June 30, 2008

Star Wars Monopoly Night

Монопол одамна ми има здосадено. Ова ептен спонтано испадна, па веројатно затоа, а и поради тоа што е Star Wars монопол, беше толку интересно. Четворица бевме, јас победив на крај.

Еве слики:



June 28, 2008

American Dad!

Релативно нова серија (само три сезони), дело на творецот на генијалните Family Guy, Seth McFarlane. Ја изгледав првава сезона, и сум изненаден. Успеав да ја тргнам налепницата "Копија на The Simpsons" од двете серии, затоа што се потрудив поинаку да гледам на нив. И да, навистина, Family Guy e пријатно освежување кај анимираните ситкоми, петтата и шестата сезона ги надминуваат, одамна млитавите Симпсонови во секој поглед. Баш пробував деновиве да ја глеам 16-та сезона од The Simpsons, и се благо речено - напорни.

American Dad има речиси се што има секој ваков "фамилијарен" ситком, семејство од чуден татко (во овој случај ЦИА агент и хардкор Републиканец), мајка домаќинка и деца кои се различни и спротивни едно од друго од секој аспект. Кога на овој шаблон ќе му се додаде вонземјанинот Роџер кој го спасил животот на Стен Смит во една операција на ЦИА и рипката Клаус чиј мозок е заменет со германски скијач, треба само да се гледа што се случува во и надвор од куќата на семејството Смит. За да биде уште подобро, гласот на заменикот-директор на ЦИА е на (drumroll) Патрик Стјуард.

Ќе ги догледам и другите две сезони, па ќе пишам нешто поопширно.

June 23, 2008

George Carlin (1937 - 2008)

"When it comes to bullshit, big-time, major league bullshit, you have to stand in awe of the all-time champion of false promises and exaggerated claims, religion. No contest. No contest. Religion. Religion easily has the greatest bullshit story ever told. Think about it. Religion has actually convinced people that there's an invisible man living in the sky who watches everything you do, every minute of every day. And the invisible man has a special list of ten things he does not want you to do. And if you do any of these ten things, he has a special place, full of fire and smoke and burning and torture and anguish, where he will send you to live and suffer and burn and choke and scream and cry forever and ever 'til the end of time!

But He loves you. He loves you, and He needs money! He always needs money! He's all-powerful, all-perfect, all-knowing, and all-wise, somehow just can't handle money! Religion takes in billions of dollars, they pay no taxes, and they always need a little more. Now, you talk about a good bullshit story. Holy Shit!"

June 22, 2008

Draenei Mage

Си направив Draenei Mage карактер на WoW, чисто да видам што нуди расата, а и класата зошто никогаш немав играно ни Draenei, ни Mage.

Супер е. Иако последниве неколку месеци играјќи Warrior и Paladin, заборавив како е со карактер со range напад, па полека се навикнувам. Интересна е класата, особено fireball-от и frostbolt-от, тие магии најмногу ги користам. Ќе треба да се одлучам дали ќе играм Frost mage или Fire mage, ама прво да се левелирам, не сум ни 20-ти левел. Сеуште ги учам можностите и финтите што ги има класава, па ќе пишам понатаму што и како функционира.

Draenei како раса ми се многу интересни, за жал, не стигнав да ги пробам, зошто долго време играв Хорда. Сега пак се вратив на Алијанса, веќе имам Human Paladin 70 левел. Баш денес го држевме Gadgetzan под опсада цело попладне со другаров, па еве и скриншоти.

Инаку ептен е убав Azuremyst Isle, имав дојдено и порано, ама сега имав можност убаво да разгледам наоколу. Квестовите се исто така интересни, мора некогаш да ги пробам повеќето и на blizzlike сервер.

