January 20, 2022

Гаси го Боба Фет

Си мислев дека The Book of Boba Fett ќе успее да компензира за отсуството на нова сезона The Mandalorian зимава. Немав некои преголеми очекувања, ама Боба Фет успеа некако да се вклопи и профункционира во The Mandalorian, па тоа малку ми влеа надеж дека ликот ќе може да се износи самостојно. За жал, The Book of Boba Fett со уште недовршена сезона го докажува спротивното. Четвртата епизода не ни успеав да ја догледам до крај. Никогаш претходно не сум задремал од досада на Star Wars, без разлика колку и да било лошо тоа што сум гледал.

Не можам точно да го покажам проблемот со прст. Повеќе се и некако не си помагаат меѓусебно. Веројатно најосновната точка е тоа што Боба Фет нема доволно широк капацитет за да функционира самостојно како главен лик. Боба Фет во оригиналната трилогија функционира поради неговата мистериозна природа и занимање, таков е ладнокрвен платеник што воглавно си ја гледа својата работа. Никогаш не дознаваме повеќе за него што го прави многу позаебан и ефективен како негативец. 

Дури и понатаму во франшизата, приквел трилогијата и The Mandalorian, неговото присуство е повоздржано, па затоа и поприродно се снаоѓа како спореден лик што надополнува пообемна приказна. Сигурен сум дека Џон Фавро и Роберт Родригез го знаеле ова пред да почнат да работат на The Book of Boba Fett, ама исто така биле свесни дека веќе постои серија што суштински има речиси идентичен таков протагонист. Тука некаде и се плеткаат главните проблеми на The Book of Boba Fett.

Серијата се труди концептуално и наративно да се дистанцира од The Mandalorian, а истовремено сака да се потпре на таа класичната Star Wars естетика и тој "вестернски" визуелен тон. Притоа, се труди да се фокусира на главен лик што практично треба да го измисли од нула и да му ги налепи сите негови претходно познати својства. И, сега за да не биде The Mandalorian ама со Боба Фет, серијата го претвора во некаков си феудален курназ што пробува да владее со подземјето на Татуин, што е глупаво од сам почеток затоа што апсолутно нема потреба да го искористи Боба Фет за таква улога.

Меѓутоа, Боба Фет тука ни за тоа не е компетентен. Седи на фотелја и едвај се снаоѓа со новата функција. Многу е несмасно напишан тој дел од The Book of Boba Fett, затоа што еве веќе три-четири епизоди не знам што треба да осеќам тука или за што да навивам. Боба Фет нема јасно зацртана крајна цел во приказната што како публика треба да ја следиш, никава тензија и интрига да те држи заинтересиран за да го истрпиш неговото невешто "владеење". Приказната е толку мрзливо склопена што нема ни некој саглам негативец од кој Боба Фет би бил сериозно засегнат.

Не знам кај оди дејството и што ги движи ликовите напред, ама доколку постои нешто такво воопшто, серијата има потешкотии да го претстави на едноставен начин. Мандо го имаше Бебе Јода. Без разлика што и да се случуваше во приказната, имаше за што да загризеш и да се секираш. Куп ризици, возбуда и исчекување, па и постојана мистерија што ја чекаш да се расплетка и биде исплатива. Овде нема ништо. Шупливо е. Очигледното е само дека Боба Фет и целата негова мала организација се група дебили седнати во преголема фотелја и не знаат кај тераат.

Најинтересниот дел од The Book of Boba Fett се флешбеците кои објаснуваат како избегал од Сарлакот. Можеби ќе беше појако доколку серијата го задржеше фокусот на тој дел од животот на Боба Фет наместо да го седнува каде што дефинитивно не припаѓа. Стварно не осеќам потреба да го гледам како се здржува со несфатена младина што вози шарени вселенски веспи. Не ми е гајле за ниту еден од овие полудимензионални ликови, ниту серијата се обидува да ме зближи со нив. Сè што се случува надвор флешбеците со Таскените е досадно, напорно и лошо напишано. 

Во четвртата епизода отиде да си го бара оклопот во Сарлакот, иако на почетокот на серијата јасно се гледа дека не му е таму, туку доаѓа група Џави и го расклопува од него. Или јас заборавив колку бил свесен тогаш за тоа или Роберт Родригез заборавил што се случило. Не успеав да дознаам до крај зошто исклучив и веројатно никогаш нема да догледам. Не штимаше нешто уште од самиот почеток. Четвртата епизода беше последната шанса што ја дадов на серијава.

