Конечно нова, интересна серија што ќе ја следам сезонава. Квалитетот на ваквите драми, последниве години значително е опаднат, па ова доаѓа како пријатно освежување. Иако идејата не е воопшто нова, на пример, серијата многу позајмува од The Minority Report, има доза на оргиналост, а и ликовите се доволни добри за да ја возат како што треба.
Главната причина поради која што се решив да и дадам шанса на првата епизода е Мајкл Емерсон (Бен од Lost). Типот е генијален, а улогата тука е баш скроена за него. Бен го глуми господинот Финч, сомнителен милијардер, кој има создадено софтвер што идентификува луѓе поврзани со некако криминал, што допрва треба да се случи. Освен името на личноста која е инволвирана, другите детали не се познати. Не се знае дали е жртва или сторител на некакво кривично дело, ниту па е познато кога точно и каде ќе се случи тоа. Софтверот е инаку развиван после 9/11, каде што Владата решава да превземе дополнителни мерки за безбедност, со тоа што ќе ги идентификува потенцијалните терористи.
Финч го најмува Џон Рис (го глуми Џим Кавизел), бивш ЦИА оперативец кој е прогласен за мртов и живее во бегство, да му помогне при спречување на криминалот кој треба да се случи. Рис е добро обучен за акција на терен и неговите физички квалитети тамански се вклопуваат со идеите на Финч. По Рис инаку трага и полицијата, откако брутално ќе истепа неколку курнази во метро.
Person of Interest е дело на Џонатан Нолан, што доволно говори за квалитетот и ветува многу. Единствено нешто што може, а се надевам дека нема да посмета, е Џеј Џеј Абрамс како извршен продуцент. Знаеме по што е познат Абрамс и колку може да заебе, па се надевам дека е потпишан само колку да се крене рејтингот на серијата и дека неговиот придонес е минимален.
Во секој случај, пилотов беше одличен. Тимот го реши првиот случај, ништо спектакуларно, но има огромен потенцијал за добри приказни. Очекувам многу поголем заплет во иднина, нешто што ќе ме натера да ги бројам деновите до следната епизода. Ако ништо друго, мило ми е што го гледам Мајкл Емерсон пак. И да, имаше неколку неизбежни Lost референци. Веројатно тоа е клетва што ќе ги следи сите актери од таа серија. Не ми смета, воопшто.
Person of Interest се прикажува во САД во четврток, а тука епизодите ќе ги имаме во петок сабајле.
Види такоѓе:
3 comments:
Добра е серијава,убав почеток на епизода, понатака малку ме разочара. Како на послужавник да ми ги сервираа ликовиве и одговорите на прашањата, како да не оставија многу простор за размислување и претпоставки и немаше некои напнати моменти. Или пак напротив бар да имаше подлабока анализа на ликовиве...
Ова е моето мислење после пилотот, давам шанса уште неколку епизоди, па ќе видиме понатака. :)
Втората беше супер, ама фураат онаков CSI формат, секоја епизода е посебен случај. Тоа не ми се свиѓа баш најмногу. Затоа чекам да видам дали ќе ја продлабочуваат причата, зошто вака ќе затупи. Плус, ни тие случаи шо им се, не се нешто особено интересни.
почна да изненадува серијава, браво за креаторот, имаше полусезонска разврска на причата ќе видиме како ќе продолжи.
Post a Comment