Таман мислев дека толку од изненадувањата за оваа сезона на серии, се појави Homeland. После само две изгледани епизоди, можам да кажам дека ова е најдоброто нешто што ќе го следам. Сосема случајно ми улета серијава, можеби тоа и беше една од причините што ми остави толку силен впечаток. Има спојлери подоле.
Маринецот Николас Броди се води како исчезнат во акција веќе осум години, некаде на Блискиот Исток. Пред да биде пронајден од специјалните сили на САД, ЦИА агентката Кери дознава од арапски затворник за американски војник кој преминал на "другата страна". По враќањето на Броди во САД, Кери се сомнева дека тој е некако поврзан со најмоќниот терорист (во серијата се спомнува и за смртта на Бин Ладен) на светот Абу Назир и е инволвиран во планирање на нов терористички напад во Америка. Информацијата која Кери ќе ја добие од затвореникот се поклопува и со присуството на Абу Назир во САД, кој не е виден неколку години од тајните служби.
Тоа што најмногу ми се допадна тука освен реалистичниот тон, се ликовите и начинот на кој се прикажни. Покрај тоа, актерите што ги глумат се страшно талентирани и одлично се снаоѓаат во улогите кои им се доделени. А, уште во првата епизода се забележува сериозен развој на ликовите. Броди е речиси сосема отсечен од неговото семејство кое не го видел со години, децата не ги ни познава, а неговата сопруга (Инара од Firefly) е во тајна врска со еден од неговите пријатели и колега војник. Владата на САД сака да го искористи во сопствената воена пропаганда, како херој од нивната борба со тероризам. Броди исто така има проблеми со психичките и физичките трауми кои останале како последица од годините поминати во измачување.
Од друга страна, Кери комплетно се посветува на истрага која ќе докаже дека токму Броди е шпиунот на непријателот, предавникот кој сега работи против сопствената земја. Успева да стави камери во неговата куќа и секојдневно да го надгледува, без знаење на службата. Тука и станува интересно, бидејќи Броди не прави никакви предавнички чекори и се однесува нормално во склад со ситуацијата во која се наоѓа. Спомнав ли дека Кери исто така боледува од психоза? Всушност, најинтересното е тоа што камери нема само во неговата гаража, во која почнува да се случува нешто сомнително. Втората епизода го покажува Броди како кажува муслиманска молитва, давајќи ни на знаење дека го прифатил Исламот како религија. Што во никој случај не би требало да значи дека соработува со терористите, па верувам дека за да ја задржат напнатоста, ќе го влечат ова уште некоја епизода. Инаку, серијата оди на Showtime, телевизија која без проблем прикажува експлицитни сцени, така што не крателе на ништо за да може и деца да ја гледаат.
Цело време во Homeland се осеќа напнатост и неизвеснот што секако ја прават серијата толку интересна. Така што паранојата на ликовите, лесно се пренесува и кај публиката. Со оваа динамика, верувам дека серијата има да понуди уште повеќе. Двете епизоди завршија со заебан клифхенгер, среќа што ги гледав по ред. По крајот на вторава епизода, следната ја чекам со нетрпение. Е, ваква серија барав, што ќе ме држи вака ококорен од недела во недела. Многу подобра од Person of Interest или од било што друго од новиве. Чиста десетка.

3 comments:
Spoiler alert - the americans win.
Хаха, да. Ама серијата стварно вреди и покрај тоа. :)
Серијата е супер, со доза на несигурност ја гледав првата епизода, но следните две ме купија да ја следам серијава :)
Се надевам нема да заврши серијава како Rubicon, со самото тоа што волку брзо се расплетукваат работите и веќе имавме едно убиство може да се каже дека нема да ја снајде судбината на Rubicon.
Добра серија драго ја препорачувам...
Post a Comment