Толку за сега. Карактерот инаку се вика Sygg, по мерфолкот од Magic: The Gathering. :)

June 18, 2008

Бостон Селтикс - НБА шампиони за 2008

По 21 година, Бостон Селтикс пред малку ја освоија седумнаесетата титула! Скроз ме расони утакмицава, иако Селтикс убедливo тепаа уште на завршетокот на првото полувреме. На крај, со 39 поени разлика, комплетно ги понижија Лејкерс. Да сум Лејкерс фан, нема да излезам од дома до крајот на неделава.

Незнам што беше работава. Полоша игра на Лејкерс немам видено. Очекував многу повеќе, да видевме бар малце понапнато финале. Ама сепак, нема ништо подобро од поразен Коби со скисната фаца. :)

MVP за финалето 2008 е Пол Пирс. Заслужено. Гарнет исто можеше да земе, а и Реј Ален (тројките, човече!).

Сериозно, ептен ми е мило за Селтикс. Пак ќе кажам, очекував многу понапнато финале. Ова беше ко на заебанција. Лејкерс - срамота! Барем тие што го споредуваат Коби со Џордан конечно ќе може за заќутат.

НБА оди на одмор до есен, и се надевам дека конечно ќе видиме добра игра од Мајами.

June 16, 2008

За малце...


Еј, каква утакмица беше ова! Многу повеќе адреналин, пот и нервоза од минатиот пат на паркетот. Селтикс изгубија за малце, за многу малце. Тие 5 поени, ќе ги имаа Гарнет да не ги утнеше слободните и Пирс да не ја изгубеше топката при крај. А, и после последната тројка да украдеа и да збрцаа уште една, ќе гледавме продолжение. Како и да е, ептен интересно, дури и поинтересно од минатиот пат, кога се деси пресврт што долго ќе се памти.

Пол Пирс еба матер! Не седна човекот. Секоја чест. Финалето се сели во Бостон, во вторник, и сигурен сум дека Лејкерс ќе губат ко кучки. Ќе беше мерак и сеа да ги скршеа, али ипак меракот е друг кога ќе земеш титула на домашен терен. Ќе се слави во Бостон во вторник, осеќам...

June 15, 2008

Се враќа и Џејсон

По неуспешното враќање на Мајкл Маерс и по комплетното уништување на целата франшиза со Halloween: Resurrection, сега пробуваат да вратат уште еден, одамна мртов slasher серијал.

Friday the 13th ја губи поентата после првиот филм, ама ајде еве, и следните два беа океј. Се после четвртото продолжение е ужас, за на крај да кулминира со Jason X, филм што го сметам за еден од најлошите филмови на сите времиња. Таков, кинематографски хорор нема да видиме уште долго време. Единствено нешто што може да му се доближи, се абоминациите од типот на Dracula 3000, 4000, 5000 и така натаму илјади...
Дури и Фреди Кругер се врати, за среќа на кратко, во Freddy VS Jason. Е, тоа и не беше толку срање, ама сепак далеку од тоа што претставуваат оргиналните филмови.

Џејсон се враќа пак, и тоа на (петок) 13-ти фебруари 2009. Незнам зошто едноставно не го остават на раат серијалот, барем уште некоја година, за да ни помине горчливото чувство од Jason X. Новиот филм не е директно продолжение, туку reboot на серијалот.

Клик тука за видео од сетот на новиот Friday the 13th. Ја има и маската. Да, изгледа како што сите ја знаеме. За среќа.

June 13, 2008

Go Celtics, Go!

И покрај литро и пол кафе, заспав пред да видам како Селтикс намалуваат разлика и го бришат паркетот со Лејкерс. Сега ја гледав снимката на телевизија, го видов крајот и сум зачуден од феноменалната игра на Селтикс! Е, вакво финале сакав и добив! Дефинитвно најдобриот натпревар од целиот плеј-оф. Ваков пресврт само на филм има, и тоа од оние глупине спотрски филмови, кај што тимот на главниот лик губи цела утакмица (ко Селтикс со 20 разлика), и на крај ебава се по список! Ова ќе се памти и ќе се раскажува.

