April 22, 2011

RIFT: 50 Level

Ете ја и 50-ката. Крај на левелирањето и почетокот на вечниот грајнд за опрема на кој и не сум баш најголем фан. Сега ќе може да видам што има да понуди RIFT во оваа фаза. Рејдови, expert инстанци и последниот warfront, The Battle for Port Scion.

Интересни три недели. Покрај тоа што TRION комплетно ја заебаа работата со првиот world event, играта има многу да понуди. Дека е револуција во MMORPG жанрот не е, дека е иновативна и свежа - тоа да. Како што зборев претходно, има уште многу работи кои треба да се досредат, како на пример, воведувањето на различни стартни зони или поинтересен транспорт меѓу нив. Поради тоа што секоја раса почнува со левелирање на исто место (во зависност од фракцијата), немам некоја желба да ги играм истите квестови по трет пат.

Колку ќе опстои, ќе видиме. Ако знаат во кој правец да ја тераат, тогаш во ред, ќе дадеме време. Зошто приметив дека TRION колку и да вложиле труд во играта, прават некои ужасно лоши аматерски грешки, дали за самата содржина или ствари како техничка поддршка, кои за многу кратко време (нема ни два месеци), успеаа да избркаат куп муштерии. Мене претплатата ми истекува за неколку дена, таман да направам мала пауза.

April 20, 2011

Зимата дојде

И тоа во април. И тоа како.

Ја гледав првата епизода ("Winter is Coming") на Game of Thrones, серијата базирана на серијалот книги на Џорџ Р.Р. Мартин, A Song of Ice and Fire. После сите фини најави изминативе месеци и хајпот што се створи, можам да кажам дека засега, ги исполни моите очекувања. Баш се погоди во период во кој сум расположен за било што со fantasy тематика.

Ветувачки почеток, иако приказната допрва ќе почне да се развива како што треба. Со ова што можев да го видам во првата епизода, сум задоволен. Книгите уште не стигнаа до мене, а веројатно нема да ги пипнам до крај на сезонава. Зошто ако епизодиве имаат ваков завршеток како пилотов, повеќе ќе сакам да си чекам нова секоја недела, без да знам што ќе се случи. Веќе е најавена и втора сезона, што значи дека и самите продуценти имаат верба во серијава. А, јас сум сигурен дека интересното допрва следува.

Game of Thrones е сместена во Вестерос, свет во кој покрај тоа што со децении се мрзнат од студ, туку и неколку благородни фамилии се борат за Тронот, притоа не бирајќи средства и начин. Продукциски е на завидно ниво, со неколку интересни имиња како Шон Бин (Боромир од Lord of the Rings), Лина Хедеј (The Sarah Connor Chronicles), новиот Конан (Stargate: Atlantis) и гарант уште некои други познати, скриени зад долгите коси и бради.

Серијата има грч ладна атмосфера, некоја отмена сериозност што и дава посебен шмек. Незнам до колку забегуваат со змејови и чуда во книгите, ама ќе сум пресреќен ако има малку по-хардкор fantasy елементи. Кога сме кај хардкор, нема хардкор, ама има софткор како во Boardwalk Empire. Умерено сега за сега, веројатно нема да претеруваат.

Како што кажав, мене супер ми е серијата. Незнам каква е како адаптација, ама ваква каква што е, е одлична. Еве тука трејлер.

April 12, 2011

Најава за Kingdoms of Amalur: Reckoning

Се чини дека RPG жанрот во 2012 ќе го тресе еден наслов кој уште од сега прибира армија фанови. Kingdoms of Amalur: Reckoning ќе биде сингл-плеер акционен RPG, сместен во fantasy свет. Зад проектот стои Electronic Arts, а на него се потпишани звучни имиња како Тод МекФарлејн, креаторот на Spawn, кој е одговорен за концептот на графичкиот дел и Кен Ролстон, кој публиката го знае како главен дизајнер на The Elder Scrolls III: Morrowind и The Elder Scrolls IV: Oblivion (кои мене никогаш не успеаа да ми го земат вниманието).

Играчите во Kingdoms of Amalur: Reckoning ќе може да изберат некоја од четирите раси и ќе може да го развиваат својот херој преку три дрва за класи, секое со 22 различни способности, магии и слично. Самиот гејмплеј, односно борбите, се опишани како хибрид помеѓу Oblivion и God of War. Со оглед на тоа што играта покрај PC издание, ќе има и Xbox 360 порт, овој начин на играње, ми делува најадекватно. Чим ќе може да се игра на џојстик, користењето на тастатура би се свело на минимум.

Интересно е да се спомне што при раните фази на развој на играта, била замислена како ММО, но подоцна се одлучиле да ја тераат како сингл-плеер. Сепак, луѓето зад Amalur, не ја исклучуваат можноста за ММО сместено во овој универзум.

Играта ја развива 38 Studios. Трејлерот може да се погледне на овој линк. Од тоа што може да се види, за неколку месеци ќе треба да се размислува за нова графичка и плус RAM меморија.

April 10, 2011

Surrogates (2009)

14 години пред дејствието во Surrogates, група научници предводени од д-р. Лајонел Кантер (Зефрам Кокрејн), започнува експеримент кој сосема ќе го промени светот. Крајниот продукт се Сурогатите, машини кои луѓето можат да ги контролираат од дома, преку соодветна апаратура, и кои би им овозможиле да ги прават сите секојдневни работи, без да бидат (баш) физички присутни. Првенствено наменети за физички хендикепирани лица, Сурогатите стануваат се повеќе популарни и достапни буквално за секој. Со текот на годините, речиси секој користи Сурогат направен според сопствениот лик (или по своја мерка) и го управува лежејќи дома. Криминалот е опаднат за 90%, а повеќе и нема жртви во сообраќајни несреќи, бидејќи ако нешто му се случи на Сурогатот, сопственикот нема да настрада, едноставно ќе набави нов. Дури и армијата ќе може да користи Сурогати, управувани од истренирани војници.

Идејата секако дека звучи интересно, меѓутоа за да биде филмот допадлив, ми требаше некое време за убаво да ја впијам, за да прави смисла. Прашањата што мене ми се наметнаа додека го гледав Surrogates, најчесто беа во врска со тоа како толку бргу толкав процент од човештвото успеал да ги прифати, целосно излирајќи се од скоро секаков контакт со живи луѓе? Покрај новиот мрзлив светски поредок кој "оди"по цигари доле до продавница управувајќи Сурогат, во САД живее мала група луѓе кои ги отфрлиле овие машини. Бунтовниците, предводени од Пророкот (дебел растафаријанец, го глуми Винг Рејмс) се малцинство кое живее буквално без никаква технологија и се во прогон (ги викаат 'meatbags').

Каде доаѓа Брус Вилис тука, си реков и јас. Брус Вилис е детектив (нормално) кој исто како и повеќето, ги решава случаите од дома, преку неговиот Сурогат. Како што спомнав погоре, доколку Сурогатот "умре", неговиот сопственик останува жив, а за здрав - тоа е дискутабилно. На улиците низ кои шетаат САМО Сурогати, се појавува некој со специјално оружје кое не само што ги убива Сурогатите, туку ги убива и луѓето што ги контролираат. Брус Вилис, покрај сите проблеми што ги има во приватниот живот, а ги има повеќе и не му е баш лесно, го губи својот Сурогат и додека му набават нов, принуден е да ги решава убиствата со неговите живи, од крв, месо и сало, раце.

Surrogates има интересен пресврт, нема да кажам како ќе се одвива понатаму. Очекував пресврт од самиот момент кога почна приказната, само што не успеав точно да предвидам што ќе се случува. Затоа и ми се свиѓа филмот, не одеше до крај со сите клишеа. Секако, Брус Вилис мора да има и некоја акциона сцена, така да не сме поштедени ни тука. За среќа, умерено, акцентот е повеќе на некои други ствари. Исто така, секогаш се радувам на високобуџетни амбиции кои завршиле како 'B movie', кој ќе биде култен за десетина години, иако сега му се смеете. Идејата за филмот е сосема океј во тие рамки, па дури и не се обидува да биде нешто повеќе.

За второ гледање - вреди. И, покрај тоа што делува претенциозно и сериозно, воопшто не е. Релаксиран филм. На фанови на Асимов, може и ќе им се свиѓа. :)

Филмот е базиран на стрип за кој незнам ништо.

April 6, 2011

The Clone Wars: Крај на трета сезона

Минатава сабота, The Clone Wars ја заврши својата трета сезона. Искрено, очекував нешто повеќе од финалето, но во никој случај не беше лошо. Во последните две епизоди, Асока ќе се најде заробена на месечина на која воини од расата Trandoshan ловат претходно заробени Џедаи. Додека групата се обидува да преживее и бега од 'предаторите', се среќаваат со екипа Вукија меѓу кои се наоѓа и младиот Чубака.

Како за финале, можеле и нешто пооргинално. Двеве споени епизоди ми се некако повеќе како за во средина на сезона, отколку за крај. Доколку мислеле дека ќе пројде како такво, само заради Чубака, не мислеле доволно. Океј, интересно беше да видиме неколку ликови од оргиналната трилогија сезонава, само што кога вака претеруваат некако се губи шмекот и делува исфорсирано. Истово ова со Чубака го направија и во Revenge of the Sith (да не речам цела нова трилогија), ама потполно исто. The Clone Wars си е сама по себе океј серија и супер си функционира така, и навистина нема потреба од "вадење" со стари ликови или чепкање на стари приказни. Оставете си ја серијата да си биде тоа што е.

За третава сезона се збореше дека ќе биде последна, ама изгледа тешко тоа, затоа што веќе е најавена четврта од есен. Се надевам дека ќе продолжат со истиот квалитет кој го држеа сезонава. Анимацијата, приказните... па, нека има и некоја референца до изворниот материјал, меѓутоа нека биде умерено и без Хан Соло.