Како што кажав во еден претходен пост, една од бесплатните MMORPG игри кои се достапни од оваа година. Star Trek Online пред да биде објавена на почетокот на 2010, помина низ неколку години исполнети со проблеми кои упорно го одложуваа отварењето на серверите со што се зголемуваше нетрпението кај оние кои ја чекаа. После толку долго одложување, играта беше пречекана со еден куп негативни коментари бидејќи ретко чие очекување беше исполнето.
Деновиве дадов шанса. И покрај тоа што на прв поглед играта изгледа одлично, како што напредував, недостатоците излегуваа на површина. После краткото интро нарирано од Леонард Нимој, играчот се наоѓа на брод нападнат од Борги. Годината е 2409 и Федерацијата е во некаква војна со Клингонците. Се почнува од најмал чин, и до крајот на почетната мисија, веќе командуваш со сопствен брод. Тука негде играта ме изгуби, а верувам и армија други играчи...
На почетокот е фино. Има огромен избор на раси чиј изглед може да се прилагоди за сечиј вкус, а доколку ни тоа не е доволно, играта нуди и креирање на сопствена раса од повеќе понудени урнеци. Има три класи, соодветни на тие од Star Trek универзумот, но сепак слични до оние стандарните за MMORPG жанрот. Избрав Вулкански science officer и тргнав да видам што нуди играта. Прво што ми падна во очи, дека самиот гејмплеј отскокнува од оној на кој сум навикнат кај ваков тип игри, зошто повеќе потсетува на Mass Effect, отколку било што друго. Нема стандардни спелови, па голем дел од играњето е базирано на трчање со трикодер во рака и пукање со фејзер. За Star Trek фан звучи сосема доволно, со оглед на тоа што голем акцент е удрен на самиот role-playing. Освен тоа, во она кратко време што играв, не видов ништо повеќе.

Потоа следуваше еден дел кој тотално го руши целиот впечаток од играта. Како што кажав, играчот добива сопствен брод, кој има посебни оружја и може различно да се подеси, во овој случај, кој колку пари е спремен да даде. За бродот, низ играта се собира екипаж, мене од еден квест ми доделија некако офицер кој уште не стигнав да видам како може да го користам. Што е проблемот тогаш? Управувањето на бродот е мачно и тотално непривлечно. Има квестови кои се завршуваат во вселена, а навигацијата е толку очајна и одбивна, што е по сама себе доволна причина за Star Trek Online да одврати играчи. Иако бродот има клучна намена, со него се патува на различни локации, немав нерви да пробувам да се прилагодам на лошите контроли. Може на некој ќе му се допадне, за мене дефинитивно не е океј.
Сакам Star Trek и сакам добри Star Trek игри. Ова колку што е добро, толку е и неподносливо. Затоа и е сосема оправдан моменталниот статус на играта. Ме зачуди и што има само еден, претпоставувам глобален сервер кој нема да опстои уште долго. Штета, се потрудиле да направат нешто различно што и донекаде им успеало, меѓутоа некои делови од играта уште изгледаат како недоправени. Целата слика е натрупана и не е баш најсјајна. Можеби понатаму е подобро, поголем дел од работите кои може да се прават во играва не ги ни пробав, ама ете, немам желба за да стигнам до таму.

2 comments:
друже не е ова World of Warcraft .. Мој совет е да и дадеш недела дена на играва, на почеток е конфузна што е лошо и немаш претстава што реба да правиш но после недела дена верувај ќе го смениш мислењето ... играта владе .
Веќе има некоја екипа собрани сме и плескаме активно Lord Duko ( Дуковски ) + Architect ( МЕ )
Џабе. Дадов шанса, не ми се свиѓа навигацијата на бродот и се' околу тоа. :)
Супер што сте се собрале, ама ја веќе направив uninstall+delete. :)
Post a Comment