December 31, 2011

Холидеј Спешл

Годинава ми беше добра колку и Star Wars Holiday Special. Ама ете, тоа што дипломирав пред два дена е доказ дека универзумот решил малку да ме олбави и 2011 сепак да заврши океј.

Се читаме догодина.

December 24, 2011

RIFT: Fae Yule и слично

Со намера да ги фатам последните денови од Fae Yule фестивалот во Телара, уплатив RIFT, еден месец. Две минути откако го внесов кодот, по социјалните мрежи и на официјалниот сајт се појави известување дека базата е повторно хакирана. Собрани лични податоци и кредитни картички. Играва сериозно нема среќа, а во комбинација со лошиот безбедносен систем, ситуацијата станува очајна. Иако Trion постојано работат на безбедноста, пак ќе се најде некој што ќе успее да заебе и да ги избрка играчите, како што се случи првиот месец.

Мојот акаунт сè уште е океј, се надевам така и ќе остане.

Сериозно, Trion? Рифтовите имаат елки и снешковци сега?

Fae Yule ивентот ми изгледаше тапа уште кога го најавија. Такви ивенти во ваква едноставно штрчат и не се вклопуваат во целиот тој свет. Глуп потег да се задоволат фанови што се навикнати на вакви ивенти кај другите игри. Плус, не е ништо посебно, само досадно фармање на нова валута со која единственото вредно што може да се купи е маунтот.

Другиот проблем што RIFT го има во моментов е популацијата. Очигледно бројот на играчи на Whitefall серверот е вкупно 1, кога ја сум логиран. Од вчера неможам да соберам група за фармање рифтови и трчам сам наоколу. Бидејќи играта ми е поврзана со Твитер, повеќе читам твитови отколку дискусии на четот. Празно е, и не е само на мојот сервер ова. Затоа и деновиве ќе направам трансфер на некој друг.

Ѕирнав нешто и од Ember Isle, ама тоа во некој друг пост.

December 22, 2011

Wishlist: Star Wars Laserdisc Колекција

Гледам дека нешто фали во мојата скромна Star Wars колекција, а тоа се laserdisc изданијата на оргиналната трилогија. Мртвиот формат и верзијата на филмовите сместена на дисковите е тоа што ги прави овие парчиња толку вредни. Доаѓаат и спакувани во луксузен бокс-сет со две огромни книги.

Трилогијата има повеќе изданија на laserdisc, со различни омоти. Конкретно за овој формат, овие од 1995 се најдобрите:




Инаку, дисковите нит имам кај да го гледам, никогаш сум немал и не познавам некој што има таков плеер. А, вреди да се има.

Види такоѓе:

December 21, 2011

Homeland: Крај на првата сезона

За тие што не гледале Homeland, ќе кажам дека ова е најдобрата нова серија сезонава. Далеку поквалитетна од останатите за кои се збореше седум години пред да почнат да се прикажуваат, и на крајот испаднаа тапа. Да, за тебе зборам Terra Nova. Затоа, препорачувам итно гледање на Homeland, дванаесет епизоди се, под услов гледачот да располага со едно слободно попладне, како би ги изгледал сите во еден здив. Јас чекав секоја недела за нова епизода, додека прецртував денови на календарот. Значи, тие што не гледале нека прекинат со читање тука, зошто секој спојлер би значел уништување на искуството кое го нуди серијата.

Е, сега, тие што догледаа до крај и ја сфаќаат големината на Homeland, нека продолжат понатаму. Пред сè, да кажам дека серијава покажа храброст што е редок случај во приказни каде што Американците се борат против тероризам. На почетокот можеби изгледаше како тие повторно да жртви на муџахедински структури, без притоа да се погледнат двете страни на војната. Моментот кога серијата ќе покаже дека не е сè црно и бело, и дека двете завојувани страни играат поденакво валкано, тогаш се оправда мотивот на Броди.

Некаде на пола сезона сценаристите успеаа да го оттргнат сомнежот што веројатно веќе беше создаден кај публиката, прикажувајќи го Броди како жртва, а не како терорист кој го свртел грбот на сопствената земја. Но, уште во следната епизода, видовме дека Броди навистина планира напад врз САД и има издржан мотив за тоа. Како што самиот кажа во последната епизода, има маринска заклетва да ја брани неговата земја и од надворешни, и од внатрешни непријатели. 82 муслимански деца гинат во напад од американско летало, инцидент кој владата на САД го крие од јавноста. Причина плус за Броди да ја прифати агендата на Абу Назир, терористот кој е воедно и татко на едно од децата. Како што видовме, додека Броди е заробен, поминува долго време зближувајќи се со детето чија смрт неговата земја се обидува да ја сокрие.

Дека Броди е решен да оди до крај со остварување на мисијата на Абу Назир, се виде и во последната епизода. Тука има простор за дискусија, особено за самиот крај, зошто верувам дека никој не очекуваше така да заврши. Вокер, другиот заробен маринец за кој Броди веруваше дека лично се погрижил да не е жив, во координиран напад успеа да ја притисне метата на Абу Назир во простор каде што Броди требаше да изврши самоубиствен напад, прерано заврши. Финалето ќе беше многу поефективно доколку завршеше со прстот на Броди на чкрапалото, или некаква експлозија. Вака испадна како да ја видовме последната епизода од оваа сезона, заедно со првата од следната. Дури и Броди да го истераше нападот до крај, можеа комотно да ја продолжат втората сезона со Вокер како централен лик, да ја видиме и неговата приказна.

Како и да е, тоа не ја прави серијата ни малку полоша. Само што незнам во кој правец ќе се движи понатаму и дали ќе успеат да ја задржат напнатоста како клучен елемент. Досега, немаше никакво промашување, ниту во приказната, ниту во ликовите. Дали сценаристите намерно ја завршија вака во случај да нема втора сезона (потврдена е, но може сè да се случи), ќе се знае дури следната година.

За крај, ќе кажам дека Homeland е сè она што Rubicon можеше да биде.

December 19, 2011

Две добри комедии во 2012

Американскиве комедии некако почнав да ги делам на тие пред, и тие после The Hangover. Од тогаш ретко што ме насмеа, ете ќе ги спомнам Due Date и Your Highness, чисто заради Роберт Дауни Џуниор и Дени МекБрајд.

Следната година ќе ги видиме The Dictator и Casa De Mi Padre. Саша Барон Коен после Brüno се враќа во комедија инспирирана од книгата на Садам Хусеин, Zabibah and the King. Филмот е од истиот режисер на Brüno и Borat и ја раскажува херојската приказна за диктаторот кој си го ризикува животот за да се осигура дека демократијата никогаш нема да дојде во земјата со која владее. Саша Барон Коен мене би ми бил смешен дури и кога само би зјапал во камера 90 минути. Затоа и имам големи очекувања за филмов. Клик тука за трејлер.

Casa De Mi Padre има шанси да биде најдобрата комедија за 2012. Откако го сконтав Вил Ферел и сфатив за каков луд тип се работи, знам дека тука нема никако да промаши. Филмот е пародија на шпанските теленовели со невозможни заплети и ситуации и цел е на шпански јазик. Да не објаснувам многу, еве го трејлерот.

Види такоѓе:

December 13, 2011

The Cleveland Show: Die Semi-Hard

Во духот на Star Wars пародиите кои тимот на МекФарлејн ги направи со ликовите на Family Guy, Кливленд го раскажува неговиот омилен божиќен филм, Die Hard. И оваа пародија ја следи оргиналната приказна, интерпретирана од ликовите на серијата. Кливленд, како главен лик, нормално е Брус Вилис, а мечокот Тим е Ханс Грубер. Сме го гледале сите филмот и дејствието е тоа истото. Терористите влегуваат во зградата и држат заложници, а Кливленд како единствен кој може да им помогне, е заглавен бос и воодружен на погорните спратови. Веројатно не е спојлер ако кажам дека Ал е Кливленд Браун Џуниор и е сигурно еден од најсмешните елементи во целата епизода.

