
- Приказна
Играта ќе биде сместена во Старата Република, мојот не толку омилен период, од причини за кои имам дури и премногу зборено/дрвено. Никогаш не ми се разјасни како е можно Галаксијата да нема направено никаков технолошки прогрес 4000 години до појавувањето на Лук Скајвокер. Не дека барам логика, ама кога ќе видам Darth Vader оклоп (ок, не сосема ист) од тоа време, некако неферски ми е злоставен оргиналниот извор. Не е кул да трупаш што ќе ти дојде, само за да задоволиш одредена група на фанови. Знам дека Star Wars лорот е станат ко јавен ќенеф и се забегува без усул, само што некогаш некои ствари ептен, ептен штрчат.
Енивеј, како што реков, играта ќе се одвива во Старата Република, или попрецизно, 300 години по Knights of the Old Republic играта (клик тука за стрипот). Се јавува нов конфлик помеѓу Империјата на Ситот и Републиката, ништо ново би рекол, мора некако да се оправдаат фракциите. Дешавката е покриена во неколку стрипови и книги, ги земав чисто онака да видам што се, ете уште дремат на хард-диск непипнати. Токму приказнава е мојот најголем проблем со играта, зошто ми е крајно неинтересна.
- Раси и класи

До сега, потврдени се неколку раси, нормално Луѓе, Zabrak, Mirialan, Twi'lek и раса измислена специјално за играва, Sith Pureblood, локални жители на планетата Korriban каде што се формира новата Сит Академија (Сит Академија, хахаха и ова го има, да). Класите се нормално Џедај/Сит што ќе користат сејбери, па bounty hunter, smuggler (Хан Соло класа), трупери, итн. Секоја класа ќе може да користи две различни специјалности, нешто како таленти претпоставувам кај другиве слични игри. Веројатно ќе има за секого по нешто, мада претпоставувам дека сите ќе сакаат да имаат сејбер во рака. Како што зборев и со Дамјан на темава, тоа е уствари најголемиот проблем за успехот на Star Wars MMO. Се надевам дека тука барем ќе се направи некаков баланс.
- Свет
Тука веќе станува интересно, особено за посветени истражувачи на виртуелни светови по игри. Има огромен број на планети, меѓу кои и некои што ги знаеме од филмовите, како Alderaan, Tattoine, Coruscant, Hoth и еден куп како Ord Mantell, Corelia, Nar Shaddaa кои се појавувале низ игри, стрипови и книги, но никогаш не сме ги виделе како изгледаат. Ако ништо друго, играва ќе вреди само за овој момент, зошто BioWare знаат како да дизјанираат убави светови. Покрај тоа, Галаксијата е огромна и локациите во играта ќе може да се шират до бескрај низ евентуалните експанзии.
- Гејмплеј
Играта инаку е веќе во затворена бета фаза на тестирање и моментално тие што веќе играат се обврзани да ја чуваат содржината во тајност (забрането е споделување на скриншоти и видеа). Регистрацијата е отворена, меѓутоа за клуч се чека долго.
SW: TOR несомнено ќе биде добра/успешна игра и покрај фактот дека Star Wars MMO не е којзнае колку генијална идеја. Гледам дека публиката е загреана за ова, останува да се проба и да се види дали навистина вреди толку колку облакот прашина што се крена. И да, видеово е страшно добро. Ова нека послужи како вовед. Следам што се случува со играва, па ќе пишам нешто повеќе во некој следен пост.
No comments:
Post a Comment