November 30, 2009

Saw VI (2009)

Изминатиов месец се изначитав позитивни рецензии за последниов Saw, па дури и имав некаква надеж дека ќе бидам позитивно изненаден. Не. На исто ниво е со претходните два, со исклучок на моменти кои се за нијанса поинтересни. Приказната не напредува воопшто, без разлика колку и да форсираат. Веќе ми се излитени сите тие морални дилеми и жртвување за нечиј живот да биде спасен. Првиот дел одлично си функционираше, се после тоа беше рециклирање на оргиналната идеја и тупење до бескрај.

Знаеме кој ја продолжи просветлувачката мисија на Џон Крејмер уште во четвртиот дел, а за жал, знаеме и кој ќе тера понатаму за уште седумнаесет продолженија, без пардон. Пак ќе кажам, доколку имаа во план да тераат со вадење на нов филм секоја година, не требаше да го убијат клучниот лик толку рано. Навраќање со флешбеци и тајни касети што никнуваат во секој дел, кај мене не проаѓа. Мислам, океј, еднаш го направија, сфаќам, ама до кога ќе тераат вака? Испадна дека Џон Крејмер уби повеќе луѓе откако умре.

Приказната е хаотична, ја заплеткаа беспотребно. Стапиците не ги коментирам, секогаш им се добри, што не значи дека го прават и филмот добар. Дали решиле да заштедат на продукција, незнам, ама филмов е делува како нискобуџетен B-филм со катастрофални актери, на пример, во сцената со рингишпилот. Е, тоа беше претерано, и ако потраеше уште минута повеќе, ќе мотнев напред. Крајот не ме изненади, уште кога се појави жена му на Крејмер, знаев што е муабетот и како ќе заврши. Не се ни трудат веќе.

Нормално, следната година ќе има нов дел, почнува со снимање за некој месец. Продуцентите велат дека имало шанси да биде последен, зошто Saw VI не прошол добро на бокс-офисот. Држам среќа да биде последен...

November 29, 2009

World of Warcraft викенд: Оргримар рејд

Со 80 левел, покрај лутањето низ Нортренд, ми останува да играм инстанци, battlegrounds, арена и рејдови на главни градови на непријателската фракција. Инстанците не ми се нешто посебно интересни за играње, ама се добри за тимска игра, опрема и злато. Battlegrounds почнав скоро да играм, е тоа е далеку подобро, има тимска игра, стретегии и млатење до бесконечност. За арена ми треба добар тим, а таков немам.

Останува рејдањето на главните градови на Хордашките раси, како најинтересен елемент од играта за 80-ти левел. Вчера се собравме околу 50-тина луѓе и тргнавме накај Оргримар. Е, ова најмногу ќеиф ми прави. Сум приметил дека на серверов Хордата е далеку понеорганизирана што вообичаено не е случај, па се лесни за тепање. Во Алијанса има стварно добри играчи, искусни лидери што одлично се справуваат со понеискусните играчи во групата. А, треба добар лидер за да организира толку луѓе. Има и такви што кога се рејда групно и потребна е добра организација, трчаат напред први да удрат и најчесто први и гинат.

Интересно е, понекогаш е "не глеам кај маам" кога гледаш само гужва и мешаница од црвени и зелени имиња на играчи и гилдови. Оргримар е интересен за рејдање, зошто по пат до таму, има уште неколку места кои може да се опустошат. Би платил некад за WoW, само за да не падне серверот дур влагаш во градот откако си убил се пред влезот...

November 26, 2009

2012 (2009)

Го гледав вчера во Рамстор. Арно што го донесоа, зошто немав намера да го гледам на лоша кино снимка, а ми се гледаше. Искрено, мене филмов супер ме извозе, после напорен ден ми дојде одлично за исклучување. Се внесов скроз тие два и кусур саата. Ефекти лудница, можеби и најдобрите што сум ги видел до сега, приказната никаква, сценариото шутро - значи, се испадна како што очекував.

2012 се плука беспотребно. Незнам што очекуваа тие што се разочарани од филмов. Филмовите со глобални катастрофи се вакви и ефектите имаат приритет. Претерување има, намерно е, па сцената кога бегаат со колата и авионот воопшто не ме изненади. Али, нека дојде нека се пробие така низ гужвана Рекорд или Бит-Пазар у 4 саат попладне...

Ликовите се тие, клишеизирани до максимум, ама мора да има таква упорна фамилија што ќе им пркоси на законите на физиката, ќе лета со авион меѓу згради, ќе преживува вулкански ерупции и ќе се санка со Бентли. Мора. Претседателот, нормално, мора е црнец, а Дени Гловер ептен легна за улогата.

Од сите слични филмови, можам да го издвојам за фаворит, зошто за ова ми се пресудни ефектите. Горе-доле сите се со истата приказна, раскажана преку херојската фамилија, секогаш ги гледаме уништени истите градови и сите имаат хепиенд, т.е. среќа во несреќа. Налет среќата што си преживеал кога 98% од луѓето што ги познаваш се мртви и плус тоа немаш ништо освен облеката што моментално ја носиш.