Храбар потег од продуцентите на The Cleveland Show. Серијата мене ми е супер, а во последно време вадат епизоди што ги засенуваат Family Guy и American Dad кои упорно верглаат безвезе изминативе неколку сезони. Пародијава на Die Hard беше сосема океј, го сакам филмот, само изгледа не доволно за ова да ме стане од кревет од смеење како Star Wars пародиите. Или јас пропуштив некои референци, или стварно беше едно ниво над просекот. Ама затоа, "Scooby-dooby-Doo, motherfucker!" е реплика што дефинитивно ќе остане.

Баш ме занимаше која е следната пародија на МекФарлејн и ме изненади што решиле да го чепнат Die Hard. Или буџетот не им дозволил нешто поинтересно, па затоа и се одлучиле да ја прават со овие ликови. Или па серијата е навистина во состојба да треба вакви пародии да ја вадат. Во секој случај, има план да се продолжи со вториот дел, како што кажа Кливленд на крај, да видиме интернетот што ќе рече. :) Ајде, па да видиме и Indiana Jones пародија со Стен Смит!

Види такоѓе:

December 9, 2011

Skyrim: Ден 27

Skyrim инсталирав само колку да можам аргументирано да мрчам колку е тапа. После еден месец ме убеди дека е најдобрата RPG (сингл-плеер) игра која сум ја играл до сега, а сум играл доволно. Секако, не можам да зборам зошто токму оваа игра е најдобрата и за 2011, без муабетот да ми содржи по некој спојлер. Така да, полека надоле. :)

Овој заклучок ми го потврди средбата со Paarthurnax, водачот на Редот Greybeards, господарите на Гласот. Внимателно ја следев приказната која ме доведе до тука, и како напредуваше стануваше подобро и подобро. Верувам дека понатаму има уште вакви запрепастувачки изненадувања, но до сега, ова беше најмоќното нешто што го видов во целата игра. Развојот од обичен селанец во Dovahkiin, учењето на Патот на Гласот и Змејските моќи, не беа ништо во споредба со откривањето на мистеријата за Alduin (змејот кој ги буди останатите змејови) и потрагата по скролот. Кога брадестото братство ме испрати кај нивниот "главен", во никој случај не бев спремен за тоа што ќе биде тој всушност и што ќе ми открие. Браво за приказната, Bethesda, ниедна друга игра го немала овој ефект кај мене!

Не е само овој квест, речиси повеќето имаат комплексна приказна која е уникатна за сличните вакви игри. А, тоа е најмоќниот аспект од Skyrim со кој во целост се оправдува оној дел од името на жанрот наречен role-playing и е занемарен во многу нови игри кои си лепат RPG етикета. Нормално, за да биде комплетна формулата, тука е и огромната слобода на играчот и минималните ограничувања во таа насока.

Пред да излезе Skyrim, имаше едно видео каде што авторите кажуваа дека се стремат кон создавање на игра која ќе овозможи секој играч, да има врвно искуство во одбраната "област". Па така што ако имаш склоност кон магија, Skyrim ќе ти го понуди најдобриот мејџ гејмплеј. Прикрадување со лак и стрела, од зад грб? Воин со секира? Буквално секоја класа одлично функционира. Лично јас, повеќе преферирам оган и мраз од двете раце, отколку лак и стрела. Како кастер во повеќето игри, можам да кажам дека ќеифот бил најголем во Skryim. :)

Музиката е посебно доживување кое заслужува и посебен пост. Деновиве излезе саундтрекот од играта сместен на четири дискови и неможам да прекинам да го слушам. Инаку, мојата лоша пиратска верзија имаше и проблеми со звукот, не слушав ништо од околината, ни стапки, ни вода, ни ветер... Среќа, има начин да се среди, треба да се симне фајлот со звуците што фалат, лесно се наоѓа на нет. Е, сега, има неколку багови што изгледа немаат решение моментално, како на пример Esbern, лик кој игра многу важна улога, а нема глас, туку само титлови кои одат премногу брзо. Плус, едвај го извадив типот од ќумезот, за да го однесам до Ривервуд.

Многу има да се збори за Skyrim, така да ќе се уклучувам вака од време на време со некој неврзан муабет за добрите моменти од играта. Споро играм, не планирам да сум готов со главниот квест во брзо време, и сигурно сум многу послаб од сите што почнаа јас кога почнав, ама тоа е. Не се брзаме нигде, така? :)

November 29, 2011

Rise of the Planet of the Apes (2011)

Како што спомнав претходно, првата реакција за овој рибут ми беше "Ah, damn you! God damn you all to hell!". Сведоци сме на една обемна листа на лоши рибути, римејци и продолженија на стари, култни филмови која упорно ја спомнувам кога треба да напишам за нешто што се нашло во тој куп. Во овој случај, за среќа, спуштените очекувања ми овозможија да уживам во овој, и не така лош филм. Покрај сите маани и дупки во приказната, како целина, Rise of the Planet of the Apes е едно забавно филмче кое верувам дека ќе позитивно ќе ги изненади фановите на оргиналот.

Филмот ја раскажува приказната за востанието на мајмуните против човештвото, односно она што ги донело луѓето во состојбата во која се наоѓаат во оргиналот. Освен ако си живеел во пештера изминативе четириесетина години, знаеш дека во далечната иднина земјата е превземена од интелегентни мајмуни кои луѓето ги третираат како животни. Подолу можно е да има спојлери.

Значи, Џејмс Франко е млад научник кој развива лек против Алцхајмер, како би го излечил сопствениот татко, Дик Соломон. За тестирањето на серумот, користи мајмуни кои почнуваат да покажуваат знаци на зголемена интелегенција и појачани когнитивни функции. Кога Џејмс Франко ќе се обиде да го презентира неговото достигнување пред луѓето кои го финансираат проектот, избувнува општ хаос во лабораторијата, по што проектот е затворен, а мајмуните се успиени. Освен еден, малиот Цезар кој во гените носи дел од серумот вбризган во неговата веќе мртва мајка. Џејмс Франко го зема Цезар дома и го чува во тајност како свое дете.

Мајмунчето како што расте, расте и неговата интелегенција и после неколку години преку знаци, знае и да комуницира. Покрај Цезар, Џејмс Франко продолжува да го тестира и лекот на татко му, кој ќе се покаже како успешен, па истражувањето е вратено во лабораторијата со нова група на мајмуни, и со многу посилен лек. Лекот иако е корисен за луѓето, по некое време има страшни нус појави кои пак организмот на мајмуните ги одбива.

По една несреќна околност, Цезар завршува во засолниште за мајмуни каде што добива одвратен третман. Затворен со месеци, ќе се почуствува предаден од Џејмс Франко, сфаќајки каде и со кого припаѓа. Цезар е до толку интелегентен што знае за дејството на серумот и како да го искористи за да ги направи другарите мајмуни паметни како него. Најјезивиот момент е токму моментот кога Цезар го изговара првиот збор и со тоа го започнува бунтот на неговиот вид против луѓето. Откако ќе ги ослободи мајмуните во стационарот, ги ослободува и тие од зоолошката, водејќи ги до локалната шума каде што Џејмс Франко ќе го носи како помал.

Пред некој да помисли како е можно мајмуните да го превземат светот без светските сили да успеат да ги спречат, сценаристите воведуваат и пандемични несакани дејства од лекот кои се фатални за луѓето и лесно се пренесуваат. На крај и краева, филм е, па ова или ќе го прифатиш или не. Убаво е склопено за да прави смисла во светот во кој се случува, ама доколку некој сака да го искористи како аргумент во муабет зошто е лош филмот, и тоа е океј. Мене ми беше супер, затоа што Rise of the Planet of the Apes има толку светли точки што некако ги гушат сите недостатоци. Мајмуните се сите CGI. Поголемиот дел од филмот е беспрекорно, освен кога претерувале, меѓутоа тоа за среќа е минимално. Џејмс Франко не е лош за улогата, некако фино одговара на ликот.

Ќе си земам за право да кажам дека ова ми е најинтересен филм за Мајмуните после оргиналот. Останатите наслови во франшизата никогаш не ги засакав доволно. А, ова ќе има продолжение во 2013 што дефинитивно ќе сакам да го гледам.

November 28, 2011

League of Legends Log #8

Скоро еден месец играм со Graves. Се покажа како еден од најефикасните во цела игра, а има и прилично интересна приказна. Плус се појави во период кога ја гледав Dollars трилогијата, причина плус за ќеифот да биде поголем. Ретко играм AD херои, уште помалку на горната и долната патека. Graves е толку добар што одлично функционира на средина.

Има еден куп варијации на склопки, може да се игра на различни начини. Сепак, месецов покажа дека нема добра партија со него без Bloodthrister, Phantom Dancer и Frozen Mallet. Неделата кога се појави беше појјак од што е сега, меѓутоа иако му ја намалија снагата, две од три партии ги добивам без проблем.

Настрана од фалењето колку сум добар со Graves, месецов League of Legends дојдоа до вратоломна бројка од 32 милиони регистрирани играчи. Браво и честитки! Започна и втората компетитивна сезона, а заедно со неа и неколку промени во самата игра кои не би требало да влијаат многу. Ги сменија дрвата за Masteries, додадоа некои нови магии, и исфрлија dodge од играта што сигурно малку ќе ги загрижи оние играчи кои се потпираа на ова. Лично, освен тоа што ме мрзи да местам Masteries пак, не сум нешто засегнат од промениве. Ќе видиме.

November 27, 2011

Мојот избор од "Анимакс"

Вчера заврши "Анимакс" првиот фестивал на анимиран филм во кино "Фросина" на кој беа прикажани околу 50-тина кратки анимирани филмови од целиот свет. Бев првиот ден, во четвртокот, и вчера на затворањето и прогласувањето на победници. Петокот морав да го пропуштам. Фестивалот помина одлично, со оглед на тоа што е прв од ваков тип. Се надевам дека ќе прерасне во традиција и секоја година ќе имаме прилика да гледаме вакви кратки анимирани филмови.

Првиот ден на фестивалот уште еднаш ми покажа зошто немаме асално кино, нешто што некоја недела претходно убаво го сконтав на "Синедејс". Немаме ние култура за кино, а многу луѓе кои не се ни за надвор од дома, упорно посетуваат вакви настани. Мислам, нели е срамота да разговараш за време на претставување на жири и обраќање на организаторот? Бабите што за несреќа се погодија веднаш до нас, за време на проекциите упорно разговараа на глас, па така што неколку редови околу имаа прилика да дознаат до каде им се внучињата со школувањето и која снаа е подобра. После седум опомени да прекинат, конечно им текна да напуштат. Луѓе, ако сте дошле на кино, барем потрудете се да не разговарате толку гласно, или вие тинејџери, најдете си соба. Мљакцање за време на филм, скроз не е океј. Исто така, сите (гласни) коментари, задржете си ги за надвор, зошто стварно не ме интересира како го доживувате филмот додека трае. Фала.

Да се вратам на "Анимакс" и репертоарот. За жал, во четвртокот ги пропуштив македонските анимирани филмови кои беа од 17:00. Се надевам дека пак ќе се пружи шанса да се погледнат. Имаше навистина квалитетни анимации, убави приказни и по некое небитно промашување кое веројатно сеуште го тумачат оние кои бараат поента каде што нема. Во секој случај, имаше речиси по нешто за секого. Па, и за оние кои дошле да гледаат "цртани".

Првиот ден бев импресиониран од неколку филмови кои ги линкам подолу и може да се погледнат. Останатите не ги најдов, а морам да ги спомнам; Kiyamet, од босанскиот режисер Иван Рамадан и You Shall Not Leave The Way од Veronika Szemlova.

Paths of Hate (Полска, 2010 / Damian Nenow)

The Silence Beneath the Bark (Франција, 2010 / Joanna Lurie)

Familjelampan (Финска, 2009 / Milla Nybondas)

Loser Leg (Италија, 2010 / Franceso Filippi)

На последниот ден, ги прогласија и победниците, меѓу кои и The Silence Beneath the Bark (кога веќе влезе во потесен круг, можеше и прво место да земе) и два од петокот кога не бев, бугарскиот Adaptation и канадскиот Overcast. Adaptation не беше ништо посебно, а вториот далеку од нешто што би требало да заврши во првите три. Дека жирито одлучило за "лесни цртанчиња", доказ беше и првонаградениот, A Morning Stroll. Да, знам дека секој си имал нешто омилено, меѓутоа со имиња како тие во жирито, очекував малку посериозен избор. Ама ете, ако ништо друго, си го изгледав The Silence Beneath the Bark по вторпат.

Вчера изборот беше нешто послаб од четвртокот, ама ете, ќе ги издвојам The Missing Key поради убавата анимација и музика (приказната за жал беше делумно разработена и избрзана) и Damned поради освежувањето и ведрината што ја донесе, по крајно мрачниот и депресивен Who Lasts Longer.

Ќе ги проверам и филмовите од петокот, да видам што сум пропуштил. Уште еднаш браво за организаторите што се одлучиле за ваков чекор. Се надевам дека догодина ќе има и повеќе публика. Или барем да се наполни "Фросина".

November 24, 2011

Пет години Crapwerk

Пет! Пет години Crapwerk. Не знам што да пишам, а да не звучи претенциозно. И, да не биде досадната ретроспектива на "најдобрите" постови од последната година. Скромно ќе кажам дека ми е чудно што блогов дотурка до поводот за ова што го пишувам сега. Повеќе од 500 постови за пет години. Постови наменети најмногу за мене, да се свртам и да видам на што сум го трошел времето, а некогаш и туѓото, на оној кој случајно се нашол тука, барајќи нешто сосема трето.

Сепак, да не ја кршам рутината, еве го изборот од последниот роденден до сега.



November 22, 2011

Ова е Star Wars: Identities

Пред неколку дена пишав пост за Star Wars: Identities, понесен од хајпот. Сега се осеќам скроз глупо, откако ова испадна дека не е ни игра, ни серија, ни филм - туку обична изложба (во Монтреал, Канада) која успеa да привлече многу повеќе внимание од претходните.

Доказ дека на повеќето фанови не им е до изложби, туку до нешто друго, ново. И, онака сите се помирија со тоа дека Лукас нема намера да сопре со било што Star Wars, па затоа и очекувањата беа поголеми.

За чудо, сабајлево го добив мејлот што го чекам скоро една година, дека сум избран за тестер на Star Wars: The Old Republic. Фала многу, ама немам време за уште едно онлајн зло.