Game 5 е во недела према понеделник. Игрaaт во Лос Анџелес. Очекувам стегната игра и од двата тима, така што ќе биде интересно.

June 10, 2008

Family Guy: Blue Harvest

Мислев дека Spaceballs е најдобрата пародија на Star Wars, се додека не видов како изгледа A New Hope со ликовите од Family Guy. Питер како Хан Соло, Крис како Лук Скајвокер, Стуи како Дарт Вејдер... да не ги набројувам сите, ги има на сликата горе.

Закон пародија, мислам дека ни South Park не би можеле подобро. Неможев 50 минути да прекинам да смеам. Ова е дефинитивно врвот на Family Guy. Би било глупо да раскажувам за што се работи, или да двојам моменти. Исто е како A New Hope, само со Family Guy ликови кои се однесуваат како и во обична епизода од серијата.

Инаку, ова е првата епизода од шестата сезона на Family Guy, и пред скоро време е излезено на ДВД како "Family Guy: Blue Harvest". Blue Harvest е инаку името под кое била држена во тајност продукцијата на Return of the Jedi. Наскоро ќе има пародија и на The Empire Strikes Back, под името "Something, Something, Something Dark Side". Сигурен сум дека ќе помине добро и се надевам дека ќе идат и со пародии на новата трилогија.

Family Guy прекинав да гледам после четвртата сезона, продолжувам чим завршам со Clone Wars.

June 9, 2008

Fear is the path to the Dark Side...

Бидејќи сите Star Wars филмови ми се свежи од викендов, можам да си изберам конечен фаворит од новата трилогија. Revenge of the Sith! Зошто? Затоа што има најдобра приказна, подносливо сценарио, муда, зрелост и фино склопени визуелни ефекти (борбата на почетокот, anyone?). Дури и Jar Jar го нема.

Дури и Хајден Кристенсен супер глуми тука, покрај неколку глупи реплики разменети со Оби Ван немам други забелешки. Неговиот премин на Темната Страна е одлично изведен и таман си се вклопува со приказната понатаму. Се надевам дека еден ден (кога на Лукас ќе му притребаат уште пари), ќе видиме и што се случува измеѓу Episode III и IV.

Ако веќе ситничариме (а, ситница ли е?), мојата најголема забелешка би била према ликот на Падме. Сфаќам ја дека беше трудна и сето тоа, ама некако ми беше нелогично само да седи дома и го чека Анакин да се врати. Покрај ова, во оргиналната трилогија, Леа се сеќава на мајка и колку толку, додека тука е прикажано како Падме умира на раѓање. Има доволно жестоки дебати и објаснувања за ова на нетов, така да немам намера да се замарам со ова. Ако барам грешки - ќе најдам...

И тоа. Го завршив маратонов со филмовите, сега следува уште едно гледање на Clone Wars и некои стрипови во меѓувреме.

June 8, 2008

Attack of the Jar Jar

Star Wars маратонов ми продолжи и денес. Само што го изгледав Attack of the Clones, убедливо најслабиот филм од целата сага. Првпат го гледав кога излезе, и тогаш повеќе обрнав внимание на фрустрирачките специјални ефекти, отколку на сценариото и самата приказната. Ајде, еве, додека ја гледам новава трилогија се трудам да не припазувам на иритирачки детали кои се битни за канонот, ама има други ствари што ми бодат очи.

Aко во The Phantom Menace најголемата утка беше Jar Jar Binks, во Attack of the Clones тоа е катастрофалното сценарио. Да не зборам за тоа колку нема хемија меѓу актерите (движечката сила на оргиналната трилогија) тука, и тоа баш помеѓу МекГрегор и Кристенсен. За среќа, oва малку се подобрува во Revenge of the Sith.

Специјалните ефекти се на моменти претерани, а истовремено и толку лоши што неможам, а да не ги испцујам. Патетичната љубовна приказна, која всушнсот е главната тема на филмов, подобро и да не ја коментирам. Единствено нешто што вреди, е крајот, односно последниот пола саат од филмот.

