October 30, 2007

OGAME: Отворени се uni34 и uni35


Незнам дали некој сеуште игра OGAME. OGAME на нашиве простори, најмногу се играше пред повеќе од две-три години.

Како и да е, вчера и денес отворија два нови универзума на англиската верзија, uni34 (стандарден) и uni35 ("speed" универзум). Пред месец дена, почнав да играм во uni33. Пред тоа, некое време ја играв Балканската верзија на uni7. Се регистрирав вчера и во uni35, да пробам како е да се игра OGAME така брзо. Интересно е, градбите се побрзи, се добиваат повеќе ресурси...

Доколку некој се реши да почне да игра, ги предлагам uni33 и uni35. Првиов е исто така релативно нов, и може лесно да се напредува во играта. Таму е и македонската алијанса во која сум и јас член, Last Stand.

Туку, за тие што незнаат што е OGAME, ме мрзи да објаснувам, еве линк од Wikipedia. Да напоменам само, дека играта е екстремно заразна, и се регистирате на своја одговорност. :)
OGAME не бара никаква инсталација, потребен ви е само веб-прелистувач (Mozilla Firefox, нормално), слободно време, нерви (де, на сите ни ја искршиле флотата и ни собрале илјадници ресурси) и добра воља. Не е ништо тешко, лесно се влага во шема... и тешко се излегува.

А, исто така, за почетниците, има и едно фино упатство, напишано од Chronic, OGAME ветеран, и објавено тука.

14 comments:

Rogi said...

Ја едвај се рехабилитирав и првиот пат...no way...да почнувам пак :D

janko said...

Ова се поклопува со отворање на Уни 14 (стандарден) на балканското огејм. :)

Бојан Николов said...

Прекинав балканското да го пратам. Досадно е, и пребрзо се откажуваат луѓе. :)

Ико said...

НИКАКО! БРИШИ ПОСТ! Народе не пробувај!

Страшна, страшна, страшна зараза...

Јас играв уште одамна, сојуз Mlecen, па после тоа сојуз UFO (со некои босанци и хрвати главно), и ми одеше топ, ама, труд од пет-шест месеци отиде во неповрат за една пијана вечер...

Барем ме имаше во Hall of Fame кога ме уништија :-)

Бојан Николов said...

Хехехе.

За една вечер? Аман, со Deathstars те нападнале? :)

Neno said...

А бе што се случи со Obsidian Order? :)
Некако чекањето ми здосади и ретко се конектирам, премногу ми е броузерска- ми треба мене малце поише акција, така да за брзо време сигурно се враќам на DOW: Dark Crusade.
Кој сака слободно ЌЕ може да ме предизвика. :)

Бојан Николов said...

Незнам. Таму јас сум на отсуство. :)
Нема луѓе во тој универзум веќе, сите сме на uni33. :)

Rogi said...

Јас ќе се сложам со Ико. Јес да неам ништо glorious за фалење :D али таа зараза никако пак... доволно ми беше што имав моменти на будење во 4 сабајле со аларм дека треба да ја пренасочам флотата. Never again. :D

www.hardenheavy.blogspot.com

Бојан Николов said...

Е, јас овој пат не се будам среде ноќ, туку рачунам кога станувам (секогаш ме буди аларм), и тогаш ја местам флотата. :)

Bunka said...

Абе алијансава ја нема на uni33, преку search ја барам Или пак не може да се пристапи во некоја лаијанса дололку немаш одредено ниво.

П.С. Јас само што почнав да играм :)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Јебига помеѓу OGAME и WoW нема бирање... :P

Бојан Николов said...

Bunka, барај alliance tag: L.S. :)

Поздрав, и пиши под кој ник играш.

Neno said...

оф топик

Nanohex:
Човече знаев дека ти имаш врска со ова! :D
специфичен и одличен звук, само напред!
:)

Бојан Николов said...

Фала, фала. :)