November 21, 2011

Години на Суперхерои

2012-та ќе биде занимлива година, барем поради филмовите кои треба да се појават тогаш. Адаптациите на американски стрипови стануваат се поквалитетни, публиката е побројна од било кога, па така што сосема има место и за три во една година. Нема да згрешам ако кажам дека Iron Man и The Dark Knight го однесоа овој жанр на едно друго ниво, вбризгувајќи му доза сериозност, муда и реалност, во која комплетно е замисливо постоењето на одреден лик/суперхерој. Доволно е само да се погледнат двете Марвелови адаптации од оваа година и останато е јасно. Нема потреба да зборувам колку се над Daredevil (Бен Асфлек, Колин Фарел) или Fantastic Four (ја памти некој Џесика Алба? Ни јас), кои повеќе беа парада на (тогаш) популарни актерски имиња отколку суперхеројски филмови или па адаптации на стрип. Примери има уште, дури и ако го заобиколиме неонскиот Batman & Robin од 1997.

Покрај The Avengers следната година, најмногу сум загреан за The Dark Knight Rises. Според Нолан, ова ќе биде неговата последна адаптација на Бетмен и веројатно последен Бетмен филм за оваа генерација. Не верувам дека некој во следниве неколку години ќе се обиде да направи нов филм, откако Нолан ќе ја заокружи неговата трилогија. А, верувам The Dark Knight Rises воопшто не е лесна задача, ако земеме во превид дека сеуште се осеќа влијанието на претходникот.

Иако сосема имав верба во Нолан и проектов на кој работи моментално, лично, не ми се допаѓа неговиот избор на негативци, а уште помалку изборот за актерката во улога на Кетвоман. Како и многу други, мислев дека ќе оди со Ридлер, негативец кој комплетно би се вклопил во универзумот. Со Ридлер како негативец и Нолан како режисер, верував дека ќе добиевме џам акционен-трилер, кој фино ќе се надоврзеше со The Dark Knight. Покрај тоа, Хит Леџер требаше да има cameo во филмот, меѓутоа се случи тоа што се случи. Бејн и Кетвоман како негативци ми се некако мали за да бидат во фокус, но ете, до некаде му успеа тоа со Скеркроу. Лошото чувство околу The Dark Knight Rises ми е најмногу поради вестите и сликите од сетот што се појавија, сепак, ги ставам парите на "Нолан нема да заебе".

Иако рано, Спајдермен ќе си добие нова адаптација. После оној третиот дел, јасно беше дека таа екипа со Тоби Мегваер и грозната Мери Џејн, Кирстен Данст, нема веќе што да каже. The Amazing Spider-Man го враќа Питер Паркер на самиот почеток, почнувајќи од ново. Ендру Гарфилд не ми е баш некој избор, ама па од друга страна Ема Стоун е супер, иако она тотално не прави разлика за тоа дали филмот ќе биде добар или не. Има трејлер, од таму може да се види дека ќе гледаме посериозен Спајдермен, дури и помрачен од вообичаено, нешто што знам дека ќе е различно од оној трет дел што го спомнав погоре. Уште неможам да се помирам со тоа колку беше ужас, а имаа шанса за добра приказна со Веном. Еве им свеж почеток, нова шанса да видиме добра адаптација, па и во неколку продолженија.

2013 е годината на Супермен и неговото враќање во Man of Steel. Кога спомнав враќање, ќе ја искористам оваа прилика да кажам колку беше погрешен оној Returns од 2006. Толку работи не чинеа во тој филм, што би ми одзело многу време да ги набројам сите. За чудо, Брендон Рут и беше толку лош колку што јас мислев дека ќе биде, ама... Тотално лош избор за Лекс Лутор, како прво. Кевин Спејси ми е во топ десет актери, ама не е за Лекс Лутор, особено не за Лекс Лутор како што беше напишан во лошото сценарио. Друга работа, никаква хемија помеѓу Лоис Лејн (исто тапа избор) и Кларк, повеќе личеа како да се четврти братучеди кои првпат на 30 години се запознаваат на селска свадба кај заеднички роднина. Дно. Приказната беше ужас исто и тука некаде приметувам дека повеќе го тупам со ова, него со тоа со кое имав намера. Man of Steel. Го режира Зак Снајдер, човек кој знае како се прави стрип адаптација (300, Watchmen). Приказната ја пишува Кристофер Нолан. Математиката е лесна нели? А, кој е Супермен? Хенри Кавил, дечко што претходно не го знаев, а сега го знам, и ми личи на тип што ќе може да се носи со улогата. Плус, ќе ги има Зод и Џор-Ел. Man of Steel мириса на добар филм уште сега.

Допрва ќе има новости околку филмовиве, па ќе се трудам да им посветам повеќе внимание тука.

November 17, 2011

Torchlight II следната година?

Torchlight II беше најавена за крајот на оваа година, но изгледа дека ќе почекаме уште неколку месеци. Тревис Болдри денес на официјалниот сајт на играта, објави дека играта сè уште е во развојна фаза и потребно е уште некое полирање пред да биде издадена.

Со оглед на тоа што Torchlight II ја работи мал тим од само тројца програмери, сфаќам зошто неколку пати го преместуваат датумот. И самите Runic Games сакаат да издадат квалитетна игра, која според нивните зборови, би требало да е неколку пати подобра од својот претходник. Од друга страна, мислам дека повеќе се работи за бизнис одлука, бидејќи како што и Болдри кажува во постот, месециве излегоа многу добри игри кои уште некое време ќе ги окупираат компјутерите и конзолите на играчите. Конкуренцијата е навистина моќна, па затоа и нема потреба од брзање. Пред се, се работи за (комерцијално) многу помала игра која има големи шанси да биде смачкана од гигантските наслови присутни околу.

И на крај, повеќе би сакал да видам добро продолжение, отколку исфорсиран производ полн со багови. Слободно средете си ја играта Runic, и онака немам многу слободно време. Само датумот следната година да не се поклопи со Diablo III, тогаш што правиме?

November 15, 2011

Што е Star Wars: Identities?

Деновиве проектот "Identities" е главна тема кога ќе се спомнe Star Wars. Имено, LucasFilm периодов се зафатени со регистрација на домејни кои го вклучуваат овој термин, меѓутоа сеуште ништо не е познато.

Една работа е сигурна, а тоа е дека Џорџ нема да сопре после The Clone Wars, што според неговиот муабет треба да има најмалку пет сезони, а веќе серијата се приближува кон тоа. Очигледно после катастрофалното продолжение на The Force Unleashed овој проект нема да се развива понатаму, па време е за нешто ново.

Ако информацијата дека LucasFilm ги има регистрирано овие домејни ја земеме како официјална (а веројатно е, во спротивно ќе го апдејтувам постов), останатото се само шпекулации. EuroGamer тврдат дека не се работи за игра, а тешко дека ќе биде филм, па останува серија како единствена опција. Стрип не верувам дека ќе биде, затоа што постојано излегуваат нови, а не им се посветува такво внимание како на пример официјален сајт или слично. Веќе неколку години се зборува за live-action Star Wars серија, но до сега не видовме никакви новости околу ова. Во никој случај не е исклучена и оваа опција, меѓутоа ова може да испадне и некој забавен парк или некоја таква глупост. А, за анимирана серија веднаш после The Clone Wars некако е рано, нели? Ако не е игра, тогаш што би можело да биде?

Останува да се следат сите новости околку ова. Само една работа морам да кажам, а тоа дека името е крајно глупо и звучи непривлечно. Мислам, Identities? Како ова би можело да одговара на Star Wars?

Додека сум на темава, да кажам и дека The Old Republic излегува на 20-ти декември годинава.

