Атлантида.


Неверојатно е што се крие во длабочините на океаните. Вакви откритија би можеле да влијаат на историјата на светот и човештвото.

Во секој случај, интересни слики, а за секоја слика има и соодветен линк. Мој фаворит од пронајдоците, е градот пронајден во заливот на Бомбај, за кој се верува дека е стар 9,500 години. За повеќе, кликнете тука.

September 4, 2007

Музичко откритие: Space Funghi Project

Многу се радувам кога ќе најдам нова, заразна и квалитетна музика. Синоќа, слушајќи ја новата чил-аут “Temple of Science” компилација, открив еден бенд што денеска го вртам цел ден - Space Funghi Project.

Траката што е на “Temple of Science” тотално ме понесе, и ме натера да си симнам цел албум. Љубов на прв поглед. Одамна некој бенд ме нема мрднато вака. :)

Space Funghi Project нудат фантастична комбинација на амбиент, чилаут, драм ен бејз, џез, рок и куп други правци. Иако палетата на музички стилови е огромна, четириве Мексанци сето тоа прекрасно го имаат спакувано.

Имаат само еден албум, “Elektrik Psylocibe Experience” издаден во 2006 година. Дел од нивната музика може да се слушне на нивната MySpace страна.

Мислам дека нема смисла да го почнувам муабетот за тоа каква (лоша) музика успева да се пробие на сцената, а каква (квалитетна) дреме во ќошевите на андерграундот, нели?

September 3, 2007

William Shatner, "Rocket Man"

Незаборавната изведба на "Rocket Man" од William Shatner, општо познат како капетанот Кирк од "Star Trek".



She packed my bags last night pre-flight
Zero hour nine a.m.
And I’m gonna be high as a kite by then
I miss the earth so much I miss my wife
It’s lonely out in space
On such a timeless flight

And I think it’s gonna be a long long time
Till touch down brings me round again to find
I’m not the man they think I am at home
Oh no no no I’m a rocket man
Rocket man burning out his fuse up here alone

Mars ain’t the kind of place to raise your kids
In fact it’s cold as hell
And there’s no one there to raise them if you did
And all this science I don’t understand
It’s just my job five days a week
A rocket man, a rocket man

P.S. Ѕирнете и верзијата на Стуи Грифин од "Family Guy".

September 1, 2007

Лунарна библиотека

Група научници, на чело со бившиот (во пензија) НАСА експерт, Џим Барк планираат градење на библиотека сместена на Месечината. Во библиотеката би се сместиле најбитни научни и културни достигнувања на човекот, со цел да се заштитат тие податоци во случај на некоја глобална катастрофа (комета, астероид, нуклеарна војна и сл.) , која би можела да ја уништи Земјата и да го збрише човештвото.

Вселенската Ноева Арка, како што нарекува Барк, би содржела секакви технолошки, уметнички, исторски и други податоци, како и примероци.

Според НАСА, изградбата на ваква база е планирана за 2024 година.

Во контекст на ова, битно е да се спомне астероидот
Apophis, за кој вчера се објави дека има шанси да ја погоди Земјата во 2036 година. Повеќе за ова, на овој линк.

Информацијата за лунарната база, е превземена од Spiegel On-Line.

August 30, 2007

Star Wars монопол

За верен фан на Star Wars сагата, и популарната игра, ова е вистинското нешто. Star Wars универзумот, преточен во специјална верзија на Монопол.

Наместо стандарните пиуни, има осум мали фигури, ликови од филмовите. Бидејќи мојава верзија е Saga Edition, содржи ликови од сите шест филма. Потоа, наместо градови, улици и што и да е, има области од Star Wars универзумот, наместо картичките "Шанса" и "Изненадување" има "Jedi" и "Sith" картички. Секоја картичка покрај објаснувањето, има и соодветна слика, најчесто земена од филмовите.

