March 30, 2007

Linux: Нов Почеток

Моето прво искуство со Линукс, за жал непријатно (беше интересно на почетокот!), беше лани со Ubuntu дистрибуцијата. Понесен од желбата да испробам нешто ново, згрозен од проблемите кои низ годините ги трпев со Windows, се одлучив за слободен софтвер. Знаев дека е различно, читав, пробував live цедеа, читав, правев муабет со искусни Линуксаши... Створив слика за Линукс и за тоа што тој претставува, и почнав да ги разгледувам дистрибуциите кои ми ги препорачуваа, односно кои биле погодни за почетници. По кратката употреба, сфатив дека Ubuntu не е за мене. Додуша, можеби премногу бев навикнат на благодетите (ха!) кои ги нуди Windows, едноставноста при користење и сл. Освен тоа, не бев навикнат на толку честа употреба на конзола.

Како почетник, можам да кажам дека
Ubuntu не е за почетници. Знам дека е индивидуална работа, но сепак, на прв поглед, неубаво изгледа (океј, се подесува изгледот), чуден е за работа... Се трудев некое време да го засакам, понекогаш успевав, но на крај пак завршив со Windows XP...

SuSE 10.2


Кога веќе живеев со мислата дека Линукс ќе го оставам за некои подобри времиња, налетав на
SuSE 9. WOW! Први импресии: поубав, полесен, user-friendly. Личи на Windows. Се решив дека ова ќе биде мојот нов Линукс. Излезе openSuSE 10.2. Го симнав. Лесен е за инсталација, го инсталирав сосема сам, додека за Ubuntu-то мораше да барам помош од Линукс експерти, кои верувам дека ако би ги спомнал на блогов, би ми заклале на спиење. :)
Се решив, утепав цел ден во правење backup и ослободување партиција. Собрав храброст, рестартирав, го ставив ДВД-то. Се бутираше. Бев изненаден од едноставноста што ја нуди openSuSE 10.2, инсталацијата е речиси иста како на Windows XP. Моментално сум во фаза на конфигурирање на SuSE-во, и го прилагодувам на моите потреби. Ќе пишам повеќе кога ќе се спастрам. До тогаш, на почетници како мене, им го препорачувам SuSE 10.2. Ако грешам, ќе видите сами. :)

March 13, 2007

Thang On-Line

Неколку години успешно ја избегавам World of Warcraft, пошто знам дека ќе ми го досјебе социјалниот живот (имам бе, имам!). Арно ама, не ги избегнувам останатите MMORPG игри. Кога ми скурчија browser-ските стратегии, се префрлив на THANG. Случајно ја открив летото 2006, барајќи нешто околу он-лајн RPG игрите. Ај, божем да ја пробам, па се навлеков, навлеков уште неколку другари... Играв неколку месеци, кренав јак lvl, не играв неколку месеци, ми го скинаа акаунтот... Јебига.

Почнав пак. Прво пред некој ден, ама си го заборавив јузерот и пасвордот (ewwww...), денес си направив нов. :) Херојот ми се вика TedBundy, заебан мајкоебач е, кревам левели моментално...

Доста беше за мене, дај малце за играта. Значи, fantasy MMORPG, скроз бесплатна. Се симнува од официјалниот сајт, тежи околу 400 MB. Потребен е само акаунт кој исто се регистрира преку официјалниот сајт.

Има убава 3D графика, можеби околината е малку монотона, но тоа е тоа. Исто така, лошо е што има само три раси за играње, не толку многу голем избор на оружја и опрема... Во секој случај, луѓето зад играта, се трудат (некогаш и не многу) да ја направат подобра, иако не забележав некоја голема промена од летоска до сега.

Треба и малку повеќе трпение за да се напредува во играта, затоа предлагам формирање на мали групи, се додека не се здобиeте со потребен левел за guild.

Тоа е тоа, најубаво е сами да си ја пробате. Клик тука.

March 9, 2007

Новата South Park, новата Lost...


Ги симнав штом се појавија на интернет, значи ноќта среда према четврток. South Park ја чекав новава сезона, неколку месеци. Увек ме нервираат тие долги паузи меѓу сезоните. Lost, фино си ги изгледав првите две сезони уште во септември/октомври, и чекав да излезе целата трета и тек тогаш да си ја изгледаам на раат, без да чекам секоја среда за нова епизода. Јебига, се заебав пред две недели, симнав се што излезе од трета, и сега си ја чекам секоја среда. И за South Park и за Lost.
South Park имаа одличен почеток на новата сезона. Треј Паркер и Мет Стоун се тотално нездрави. Овојпат тема на епизодата е фрката околу банирањето на зборот "nigger" во Америка. Супер епизода. Кога ќе ми текне дека минатата сезона имаше ужасен завршеток...
Lost малце го затупеа прошлата епизода. Да не речам со прошлите две. Некако тапкаа во место. Епизодава оди чекор-два понапред. Како што разбрав, серијата ќе има пет сезони, така што има време за све. :)

March 5, 2007

Сasino Royale (2006)

Филмов го чекав четири години. После толку шпекулации кој биде новиот Бонд, изборот падна на Даниел Крег. Многумина беа разочарани, меѓу тие бев и јас. На прв (втор, трет и така натаму) поглед, делува тотално различно од глобалната претстава за Бонд, архетипот што го создаде Конери. Мур беше различен, но сепак си ја обработи одлично работата. Иако имаше неколку други актери кои ќе одговараа на улогата, по гледањето на филмот сфатив дека Крег и не е толку лош избор. Конечно го гледав новиов. Целта на филмот беше да го претстават 007 во поинакво светло, и веројатно тоа им успеа. Крег го претставува Бонд во многу посурова и поладна варијанта. Нормално, не е тотално без емоции, барем што се однесува до жените во филмот. Во неколку точки ќе се обидам да го пренесам впечатокот што ми го остави филмот. 
 
 
Режија, сценарио и фотографија

Од овој аспект, ме бендиса ептен. Режија и фотографија, феноменална. Сценриото беше задоволително. Можеби требале да внесат повеќе хумор како во филмовите на Мур, и повеќе реплики за памтење, но тоа е тоа. Приказната си беше океј. Филмот сам по себе си е супер. Ако почнам да го споредувам со претходните, ќе извлечам заклучок дека е срање.
Акција

Уште во првите 10 минути бев пријатно изненаден. Сцената со бркањето на почетокот? Дефинитивно ќе се памти. Се работи за Бонд филм кој потсеќа на старите филмови. Акција, брканици, пукање, тепање... без многу СФ направи, или претерани компјутерски ефекти како во изминатите филмови. На кој Бонд до сега му кршеле јајцата и ебел без проблем после тоа?

Бонд девојки


Ме разочара фацата на Катерина Мурино. Има убаво тело, ама грда фаца. Ева Грин е океј. Ја заприметив и Ивана Миличевиќ. Тело, фаца.. баш таман. Штета што толку мала улога и дале.

Негативци


Интересен е ликот на Le Chiffre, а и Мадс Микелсен ја има таа злобна фаца. Можеби делуваше пичкесто на моменти, со слаб авторитет, ама тоа е тоа. И не го бива за покер. Други негативци нема, нема многу забележителни хенчмени...

Кастинг

За Бонд и девојките, кажав. Џуди Денч е одлична како М. Ама како можеле Феликс црнец да го направат!? Како?! Да ти ебам и политичка коректност и се! Останатите си беа таман. Мор ор лес.


Overall

Веројатно опфатив тоа што мислев дека треба. Не ми се свиѓаше колата на Бонд, и ми сметаше прекумерната употреба на
Sony Ericson во филмот. Претерале со рекламирање, ама барем знам дека имам иста марка на мобилен како Џејмс Бонд. Филмот е добар. Пријатно ме изненади, иако очекував дека ќе го плукам, како што го плукав Batman Begins. Музиката си беше океј, само што можеле повеќе да ја искористат добро познатата Бонд тема.

Си купив карта за Maiden!

Конечно си купив карта за Iron Maiden! Плус и маица ми дадоа, и тоа црвена. Јебига, црвена - црвена. Значи, 14.03.07, идеме за Белград. Мојот автобус е деветка. Ќе го свират цел "A Matter of Life And Death", плус добро познатите ствари како Fear of the Dark, Hallowed Be Thy Name, Two Minutes To Midnight... Ќе биде весело. Ги пропуштив еднаш во Загреб, и реков дека нема да ги пропуштам пак. Ова е можеби последна шанса да се видат Maiden во живо.