April 29, 2008

Аниме на месецот: Shinreigari [Ghost Hound]

Мислам дека после Death Note, секоја аниме серија ќе ми изгледа инфериорно, без разлика колку е добра (Ergo Proxy е супер, серизоно). Дури и по неколку месеци откако завршив со гледање, сеуште го чувствувам влијанието, а саунтрекот го пуштам барем еднаш во два дена.

Причината поради која сакам аниме, е тоа што знае максимално да се оддалечи од конвенционалноста што често ја среќавам по другите серии. Едноставно, неспоредливо е со било што не-јапонско, така што залудно е да објаснувам понатаму, нели?

Потрагата по "посебно" аниме ме доведе до Ghost Hound. Завршуваше некаде на почетокот на месецов, или крајот на март, не памтам добро. Ghost Hound е дело на творците на Ghost In The Shell, има вкупно 22 и никаква допирна точка со приказната од GitS. Се работи за сосема друг жанр на аниме.

Ghost Hound обработува теми од психологијата, парапсихологијата, па дури и митологијата и окултизмот. Во центарот на приказната се три деца, секое со различна психичка траума од детсвото, чиишто животи се испреплетуваат во друг свет, астрално ниво, каде што случјано откриваат дека можат да пристапат. Како што се одвива приказната, се дознава се повеќе, така што нема да откривам многу сега.

Единствената маана, ако може така да се нарече, на Ghost Hound е тоа што серијата е некако спора, на моменти дури и напорна за гледање. Од мене бараше посебно расположение и внимание, така што не можев повеќе од една епизода дневно.

Доколку некој сака, еве линк со торенти од Shinsen-Subs. Аудиото е јапонско (нормално!), и има англиски превод.

April 27, 2008

Бетмен, Бетмен, преку Бетмен!

После неколку неуспешни обиди да ги симнам првите два Бетмени на Бартон на DVD-R (со бонуси, менија и слични срања), ги симнав DVD-rip со сомнителен квалитет, но секако се подобри од овие верзии што веќе ги имам со години. Како и да е, ќе чекам некогаш да се појави асален DVD-R со доволен број на сидери.

Уште неколку месеци до премиерата на The Dark Knight. Гледам, продолжуваат со viral marketing, добро е, но штета што мораа да се оддалечат од Хит Леџер. Без оглед на тоа што се случи, сите знаеме дека Леџер го вади целиот филм. Само се надевам дека Бејл нема да биде толку лош како во Batman Begins. Имаше време да ги земе во предвид и негативните критики.

За тоа колку Ајрон Мен ќе биде подобар од Бетмен (како лик, не само како филм), Full Frontal Nerdity вели (клик за поголемо):

П.С. Сакав да кажам дека ми се појави Хит Леџер како Џокер на јајце вчера, ама би било премногу сурово. Иако народов е глуп како граѓаните у South Park, и сигурно би се нашол некој што ќе поверува...

П.П.С. Crapwerk прашува: "Ќе биде ли добар новиот Бетмен филм?"

April 25, 2008

Dampyr

Многу ми е мило кога ќе видам стрип во трафикиве, што не е Загор. Смачено ми е од Загор уште одамна. Dampyr е понов стрип на италијанската издавачка куќа Serdio Bonelli Editore, добро позната на љубителите на стрипот на овие простори. Првиот број е објавен во април 2000, и колку што знам, излегува сеуште.

Dampyr е еден од стриповите кои на овие простори, во фебруари оваа година, почна да ги издава Veseli Cetvrtak. Во постот за Dylan Dog, веќе спомнав дека на српски ги има и Zagor и Mister No.

Dampyr како стрип, не носи ништо ново, но е стршано многу интересен за читање. Главниот лик е Харлан Драка, дампир (татко вампир, мајка човек) што лови вампири. Реков дека е веќе видено, нели? :) Но, интересното е што приказната се одвива на Балканот, а за првиот број, авторот се инспирирал од војната во Босна, така што дејствието е сместено таму, иако не е конкретно спомнато во стрипот.