Family Guy: Back To The Pilot

Таман помислив дека Family Guy се упропастени оваа сезона, излезе епизодава што ете, влегува во историја како една од најдобрите до сега. Според мене, нели. Ако нешто секогаш успева кај нив, тоа се епизодите со Стјуи и Брајан кога патуваат негде заедно, било низ времепросторот или некоја друга дестинација. До сега, немало промашување со ваква епизода.

Овој пат, тие се враќаат на самиот почеток на Family Guy, точно во првата епизода, прикажана во 1999. Таму се изгледа чудно. Гласовите се поинакви, цртањето е друго, па дури и самата резолуција не е истата (од пред некоја сезона, почнаа да се прикажуваат во HD, што и самите се зезаа за тоа). Финтите се исто така на друго ниво, а продуцентите исто така се пошегуваа и со она што се случува за време на бројните флешбеци кои тогаш правеа голем дел од епизодите. Moжеби тоа беше и најдобриот момент од цела епизода.

"Back to the Pilot" е една убава носталгична епизода, која на фин начин го прикажа прогресот кој Family Guy го има направено изминативе години. Иако малку спласна хумор во последниве сезони, знаат од време да време да се појават со нешто добро како ова. За чудо, The Simpsons сезонава успеваат да се најдобри од сите овие понеделнички анимирани серии. Ќе пишам и за нив нешто повеќе.

November 12, 2011

Skyrim: Ден 1

Овој ноември достапни се повеќе игри кои сериозно можат да го нарушат моето хармонично слободно време и работата на дипломската која треба да ја завршам до крај на месецов. Се одлучив Skyrim да биде прва на листа, од проста причина што претходните две The Elder Scrolls игри ги играв вкупно пола саат. Не ме привлече гејмплејот, а и двете почнуваа со досадна мисија кај што само трчав безвезе. Мислев дека Skyrim, и покрај велелепната графика пак ќе ми понуди некој одбивен стил на играње. Грешка број еден!

Играта ме купи уште во првите неколку минути, кај што мојот лик се вози со други двајца затвореници, упатени кон злобниот џелат. Уште таму, се гледа квалитетот на сценариото и приказната, зошто од само неколку реченици може да се види длабочината на ликовите, нивните карактеристики и она што го чувствуваат во моментот. Како да гледам филм, правен по мој вкус!

Она што ме остави нем така едно пола саат, беше она што следува откако со група затвореници, пристигнавме во кампот. Напаѓа огромен змеј, се дешава општ хаос, трчаат луѓе на сите страни, стрелци пукаат во него, се рушат градби... Твојата улога е да се криеш од змејот и да пробаш да извадиш жива глава, или подобро кажано, задник. Режијата е како што спомнав, филмска и комплетно те внесува во тоа што се случува околу. Откако успешно ќе го избегнеш змејот, кој патем се појавува после неколку генерации и неговото постоење е во најмала рака митско, играта те носи во Rivenwood, мало село, каде што има квестови и слободна интеракција со неговите жители.

Играв неколку саати ноќеска и еден пост нема да е доволен за се она што го нуди Skyrim како игра. Тамриел е ОГРОМЕН свет, дизјаниран реално до најситен детал, со преубави пејзажи и неограничена слобода на движње. А, не сум проминал се уште ништо. Можностите кои ги нудат овие неколку гигабајти, некако ми изгледаат неограничено. Доколку треба да се објасни поимот "виртуелна реалност", Skyrim ќе ми биде првиот збор што ќе ми дојде на ум.

Не е рано да се заклучи дека ова е најдобрата RPG игра што ми има улетано. Затоа што нуди гејмерско искуство кое со години сум мислел дека го добивам од разни MMORPG игри. И знам дека, после Skyrim, квестовите "Убиј X свињи" некако нема да ми немаат смисла. RPG моментот доаѓа до израз тука, а не во игри кај што, Дамјан што би рекол, "мериш бројки" со други играчи. Плус, во која друга игра можеш да бркаш елен 15 минути низ реки и полјани? :) Прогресот во играта е скроз нелинеарен. Одлуките во квестовите влијаат и понатаму, ете јас успеав да го убијам ковачот во Rivenwood, несакајќи, пред сопствената ќерка.

Дамјан и Пецо со години биле во право за The Elder Scrolls и криво ми е што порано не го сфатив тоа. Ова е најдобрата игра за 2011, без конкуренција. Како што реков, малку е еден пост за да се опфати се што видов во оние неколку саати, така да, ќе го дрвам малку повеќе за Skyrim во наредниве месеци.

November 8, 2011

Најава за RIFT 1.6

Доколку некој се сомневаше во успехот и развојот на RIFT, најавата за новиот patch е доказ дека TRION немаат никакви намери да сопрат. Играта расте со секој нов апдејт и постојано добива нова содржина, често уникатна и иновативна за жанрот. Факт е дека RIFT поставува нови стандарди и еден од показателите е тоа што и Blizzard за новата експанзија најавуваат динамична содржина, односно инвазии. 1.6 ќе биде најголемиот апдејт на играта до сега, кој се очекува во текот на овој месец.

Ember Isle е нова зона, два пати поголема од моментално најголемата во Телара, Shimmersand. Ember Isle е огромен, преубаво дизајниран остров на кој ќе може да стапнат играчите со левел 50. Силно сконцентрирана и на приказната, оваа зона е всушност оргиналниот дом на Келари Елфовите. За да биде запазен делот на Гардијаните, Ember Isle ќе биде и место за Џуџињата, кои под низа околности успеале да заглават тука, со своја база. Повеќе детали околу Ember Isle, во интервјуто со дизајнерот Хан Ханлин на ZAM. Во новиот patch ќе има нов мод, Onslaught, во кој играчите преку активирање на офанзивни и дефанзивни кули, ќе може да се справуваат со инвазиите, бранејќи ги Sourcewell-овите кои исто така се новост во апдејтот. Секако, ќе има и нова инстанца, но за тоа во некој нареден пост.

На RiftJunkies има фина галерија со скриншоти од Ember Isle. Зоната е веќе некое време достапна на PTS (Public Test Shard) и може да се разгледа и во "живо". Еве и едно видео.

Другата работа, што лично не ми е баш најинтересна, е новиот World Event. Барем во RIFT не сакав да видам 'адаптирани' празници, инспирирани од вистински како овој што е за Божиќ и Нова Година. Играчите се жалеа зошто немало тематски ивент за Халовин, па еве TRION се решија да одговорат со ова. Таквите ивенти беа интересни во World of Warcraft на пример, затоа што играта често црпи инспирација од поп-културата, па некако вакви 'празнични' дешавки повеќе ми припаѓаа таму. RIFT веќе си има фино поставен lore, и некако е глупо што ќе го чепнат со вакви ствари. Ивентот се вика Fae Yule Festival и во видеово може да се види што ќе биде. Ќе може да се добие и Рудолф маунт што е тотална глупост исто, ама знам дека ќе го имам. И ирвас ќе има и тоа ќе го соберам. FML.

Апејтов требаше да има и Adventure мод, каде што 20 играчи ќе бидат пуштени во (инстанцирана) зона, соработувајќи околу посебни квестови. Решија да го чуваат за 1.7 зошто ќе беше премногу тука, а веројатно немаат нешто многу за тој patch. Со ова темпо, којзнае до кај ќе стигне RIFT во 2.0. За посебна експанзија, сеуште е рано да се размислува, играта не наполни ни една година. Меѓутоа, фино би било доколку додадат 5-10 левели плус, колку да не се жалат играчите за endgame-от.

Ќе заборавев да кажам, се спрема и некој нов мод на Black Garden, Stockpile. Ноќеска почна на прватните тест сервери.

