September 13, 2008

Demonbane, Akira и пост-Dragon Ball Z стрес...

Иако Death Note е многу подобар начин за исфрлање на Dragon Ball Z од организмот, некако не ми се поклопува со слободното време кое сакам да го потрошам на други работи. Akira го има речиси истиот ефект, а и трае пократко. Го немав и онака одамна гледано, а веќе некое време го имам и на ДВД, ре-мастеризирана верзија, плус некои други додатоци кои не успеав уште да видам што се (читај: ме мрзи). Akira е одлично аниме, но сепак првото место кај мене е резервирано за Ghost In The Shell. И двата филма обработуваат интересни теми, но GitS многу повеќе ми лежи. Akira за жал во 2009 година станува дел од магичниот круг на холивудските римејци, сиквели, приквели и уништување на оргинални идеи и концепти. Иш.

Demonbane го планирав долго време. Кратко е, 12 епизоди, се гледа за два-три дена. Само што ја изгледав првата сезона и не успеа да ме импресионира ни малку. Се работи за детектив е најмен од сомнителна група на луѓе да најде стара мистична книга. Имињата на ликовите и некои други ситници се позајмени од дела на Лавкрафт. Мене не успеа да ме купи со финтава, иако сум фан на писателот. Но, дури и ми се чинеше малку интересно, а потоа епизодата почна да се развива во правец од кој лесно може да се види дека целна група на Demonbane се goth/emo тинејџери. Барем му дадов шанса.

После Death Note, критериумите за аниме ми се комплетно поместени и убеден сум дека нема да гледам подобро аниме во наредниве пет години. Таму уште првата епизода предизвикува зависност поголема и од Lost. Следно на листа е Reideen.

4 comments:

Losteech said...

Не постои некоја позависна серија од Lost (колку да спамнам).. :)

btw даунлодирај ја и ѕирни ја "Fringe" многу закон серија (направено од ЏЏ. Абрамс!) ;)

Бојан Николов said...

Fringe e копија на The X-Files. Не гледам копии на The X-Files. :)

Losteech said...

Па да, малце наликува на X-Files :)
Ќе видиме, можда во иднина ќе стане нешто поинаква серија. :P

Влатко said...

Можеш да си го убациш и Афро Самурај, онака интересно е , 5 епизоди има. Семјуел Ел Џексон го дава гласот на главниот бед ес модерфакер.Инаку сега го гледам Death Note, а следно мене ми е Cowboy Beebop.