June 8, 2008

Attack of the Jar Jar

Star Wars маратонов ми продолжи и денес. Само што го изгледав Attack of the Clones, убедливо најслабиот филм од целата сага. Првпат го гледав кога излезе, и тогаш повеќе обрнав внимание на фрустрирачките специјални ефекти, отколку на сценариото и самата приказната. Ајде, еве, додека ја гледам новава трилогија се трудам да не припазувам на иритирачки детали кои се битни за канонот, ама има други ствари што ми бодат очи.

Aко во The Phantom Menace најголемата утка беше Jar Jar Binks, во Attack of the Clones тоа е катастрофалното сценарио. Да не зборам за тоа колку нема хемија меѓу актерите (движечката сила на оргиналната трилогија) тука, и тоа баш помеѓу МекГрегор и Кристенсен. За среќа, oва малку се подобрува во Revenge of the Sith.

Специјалните ефекти се на моменти претерани, а истовремено и толку лоши што неможам, а да не ги испцујам. Патетичната љубовна приказна, која всушнсот е главната тема на филмов, подобро и да не ја коментирам. Единствено нешто што вреди, е крајот, односно последниот пола саат од филмот.

Е, сега. Што го прави The Phantom Menace подобар? Лиам Нисон, Darth Maul и убавите спомени од детството. Па, да. Кога го гледав, имав некои 11 години и сеуште го доживувам исто. Освен тоа, не спиев за да ја играм играта за PlayStation тогаш, па ете уште една причина зошто сум толку приврзан за филмов.

Ми остана уште Revenge of the Sith. И покрај мааните, ми е многу по забавен од напорниот Attack of the Clones...

3 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Кецот САКС: шиндлер е ок..мееех, џа џа УБЕР САКС!
Двојката: I slaughtered them like animals. All of them. And not just the men, but the women and the children too... најлоша улога евер!
Тројката: ок... горе доле ок... али не се мери со Empire

Anonymous said...

кецот и тројката се најдобри нови Star Wars филмови после петката. Добрата атмосфера на кецот е малку нарушена со детинестото понашање на Jar Jar и филмот малку наликува на комедија на тие сцени а посебно кога се на Tattoine (таму Jar Jar има 300 глупости направено). Во тројката нема многу негативности, тој е најмногу сличен на старите Star Wars дали заради создавањето на the Empire или појавувањето на Darth Vader. Којзае зошто....

Бојан Николов said...

Па, Jar Jar е замислен како лик кој би и се допаднал на помладата публика. За жал, постигна негативен ефект кај другите фанови. Добро, и ја бев дете тогаш и го мразев Jar Jar. :)

RotS е кул, штознам. Кристенсен не е толку лејм ко во AofC. Башка, Darth Vader на крај, иако го очекував многу порано во филмот.