Интересен почеток, се надевам дека иако ги носат примероците што нема да се продадат во Србија, ќе ги носат подолго време. Деновиве сум буквално затрупан со стрипови. Што на хартија, што во електронска верзија. А, и конечно го добив Spawn Collection Volume 1 paperback-от од САД (Пецо, фала!). Имам и некои добри Бетмен стрипови, ќе ги ставам за симнување деновиве.

April 22, 2008

Музика за минатата недела

Инспириран од нешто што го пишував пред неколку месеци, еве три албуми кои не ги извадив од плеер минатата недела. Секој различен, а скоро исто заразен како другиот. Ги ставив на rapidshare, во случај некој да сака да си ги симне, секој албум е околу 100 мегабајти, во mp3 формат. Патем, од пред некое време, во сајдбарот додадов секција "Албум на неделата", па ќе гледам почесто да биде апдејтувана.

SHPONGLE - Nothing Lasts... But Nothing Is Lost (2005)
Ова е најистрипаниот и најрелаксирачки албум што некогаш сум го слушнал. Им ги сакам и претходните два, особено Are You Shpongled?, но тука се надминуваат. За разлика од минатите албуми, тука песните се пократки, и има вкупно дваесет. Не дека ми сметаа долгите репетитивни песни како "Divine Moments of Truth" (една од моите омилени), ама вака подобро звучат. Nothing Lasts... можам да го слушам во било кое време. Најпогоден е за спиење. Ремек дело. [download]

HEIMSTATT YIPOTASH - Perpetual Beta (2007)
Сосема спротивно од chillout мелодиите на Shpongle, Heimstatt Yipotash буквално се изживуваат со дисторзиите и останатото што ќе им дојде при рака, а испушта звук. Германски industrial/harsh noise, моментално еден од моите омилени бендови. [download]


JUNO REACTOR - Gods & Monsters (2008)
Мислам дека не е потребно претставување. Секој што го гледал Matrix, слушал Juno Reactor, па можеби и без да знае. Новиот албум е одлично освежување, повторно експериментирање, но сеуште е истото чувство од претходните неколку албуми. Заразен албум, уште од првото слушање. Има и одличен омот. [download]

April 19, 2008

Светски prerelease на Shadowmoor

Го чекав денов со месеци! 19-20 април, светски prerelease на новата Magic: The Gathering едиција, наречена Shadowmoor. Кај нас е одложен за наредниот викенд (сабота, 26.04), поради оправдани причини. Сепак денес, на Саем на книгата, горе, во 12:00h, ќе се одржи голем Magic: The Gathering турнир. Да си го допијам кафево и тргам, па ќе се вратам и ќе направам мал апдејт.

Ептен мал апдејт: Супер беше, добри партии, барем за првпат губев во сите четири кола и тоа се за малку. :)

April 17, 2008

South Park и зависноста од Интернет

Конечно направија солидна епизода оваа сезона што ќе може да се носи со старите. Јас ја ставам во листата на омилени South Park епизоди. Останатите пет од 12-та сезона, не поминуваат над просекот. Хуморот е очаен, а идеите им се бајати. Таман кога помислив дека и South Park се истрошија, ме акнаа по глава со синоќешната епизода. Се искупија. Се надевам дека ќе продолжат со ова темпо до крај на сезонава. Знам дека не е лесно да бидеш свеж после 12 сезони, знам..

"Over Logged", во стилот на South Park, покажува колку сме всушност зависни од Интернетот и колку навистина е потребен во нашето секојдневие. На кратко, граѓаните на South Park се будат утрото без Интернет, за подоцна да сфатат дека и остатокот од светот е оф-лајн. Супер епизода, колку што имаше in-your-face факти и прикажување на една многу реална слика, толку добро беше искомбинирано со класничниот South Park хумор. Кога видов како е прикажан Интернетот, неможев да се приберам од смеење до крај на епизодата. А, крајот беше посебно добар. Шамарот на лошото влијание на Интернетот на социјалниот живот и комуникацијата во реалниот свет и начинот на кој што го решија проблемот со немањето на Интернет во светот.

