November 24, 2008

Две години Crapwerk

Искрено, се мислев за емотивен текст кој ќе пренесе колку Crapwerk ми значи и каква улога игра во моето секојдневие, но наместо тоа, се решив за листа на текстови напишани во изминатава година кои лично, многу ми значат. Се потрудив од секој месец да извадам по некој пост. Листата следи подолу:


Ноември 2007

Desu Noto [Death Note]
Kôkaku kidôtai [Ghost In The Shell]
Holy retarded trap, Batman!


Декември 2007

The Dark Knight: Ќе биде ли добар новиот Бетмен?
Првото искуство со Wine на Ubuntu

Јануари 2008

Хит Леџер (1979 - 2008)

Објавена (интернет) војна на Скиентологијата
Morningtide Prelease

Февруари 2008

Cloverfield низ десет точки
Alien VS Random
Промените доаѓаат...

Maрт 2008

Артур Кларк (1917 - 2008)
Marvel: Civil War
Ду Нат Лет Ит Сноу

Април 2008

South Park и зависноста од Интернет
Spawn
The Punisher (1989) VS The Punisher (2004)

Мај 2008

Ekusu Makina [Appleseed Ex Machina]

Искуството наречено Indiana Jones 4
Resident Evil 4

Јуни 2008

Џорџ Карлин (1940 - 2008)
Бостон Селтикс - НБА шампиони за 2008
Family Guy Does Star Wars

Јули 2008

Stargate SG-1 импресии
The Dark Knight
Аркадни игри - жар на едно безгрижно детство

Август 2008

Хорс Бол
Hallowed Are The Ori

Септември 2008

Дон ЛаФонтејн (1940 - 2008)
Осврт на Star Wars: The Force Unleashed
Sen to Chihiro no kamikakushi [Spirited Away]

Октомври 2008

Crapwerk sci-fi special

Hagane no Renkinjutsushi [Fullmetal Alchemist]
Terminator: Degradation?

November 20, 2008

OGame со нов дизајн

OGame конечно ќе добие нов дизајн. Мислам дека редно беше, бидејќи играта е речиси иста со години. Новиот дизајн ќе биде пуштен наскоро, се надевам со отварањето на uni41. На овој линк има и трејлер. Подолу следат неколку скриншоти од новиот OGame.

Инаку, јас уште играм на uni39, моментално сум 375 место (од 5300) со 77.225 поени.


За повеќе, клик тука.

November 19, 2008

Robot Chicken Star Wars: Episode II

Викендов излезе вториот Star Wars Special на Robot Chicken. Првиот беше генијален. Заедно со Family Guy: Blue Harvest најдобрата пародија на Star Wars што сум ја гледал. Реално, колку и да го сакаме Spaceballs (да, закон е), факт е дека овие го надминаа.

Новово Robot Chicken Star Wars е тапа. Се гледа дека со сила е правено (врз успехот на првиот) и е тука колку да го има. Без врска сцени, очајно сценарио, досадно и неинвентивно. За тие дваесетина минути, дали два пати се насмеав. Зар ги истрошија сите финти? Сигурен сум дека можеле и подобро.

November 16, 2008

The Transformers: Infiltration

Деновиве по втор пат ја изгледав првата сезона на The Transformers G1 и моментално ја гледам втората. Серијава денес веројатно ми е поднослива само поради тоа што ја обожавав како дете и ме врзуваат убави спомени. Колку и да е реклама за играчки со оскудно сценарио и ефтина анимација - владее. Пробав да гледам нешто од поновиве серијали и воопшто не ми се допаѓаат.

Некое време се токмам да седнам и да прочитам некој Трансформерс стрип. Ги има доволно, изборот е голем, па решив да почнам со Infiltration. Мини-серијал на IDW Publishing, прв од неколкуте кои се сместени во reboot-ираниот G1 универзум. На пример, тука Автоботите користат холограмски возачи за да се прикријат во сообраќајот, додека нивните вистински форми и нивното присуство на Земјата се дел од теории на заговор.

Се води војна помеѓу Десептиконите и Автоботите во која ќе бидат инволвирани тројца луѓе кои покрај Трансформерите се главните ликови во Infiltration. Има само шест броја, кои служат како основа за следните мини-серијали низ кои се продолжува приказната. Ова доволно ме навлече, па веќе набавив дел од нив, па почнувам да ги читам. Infiltration го ставив во РепидШер фолдер за даунлоуд, па можете да си го симнете од тука.

Цртањето е одлично, знаеме како изгледаат денешните стрипови. Дизајнот на Трансформерите е тој од G1, со ситни измени кои воопшто не пречат.

November 12, 2008

Чек од Google AdSense

Само што го добив чекот од Google со парите што успеав да ги заработам преку Google AdSense. По повеќе од една година, стигнаа 107 $ на моја сметка. Уште пред неколку месеци, скоро и да го баталив ова, но еве ми сега причина да продолжам. Можеби да бев малку поангажиран ќе заработев многу повеќе. Овие се од два-три блога специјално наменети за AdSense кои ретко ги обновував.

Значи, како што бев сигурен - Google AdSense функционира. Чекот е доволен доказ за тоа. Само да видам која банка зема најмалку провизија и да си го претворам во пари. Ете слика горе како изгледа.

