June 23, 2012

Почна новата сезона на Futurama

Good news, everyone! Почна новата сезона на Futurama, со две епизоди една по друга. Уште лани тоа го сфатив, неделната доза на Futurama во лето е крајно освежувачка. Веќе има доволно анимирани серии од овој тип преку цела година, така што вака е сосема океј. 


Futurama веќе се адаптираа на денешницава уште лани, без воопшто да го изгубат сјајот на првите сезони. Некаде ќе запнеа, но генерално истераа одлична сезона. Минатата сезона веќе има епизоди кои ќе заминат во историјата како класика.

За поздрав е и тоа што решиле да го прифатат мимот (доколку го изговараш "меме", размисли дали двојката по Англиски во школо ти е заслужена) со Фрај кој стана популарен во меѓувреме. Така и ја отворија сезонава. Двете епизоди беа супер, имало и подобри, но овие се таман за стандардот на Futurama. Втора е за нијанса подобра од првата, барем мене ми беше позабавна. Без многу спојлери, повеќе нека биде како тиз - Futurama во таа епизода ја нудат нивната верзија на 2012 глупоста, односно крајот на светот во 3012.

Седмата сезона ќе има 26 епизоди, со пауза од неколку месеци по првите 13.

June 22, 2012

ДОЏИ НА БЕД КОПИ ЖУРКУ!

Пред некоја недела ги видов Bad Copy на постер за хип-хоп фестивал во некоја српска вукојебина. Чекај, се реоформиле? Да! И, доаѓаат тука следната недела! 

Bad Copy ми обележаа еден преубав период од оваа младост. Редовно си пичеле во позадина на сите собиранки, скари, на слушалици во автобус, во кола со спуштен џам и лактот надвор, во ќенеф, за време оплодње, на испит...

Откако се распаднаа, неколку пати го гледав последниот настап на Егзит 2008 на кој што не бев и никогаш не си простив. Мислев дека приликата да се видат пак во полн состав е одамна пропуштена. Ги гледав посебно Ајзак и Тимбе и Виклер, ама не беше тоа тоа. Еве што вика ивентот:

На 28ми Јуни( Четврток) во летниот клуб Сектор 909 ќе настапи најпознатиот балкански хип хоп бенд Bad Copy од Србија заедно со македонскиот диџеј Гоце.

Ова ќе биде прв заеднички настап на Ајс Нигрутин, Тимбе и Скај Виклер по 4 годишна пауза.


Bad Copy е основан во 1996та
година од АЈс Нигрутин и Мики Бој. По смртта на Мики Бој во 1999 год кон бендот се приклучуваат Скај и Тимбе. Заедно снимаат два албуми, Све сами хедови (2003) и Најгори до сада (2006). Познати се по нивните многубројни хитови од кои може да се издвојат Uno Duo Tre, Idemo Odma, Zhurka, Dushmanka..

Во 2008ма го паузираат Bad Copy и продолжуваат соло проекти. Овој нивни заеднички настап е најава за нов албум кој е во подготовка и треба да излезе до крајот на годината.

Заедно со Bad Copy ќе настапи и диџеј Гоце кој е резидент диџеј на забавите секој четврток во Сектор 909. Забавата започнува на полноќ а влезот е 300 денари

Најавуваат и нов албум. Едвај чекам! 43-23!

Нека се множат!

Криво ми е што од овој плејоф единствено што успеав да видам беа рикепите сабајле на работа. И, тоа баш тој плејоф каде што Мајами доминираат на паркетот. Освен тие неколку минути со најдобрите моменти ("Лееее", "Ијаааа", "Браво, браво", "Аииии"), не видов ама баш ништо.
 
Кралот сега си е заслужено крал. И тоа со прстен. Риспект и  за Оклахома што воопшто стигнаа до тука. Ни мене не ми се веруваше дека е можно.  Нека цепа сега НБА на одмор, а јас симнувам да видам што се случувало ноќеска. Честито!

June 19, 2012

Новите DC: Batman Annual #1

Ах, каде да почнам. Прочитан е пред недела дена, а ограниченото слободно време не дозволува пост каков што заслужува. Затоа и ќе бидам краток. 

Бетмен како лик добива посебен третман откако DC се решија да ги ребутираат насловите. И, упорно ќе ги верглам истите работи за Скот Снајдер, за Грег Капуло и за тоа колку е добро тоа комбо. До сега, цепаат напред со приказна која веќе има антологиска тежина. Барем според мене. 