Факт е дека Интернетот е едно од најголемите и најважните откритија (првото би било струјата) без кои многу од нас, тешко дека би можеле да си го замислат животот. За жал, одамна е преминат во зависност, па дури и навика. Тргнувам од себе, знам дека секое сабајле прво седнувам "да проверам нешто на нет", и после тоа излегувам од соба, одам во WC и ставам кафе...

April 14, 2008

Dylan Dog пак низ трафкиве!

Не ми се веруваше кога видов. Нова, српска едиција на Dylan Dog, првиот број од фебруари 2008! Ќе излегува секој месец, заедно со новите едиции на Zagor, Dampyr и Mister No, дел од стриповите кои обележаа неколку генерации. Dylan Dog беше дел и од моето детство, и мило ми е што е повторно тука. Пред три години, почна да се издава и на македонски јазик, но за жал, прекинаа по неколку броја. А, српскава едиција ќе касни кај нас месец дена, зошто како што приметив, го носат тоа што останува непродадено таму (што е случај и со повеќе други списанија). Значи, ќе почекаме уште некое време за вториот број што во Србија е излезен во март. :)

Насловот на првиов е "Čarobni Frulaš" (орг. "Il Pifferaio Magico"), број 210 во редовната серија. Ако не грешам, ова е прво издание на бројов на овие простори. Се надевам дека ова ќе трае подолго и покрај тоа што цената е 120 денари, а имаме мала публика за стрипови.

На линков може да се најдат постари, скенирани Dylan Dog (а, има и други) стрипови. Ги има и оние на Слободна Далмација. :)

April 10, 2008

Spawn

Првпат се сретнав со Spawn пред некои 10 години. Многу често го вртеа филмот на телевизија. Тогаш не знаев дека е правен според стрип. Некаде 2003-2004 налетав на стрипот, првиот број, сосема случајно, на ЦД кое го земав за сосема друго нешто. Spawn како лик ми остави јак впечаток уште од филмот, така да кога го прочитав првиот број, ми стана уште поинтересен. Тој период имав dial-up, не можев да симнам повеќе, ниту па да најдам од некој, а камоли да набавам на хартија. Конечно, на почетокот на 2005 имав АДСЛ, и почнав со симнување на Spawn скенови...

Како што навлегував во приказната, толку повеќе се приврзував за Spawn, развив некоја чудна емпатија што се уште ја чуствувам кога го читам стрипот. Можеби и премногу навлегов во суштината на ликот и работите што му се случуваат.


Кој е Spawn? Spawn е формата во која Al Simmons, платен убиец со меко срце (pun intended), се враќа по неговата смрт. Убиен и предаден од неговиот шеф, Al завршува во Пеколот. Поради преголемата љубов кон неговата жена Wanda, Al во Пеколот склучува договор со демонот Malebolgia, да се врати на Земјата, под услов да ја води армијата на Пеколот. Al Simmons станува Hellspawn, суштество со натприродна моќ. Malebolgia го враќа на Земјата, но 5 години во идинината, каде што Wanda е мажена со неговиот најдобар другар Terry и има дете со него. Spawn му го врти грбот на Пеколот, и останува во средина на битката помеѓу Пеколот и Рајот, чии што сили се обидуваат да му наштетат - секоја страна со различна цел.


