Океј, вториот дел на The Expendables. Уште на почеток да кажам, дека продолжениево мене ми беше далеку подобро од кецот. Првиот колку и да беше фино да се гледа, повеќе беше сконцентриран на тоа кои имиња во која сцена ќе се појават. Затоа и најсветлата точка му беше сцената во црквата. Не дека вториот не го прави тоа. Го прави, дури и поексплицитно. Само што друго ми е муабетот...
Сталоне успеа да го направи она што никој не можеше кога беше времето да се направи. Пред 30 години. Од тоа тогаш, денес е останата само носталгија и лоши продолженија. Не дека времето ги прегазило акционите херои, туку жанрот е претворен во нешто сосема различно. Сега сите тие се собрани на едно место, подостарени и се обидуваат да докажат дека можат уште. Приказната не е ни битна, кога имаш постојана акција и пукање. Дијалог колку да ги носи ликовите низ сцените, по некоја референца кон познати ликови на актерите, Чак Норис факти и малку зезање на своја сметка. Колку и некои ствари да делуваат, а и да се, исфорсирани, не можеш да фаќаш кусури. Домаќински си е филмот и крај.
Лично, најголемото изненадување ми беше Ван Дам. Го немав одамна видено никаде, остарен е, и уште е заебан гад. И, башка негативец со најјакото име во било кој акционен филм - Вилејн! Брус Вилис и Шварценегер за среќа имаат нешто поголеми улоги од минатиот пат. И, конечно сцена каде што заедно со Сталоне го прават тоа што најдобро го прават. Нешто што сцената во минатиот филм го немаше и покрај тоа што пружи слично чувство.
Статам и другиве се супер. Иако крајот на филмот ги засенува сите останати имиња освен старошколската петторка, сите одлично си го пополнуваат местото, дури и оној Ренди Котур што искрено појма немам кој е, и што бара тука веќе два филма. Стивен Сегал воопшто не фали, ете му ги тие неговите direct-to-DVD филмчиња со фацата и пиштолот во преден план на омотот, нека си ги снима. Курт Расел исто не успеа да се испазари за улога, зошто нели, презафатен е, еве сега пет нови добри ќе излезат со него. Сериозно, чул некој за Курт Расел нешто во последниве години? Единствено ми е криво што не го довлечкаа Мр.Т некако.
Сепак, Сталоне планира уште едно продолжение, веројатно да ја заокружи трилогијата. Немам ништо против, нека тера. И, онака поентата е да видиме кој актер што ќе каже, на кого. Другото е веќе видено. Е, па пре би гледал акција со овие него со Стив Остин, таму некој..
1 comment:
Засегнат од озборувањата наоколу, во една прилика изјавив:
...А за последнио филм на Рамбо, онај шо играше во Роки… Не чини. Многу куршуми има. Е па ако некој очекува од сите холивудски тепачишта и пукачишта собрани на едно место да гледа нешто плачипичкарско во стило на филмојте… еј не ми текнува сега некој таков… ама муабето ми е дека од овај на Сталоне освен пукајнци и не се очекуваше ништо друго. Ни плачипичкарски, ни психолошки, ни Сексот и градот… Мене ми се бендиса. Забавен ми беше.
Post a Comment