November 2, 2011

The Empire Strikes Back storybook од 1980-та

Денес ја збогатив Star Wars колекцијата со оваа книга, објавена истата година кога е првпат прикажан филмот. Сосема случајно ме најде баш мене. Книгата е во одлична состојба и покрај тоа што е стара триесет години и сигурно поминала низ многу раце и сопственици. Дури има и рачно напишана посвета, што и додава некој чуден шмек и "историска" вредност. Првиот сопственик е извесен Борче кој ова го добил на поклон од тета Лена, во декември 1980. Посветата е напишана на англиски, зошто најверојатно тета Лена живее или живеела некаде во туѓина.

Во книгата е раскажан цел The Empire Strikes Back, со многу, многу слики и дијалог кој малку отскокнува од оргиналниот, меѓутоа тоа е најмалце важно. Како колекционерски предмет, совршено е! Ете и некои слики, со лош квалитет, зошто мобилниов слика ужасно при вештачка светлина.

October 31, 2011

Community владее!

Скроз блесава серија! Првите две сезони ги изгледав за недела дена и моментално ја гледам тековната, трета сезона. Сјајот на серијата најубаво се гледа во втората сезона, каде што сценаристите тотално забегуваат, како на пример епската епизода "Advanced Dungeons and Dragons" или финалето. Community имам гледно и пред две години, првите две епизоди и таа со пејнтболот од прва сезона, мада тогаш не ме привлече толку, па сега сфаќам што сум пропуштил. Од друга страна испадна супер, зошто и онака е серија што комотно може да се изгледа во еден здив.

Чеви Чејс е маестрален тука. Човекот очигледно како што старее, станува се побудала и побудала. Сите ликови се одлични, а особено Абед, кој преку неговата опсесија со филмови и серии, често го крши "четвртиот ѕид".

За Community допрва ќе пишувам, а ќе составам и една листа со најдобрите епизоди. Задолжително гледање, штета што толку време ја потценував серијава. Заедно со Modern Family, се најквалитетните ситкоми што моментално се прикажуваат во САД.

October 29, 2011

Are you sure you want to remove Dead Island?

Додека правам uninstall на Dead Island, да кажам неколку работи. Dead Island ме привлече уште со трејлерот што го објавија неколку месеци пред играта да биде пуштена во продажба. Знаеме сите од каде си ги набавуваме игрите (секоја чест на исклучоци) и во каква верзија се првите рипови, па тоа беше случајот и со оваа. Ја симнав уште првиот ден и наредните неколку денови ги потрошив барајќи асален patch кој ќе ми го среди проблемот со сејвување на прогресот и рендом крешовите што се појавуваа.

Успеав да го проработам и го завршив првиот дел од играта. Откако го завршив и вториот во еден здив (добри неколку саати играње), видов дека пак ме враќа на почеток. Толку. Немам веќе нерви да ги играм истите ствари пак и пак.А, играта е ремек-дело! Зомбија на тропски остров во сред бел ден? Дај! Dead Island е можеби најдобрата комбинација на акционен FPS и RPG. Првиот впечток ми беше дека се работи за игра многу слична на Fallout 3, само со друга тематика и не толку комплексна.

Најмногу ме воодушеви дизајнот на островот (кој е всушност туристичка дестинација) на кој се одвива приказната. Толку убава и детална околина немам сретнато во ниедна друга игра. Ги завршував и сајд-квестовите, само колку да можам да разгледувам и да се чудам колку е добро направено. Браво за дизајнерите, заслужуваат три месеци да си ги ладат во базени како во играта.

Гејмплејот е исто така посебен муабет. Млатење зомбија до бескрај со весли, метли, шипки, плински боци и се' останато што би можело да се искористи против нив. Покрај тоа, има опција за правење на оружја со материјалите што играчот ги собира по островот, па така што лесно може да се дојде до бејзбол палка појачана со шајки. Значи, настрана Resident Evil серијалот, ова е правата zombie survival игрица.

Покрај тоа што не успеав да видам ни пола од играта, криво ми е што не видов што се случува понатаму со приказната. Почнува како ликот на играчот се буди од пијанство, мамурен, среде инвазија од зомбија и продолжува да забегува во некаков заговор, од кој делови се откриваат со разни снимки и белешки што може да се најдат по пат. А, да не зборам на колку Lost референци налетав... Штета. Иако е заразно срање што цица многу слободно време, Dead Island ќе мора да ми остане недоиграна. Пре би ја купил оргинал, отколку пак да се малтретирам со печови (или само си барам изговор, зошто немам време за играње). Да не зборам дека има и поддршка за мултиплеер што ја прави уште подобра!

Една од најдобрите пет игри за 2011.

October 27, 2011

Новите DC: Swamp Thing #1 и #2

Уште одамна реков дека ќе посветам неколку реченици на Swamp Thing, како едно од најголемите изненадувања за мене во рибутот на DC. Стрипот го работат Скот Снајдер, исто така одговорен за приказната на Batman, и Јаник Пакет (се надевам дека вака го читаат), тип со прилично богата библиографија, полна со звучни наслови.

За мене ова е прва средба со овој лик и уште во кецот, ми беше јасно дека ќе го следам и понатаму. Чекав два броја пред да пишам, за поубаво да навлезам на приказната, која упорно се замрсува како што напредува. Немам ни основно познавање за ликот од претходно, па затоа ми е интересен прогресот и настаните кои уште не земале некаква солидна форма. Уште се истражува настанувањето на огромното зелено суштество, се појавуваат муабети за некакво Собрание на Дрва и друго битие како Swamp Thing, кое на докторот Алек Холанд му објаснува што се случува, на кој пак му е јасно речиси исто колку и мене, бидејќи има проблеми со сеќавањето. Се памти себеси поврзан со овие суштества, но не е во можност да ги поврзе точките. Другиот Swamp Thing претскажува што ќе се случи во иднина, но и тоа во никој случај не е добро за Земјата.

Сценариото на Скот Снајдер е феноменално, навлегува во детали и гради приказна која допрва ќе станува уште подобра. Надополнет со талентот на горе спомнатиот цртач, резултатот заслужува највисока оценка и задолжително четиво за љубителите на квалитетен стрип. Уште во првиот број ги убација Бетмен и Супермен, па ќе биде одлично доколку ги видиме и нив во изданијата кои следуваат. Вториот број заврши со интересен пресврт кој дополнително фрли бензин во разгорената приказна. Ќе се случува некој општ хаос, во кој допрва ќе ја видиме улогата Алек Холанд.

Моментално сакам да го следам стрипов без да знам ништо за старите, иако на некои изданија од пред дваесетина година е потпишан и Алан Мур. Со ваков лик, можам само да замислам во која насока успеал Мур да го забега стрипот. За тоа, повеќе во некој следен пост, кога ќе сум порасположен. Следната недела излегува третиот број од новиов серијал.

Инаку, ги ставив сите нови изданија на DC во посебен таг за полесна навигација, па затоа клик тука. Веќе го има и Batman #2 на Снајдер, нека се собере уште некоја двојка, па ќе склопам нешто повеќе.

Линкови за даунлоуд, на форумот.

October 24, 2011

Вести од Blizzcon 2011

Blizzard на овогодинешниот Blizzcon кој заврши пред некој ден, обелоденија голем дел од нивните планирани активности и игри. Иако имаше муабет дека конечно ќе има некакви новости во врска со нивната нова игра, проектот работно наречен Titan, немаше ништо околу тоа. Titan има некоја дата за 2013, па најверојатно повеќе околу тоа дури на следниот Blizzcon и во текот на следната година. Да видиме што презентираа Blizzard оваа година.

