November 17, 2011

Torchlight II следната година?

Torchlight II беше најавена за крајот на оваа година, но изгледа дека ќе почекаме уште неколку месеци. Тревис Болдри денес на официјалниот сајт на играта, објави дека играта сè уште е во развојна фаза и потребно е уште некое полирање пред да биде издадена.

Со оглед на тоа што Torchlight II ја работи мал тим од само тројца програмери, сфаќам зошто неколку пати го преместуваат датумот. И самите Runic Games сакаат да издадат квалитетна игра, која според нивните зборови, би требало да е неколку пати подобра од својот претходник. Од друга страна, мислам дека повеќе се работи за бизнис одлука, бидејќи како што и Болдри кажува во постот, месециве излегоа многу добри игри кои уште некое време ќе ги окупираат компјутерите и конзолите на играчите. Конкуренцијата е навистина моќна, па затоа и нема потреба од брзање. Пред се, се работи за (комерцијално) многу помала игра која има големи шанси да биде смачкана од гигантските наслови присутни околу.

И на крај, повеќе би сакал да видам добро продолжение, отколку исфорсиран производ полн со багови. Слободно средете си ја играта Runic, и онака немам многу слободно време. Само датумот следната година да не се поклопи со Diablo III, тогаш што правиме?

5 comments:

Random nobody said...

Интернет кажано - Co-op or GTFO. Пошо за SP има многу избор, and quite frankly здосадено ми е да тепам монстери сам.

Бојан Николов said...

Епа, ќе има тука и тоа преку LAN. :)

Random nobody said...

Music to my ears.
Уште еден компјутер да докупам.. :)

Kiril Spasovski said...

ej bojan kupuvas li igri preku net
ako naracuvas pls kontaktiraj me na emaliot na blogvo so mi e da se dogovorime da ti daam kes ako mozes dam inaracas

Бојан Николов said...

Здраво Кирил. :) Единствената игра која ја имам купено преку нет е Rift. Неможев нигде да го најдам твојот мејл, па можеш слободно да пишеш на мојот, го има десно во сајдбарот. :)

Поздрав