Лошо е. Не знам што чудо се случи за The Mandalorian да испадне толку добро, ама ова сега е како некој да не ја разбрал таа формула, а упорно се труди да ги применува нејзини аспекти. Серијата нема некој јасен идентитет или сопствен тон. Ниту приказна што можеш да ја опишеш со една реченица. А, ни продукциски не е нешто најсјајно. Општо изгледа многу поевтино од The Mandalorian, со крајно аматерски изрежирана акција и лоша кореографија. Не треба да се прескокне споредбата, затоа што е глупаво следната серија да ти падне толку под веќе воспоставени стандарди. 

Види такоѓе:

17 comments:

Anonymous said...

Бобо, не велам не си во право, ама gley ја последнава епизода. Мандо се враќа на голема врата и мислам ќе ти се свиѓа

Бојан Николов said...

Видов, ама некако не ме влече. Можеби во иднина некогаш.

Anonymous said...

Конкретно за Star Wars те прочитав пред некој ден. Вртам назад неколку текстови, па се враќам нанапред.
Неверојатно е како константно се негираш сам себе од текст во текст кога пишуваш за Star Wars...

Што по ѓаволите сакаш од Star Wars? И зошто?

Бојан Николов said...

Ако си ги читал назад текстовите немаше да прашуваш.

Anonymous said...

Поставени кон тебе, тоа беа реторички прашања.. за жал..

Да не ги читав откако го прочитав овој текст немаше да ги поставам реторички.

А одговорот на нив е: ништо, и ниту пак си знаел што си сакал од Star Wars некогаш, освен можеби некое инфантилно чувство на возбуда.

Но ок е, разбирам.
Типично за секој Star Wars fan.

Бојан Николов said...

Инфантилно е што премногу сериозно си сфаќаш Star Wars и кој како го доживува.

Anonymous said...

хахаха не воопшто...

ме чуди текстов само тоа.. и ти коментирам за текстов..

а коа сме кај доживувањата, се кладам во што сакаш дека откако ги изгледаш последните епизоди, ќе го смениш мислењето..
а еве и зошто https://www.youtube.com/watch?v=ZtpIbjnYHJw

(иако за разлика од тебе не сум гледал ништо од Боба Фет, и немам намера)

Чудна сорта се тоа Star Wars фановите.. чудна.. нит се води нит се тера....

Бојан Николов said...

Последните две епизоди не се Боба Фет освен во насловот. Повеќе се Мандо и тонално и наративно, а Мандо знае кај тера.

Anonymous said...

https://thumbs.gfycat.com/UnawareSpotlessGerenuk-size_restricted.gif

Бобо, ти кажав дека ќе ти се свиѓа.

Имам теорија дека сторијата околу Боба Фет е замислена како малку побавна у по статична во споредба со онаа на Дин Џарин (читај Мандо). Затоа и се согласив со тебе кога велиш дека треба да се гаси оваа серија... се до последниве две епизоди.
Да, некако и јас осеќам дека тонски се други. Но, мора да признаеме дека можеби така биле концепирани од старт.
Знам дека Дердевил ми беше нешто слично на старт и знам дека на крај на првата сезона бев позитивно изненаден.
И знам дека овие две интелектуални сопствености абсолутно немаат блага веза едно со друго и не може да се споредат вака лесно, но ова го кажувам така за да направам поента на мој, едноставен начин.

Не судам и не кудам... иако некој (или сам) те лабелира за фан на Војна на звездите. Секој има право на мислење. И секој има право крајно субјективно да го искашла тоа на некој блог и да си ја олесни душата.

Само да обелоденам, јас сум оној што ја започна оваа маратонска војна на коментари, и коментирав само со првиот пост. Веројатно по IP адреса и/ли гео-локација ќе сфатиш дека не станува збор за истата особа.

Вториов анонимен појма немам кој е, ама јако загриза. Може во право е, може не е... Ама мора да си дадеш простор за сомневање некојпат и да го прегледаш ова шо ти го велат твоите верни читали.

This is the Way

Бојан Николов said...

Можда треба да се потпишувате некако да напраам разлика, иако вториот знам кој е и увек јако падавичари на тема Star Wars. :)

Јас мислам дека целата приказна околу Боба Фет е само на хартија замислена дека треба да постои, без убаво да се смисли како ќе точно во пракса. Не е прв пат вакво нешто да им се случи на Дизни, цела трилогија импровизираа попатно. Боба Фет ниту е разработен лик за кој можеме да навиваме, ниту серијата се труди да врзе некоја интересна приказна. Тоа ми смета. Не е возбудливо, нема некој сериозен влог. Бар мене не ме вози.

Мандо од друга страна, почна многу поинтересно, со поуникатен тон, со цел свет изграден околу него. Грогу можеби е plot device онака најниско ако го сведеш, ама функционира за да ја движи приказната напред. Имаш чувство дека искусуваш авантура кога гледаш Мандо. Кај Боба Фет не најдов нешто такво да го можеш да го загризеш. Нит ме занима што се случува со ликовите, нит приказната ми е интересна за следење.

Последниве две епизоди се The Mandalorian, дури и продукциски се осеќа разликата и трагите од луѓето што имаат повеќе замешано прсти во таа серија. Не знам од каде ваков пресврт во наративот, ама комотно можеа овие две епизоди да се првите од трета сезона. Можеби и така биле конципирани и ги протнале тука, нема да дознаеме. Самото тоа не ја прави The Book of Boba Fett добра серија. Како сакаш викај ги овие две епизоди, пак се The Mandalorian и само ќе те потсетат колку е уствари глупа другата приказна.

Нека заврши, ќе пишам нов пост.

Anonymous said...

Ај вака сега.. да разјасниме неколку работи..

1. Не, не знаеш кој сум :) не е ни важно. Star Wars и не ми е баш нешто омилено.
Твојот блог ми го предложи другар, и седнав да го читам повремено. Читајќи забележав дека си контрадикторен кога станува збор за Star Wars, и други теми. Но Star Wars очигледно ти е болна толчка.
Ок, не навлегувам, тоа е веќе лично.

2. Доволно е што кажа дека „не те вози“. За разлика од тебе, и соговорникот, серијава за Боба Фет, не сум ја гледал, ниту пак сакам да ја гледам. Нема потреба. Нека гледа кој што сака.
Ама, причината заради која ти коментирав е тоа што забележав дека си контрадикторен.
И затоа Star Wars не ми е баш нешто омилено и не припаѓам на секакви будалаштини.
Се гледа од километри дека си тежок Star Wars fan-boy, ама онака хард кор. Па лутел се или не, можеби и други ти го имаат кажано, можеби тој/таа што претпоставуваш дека ти го кажал/а тоа, ти го збореле истото, ама најголемата клетва за Star Wars се фановите. Како и за секоја друг ваков label.
Wishful thinking, wishful ideas, wishful СЕ.
Единствено нешто што до бол ми се допаѓа во целава приказна е што со уживање гледам како Дизни, Марвел, Лукасфилм, DC или кој и да е друг сличен, до коска ви ја молзат душата на вас фанови, и тоа за правење убави убави пари. Тоа ми е најголем ќеф :).
Еден ден ќе направат нешто како ова што го викаш Mandalorian, друг пат Боба Фет, трет пат што знам таму, што е следно (подобро знаеш тука од мене).

И се така.

Си играат со вашите фантазии и чувства од тие фантазии, ама не затоа што тоа они сакаат да го прават, туку затоа што ТИ, им го овозможуваш тоа. Ти им велиш, Еј ова е срање, сакам ова! Тие: Бујрум, ТИ: Ејјјј топ е! Следно, пак ќе направат нешто, ТИ:Еј срање е!, они: ОК, сакаш ова? ТИ: Да! Они: повели. И се така.

Сфаќаш?

Не е до нив, до тебе е.
Тие работат од тоа, се занимаваат со филм, а не со гаќите на Боба Фет дали биле розеви или бели и дали на некои си таму Крапверк (како и да ти е вистинското име), му ги задоволиле највлажните желби.

Бојан Николов said...

Друже Анонимус II, промашуваш една едноставна поента. Дизни може да прават што сакаат, на публиката (нас) е да одлучиме дали ни се свиѓа или не. Не знам што толку те вознемирува што ми се свиѓало А, додека не ми се свиѓало Б.

Со години објаснувам зошто е тоа така. Како и све друго на светов и Star Wars може да е hit or miss. Фантазии или не, верувам дека секој од нас е доволно нагледан ствари да процени колку му е на него квалитетно и примамливо. Субјективно е. Јас лично не им овозможувам ништо финансиски на Дизни, све од ова што гледам го гледам беспари. Чувствата од Star Wars не ми се повредени, ти се фати да се љуљаш за чувства.

Очекувањата за Боба Фет не ми беа преголеми, така што немам од што да се разочарам. Откако Star Wars отиде во Дизни, добар дел од стварите што се штанцаат се онакви индустриски и ги одредува раководство по истражен пазар. Истото е со сите мејнстрим наслови во поп култура, ретко е да видиш личен печат и визија што е целосна на режисерот. Таков Star Wars се само шест филмови, какви и да се. Од другово некогаш ќе се потрефи добро, некогаш нема и тоа е сосема океј. Не значи дека ако некој се занимава со филм треба и може по автоматизам да задоволи било чии највлажни желби.

П.С. Поздрави го другар ти ;)

Anonymous said...

Немам многу време да киснам по блогови.
Да не беше „другар ни“, можеби и немаше да те прочитам. Ако го сретнам ќе го поздравам. Ми кажа за твојов блог уште пред Нова година. Токму заради Боба Фет.

Како што реков, не киснам и не читам блогови.

Воопшто не сум промашил никаква поента. Барем не она што го нарекуваш како поента.
Воопшто и не ми е важно што ти се допаѓа, а што не.
Само ти коментирав на контрадикциите што сам си ги креираш.

Најпрво поаѓаш со очекувања градени врз некоја мината желба за нешто. А Star Wars (како и многу други слични филмови) е огромен простор за креирање желби, желботеки и „остварувања“ на желбите. А дури потоа, откако ќе има реализација, се појавува она „Е не чини - срање е“.

Star Wars многу одамна е индустриска категорија, дури и 20 години пред Дизни воопшто да помисли дека е возможно да се стави потпис на договорот за купување.

Ниту ти, ниту другар ни не сте објективни. Субјективни сте на крајно нерационален начин. Сепак се работи за филмско дело, а не за темата во делото, тоа е менлива категорија. Ниту ти ниту другар ти не приоѓате кон делото како кон филм, туку си терате свои желби.
Смешно.

Не сум гледал нешто многу од новиве работи. Првиот филм, овој епизода 7 ли беше, така на брзање го гледав, ок е. Филмски е поразличен од претходните. Епизода 8, Последниот Џедај ли беше, е филмски најхрабар. Епизода 9 не стигнав да го гледам, едноставно немам толкав интерес кон Star Wars како што имав. Овој Mandalorian го гледав и ок е. Фино, ама непотребна носталгија.

Star Wars е сепак за деца. А ти и другар ни, треба малку да пораснете и да уживате. Има и други овошки во градината.

Бојан Николов said...

Хаха. Значи, било каква уметност се искусува на субјективен начин, желби не се никаков дел од таа равенка. Не знам дали можеш било каква уметност да ја оценуваш објективно. Жалам ако морам ова на возрасен човек да му го објаснувам.

Боба Фет од технички аспект, пример, структура на приказна е крш некохерентен. Не знам како воопшто се дрзна да зборуваш за Боба Фет ако воопшто ништо немаш гледано. Можеби доколку погледнеше некоја епизода ќе ти беше појасно зошто сум "контрадикторен". :)

На крајот, не ни разбирам на кои контрадикции мислиш точно. Веројатно си ги имаш измислено. :)

Anonymous said...

Си ги помешал лончињата за уметноста.

Тотално.

Нема да се впуштам во твоиве помпезни капрци. Оти навистина се прљави и простачки.

Имам само еден совет за тебе, како од возрасен кон дете, па ти сега размисли добро, ако мислиш дека вреди да се размисли, ако не тогаш во ред.

Обиди се да ги разграничиш личните фантазии и желби, и доживувањата од нив, од објективноста на одредена слика (на пример „Ноќна стража од Рембрант“, „Балерини“ од Де Га, „Водни лилјани“ од Моне).
Едно е што сликата како дел од објективната стварност која постои и е креирана, сака и допира до тебе да ти предизвика одредени емоции, да те воведе во доживувања, да те нурне во светот што го креирала ида те натера да ја разбереш и доживееш.

А комплетно друго е ова твоево: „Хаха. Значи, било каква уметност се искусува на субјективен начин, желби не се никаков дел од таа равенка. Не знам дали можеш било каква уметност да ја оценуваш објективно.“

Искрено не знам што е ова твоево.

Ќе бидам груб - канта за ѓубре, ете тоа е.

За човек што цел живот се занимава со уметност, нема поинаква дефиниција - „канта за ѓубре“.
Не е ништо поразлично и од она што другар ти, другар ни, го прави.

Ама сепак, јасно е од насловот Crapwerk.

Си дадов шанса да те прочитам, благодарение на другар ти, другар ни. Ќе го поздравам, ама не требаше да го послушам и да те читам.
Нему сепак му се допаѓа твојот блог, за разлика од мене.

Бојан Николов said...

Друже Anonymous II. Тоа што ќе спомнеш неколку сликари во коментар на пост за Боба Фет, за кој и сам кажа не те влече, а ниту Star Wars, не те прави повеќе компетентен за уметност од било кој друг.

Најмалку те става над било која ситуација. Коментираш за Star Wars на некој си блог таму што "другар ти ти го кажал". ;)

Тоа што лесно те вознемирија моите коментари за вака да ти излезе несигурноста, ми е уште посмешно. Добра ти беше идејата овој пат да настапиш анонимно, да не те дознае "другар ти". Ако му се допаѓа мојот блог (за разлика од тебе), можеби ја следи дискусијава. ;)

Anonymous said...

Мора да се погледне ова https://www.youtube.com/watch?v=m5Gt9s6xDB8