Правилата се оние класичните, со плус нови правила, во духот на Star Wars.

August 25, 2007

Мал свет

Нели повеќе личат на пластични макети? Не се макети, туку се вистински градби. Финтата е во фотографската финта, наречена tilt-shift. Повеќе слики и повеќе за оваа техника, на овој линк.

UPDATE: Галерија со повеќе слики.

August 22, 2007

Нинтендо носталгија

Верувам дека 99% од нас имале барем една Нинтендо конзола во животот. Ако нешто сакам да се врати, тоа е она време кога Нинтендото беше најпосакуваната "играчка" во светот. Времето во кое не спиевме со ноќи за да стигнеме до осмиот свет на Super Mario Bros. или да го поминеме последниот "главен" на Contra.

Времето кога прстите ни се дефомираа штракајќи по црвените и црните копчиња на џојстиците, кои ги менувавме по неколку пати. Ми фалат оние жолти дискети, на кои пишува "99 in 1".

Ми фали едноставната графика и назаборавните звуци на игрите... Колку и да се феноменални денешниве 3D игри, од време на време добивам желба да играм Bomberman или Ducktales 2.

Се сеќавам кога некој ќе набавеше нова игра, имаше право да ја игра недела дена, и после цело маало требаше да ја помине по исто толку време. Често се случуваше, тој што ти ја зел играта, да ја "изгуби" и да не ја видиш никогаш повеќе.

Факт е дека Nintendo направи револуција во гејмерскиот универзум, но постои и друг факт кој вели дека оваа револуционерна конзола доживеа да се здобие со титулата Најклонираната играчка конзола во светот.

Пиратските верзии на NES/Famcom содржат хардвер прилагоден да пушта кертриџи/дискети со игри за оргиналниот NES/Famcom. Кон крајот на осумдесетите години од минатиот век, биле забележани стотици не-лиценцирани пиратски верзии на добро познатата конзола. Првите клонирани конзоли се состоеле од плоча со интергрални кола, додека во изминативе десетина години, клоновите содржат чип кој го емулира оргиналниот хардвер, и најчесто има вградени игри.

Сигурно веќе претпоставувате од каде доаѓаат и потекнуваат повеќето Нинтендо клонови.
Кина и Тајван. Но, исто така и од земјите каде што оргиналната конзола не била никогаш дистрибуирана, Русија и Јужна Америка. Руските пирати во почетокот на деведесетите, прават клон, сличен на оргиналниот Femcom, попознат како Dandy. Се сеќавам дека многумина имаа Dandy дома порано. Сосема исто како оргиналниот Famcom, но наместо црвена, има сива боја. Нешто подоцна се појави клонот попознат како Terminator 2, и неколку години после тоа, оние клонови со тастатура. Денес имаме и клонови кои изгледаат како ПлејСтешјнот на СОНИ, само што се викаат PolyStation и работат со NES кертриџи.

Откако потрошив неколку дена, барајќи по сајтови кои се занимаваат со Нинтендо клонови, сфатив дека ретко кој од нас дома имал оргинално Нинтендо. Дури моето најпрво Нинтендо
било со сомнително Кинеско потекло. :)

Да не збориме за сите оние пиратски игри, како
“99999999 in 1” од кои различни се само 10, а другите се повторуваат, и може да се сретне некоја игра со мали модификации (наместо од прво ниво, почнува од трето). Во секој случај, да не беа клоновите, за NES/Famcom ќе знаевме од списанија, интернет и телевизија. Како што сега јас го гледам Nintendo DS и ми течат лиги. Е, тешко дека ќе има пиратска верзија на ова достапна на Скопскиве пазари. :)

Еве неколку од клоновите кои сум ги сретнал кај нас:

COMPUTER FAMILY GAME 3001 in 1Верна копија на оргиналнот. Се појави кај нас, беше рекламиран и продаван преку една од националните телевизии. Учествуваше и во една емисија на истата телевизија.

DANDYИсто како претходното, само друга боја. Го немаше на ниту една од телевизииве.

TERMINATOR 2Го носи името на еден од моите омилени филмови. Имав неколку вакви клонови. Имаше згодни џојстици. Единствена маана му беше што се расипуваше премногу брзо.

POLY STATIONИзгледа како ПлејСтејшн. Вакво немам, ама имам ПлејСтејшн. :)

GOLD LEOPARD KINGДоаѓа со тастатура. Доаѓа и со некој глуп софтвер, за кој што е наменета тастатурата.

NEWTENDO SUPER FAMCOMЕ, ваков клон сакав да имам кога бев мал. За жал, никако неможев да најдам. Еден другар имаше, го имаше купено од Бугарија.

STAR TREKОва го немам сретнато. Го видов на интернет, и е спакуван во неверојатно добра кутија.

August 19, 2007

Вселување


Додека трае вселувањето во новиот дом на Blogger.com, трошете си го времето на стариот Crapwerk, или прочитајте нешто повеќе за Стар Трек. :)

July 14, 2007

Transformers конечно!

Конечно го дочекав, и конечно успеав да го глеам. Кино-снимка, ама доста солидна. Се мислев да пишувам рецензија како за Casino Royale, ама ме мрзеше за се посебно да пишувам, освен тоа, и нема што повеќе да кажам од ова подолу.

Филмот ептен ми се допадна, бев со подотворена уста тие два саата. Готово, си викам, ова иде во најомилени филмови. Сега, кога ќе подрасмислам со ладна глава, не иде баш во најомилени филмови, ама тука е некаде. :)

Е, сега. Мислењата за филмов се поделени, како кај фановите, така и кај оние што првпат се среќаваат со Трансформерс. Некои се разочарани, други задоволи и го гледаат по четврт пат...

Мене лично, ми е прилично океј. Како и повеќето, ќе се фатам за ефектите, ама тоа е она што го вади филмот. Добро де, и Меган Фокс.

Точно е тоа дека во филмов многу работи се изменети во врска со самите Трансформери, како на пример Бамблби, или чудниот изглед на Мегатрон и неговата трансформација. Штознам, освен за Бамблби, другово донекаде е и оправдано. Ај, замислете колку е глупаво таков џиновски робот, да се претвара во пиштол. :) Баш од овие причини го немало Саундвејв во филмот (се трансформира во мала аудио касета). На цртан би успеало, ама не знам колку на филм.

Уште една голема маана, е тоа што повеќе се застапени луѓето во филмов, отколку Трансформерите. Друг недостаток на филмов е неконзистентната приказна и празното сценарио, кое донекаде го вади хуморот на Трансформерите. Ама, ху гивс а фак абаут сценарио/приказна во Трансформерс. :)

Ако треба да го опишам филмов со еден збор, ќе кажам дека е интересен. Очекував лош филм, а добив интересни два саата. Тоа е тоа.

За крај, ќе кажам дека филмов или ќе стане класика или ќе биде заборавен летен хит.

July 12, 2007

Re-Animator стрип

Re-Animator ми е еден од омилените филмови. Ги сакам сите три дела, и се надевам дека гласините за четвртиот ќе се претворат во реалност.

На кратко, за што се работи. Херберт Вест е студент по медицина кој работи на "лек" што ре-анимира мртви организми. Филмовите се правени според одличниот расказ на H.P. Lovecraft, а во улога на лудиот доктор е неверојатниот Џефри Комбс (Star Trek фановите ако не го знаат нека си пукаат у колено).

Денес случајно налетав на стрип, еден број е, издаден од Dynamite Entertainment. Го симнав, го прочитав набрзинка, барав уште - нема. Има неколку Army Of Darkness VS The Re-Animator, ќе ги симнам кога ќе ги најдам. Тоа е тоа, одлично (кратко) стрипче, штета што нема уште.