May 6, 2012

Има место и за Torchlight II

И покрај сите напори на малиот тим кој ја работи, Torchlight II пристигнува ова лето, после Diablo III. Гигантот ја доби трката, па додека излезе оваа мала симпатична игра, рацете на играчите веќе ќе бидат зафатени.  


Сепак, сметам дека има место и за Torchlight II. Првиот дел веќе ужива култен статус, си има своја публика. Играта има значително помала цена од Diablo III (а и од многу други нови игри), па полесно ќе си го најде патот до оние "кежуал" муштерии. Плус, темата е многу повесела од темниците на Diablo и доаѓа како сладолед после лесковачка.Токму тоа и ја издвојува од сите клонови излезени од Diablo II, до денес.

Веќе има неколку видеа од бетата кои укажуваат на тоа дека и не е баш некоја конкуренција на Diablo III, туку дека си е различна игра од истиот жанр. Еве ги првите пет минути, заедно со интрото во приказната, и три часа играње со Engineer класата, тоа што јас ќе го играм кога ќе излезе. Плус, опцијата за LAN играње е милион пати подобра од кретенската идеја на Blizzard за аукциите со вистински пари во Diablo III.

Инаку, деновиве асално ќе ја пробам бетата на Path of Exile, па ќе пишам. Поиграв малку колку што ми дозволи времето, не е лоша, дури изгледа и подобро отколку што очекував.

3 comments:

Random nobody said...

Бојан , заинтересиран ли си на steam да ја земеме Torchlight 2ката , оној 4-game pack , за да не фати поефтино ?

btw , steam user ми е sveznajko. Не дека сум редовен ама се ставам понекад.

Бојан Николов said...

Уф, веќе четворица договараме за истиот пакет. Да се распрашам деновиве до кај е муабетот па да ти кажам. :)

Бојан Николов said...

Ај, пушти ми мејл на крапверк мејлот што е.