За ова Annual издание, Скот Снајдер е појачан од двајца релативно млади автори, Џејмс Тајнон и Џејсон Фабок. Првиот е бивши студент на Снајдер, повикан лично од него како ко-сценарист, додека другиот има само 27 години и "чкртка" The Dark Knight.

Заедно, во ова издание, го донесоа Мистер Фриз назад во освежениот универзум на DC. И тоа со феноменална приказна за неговото потекло, многу појезива од таа што е општо/грубо позната. Снајдер точно знаел како да го чепне ликот, да го направи посуров и да му даде една темна димензија која одлично се вклопува во оној Готам кој го постави во Batman. Тајната, мотивот и идејата на Виктор, го прават посериозен од било кое друго негово издание што сум го видел.

Бидејќи во тек е Night of the Owls, логично е приказната некако да се преклопи и тука. Има еден интересен детал кој спојува неколку точки. Иако можеби изгледа исфорсирано, вториот пак кога го листав, некако и направи повеќе смисла. Веќе имаш ивент кој се шири низ повеќе наслови, зошто да не ја искористиш приликата да го врзеш и тука. Барем некои работи добија и (логично?) објаснување. А, Пингвин ми беше изненадување кое не го очекував.

Со Фриз е далеку од готово. Не верувам дека ќе се врати во скоро време, но знам дека следното ќе биде уште подобро. Браво за уште еден одличен наслов.

Види такоѓе:

Фин почеток на TRON: Uprising

Без многу галама, конфети и трепкачки банери, почна TRON: Uprising. Случајно видов дека излегле две епизоди и додека се освестам дека конечно почнало ова, излезе трета. 18 планирани за првата сезона, секој четврток по една. Цело лето. Првата епизода е всушност колаж од десетина кратки сегменти поврзани меѓусебно, доволни да постават основа за приказната. 


TRON: Uprising го следи Бек (Елајџа Вуд), програма од Гридот, кој крева востание против Clu, под менторство на оргиналниот Трон (гласот е на Брус Бокслајтнер!). Мислам, ништо посебно, класична херојска приказна за наменета за деца, тајни идентитети, тинејџерски маки... Така почна, а и некако е логичен почеток со оглед на целната група на која се сервира. Што не значи дека нема да се развие во нешто посериозно, како што беше случајот со The Clone Wars. Нешто што ќе може повеќе да ги заинтересира и малку повозрасните деца.

Спомнав дека Ланс Хендриксен е гласот на негативецот Теслер? Гласот на Гридот? Триша Хелфер! Проверена екипа, се гледа дека Дизни се потрудиле да најдат звучни имиња кои ќе привлечат публика и не се некој лукзус.

Анимацијата е 2D, со аниме шмек. Мислев дека TRON: Uprising подобро ќе изгледа како The Clone Wars, ама и вака е супер. Ако знаеш да го доловиш амбиентот од TRON: Legacy, не е битен стилот на анимација. Дури и музиката е инспирирана од онаа на Daft Punk. Блиску до тоа, но доволно различно за да намалат трошоци.

Мене ме имаат како редовен гледач. Дури и рекламите што изрипуваат од нигде на среде епизода стигнуваат до мене. И, друга работа. Серијава, или ја сакаш или не ја сакаш. Исто како и со филмовите. Не е ништо повеќе, ни помалку од нив.

June 11, 2012

Prometheus (2012)

Ако нешто може да ми го сјебе денот, тоа е моментот кога од кино излегувам како попарен. Особено после филмови на кои сум се кладел. И, ако нешто не сакав, тоа е Prometheus да биде срање. Не успеа ни малку да се доближи до моите очекувања, кои нели, беа напумпани повеќе од вообичаено. А, се ложам на многу ствари, и често ме купува добро осмислен вирален маркетинг. Цел ден мрчам за Prometheus кај стигнам, па додека е вруќо, да образложам и зошто. Прва работа, муабетот подолу е комплетно субјективен, а втора, има поголеми спојлери од оние на Елена Ристеска. Значи, доколку го немаш гледано филмот, не читај, а ако си го гледал, слободно пробај да ме убедиш колку не сум во право.

Да не испадне дека сум ептен серко, ќе кажам прво што ми се допадна. Првата сцена има интересен концепт, доволно ефективен и ветувачки. Иако самата идеја не е воопшто нова, сцената беше неверојатно моќна. Режијата на Ридли Скот е беспрекорна, како и (речиси) целиот дизајн и атмосферата низ филмот. Толку. Да преминам на делот каде што објаснувам како Prometheus испадна најголемото разочарување годинава.