Планираат серија која ќе ја продолжи приказната на филмов, со група на преживеани и ќе се случува во 2013. Не верувам дека ќе го гледам тоа.

November 25, 2009

Inglourious Basterds (2009)

Некако знаев дека Тарантино ќе се извади за ѓубрето од Grindhouse. Сериозно, го памти некој уште тоа? Така и си мислев. Тарантино е назад, со извонредна приказна за мала бунтовничка група во окупирана Франција за време на Втората светска војна, која убива нацисти. Групата ја предводи Алдо Рејн (феноменална улога на Бред Пит), се нарекуваат себе "the inglourious basterds" и не покажуваат милост кон непријателот.

Филмот отвара со напорен германски офицер кој е експерт за наоѓање скриени Евреи. Кристоф Волц е совршен за улогата, ликот е супер осмислен само што некако Тарантино зар'ѓал кога станува збор за пишување на дијалози кои се памтат. Некако вниманието е повеќе свртено на развојот на самата сцена, отколку дијалогот. Немам намера да го споредувам Inglourious Basterds со Pulp Fiction и знам дека сцената во вториов филм со Кристофер Вокен е неповторлива, но некако очекував Тарантино да се искупи за глупостите што ги пишуваше пред некоја година. Како и да е, филмот е одлично склопен и си цепа некоја напнатост до самиот крај. Крајот е посебна приказна, верувам дека никој не го очекуваше. Познавајќи ја работата на Тарантино, очекував некако да ги изврти работите и да понуди повеќе опции за финишот, но и ова е доволно добро за мене.

Да сумирам. Нема промашени ликови, приказната е супер, реализацијата е солидна. Се препознава Тарантино во филмов и тоа ми се свиѓа. Очекував многу од филмов, да, сум задоволен, ама некако не e на врвот на топ листата на моите омилени филмови за годинава.

Something, Something, Something Dark Side трејлер

Онака, пост-роденденски, за време на пауза од учење, трејлерот за новата Family Guy пародија на Star Wars, Something, Something, Something Dark Side. The Empire Strikes Back ми е омилен од оргиналната трилогија, па знам колку ќе уживам во новава пародија.

Трејлерот е лудница, три минути се мочав у гаќи од смеење. Специјалната епизода ќе биде прикажана на 22-ри декември, а потоа ќе ја издадат на ДВД, Блуреј, итн. Клик тука за трејлерот. Најзакон моменти ми се кога ќе го соборат AT-AT вокерот и Боба Фет. :)

November 24, 2009

Три години Crapwerk

Три години Crapwerk. Еве како лани, колекција на омилени постови напишани изминатава година. Ме мрзеше да ги делам по месеци, па ете ги на купче, а плус тоа последнава година и не бев толку активен како претходната. Немам време да пишам ништо ново, Crapwerk ќе паузира бар уште недела додека ги средам испитите...

November 17, 2009

V: Уште една серија што нема да доживее втора сезона

Да речеме дека претерувам и дека можеби ќе стигнат и до трета сезона. Меѓутоа, почетоков испадна некако лабав и шабански. Лошото сценарио и шаблонските ликови некако ја убиваат целата идеја на серијата, која е онака, океј. Само проблемот е во тоа што се работи за римејк на серија од пред 20 и кусур години, така да оваа приказна некако не ми се верува дека ќе пројде во 2009. Од тогаш сме виделе милион приказни со инвазии на вонземјани, а втората епизода ме потсети дека овој тип на серии последен пат беа актуелни во 1997. Тоа му доаѓа како сега да правиш серија ко The Twilight Zone. Ни треба нешто ново, аман.

Овој тип на серии, продукциски слични, како The 4400, па дури и Terminator: The Sarah Connor Chronicles не проаѓаат кај мене, иако се интересни на почетокот. V е тапа уште од старт, ама ќе пробам да и дадам шанса, ќе ја гледам бар следната епизода.

Приказната веќе ја спомнав во минатиот пост, значи вонземјани, лизард пипл, доѓаат на Земјата како доброчинители, миротворци, нудат технологија, мед, млеко, згодни плави тинејџерки, ама местат интервјуа, манипулираат со јавноста и разбиваат мали групи што пружаат отпор. Не ми е јасно зошто вонземска цивилизација која е далеку помоќна од луѓето, едноставно не збрише се, па нека си колонизираат на раат... Океј, цепидлачам сеа, ама бар да беше интересна серијава, вака ете се фаќам за глупости. Не очекував многу, а добив помалку од тоа што барам...

November 13, 2009

Квалитетна домашна музика

Факт е дека имаме доста квалитетна музика која некако паѓа во сенка на шундот кој упорно владее со години у вукојебинава, но сепак успева да го најде патот до слушателите. Решив да споделам неколку изданија кои денес потешко може да се најдат низ продавнициве, а верувам дека има луѓе кои би биле заинтересирани да ги имаат во било каков формат. Доколку некој од изведувачите, издавачките куќи или некој директно поврзан со албумиве подоле има проблем со тоа што се ставени за даунлоуд, нека пише, одма ќе ги тргнам.