World of Warcraft: Mists of Pandaria е следната експанзија на оваа игра. Пандите од Пандарија (Саки од Саканија ми е првото нешто што ми дојде на памет, меѓутоа е тотално ирелевантно во моментов) се новата раса и приказната ќе биде најмногу сконцентрирана на нив. Ќе може да ги играат и Хорда и Алијанса и баш ме занима како ќе биде изведено сето тоа. За да се направи некаков баланс и да им се даде еднаква шанса на двете фракции, најавена е и нова класа, Monk. Максимум левел ќе биде 90 и ќе има еден куп нови зони.

Оваа експанзија ми изгледа многу поинтересно од Cataclysm, некако е повесела, делува освежувачки и ми буди повторно некој интерес за WoW. Добро е што решиле малку да се дистанцираат од оној сериозен тон кој преовладуваше во минатите две експанзии. Ќе го следам развојот на Mists of Pandaria, во секој случај. На сајтот за експанзијава линкан погоре, има еден куп промо материјали кои може да се погледнат.

StarCraft II: Heart of the Swarm е експанзијата на StarCraft II: Wings of Liberty која беше најавена уште поодамна и еве сега конечно, нешто повеќе. Ќе има нови 20 сингл-плеер мисии, нови мапи и единици, меѓутоа се некако паѓа во вода ако нема LAN. Толку се надевав дека и претходната ќе може скирмиш во LAN и ништо од тоа. Е, сега што е битната работа тука. Модови. И тоа, најважото нешто се спомнување е Blizzard DOTA (конечно им текна да го официјализираат на некој начин).

Нивната верзија на DotA ќе ги содржи хероите од нивните игри, искомбинирани заедно, во, од тоа што може да се види во трејлерот, на грозна мапа. Сите некако во последно време се фатија за DotA (MOBA) игри и модови, меѓутоа Riot Games ја најдоа правилната формула и се издигнаа над сите. Дури ни DOTA 2 не изгледа доволно привлечно и заканувачки. Како и да е, еве го тизерот за Heart of the Swarm, пред да продолжам да го тупам со друго.

За Diablo III во посебен пост.

October 20, 2011

Крај на Mythos

До крај на месецот, последниот онлајн Diablo клон ќе прекине да функционира. Европските сервери ќе бидат затворени, додека иднината на Корејската верзија е неизвесна, исто така и не ме интересира.

Играта немаше среќа уште од самиот почеток, со тоа што дел од тимот продолжи со работа на сега веќе култната Torchlight. Ја начекав играта во почетокот на европската бета, кога немаа ни среден чет систем, и пред месец дена кога се наоѓаше во фина, функционална верзија со просечен (доволен) број на играчи. Фин dungeon crawler кој секако дека имаше потенцијал и затоа ми е криво што имав толку малку време за играње. Главната причина за пропаѓањето на Mythos е тоа што имаа лош систем на микротрансакции. Лош за компанијата, затоа што наплаќаа само за ствари кои воопшто не беа неопходни за нормално играње. Не знам како планираа да опстојат со продавање на торби кои не правеа многу голема разлика, затоа што постоечката во комбинација со сефот во главниот град, беше сосема доволна.

Штета што не успеа. Колку толку ќе пополнеше простор до Diablo III. Кога сме веќе кај Diablo III, деновиве ќе спамам со новости и слично, зошто успеав да се исхајпам до тој степен, да секој ден проверувам дата за излегување.

Frogstеr, компанијата зад Mythos е позната по безобразни микротрансакции (види: Runes of Magic) и баш ме чуди како не им успеа тука. Моментално се инволвирани во нова игра, Eligium: The Chosen One, чија бета наскоро треба да биде пуштена. Новава игра е закажана за пролет.

Слична игра, Path of Exile, има регистрација за бета, така да кој е заинтересиран нека провери.

October 16, 2011

Преглед на RIFT 1.5 Ashes of History (втор дел)

Начекав zone event во Shimmersand, и собрав тоа што ми требаше за да го добијам Ash Strider маунтот.

Исто, така ги пројдов останатите две Chronicle инстанци и тоа со нов билд, Necromancer / Warlock. Многу поразличен од тоа што играв претходно. Интересно, само што треба време за да видам што може да направи.

Што е до мене, првиот дел од тековниот World Event е завршен, тоа што ми требаше си го земав. Веројатно уплаќам следната недела, кога ќе почне втората фаза.

October 15, 2011

Преглед на RIFT 1.5 Ashes of History

TRION како дел од промоцијата на новиот 1.5 patch, повторно овозможија сите играчи бесплатно да ги уживаат благодетите на RIFT. Од вчера, до понеделник - играта е отворена за сите, без никакви ограничувања. Браво за потегот, баш кога сакав да платам за уште еден месец играње.

Ова е најголемиот апдејт на RIFT до сега. Подобрувања во графиката, нов начин за напредок на карактерите и после 50-ти левел, нов warfront и нови инстанци за 1 до 3 играчи, наречени Chronicles. Меѓу другото, конечно го средија проблемот со музиката! Од тоа што видов, ова е и најдобриот апдејт до сега. Играта конечно го добива правилниот облик, дистанцирајќи се од купот слични ММО-а.

Library of the Runemasters

Library of the Runemasters е новиот warfront, каде што тимови на двете спростиставени фракции ќе можат да си ги одмерат силите. Стратегијата е слична како во The Black Garden, со тоа што има неколку артефакти, борбите се понапнати и бараат поголема организација и планирање. Интересно е, само што е уште во некоја бета фаза. До вчера, овој warfront не бил достапен цело време, а сега е пуштен, веројатно за да ја тестираат стабилноста со голем број на играчи.

Chronicles беа долго најавуваните инстанци, за оние кои немаат време сериозно да рејдаат (периодов, јас). Има по една ваква инстанца за соло играње и за двајца. Дизајните се веќе постоечки локации во Телара, значи не е ништо посебно ново. Интересното е што секоја од овие инстанци, нуди приказна која на мене како lore junkie ми дојде супер. Првиот chronicle е всушност во Меридијан, каде што се слават постигнувањата на карактерот, за гозбата на крај да се претвори во бранење на градот од зли сили. Бидејќи е за еден играч, има NPC-ја кои помагаат, меѓутоа голем дел од инстанцата, играчот е оставен сам на себе.

Planar Attunement е нов систем на подобрување на карактерот и после крајниот 50-ти левел. Целиот experience што се добива во играта, може да се искористи како поени за подобрување на одредени карактеристики и способности. Иако имам поени, сеуште не го пробав, зошто има толку многу опции и сакам да видам што во иднина најмногу би ми користело. Супер е, како и да е, ретко која слична игра нуди нешто вакво.

Во тек е и нов World Event. Ништо поразлично од претходните. Ама, има една интересна ствар за добивање на epic mount. Со валутата од ивентот, Magma Opals, се купува Inert Raptor Egg, кој се "храни" со шардови кои се добиваат од Fire и Earth Рифтови. Шардовите се ретки, но може и да се купат. Кога јајцето ќе стигне до 35 левел, станува Аsh Strider!

Супер е апдејтов. Да пројде следнава недела и уплаќам за еден месец играње. Инаку, RIFT ја доби и наградата Најдобра нова онлајн игра, како и наградата Најдобра онлајн технологија на Game Developers Choice.

October 14, 2011

League of Legends Log #7: Уште еден Malzahar Quadra Kill

Malzahar е најдобриот мејџ во цела игра. Точка. Денeс го направив вториот quarda kill со него. И, никако да дојдам до тој епски penta kill. :)

October 13, 2011

Нова серија: Homeland

Таман мислев дека толку од изненадувањата за оваа сезона на серии, се појави Homeland. После само две изгледани епизоди, можам да кажам дека ова е најдоброто нешто што ќе го следам. Сосема случајно ми улета серијава, можеби тоа и беше една од причините што ми остави толку силен впечаток. Има спојлери подоле.