Филмот почнува да смрди на само неколку минути од првата сцена. Двајца тотално нехаризматични археолози наоѓаат цртежи во пештера кои веднаш ги дешифрираат како покана за средба со оние кои ги оставиле. Уште не почнал филмот, во една реченица го поставуваат мотивот за мисијата. Мисија во потрага по "инжинерите" на човештвото. Мисија составена од група дебили, аматери, предводена од Гај Пирс лошо маскиран во старец. 

Тука доаѓаме до мрзливото пишување на Дејмон Линделоф. Или Ридли Скот му ги влечел конците носејќи го Prometheus кон пропаст, или господинот со одврзани раце ја злоупотребил довербата. Дали некој воопшто го прочитал сценариото пред да почне филмот со снимање? Дали? Сериозно. Значи, ја имаш најважната мисија во историјата. Иако е спонзорирана од приватна компанија, тоа не значи дека треба да собереш група клошари од улица кои не се ни познаваат. Во обид да се референцира Alien со ваков гамад од екипаж, трпи идеја далеку поголема од таа тогаш, која заслужува барем малку поелегантен третман. 

Бројот на екипажот е 17. Неколку кретени, Шарлиз Терон, Идриз Елба, азијат и андроид. Од сите нив, видовме само неколку, додека другите нелогично изгинаа на крајот за да ги спасат оние што успеаа да преживеат. И, тоа во неспектакуларна самоубиствена мисија која можеше да ја изведат еден или двајца. Очигледно Линделоф немал претстава што да прави со ликовите, и решил да ги елиминира при крај. Ова ми е познато од еден храм сместен на извесен Остров. Зошто воопшто беа таму кога никако не учествуваа во приказната? Дали самиот број на екипажот е некоја скриена порака по која сега трагаат оние кои мислат дека Prometheus е повеќе од она што можеше да се види?

Како тоа биолог на мисија во факинг вселената е дојден тука за пари, а не за пријателство? Како планираш да направиш пари доколку не соработуваш со луѓе кои се ебено битен дел од твојата печалба некаде у пизду матер, у среде свемир?! Која беше потребата од таква реплика кога и онака ликот беше апсолутно небитен, освен тоа што умре понижувачки од фалусоиден интерстеларен црв? Се извинувам ако не беше тој ликот, сите ми беа исто мутави. "Јас дојдов тука за камењата, вратете ме на бродот!" Имаш камења секаде околу тебе, алооо!

Следен шаблон. Девојка која не успева да забремени. Во истиот момент конташ дека за некоја минута ќе забремени и тоа од вонземјанин. И, сама ќе си направи царски рез, ќе се захефта и ќе си продолжи да си ја брка својата работа, како ништо да не се десило. Лик кој веројатно бил запишан како "новата Рипли" пред да почне филмот со продукција. Сериозно? Сигурни Вивер би ѝ го искорнала вонземјаниот со заби од утроба на оваа. Рипли има муда. Веројатно поголеми од тие на црнецот што ја натовари Шарлиз Терон.

Имаш ликови кои отвараат врата на опасноста што тропа, андроид кој објаснува на публиката зошто става шлем, очаен обид за пресврт (сериозно беше жив Гај Пирс, сериозно ѝ беше татко на Шарлиз Терон? Каков шок! Зошто воопшто се преправаше дека е мртов? Со која цел?) и сцена која се повтори два пати во случај да некој ја пропушти зошто не, не траеше десет минути. Зборам за мапата, нормално. Ксеноморфот на крајот ми беше смешен, баш во истиот момент станував да излезам без да гледам назад. Сигурно пропуштив уште еден куп ствари, ама па затоа спомнав што ми беше океј, останатото го отфрлам како комплетно бесмислено срање.

tl;dr: Филмот е очајно глупав, празен и навредлив за интелигенцијата на публиката. А, изгледа добро, рака на срце. Како плавуша од виц.

June 10, 2012

RIFT: Видео од Storm Legion и новата мапа

На E3 пред некој ден, Trion покажаа гејмплеј видео од новата експанзија Storm Legion. Импресивен дизајн, најдобриот до сега во играта. RIFT во новата експанзија најавува уште поголеми суштества и босови, многу поголеми од тие што ги има сега. На видеото е прикажан еден од нив, Volon, кој кога играчите ќе го победат, влегуваат во друга нова зона. Како што се збори, Volon ќе беснее низ еден од новите континенти, па ќе бидат потребни поголеми групи за да го спречат. Зоната во која се одвива борбата од видеото е сосема нова.

Тука нема вегетација, само расте жбидељ.

Конечно и новата мапа (сеуште во изработка) на двата нови континенти, Dusken и Brevane. Исто така, мапата го откри и името на континентот на кој се одвива играта моментално, а играчите го викаа Телара. Всушност, Телара е планетата на која се сместени сите овие континенти и острови. Dusken и Brevane се огромни, како што беше ветено. Се надевам ќе успеат да сместат некои зони и за помалите левели, зошто патеката за левелирање во моменталните е веќе досадна.

Летово ќе има уште многу новости, па ќе ги ставам тука, без разлика дали некој го занима или не.

Дополнување: Излезе списанието Дигитален Гениј со мојот текст за RIFT.

June 9, 2012

Во очи на Prometheus

Картите се купени вчера, одиме утре во 22:30 со екипата со која најдобро си поминувам на кино, и сум ги имал најдобрите и најлошите кино искуства. Оваа година се коцкав на Prometheus, па утре ќе видиме каков ќе биде исходот. Ридли Скот, трејлерите, музиката и виралниот маркетинг ме купија како просечен американски тинејџер. Очекувањата ми се високи, но...

Тие што го гледаа вчера, не излегоа баш среќни, а сме тука некаде со вкусот.  Без спојлери, впечтокот бил дека филмот визуелно е феноменален, додека потфрла кај приказната. Иако сето тоа е субјективно, не е возможно да се игнорираат и негативните рецензии, како и релативно нискиот рејтинг на IMDb. Не дека рејтингот е објективен и реален, меѓутоа за Prometheus очекував бројките да збеснат. Обично вакви хајпани филмови уште првиот ден високо котираат на листата на најдобри 250. 

Ќе го гледам утре, ќе пишам во текот на следната недела. Нека легне. Од друга страна, за The Dark Knight Rises имам сосема спротивни очекувања. Тоа што досега го видов од трејлерите ме остави рамнодушен, особено Селина Кајл. The Dark Knight ме натера да ги бројам деновите уште од првиот момент кога го видов Хит Леџер како Џокерот...

Инаку постерот горе е fan art. Премногу е добар за да не го споделам тука.

Што после The Avengers?

Прашината што ја крена The Avengers сеуште е некако присутна. Во меѓувреме, и вестите за следните проекти на Marvel не сопираат. The Avengers не само што ја зацврсти основата на идните филмови, туку постави и нови граници, како за ликовите, така и за оние кои се одговорни за нивното пресликување на филмското платно (кое годинава за среќа е дел и од загушливи кино сали во вукојебини како што сме ние). Што доаѓа наскоро?


Iron Man 3 адаптира приказна која исторски гледно, го префрла ликот во модерно време, нудејќи освежена историја и потекло на оклопот на Тони Старк. Extremis (на Ворен Елис) ќе послужи како основа за третиот дел, каде што конечно ќе го видиме и неговиот најголем душман, Мандарин (Бен Кингсли, браво за изборот). Сабајлево го читав Extremis, приказната е одлична. Настаните некако соодветно би се надоврзале на тоа што досега го видовме во преходните два, со логичен прогрес на ликот и експанзијата на универзумот во кој е сместен. Технолошкиот скок напред на самиот Iron Man, значи и ниво погоре за предизвиците со кои и The Avengers би можеле да се соочат. Iron Man 3 доаѓа следната година, во мај.

Thor 2 почнува со снимање следниот месец, а премиерата е закажана за ноември 2013. За разлика од Captain America 2, изборот за режисер е некако поуверлив и сигурен. Алан Тејлор зад себе има огромен број на епизоди од серии со звучни имиња меѓу кои и Game of Thrones. Изборот дали е поради маркетинг, не е битно, битно е дека имаат човек кој може уште подобро да го пренесе Азгард.

Captain America 2 ги добива браќата Русо (Community) како режисери. Иако изборот е некако чуден, мислам дека воопшто нема никаков простор за сомнеж, зошто сценаристите се истите од првиот дел. Она што му треба на филмот е издржана приказна. Со The Avengers го 'проодеа' во денешно време, сега треба да го видиме како трча и дига лошотии на клоци, сам. Уште нема сериозни информации за приказната, а и има време, зошто филмот излегува за две години.