Тоа е воведот отприлика. Најинтересното беше некаде околу 100 број, приказна што кулминираше дури после 60 броја. Нема да раскажувам што и како се случува, најдобро е да се прочита. Битно, во ниеден момент не стана досадно. Стрипот е моментално до 177 број, го чекам скенот да се појави негде за симнување. Баш поради ова толку време ги читав старите броеви, не сакав да дојде време да треба секој нов број да го чекам вака. :)


Првиот број на Spawn се појавува во 1992 година, а зад него стои бившиот Marvel цртач, Todd McFarlane исто познат како создавачот на Venom. Колку и да е добар McFarlane, мислам дека стрипот најубаво изгледа додека е Greg Capullo одговорен за цртање. McFarlane понатаму се грижи само за насловната на стрипот, уредувањето и одговарање на писма од читатели што обожавам да ги читам и ги читам само во Spawn. Денес веќе ни тоа не го прави, туку се грижи за копанијата. Покрај главниот серијал, Spawn изобилува со мини-серијали и spin-off серијали кои се исто така добри.


Во 1997 се појавува и филмот што го спомнав погоре. Добар е, само е многу различен од стрипот, најмногу поради малиот буџет кој им бил доделен. Нешто подоцна се појавува и анимирана серија која е речиси иста како стрипот, и затоа ја обожавам. Веќе со години се најавува нов филм и серија, и никако да ја видат светлината на денот. Има и неколку игри кои уште ги немам играно...

Толку сега за сега. Нека биде мал вовед во она што планирам да го пишувам за Spawn. За мене е најдобриот стрип-херој што некогаш бил измислен.

April 8, 2008

Загревање за Iron Man (втор дел)

(За првиот дел клик тука)

Уште 24 дена до премиерата на Iron Man во САД, уште веројатно толку додека се најде асална кино-снимка која ќе може да се гледа. А, којзнае, можеби ќе го донесат и кај нас, што би било супер, зошто филмов сакам да го гледам во кино.

Иако не верувам на трејлери, тука можам да заклучам дека Iron Man ќе биде еден од најдобрите филмови снимени според стрип, како и еден од најдобрите филмови за оваа година, заедно со Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull и The Dark Knight. Деновиве се појави и нов трејлер, може да се погледне тука.

Го гледав The Invincible Iron Man, цртанот од 2007. Не ме импресионираше многу, најмногу поради неубедливата приказна и развојот на истата после интересниот почеток. Почнува добро, после некако се разводенува. Анимацијата е океј, синхронизацијата исто, можеле и подобро во секој случај. Сепак, помладата публика ќе ужива. Нешто ми кажува дека ќе видиме и серија од ова доколку биде успешен филмот.

Ќе го ѕирнам и Ultimate Avengers кога ќе имам време.

April 4, 2008

The Punisher (1989) VS The Punisher (2004)

Мислам дека во доволен број наврати имам кажано дека The Punisher ми е еден од омилените, ако не и омилен, Marvel херој. Го сакам уште од играта, поради која не излегував од флиперниците како мал.

Овие два дена, седнав да ги гледам двата филма, како припрема за новиот (The Punisher: War Zone) што треба да излезе оваа година. Првиот The Punisher филм е од 1989 со Dolph Lundgren во главна улога. Го немав гледано, иако подолго време го имав дома. Вториот е оној со Tom Jane од 2004, го имав гледано уште кога излезе и нешто после тоа. Ми дојдоа супер филмовиве овие денови, со оглед на тоа што баш периодов читам The Punisher MAX Vol.5...


Двата филма се супер, ми се свиѓаат, иако се далеку од совршени, далеку од стрипот, но и двата се забавни за гледање. Веројатно, најголемата маана им е тоа што не се придржуваат до суштинските делови од стрипот, како на пример деталите за смррта на семејството на Frank Castle, а во стариот филм дури го нема ни черепот на облеката што е заштитен знак на The Punisher.


Да, знам и во Batman (1989) Џокер ги убива родителите на Брус Вејн, ама јас сум навикнат
(од играта) да гледам како семејството на The Punisher гине во Централ Парк.

