Со намера да ги фатам последните денови од Fae Yule фестивалот во Телара, уплатив RIFT еден месец. Две минути откако го внесов кодот, по социјалните мрежи и на официјалниот сајт се појави известување дека базата е повторно хакирана. Собрани лични податоци и кредитни картички. Играва сериозно нема среќа, а во комбинација со лошиот безбедносен систем, ситуацијата станува очајна. Иако Trion постојано работат на безбедноста, пак ќе се најде некој што ќе успее да заебе и да ги избрка играчите, како што се случи првиот месец.
Мојот акаунт сè уште е океј, се надевам така и ќе остане.
Мојот акаунт сè уште е океј, се надевам така и ќе остане.
Сериозно, Trion? Рифтовите имаат елки и снешковци сега?
Fae Yule ивентот ми изгледаше тапа уште кога го најавија. Такви ивенти во ваква едноставно штрчат и не се вклопуваат во целиот тој свет. Глуп потег да се задоволат фанови што се навикнати на вакви ивенти кај другите игри. Плус, не е ништо посебно, само досадно фармање на нова валута со која единственото вредно што може да се купи е маунтот.
Другиот проблем што RIFT го има во моментов е популацијата. Очигледно бројот на играчи на Whitefall серверот е вкупно 1, кога ја сум логиран. Од вчера неможам да соберам група за фармање рифтови и трчам сам наоколу. Бидејќи играта ми е поврзана со Твитер, повеќе читам твитови отколку дискусии на четот. Празно е, и не е само на мојот сервер ова. Затоа и деновиве ќе направам трансфер на некој друг.
Ѕирнав нешто и од Ember Isle, ама тоа во некој друг пост.

No comments:
Post a Comment