Google AdSense овозможува неколку начини на исплата, но овој е единствениот што функционира кај нас.

November 8, 2008

Quantum of Solace (2008)

Го гледав синоќа во кино во Рамстор. Не очекував којзнае колку, но во никој случај не очекував да биде колосално промашување. Quantum of Solace е празен, стерилен, плиток и далеку од Бонд филм. Casino Royle некако го проголтав, зошто знаев дека тоа и им беше поентата, да направат филм за мисија на Бонд, пред да ја добие дозволата за убивања. И покрај тоа, беше според книга на Јан Флеминг. Иако немаше Кју, гаџети, хенчмени и куп работи што се стандарни во Бонд филмовите, некако успеа да ме забавува, но без да го споредувам со претходните.

За Quantum of Solace не знаев ништо. Ни што е приказната, ни кој е негативецот... ништо. Дека го нема и Кју, дознав пред некој ден. Како да го објаснам филмот во кратки црти? Трае два саата, 90 минути има акциони сцени и 15 минути изговор за приказна, колку да има нешто што ќе ги одвои брканиците и пукањето. Сериозно, не успеав да фатам ништо од приказната. Никогаш не сум видел по неразработена приказна во Бонд филм. Исто како да ја немаше. Негативец кој во ниеден момент не ме убеди дека е достоен за да оди против било кого, а најмалку против Бонд.

Зошто комплетно е сменет карактерот на Бонд? Можеби филмот требаше да се вика Одмаздата на Бонд. Од гаџетите, исто ништо. Апсолутно ништо. Незнам со која цел е ова, дали да го направат филмот пореален, но е ужасно лоша идеја. И што е уште полошо, гледам дека филмов оствари солиден (финансиски) успех овие два-три дена, па очекувам и следниот да го тераат во овој правец.

Даниел Крег таман ме убеди дека е Бонд во Casino Royale, тука комплетно ме разочара. Не покажа ниту една карактеристика својствена за агентот. M e океј, ја обожавам Џуди Денч.

Значи, после Die Another Day, го имаме новото катастрофално остварување, со таа разлика што барем во Die Another Day го имаше Џејмс Бонд и знаевме дека се работи за Бонд филм, додека Quantum of Solace изгледа како просечна акција. Се радувам само што брзо ќе го заборавам.

November 1, 2008

Star Wars: The Clone Wars (или Како да го допреш дното?)

Мислев дека неможат полошо од Attack of the Clones. Мислев дека ќе послужи како пример за лош Star Wars производ и ќе научат од грешката. И, тогаш се појави Star Wars: The Clone Wars...

Веројатно критиките немаше да бидат толку остри и очекувањата толку големи, доколку филмов беше исфрлен во формат кој што повеќе му лежи и е наменет за тоа. Пилот на телевизиска серија. Телевизиска. На телевизија. Не во кино, на телевизија. Неможеш ти пилот кој ги има сите карактеристики на телевизиска епизода, да го продаваш како филм во кино сали. Мислам дека многу подобро ќе поминеше долку директно си почнеше на телевизија.

Сега, откако расчистивме со ова погоре, да прејдеме на The Clone Wars. Покрај тоа што е наменет за телевизија, наменет е и за многу помлада публика. Воопшто не се потрудиле да го продадат сценариото и на повозрасните фанови. Очајни дијалози и реплики, што никако не палат кај мене. Уште па на тоа кога ќе додадеш ефтин хумор (се лупа у ѕид, децата ќе си се насмеат - топ, нели?) и лош voice acting, резултатот горчи уште повеќе. Секоја чест на исклучоци како Семјуел Џексон или Кристофер Ли и типон што го глуми Оби-Ван (не е Иан МекГрегор). А, мора да признаам дека анимираниот Хајден Кристенсен "глуми" далеку подобро од вистинскиот. Аникин е океј тука.

Приказната е празна и недоработена. Сфаќам дека е почеток на серија, ама ако сакале да пројде како филм што ќе стои независно, можеле многу подобро. Не се случува ништо значајно и повеќе се базира на акција (тука добива поени) и синот на Џаба Д Хат. Сериозно, кого го здоболе за синот на Џаба? Мене не. Во првиот пола саат дури бев дури и позитивно изненаден и чекав да почне нешто да се случува. Последниот пола саат едвај го издржав. Кај е Палпатин? Јода? Амидала? R2-D2 и C-3P0? Ги примети некој? Наместо нив, има нов лик, Асока, ученик на Аникин што ме курчи нешто помалку од Jar Jar, а повеќе од Весли Крашер. И, што е со надимаците? Снипс? Скајгај? Кој го одобрил ова? Лукас? Кој? Аман.

Анимацијата е океј, малку луѓето се коцкасти, ама ќе пројде. Музиката што ја знаеме од претходните Star Wars остварувања, скоро и да ја нема.

Пак ќе кажам, како пилот на серијата, може да пројде. Како филм никако. Но, се додека има фанови што би купиле и ДВД со два саата видео од Џорџ Лукас како си игра со Star Wars играчки, ќе го имаме ова. Серијата ќе почнам да ја гледам кога ќе имам време.