Продолжението на The Avengers е исто така неизбежно. Или после оваа тројка, или пред Captain America 2, во мај.

Види такоѓе:

June 4, 2012

Онака, за John Carter...

Очигледно сиромашниот маркетинг на Дизни е причината поради која филм како John Carter останува невидлив. Штета. Најмногу за трилогијата која најверојатно нема да биде. Мислам, поминуваат глупости како Cowboys & Aliens и Clash of the Titans римејци (и слични филмови со портокалов филтер), еј. Ќе се појави нешто што е баш авантура и соодветно за жанрот, и никој не го ферма. Пак ќе кажам, ако сакаш филмот да ти заработи во САД, рекламирај го, плескај им го на луѓе во фаца, и по порно сајтови ставај банер со линк до трејлерот. Без разлика колку и да е срање, ќе го гледаат. Се хајпам и јас лесно некогаш, така да знам што зборам.

John Carter е два саата чиста забава. Нема комплексна приказна, нема да ти го смени животот, меѓутоа пружа визуелно уживање, добра акција во умерена доза и чат-пат ќе те насмее. Да, CGI вршти буквално на сите страни, но е некако убаво спакувано и го прави светот околу баш живописен, иако филмот се случува во некоја пустинска вукојебина на Марс (или Барсум, како што си ја викаат тамошните жители).

Филмот е адаптација на книга која никогаш не сум ја читал. Главниот јунак е Џон Картер (хм, да), ветеран од Американската граѓанска војна кој во потрага по злато, ќе заврши на Барсум, среде конфликт на две страни и племе локални индијанци, познати како Таркови. Нормално, Џон Картер таму е повеќе од обичен 'вонземјанин' (да, знам) зошто слабата гравитација на планетата ќе го направи малку помоќен во однос на останатите. И, нели, чим филмот се вика како и главниот лик, не е тешко да се претпостави дека е клучен за судбината на планетата. Сепак, иако на моменти е предвидлив, тоа не го прави ништо послаб. Актерите се супер, а карактерите какви-такви, за ваков лајт филм се таман. Имало и полоши, во филмови што се неосновано извикани.

John Carter има атмосфера која е ретка, барем јас ретко можам да ја осетам, а се среќава во Star Wars, па дури и Flash Gordon. И, Dune? Мене барем ми дојде како фин микс на делчиња од фикција што ми е драга, па уште ако спомнам дека костимите изгледаат како да ги дизајнирал истиот тип што ги дизајнирал и во RIFT?

Тука некаде ќе скратам, да остане нешто и по второто гледање.

June 1, 2012

Најава: Storm Legion, првата RIFT експанзија

По две недели шпекулации, врз основа на некои "протечени" детали од PTS (Public Test Shard), сега е официјално - RIFT добива експанзија! Прво се појавија имиња на шест нови зони, па текстури од непознати континенти, а врвот беше мистериозниот пакет кој го добија PC Gamer пред некој ден. Во меѓувреме, "по грешка" се појави и трејлер на YouTube кој беше тргнат по неколку минути и извештај за регистрација на домејн кој сега е официјалниот сајт на експанзијата, Storm Legion.


Бројот на претплатени играчи изминатиов период и не е нешто сјаен. Но, очигледно Trion не седат така спокојни додека кешот се одлива на друго место. Месецов ќе го објават 1.9 печот со новиот Conquest мод (војна меѓу три нови фракции кој ќе се протега низ цела зона) и Summerfest ивентот. Следното нешто е токму оваа експанзија, која авторот на текстов ја чекаше од првиот момент кога стапна во Телара. 

Storm Legion ќе ги ослободи последните два змеја, Crucia и Regulos.  Логично ќе беше да видевме експанзија откако сите шест змејови ќе беа мртви, меѓутоа овој потег е единствениот спас за RIFT. Storm Legion донесува нови два континенти, со кои три пати ќе се зголеми светот кој е достапен моментално. Плус 10 левели, 4 нови души, 7 данџни, 3 рејда и нов Chronicle. Нов мод за лов на ретки суштества, Димензии (player housing што толку се бараше) кои ќе послужат како дом за играчите и гилдовите и еден куп нови работи кои допрва ќе бидат најавени. Буквално сè што побараа играчите, Trion го исполнуваат со експанзијата.

Storm Legion се очекува негде на есен.