Двата филма се потполно различни, иако потекнуваат од иста идеја. Од текот на приказната, до развојот на ликот на Castle, па дури и во бројот на жртви кој е еден од побитните фактори за добра екранизација на овој стрип.
Ќе ги издвојам работите ми пречат во двата филма.
The Punisher (1989)
  • Недостатокот на черепот на облеката на Frank Castle, главната физичка карактеристика на овој лик.
  • Начинот на кој што неговото семејство е убиено. И има син и ќерка, а не две ќерки (кои заедно со жена му, имаат различни имиња од стрипот).
  • Frank Castle не е детектив, туку маринец.
Тhe Punisher (2004)
  • Начинот на кој што неговото семејство (буквално цело, од родители до внуци) е убиено. Освен тоа треба да има две деца.
  • Џонтра Волтра. И еден скиентолог е премногу.
  • Недоволно акција. Тоа што го видовме беше супер, требаше повеќе.
  • Станарите во зградата. Сосема непотребно. Времето посветено на нив, можеше да се искористи многу подобро.
  • Недостаток на асален негативец.
Отприлика тоа е тоа. Има и други помали негативни страни и нема да ги спомнам.
Штета што Tom Jane се откажа од новиот филм, очекував да биде добар. Со Ray Stevenson мислам дека заебаа работа...

April 3, 2008

Shadowmoor: Сенките на Аурората

Мало продолжение на текстот за новата Magic: The Gathering едиција, Shadowmoor. Гледам на сајтот на Wizards of the Coast веќе почнале да објавуваат делчиња од книгата. Уште 16 дена до pre-release! Се надевам дека нема да касни кај нас. Минатиот пат беше одложено поради празник некој...

Како и да е, подоле следува текст од тоа што може да се очекува во Shadowmoor. Нешто веќе спомнав претходно. Btw, на линков има карти што ќе ги има во Shadowmoor. Едвај чекам.


* * *

Rhys, the elf renegade with broken horns, was poised to regain his position in elf society. The flamekin Ashling was poised to accept the destiny thrust upon her by an elemental entity. The sapling grown from Colfenor's seedcone was poised to make the old treefolk's plans a reality. At the moment they all saw their plans coming to fruition, everything changed.

Darkness fell. The Great Aurora swept across the plane, transforming it into an eerie world of permanent gloom, and wiping away almost all traces of its former nature. The denizens of the plane have transformed along with it, memories and all, and now only a precious few still remember the name Lorwyn.

All others know the world by its new name: Shadowmoor.

The sun has abandoned the world. In the wake of the Aurora, the plane's formerly lighthearted races have taken on new identities, their allegiances twisted by the shadow. The Aurora also awakened new threats, beings that slumbered, hidden, during sunnier times. Moaning spirits, impish oddities, scuttling scarecrows, and enormous monsters of lore have emerged to roam the land. And Shadowmoor is now the province of demigods, manifestations of dark forces that have slept since the last Great Aurora.

April 1, 2008

Super Mario Bros. филмот

Пробав да го гледам пак, после повеќе од 12-13 години. Пробав, да, затоа што не издржав ни 30 минути. Единствената добра работа во врска со Super Mario Bros. филмот, е тоа што ме потсеќа на детството, кога целиот живот ми се сведуваше на киснење пред телевизор и кршење прсти на Нинтендото. Останатото е фецес од диносауруси, кои на многу лош начин се претставени во ова 100 минутно сквернавање на една од најдобрите игри на сите времиња.

Без оглед на актерските имиња кои се застапени тука, филмот е катастрофален. Од приказната, сценариото, реализацијата, па дури и лошата и ефтина глума. А, ни сам незнам како поинаку би се филмувала игра каде што главниот лик скока, голта печурки и расте. Блиску до тоа е анимираната серија, која барем малку е поблиску до игрите.

Иако Super Mario Bros. е првиот филм снимен според игра, слободно ќе кажам дека е најлошиот. Да напрaвиш филм за Супер Марио, е исто како да напишеш роман базиран на Тетрис.