Е, сега. Што го прави The Phantom Menace подобар? Лиам Нисон, Darth Maul и убавите спомени од детството. Па, да. Кога го гледав, имав некои 11 години и сеуште го доживувам исто. Освен тоа, не спиев за да ја играм играта за PlayStation тогаш, па ете уште една причина зошто сум толку приврзан за филмов.

Ми остана уште Revenge of the Sith. И покрај мааните, ми е многу по забавен од напорниот Attack of the Clones...

June 7, 2008

Повратак Џедаја

Кога ќе го кажам вака, се осеќам како да сум го гледал во кино во времето на СФРЈ. А, ми текна и на еден ретардиран крстозбор, каде што филмот на сликата испадна "Враќањето на Џедаја". Како и да е.

Крајот на оргиналната трилогија. Само што го излгледав по не знам кој пат. Return of the Jedi ги буди истите емоции како и претходните два филма, со тоа што тука ги има и језивите плишани Евокси од кои мислам дека цел живот ќе се плашам. Конечно Императорот (мојата омилена Star Wars играчка што ја поседувам) се појавува ко што треба, и се решава судбината на сите ликови во сагата. Нешто што навистина многу ме интересира, е тоа како се чувствувале оние фанови кои пред триесетина години го чекале овој момент.

Бесцелно е да се пишува или дискутира за тоа колку и зошто владее Star Wars. Најдобриот СФ серијал (на филмови) некогаш снимен, и крај. Понатаму нема што. Безвременски филм е, и мислам дека исто ќе се доживува и по 30 години. Не верувам дека во скоро време ќе има нешто што барем отприлика ќе успее да парира на Star Wars. И не, немој некој да пробал да споредува со Star Trek, тоа е сосема друг муабет.

Продолжувам со гледање на новата трилогија (I - III), која иако не ја сакам колку оргиналната, успева да ми го задржи вниманието и да ме забавува. Во меѓувреме, набавив Star Wars стрипови, па да завршам со филмовиве и ќе ги читнам.

Star Wars викенд

Барем 3-4 пати годишно ја гледам оргиналната трилогија, од кои барем еднаш ги фаќам филмовите на телевизија. Викендов ми излезе повеќе слободно време од планираното, па решив да седнам и да изгледам сè од почеток (IV - VI) до крај (I - III), вклучувајќи ја и анимираната серија The Clone Wars. Ех, кога веќе спомнав, летово излегува Clone Wars долгометражен, CGI, кој би требало да биде основа за нова серија која би се прикажувала на Cartoon Network. За ова, во некоја друга прилика.

Само што го изгледав The Empire Strikes Back, мојот избор од оргиналната трилогија, доколку треба да се каже омилен Star Wars филм. Најинтересно во врска со Star Wars, ми е тоа што на секое гледање откривам некој детал што не сум го приметил, или некоја грешка во снимање или слична глупост. Уживањето е потполно исто и мислам дека никогаш нема да биде поразлично. Од кога знам за себе и Star Wars, сè уште потскокнувам на одредени сцени, сè уште не дишам на lightsaber борбите и се нервирам што не го разбирам R2D2.

Ќе седнам до после или приквечер на Return of the Jedi, па од утре новиве три, иако не ги варам баш многу.

Успат, клик тука за најдобрoто прераскажуваање на A New Hope

June 4, 2008

The Dark Knight постери на куп


Прво, фала на екипата од "Сајт на денот" за рецензијата на Crapwerk. Симпатична рецензија, поздрав до вас. :)

Уште малку остана до премиерата на The Dark Knight, еден од филмовите што со душа ги чекав и чекам годинава. Излегоа еден куп добри постери и може да се ѕирнат на овој линк. А, горе, ете го мојот омилен. Едвај чекам да дојде 18-ти јули.

Филмов ќе биде закон, и уште повеќе се нервирам поради смртта на Леџер.