Маринецот Николас Броди се води како исчезнат во акција веќе осум години, некаде на Блискиот Исток. Пред да биде пронајден од специјалните сили на САД, ЦИА агентката Кери дознава од арапски затворник за американски војник кој преминал на "другата страна". По враќањето на Броди во САД, Кери се сомнева дека тој е некако поврзан со најмоќниот терорист (во серијата се спомнува и за смртта на Бин Ладен) на светот Абу Назир и е инволвиран во планирање на нов терористички напад во Америка. Информацијата која Кери ќе ја добие од затвореникот се поклопува и со присуството на Абу Назир во САД, кој не е виден неколку години од тајните служби.

Тоа што најмногу ми се допадна тука освен реалистичниот тон, се ликовите и начинот на кој се прикажни. Покрај тоа, актерите што ги глумат се страшно талентирани и одлично се снаоѓаат во улогите кои им се доделени. А, уште во првата епизода се забележува сериозен развој на ликовите. Броди е речиси сосема отсечен од неговото семејство кое не го видел со години, децата не ги ни познава, а неговата сопруга (Инара од Firefly) е во тајна врска со еден од неговите пријатели и колега војник. Владата на САД сака да го искористи во сопствената воена пропаганда, како херој од нивната борба со тероризам. Броди исто така има проблеми со психичките и физичките трауми кои останале како последица од годините поминати во измачување.

Од друга страна, Кери комплетно се посветува на истрага која ќе докаже дека токму Броди е шпиунот на непријателот, предавникот кој сега работи против сопствената земја. Успева да стави камери во неговата куќа и секојдневно да го надгледува, без знаење на службата. Тука и станува интересно, бидејќи Броди не прави никакви предавнички чекори и се однесува нормално во склад со ситуацијата во која се наоѓа. Спомнав ли дека Кери исто така боледува од психоза? Всушност, најинтересното е тоа што камери нема само во неговата гаража, во која почнува да се случува нешто сомнително. Втората епизода го покажува Броди како кажува муслиманска молитва, давајќи ни на знаење дека го прифатил Исламот како религија. Што во никој случај не би требало да значи дека соработува со терористите, па верувам дека за да ја задржат напнатоста, ќе го влечат ова уште некоја епизода. Инаку, серијата оди на Showtime, телевизија која без проблем прикажува експлицитни сцени, така што не крателе на ништо за да може и деца да ја гледаат.

Цело време во Homeland се осеќа напнатост и неизвеснот што секако ја прават серијата толку интересна. Така што паранојата на ликовите, лесно се пренесува и кај публиката. Со оваа динамика, верувам дека серијата има да понуди уште повеќе. Двете епизоди завршија со заебан клифхенгер, среќа што ги гледав по ред. По крајот на вторава епизода, следната ја чекам со нетрпение. Е, ваква серија барав, што ќе ме држи вака ококорен од недела во недела. Многу подобра од Person of Interest или од било што друго од новиве. Чиста десетка.

October 12, 2011

The Avengers трејлер

Излезе трејлерот за The Avengers. Очекувам ова да биде еден од најдобрите филмови следната година, што e сосема оправдано бидејќи она што го видовме претходно од адаптациите на Марвел беше ептен добро.

На Земјата и се заканува опасност која бара интервенција од неколку супер-херои, кои S.H.I.E.L.D. ги регрутира како Авенџерс. Изгледа дека Локи е главниот негативец, приказната ќе се врти околу коцката од Captain America и конечно ќе го видиме Ник Фјури во повеќе сцени. Се надевам дека нема да претераат со Мајкл Беј експлозии како што има во некои сцени од трејлеров и дека филмот ќе има подобра музика од оваа тука. Исто така, актерот што го глуми Брус Банер некако не ми се свиѓа.

The Avengers излегува во мај следната година. Клик тука за трејлерот.

Види такоѓе:

October 11, 2011

Новите DC: Batman The Dark Knight #1, Superman #1 и The Flash #1

Малку сум кнап со време изминативе две недели, па затоа и ја закаснив турава на последните кецови на DC рибутот. Веќе почнаа да излегуваат и вторите броеви, но тие во некој следен пост. Да видиме што мене ми го привлече вниманието од новиве стрипови.

Batman: The Dark Knight #1. Наслов потпишан од Дејвид Финч чиј прв том заврши со пет броеви од кои нешто имам и на хартија, благодарение на Дамјан. Тие пет броја никако да ми дојдат на ред за читање, а можеби и требаше пред да почнам со ова. Како и останатите Бетмен изданија од рибутов, и ова е со висок квалитет на илустрации и сценарио.

До сега од се што излезе со Бетмен како главен лик, директно влезе со мојата листа на најдобрите нови DC наслови. Знаат како да го возат нивниот најдобар лик, има сценаристи кои одлично го доловуваат ликот и цртачи кои феноменално го пресликуваат тмурниот амбиент на Готам и неговите жители. Приказната е повторно се врти околу Аркам, за на крај да најави негативец кој ни е добро познат, но во далеку погрозоморна варијанта. Наслов кој дефинитивно треба да се провери. За следниот број, планирам да ги прочитам и оние пет пред рибутот, во случај нешто да е поврзано.

Superman #1. Искрено, Супермен во ова издание не ме воодушеви толку многу. Имаа одличен Супермен во Action Comics #1, а овој тука не е ништо посебен. Освен тоа што Дејли Планет има нова зграда, останатото е некако исто како претходно. Супермен се бори со некаков натприроден оган со веројатно вонземско потекло, кој иако успева да нанесе огромна штета низ Метрополис, не ја ни потпалува тазе испегланата наметка на Човекот од Челик. Не ми е целта да измрчам за костимот на Супермен, туку само да посочам дека не видов никаков прогрес во Superman #1.

Ако нешто стварно почнува од прв број, тоа е ова. Можеби на некој ќе му се допадне, мене ете воопшто не успеа да ме импресионира. Има интересен арт, ама и еден куп непотребни дијалози кои не видов како допринесоа за развој на приказната. Ќе го ѕирнам и вториот број, да видам што ќе понуди, мада има еден куп други Супермен наслови што не сум ги читал, така што повеќе би ги листал тие отколку ова.

The Flash #1 е веројатно првиот Флеш стрип што го читам. Ликот го знам од ТВ, сум го среќавал и во други DC изданија, ама никогаш вака посебно. Затоа и се нафатив да го читам, и тоа од прв број нели. Флеш е интересен лик, каде и да се појави (дури и во тие неколку JLA епизоди што сум ги гледал). Бев ептен загреан за читање и кецов ме радуваше многу повеќе од останатите кецови во турава.

Не очекував којзнае колку, меѓутоа ова што го прочитав некако ме остави рамнодушен. Просечни цртежи, приказна која не ми значеше ништо и лик кој некако е различен од она што го знам претходно. Дури ни крајот не успеа да ми загарантира читање на вториот број. До сега се што читав и пишав на блог за рибутов, беше стварно добро. Знаев дека нема да е со сите наслови така, па ете, The Flash ќе го ставам во оние послабите. Дури и насловната му е грозна.

Првата тура втори броеви, како што кажав, е веќе тука. Нешто прочитав, нешто оставив за да се присобере во повеќе броеви. Swamp Thing #2 е исто излезен и време е да пишам нешто повеќе и за тоа.

Види такоѓе: