November 18, 2012

36-та Комора: Вовед во Кунг Фу филмови

Последниве месеци се навлеков на уште еден шкарт жанр - стари Кунг Фу филмови од 70-ти и 80-ти. И, тоа не од оние со Брус Ли, туку оние што во (мислам дека ги викаа) видеотеки пред 15 години можеа да се најдат во задниот рафт на "Карате" одделот. Изгледав доволно многу за да можам да напишам асална серија постови, меѓутоа не доволно за да го одмаздам селото.

Ги гледав скоро сите филмови што важат за најквалитетни во жанрот. Знам чии филмови се најдобри, кои актери имаат силно Кунг Фу, кои гласови ги синхронизираат и кој колку пати го убил Паи Меи. Кога ќе видиш, сите се правени по истата формула. Одмазда, забегана кореографија на борби, Шаолин, уникатен негативец и сценарио во кое најпрво се мери вербалната сила пред некој да наебе.


Најквалитетните (ова е крајно дискутабилно, меѓутоа зависи како ги гледаш) филмови доаѓаат од Shaw Brothers Studio. Кога ќе видиш дека филмот што едвај си го нашол за да го симнеш има SB лого на почетокот, знаеш дека ќе е добар. Уште ако е со Гордон Лиу, тоа е тоа. И, ако негативецот е Ло Ли - ти веќе го гледаш најдобриот Кунг Фу филм во живот. Нормално, додека не го изгледаш следниот од истата екипа.

Друга битна работа е дејството да е некако поврзано со Шаолин храмот. Доколку не е, тогаш добар дел од филмот се одвива на истиот рид каде што се снимени сите овие филмови. Дури и во тие со Шаолин, сигурно има некоја пресметка на ридот. Тоа е тоа место, и таа е таа сува трева каде што двајца Кунг Фу мајстори глумат дека се тепаат. Бонус поени доколку е очигледно дека не се ни допираат со ударите. 

Сепак, ништо, ама апсолутно ништо не ја заменува англиската надсинхронизација. Ништо не е вредно колку тие гласови. Некои морав да ги гледам и на кинески, со превод, и го нема тој шмек. Значи, строго со англиска синхронизација и VHS рип. Ремастеризираните верзии на тие култни наслови не се ништо во споредба со оргиналите. Голем дел ги има и на ЈуТјуб. 

Филмовите и актерите ќе си добијат посебен третман во идните постови на оваа тема. Во меѓувреме, задолжително да се проверат следниве наслови: The 36th Chamber of Shaolin, Clan of the White Lotus, Eight Diagram Pole Fighter, Shaolin VS Wu-Tang и Executioners from Shaolin.

2 comments:

Влатко said...

најдобриот кунг фу филм за мене е
http://www.imdb.com/title/tt0080179/
со Џеки Чен бриљира тука и у поглед на оној негов препознатлив хумор и у поглед на изведување на кунг фу акробациите, одллична хемија има помеѓу него и учителот у филмот кој е подеднакво симпатичен лик а е иначе татко на режисерот кој е воедно и борбен кореограф, легенда у Азија не за џабе Вачовски го земаа за Матрикс, Тарантино за КИл Бил, КарВаи за новиот филм за ИпМан сега што ќе искочи у јануари, Анг Ли за КраучинГ Тајгер Хидден Драгон...
еден предлог еве од мене а и уште еден од истиот режисер само не е обичен кунг-фу него Wire-fu :)))
http://www.empireonline.com/features/100-greatest-world-cinema-films/default.asp?film=99

а да за синхронизацијата не се согласувам, некои имаат многу лоша синхронизација

овој жанр највеќе ми се свиѓа поради оние звуци кога се тепаат ех како уживам у тоа само :)))

Влатко said...

Не се само Шоу Брос и ГОлден ХАрвест имаат продуцирано доста кунг фу фулмови еве и најпознатиот на Брус Ли у змајевом гнезду :)