December 11, 2009

Family Guy: Something, Something, Something Dark Side

Денес низ warez мрежата се појави целосна, нецензурирана верзија на новата Family Guy пародија на Star Wars, Something, Something, Something Dark Side која официјално треба да излезе за две недели. Само што ја изгледав и саат време не прекинав да се смеам. Колку пати треба да повторам дека Сет МекФарлејн е гениј? Не престана да се надминува себе и не знам до каде би можел да оди.

Новата пародија е феноменална и ми се свиѓа повеќе од Blue Harvest, затоа што нели, The Empire Strikes Back го сметам за омилен од оргиналната трилогија. Ваква пародија на овој филм, немало до сега, а нема ни да има, бидејќи ова го движат ликови од најдобрата хумористична цртана серија која моментално се прикажува.

МекФарлејн знае како да ги искомбинира карактеристиките на неговите ликови со оние на Лукас и може секоја сцена од Star Wars да ја претстави како дел од Family Guy универзумот. Хан Соло е уште покул кога го 'глуми' Питер. ("I love you. - Fuck off.") Палпатин е татко и на Лоис, Картер Пјутершмит, Џиновската кокошка е Боба Фет, па веќе може да се претпостави каква сцена не очекува во следната пародија.

Скроз забегани моменти, ако почнам да ги двојам ќе треба да го раскажам целото. Има куп ситници ради кои плукав кафе од смеење, аплаудирав ко кретен и враќав сцени. Крајот најмногу ме изненади, делува како МекФарлејн да спрема пародија на уште една култна трилогија. Океј, немора да значи, меѓутоа кревам две раце "за".

We Have A Bad Feeling About This ќе биде последната пародија, на Return of the Jedi и треба да се појави на пролет.

1 comment: