March 30, 2011

Официјално Рифтање

Ја купив RIFT во саботата, digital download, зошто ме мрзеше да чекам да стигне во кутија. Исто како и во бетата, играм Kelari Mage, на истиот сервер (Cloudborne) под име Zearth. Деновиве успеав да стигнам до 23-ти левел, левелирањето сега оди побрзо, зошто не е толку преполно како во бетата. Малку ми беше чудно на почетокот, ама се навикнав. Рифтовите се поинтересни со група од шест-седум луѓе, отколку со дваесетина, кај што некогаш едвај се стигнува на ред да удриш.

Земав и две професии, Outfitting и Butchering за да можам да правам cloth опрема. Меѓу другото, вчера ми го дропна и единствениот epic pet, Harbinger of Regulos и сум еден од ретките што го имаат во играва. :)

RIFT владее и тоа повеќе од било која друга MMORPG игра. Доколку во бетата личеше на таква, сега истото може да се потврди. Ќе пишам нешто повеќе, до 27-ми април има доволно време за играње. :)

March 23, 2011

Турбулентен месец за RIFT

Изминува еден месец откако започна хед-стартот на најголемата закана за World of Warcraft, RIFT. Ги следев случувањата околу играва уште од минатата година, кога се изгледаше сјајно, а и од официјалниот почеток кога работите неочекувано тргнаа во сомнителен правец.

Што се случи? Trion ги отворија серверите за претплатниците (кои ја купија играта пред да излезе) неколку дена пред официјалниот први март, со цел да се избегне гужва во почетните зони која ќе предизвикаше огромен лаг и ќе ја направеше играта комплетно неигрива. Тоа резултираше со огромни редови за чекање на серверите, па за конектирање на истите беа потребни и по неколку часа. Ова си повлече цела разбеснета толпа на играчи кои не сконтаа дека тие неколку дена им се дадени бесплатно, па уште во старт, играта почна да губи луѓе.

Нормално, на први март, на официјалниот старт работата се среди, зошто голем дел од играчите се излевелираа доволно за да се тргнат од почетната зона. Десетина дена подоцна, започна безобразен хак-фест, па огромен процент од играчите останаа без своите карактери, опрема, платина и останати предмети во торбиците и банките. Повторно се појави толпа која што се жалеше, овој пат со право. Пред некој ден, испадна дека серверите и базата на RIFT, имаат дупка во безбедноста, која им овозможила на група хакери да прават буквално што сакаат со акаунтите на играчите, на кој покрај другото, се наоѓаат и осетливи информации, како на пример, броеви на кредитни картици (за тие што нарачувале од официјалниот сајт). Компанијата зад RIFT, воведе нов безбедносен систем, coin-lock, кој го заклучува акаунтот и ги ограничува in-game актвиностите и испраќа мејл со кој отклучуваат заштитените акции. Сепак, ни тоа не се покажа којзнае колку корисно, па сега се чека автентикатор кој ќе испраќа код на мобилен телефон.

И тогаш, се појави "месијата" на RIFT, white-hat хакерот познат под псевдонимот ManWitDaPlan. Типот е исто така играч и жртва на нападите, кој решил да ги превземе работите во свои раце и да им помогне на Trion да ја вратат довербата кај играчите. ManWithDaPlan го најде exploit-от пред неколку дена, го прати кај што треба и за неколку часа дупката беше успешно закрпена. Сега е безбедно да се игра RIFT, меѓутоа штетата остави трага. Баш читав дека ќе ги враќале хакнатите акаунти од некаков ран бекап, и тоа и се случува, само што се одвива некако споро. ZAM имаат фино интервју со дечкото, клик тука, објаснето е речиси се.

Третата работа е навалата на WoW фановите кои ги полнат форумите на RIFT со негативни коментари и го валкаат името на конкурентот. Се појавија и блогери кои се кренаа против RIFT, со текстови како овој. Моментално се случува интернет војна помеѓу двете страни, распаднатите WoW гилдови кривицата ја префрлија на RIFT, поради тоа што голем број играчи се префрлија на новава игра. Јас со месеци наназад зборам дека RIFT е подобра, ретко кој ми веруваше. :)

За крај, не е се толку катастрофално. RIFT си држи одреден број на играчи кои се претплатени на неколку месеци, а до крај на март, ќе добие уште еден, авторот на овој блог, кој конечно собра нешто во ќесето, за да може радосно да го одврзе. Сеуште е рано да се отпише игра која пројде низ неколку темни фази. Сега откако успешно застана на нозе, не верувам дека ќе згасне во брзо време, или па ќе ја снајде истата судбина како AION. Прерано е.

March 16, 2011

性交それ

Природава не бира по кого мава со апокалиптични катастрофи. Жалосно и трагично.

Сакам да верувам дека Јапонциве во секој момент се спремни да лансираат флота од mecha роботи против вонземска инвазија, гоџири, џиновски пеперуги и слични окупаторски структури. За жал, не се толку отпорни на земјотреси и цунамија. Сепак, верувам дека ќе се опорават за брзо време и ќе застанат на нозе. Плус, и ние пративме скромно стотче, за уље за Евангелионите. Тоа ептен ќе направи разлика...

Јебига.

March 5, 2011

TRON: Legacy (2010)

Колку е добро кога ќе се воодушевиш од нешто за кое си имал минимални очекувања. Баш тоа е случајот со TRON: Legacy. Веќе се навикнав да гледам лоши продолженија, римејци, оптеретување на CGI, аватари и слични други глупости без малку душа и сјај во нив, така што воопшто немаше да бидам изненаден ако ова беше случај и тука. Сигурно некој и за Legacy ќе го каже истото, немам ништо против, затоа што целата работа околу доживувањето на филмов е тоа како ќе си се спремиш за него. Плус, после напорна недела, ДВД рипот ми дојде како 10-ка по Математика 2.

Веројатно предуслов за да бидеш импресиониран од овој филм е љубовта кон оргиналниот TRON од 1982. Мене TRON: Legacy ме доби на носталгија. Уште од самиот почеток, филмот на крајно наивен начин, директно чепка во детството на неколку генерации, без многу да се труди да биде она што некогаш претставувал неговиот претходник. Затоа и TRON: Legacy не е никаква револуција во жанрот или начинот на кој се прават филмовите денес, туку само ја користи топлата вода за да прикаже еден свој, освежен, уникатен стил.

Друг услов е да се сконта светот во кој се случува. Ако фатиш да бараш логика во технологијата која се користи во приказната, заеби. Не е ништо пореален од било кој друг филм каде што физички влегуваш во факин виртуелна реалност! Затоа, нема смисла да се доведуваат во прашање тие "ситници". Филм е, научна фантастика се вика жанрот. Плус е за деца. И за големи деца.

Покрај тоа што TRON: Legacy е визуелно ремек-дело, на мое големо изненадување, има солидна приказна и фино сценарио, кога ќе се земе во предвид дека главната моќ на филмов се токму специјалните ефекти. За нив нема што многу да се збори, треба да се види. Отишле до таму, што го има и Џеф Бриџис компјутерски подмладен, баш така како што би изгледал неколку години после оргиналниот филм. И, што е уште поневеројантно, сеуште е истиот Флин, дури и во повозрасната "верзија". Тој е ликот, и е одлично развиен, во склоп на ситуацијата во која се наоѓа во TRON: Legacy, односно заробен со години во Гридот по инцидент со програмите кои егзистираат во тој свет, предводени од Clu.

Овој пат, главниот херој во игрите на Гридот, е неговиот син, Сем Флин, опен-сорс софтвер ентузијаст и искусен моторџија. Сем завршува во виртуелниот свет, откако ќе добие порака од татко му, дваесетина години од неговото исчезнување. Гридот не е ништо како порано, сосема е обновен и многу поопасен од што бил. Сем, заедно со програмата Кора (Quorra) ќе се обиде да го извлече стариот Флин од срањето во кое е западнат. Да не пишувам спојлери, ќе се префрлам на музиката...

За музиката во филмот задолжени се Daft Punk, кои и не ги варам баш најдобро. Сепак, франзуциве успеале да направат саундтрек кој инстантно влезе во мојата топ листа на најдобра филмска музика. Денес е цел ден ми е на рипит, а верувам дека така и ќе остане во наредниве неколку денови. Совршенство. Одлично се вклопиле во целиот концепт на филмот, а дури и се појавуваат во една сцена. Сериозно, браво.

Не верував дека баш TRON: Legacy ќе биде еден од најдобрите филмови што излегоа во 2010. Забавен, опуштен, ќеифски за гледање и со закон музика. Искрено, сакам да видам (нова, стариот TRON на страна остајте го) трилогија од чудово, се разбира доколку е во духот на овој филм, без непотребни забегувања. За среќа, наредната година ќе излезе и серија, TRON: Uprising, со дејствие сместено помеѓу двата филма. Таман ако укинат The Clone Wars, ова супер ќе ми дојде. Ќе пишам нешто повеќе, кога ќе има детали.

"The Grid. A digital frontier. I tried to picture clusters of information as they moved through the computer. What did they look like? Ships, motorcycles? Were the circuits like freeways? I kept dreaming of a world I thought I'd never see. And then, one day... "