ВЕРКА - Jaggah (2003)
Верка се бенд од Делчево и стилот си го декларираат како "џага" метал. Некоја нивна комбинација на тогашниот популарен ну-метал звук и етно елементи. За жал, квалитетот на Верка не успеав да го забележам тогаш, кога бев музички затупен, а бендот праеше партал на сцената. Ги заслушав асално пред две-три години и сега знам за каков одличен и уникатен бенд станува збор. Не знам што се случува денес со нив, знам имаа свирка во "Хавана" годинава и толку. Освен овој албум, немаат друго издание, барем не нешто ново. Штета ако Верка останат на Jaggah.

MOSAIQUE - ? (2000)
Памтам кога се појавија, само што и нив ги заслушав нешто покасно. На сцената беа поприсутни и од Верка, а ги снема исто така нагло. Бендови со огромен потенцијал, стварно штета. Знам дека имаше планови и за втор албум, но за жал никогаш не го дочекавме. Стилот им е многу сличен на Rage Against The Machine само со многу повеќе џез елементи, скречовите на Славе и куп други интересни детали. Имаат и закон преработка на "Зајко Кукурајко" со спотче, не успеав да го најдам нигде, се вртеше порано често на телевизија. Сепак, мене хитот од MosaIquE ми е "Најдобриот непријател".

ЧИСТА ОКОЛИНА - Новиот Аспект на Старата Школа (2001)
Нека каже некој дека "Пуздер" не е една од најдобрите песни снимени тука. Исто како Верка, касно видов дека Чиста се генијален бенд, иако не слушам многу хип-хоп. Како и повеќето, останаа само на едно издание, добија култен статус и огромна група на фанови. Денес дел од нив се со фамилии, други си бркаат своја кариера и филм, а со некои играм Меџик, пошто го држат "Гоблин." :) Закон бенд, супер музика и текстови, баш деновиве гледам на Фејсбук се организираат фановите и бараат реоформување. Незнам што ќе се случи, а би сакал да ги гледам Чиста Околина во живо, ако не сите, барем дел од нив на куп.

November 9, 2009

Thor Modan, Dun Argol, 77 левел...

Мило ми е што Neverendless-WoW го спуштија xp rate-от пола од тоа што беше, зошто вака можам да играм квестови за левелирање низ Нортренд што со Друидот немаше потреба да ги играм. Има интересно место во Гризли Хилс, зона за левелирање од 73-75 левел, Dun Argol, уште еден рудник на Џуџињата. Рудникот е изграден на неколку нивоа, на планина и е една од најубавите градби во Гризли Хилс. Квестовите што се земаат пред рудникот и се извршуваат горе, работат супер, така што успеав да го излевелирам Паладинот до 77 левел и конечно да изучам cold weather flying за маунтот. Исто така билдам jewelcrafting и mining професии.

Пред тоа играв неколку квестови во Thor Modan, уште еден рудник со интересна приказна и потсеќа малку на Ајронфорџ. Рудникот е разрушен од Џинови, па затоа Dun Argol служи како база за Џуџињата. Забегав скроз со приказнава у WoW, сега спремам да читнам и нешто од стриповите, за книгите и немам баш многу слободно време.

Ајде скриншоти.

November 4, 2009

Уште еден WoW пост...

Како го средија Neverendless WoW серверот деновиве, одамна не ми било волку ќеиф да играм. Апдејтуваа на 3.2.2а верзија и сега работат 95% од квестовите, спелови, талентите и се останато. Играм квестови што никогаш не работеле. Спуштија и xp rate, така што сега е потешко за левелирање од пред некоја недела, додека беше 3.1.3 верзијата. Тргнаа и WarpNPC-то па така што сега нема телепортирање и гага бафови, а и идиотско ганкање.

Е, сега, има ситни багови, ама брзо ги средуваат. Некад има дисконектирања што ептен курчат, вчера имаше и мал ролбек, денес гледам средиле, играв неколку саата без проблеми. Работат и некои ад-они што не работеа пред апдејтот. Сега серверот има капацитет од 4000 луѓе, скриптирани инстанци и станува се подобро. Сум играл на многу приватни сервери и овој е можеби најдобриот. Vote shop-от не им работи денес, а подобро ќе им биде воопшто да не го враќаат назад или па да го стеснат изборот. Може да се гласа за добивање на секаква опрема, дури и епик ствари.

Кренав Ферал Друид 80-ти левел, конечно го прошетав Нортренд, барем онака грубо, колку да ги разгледам зоните. Сега левелирам Паладин, Друидот ми здосади и не е баш за мене. Некако навикнав на играм Паладин на другиве сервер, знам како се игра класата, позгоден ми е за PvP, левелирање, рејдови и целото злато ќе го фукнам на него. Пошто го скинаа vote shop-от, сега лесно се прави злато во AH.