August 2, 2012

Star Wars: The Old Republic бесплатна од есен!

Колку само го предвидов ова! Затоа и не можам да прекинам злобно да се смеам! Вчера Bioware објавија дека Star Wars: The Old Republic од оваа есен ќе почне да го применува free-to-play моделот. И, покрај тоа што и дадов барем уште една година фора, играта не издржа толку. Дали има поента повторно да џвакам зошто најскапата MMORPG (потрошени се 150-200 милиони долари за развој!) игра пропадна така лесно? Дали тие милиони играчи што се претплатија во првите три дена си ги гризат тастатурите сега?


Летово воведоа некој лош модел на неограничено играње до 15-ти левел кој очигледно не успеа. Освен спонзорираните рецензии, сите останати беа катастрофални. Лошиот гејмплеј, преголемата концентрација на сингл-плеер мисии, небалансираниот PvP и баговите колку буџетот на играта, зададоа силен удар во јајцата на Bioware. Значи, не се продава сè само поради името. Имаа одлична прилика да млатат пари во следните неколку години, а сега опстанокот им зависи од тоа колку тие деца што ќе дојдат есенва ќе се спремни да плаќаат по долар за боја на лајтсејбер.

Прашање е колку ќе опстои и така, дури и со два-три сервери. Или ќе продоложат со развој за да се спасат, или ќе се обидат да цедат пари додека можат. Во секој случај, и покрај целото мрчење, јас прв ќе ја симнам во септември.

Еве ја целата листа со она што ќе биде достапно во F2P моделот.

No comments: