По препорака од Љубиша, деновиве седнав да исчитам се од Wolverine: Origins, приказната што лани заврши со 50-тиот број. Првите десетина ги имам листано уште одамна, само што некако ги забаталив, зошто сепак треба посебно расположение. Wolverine: Origins почнува со вовед сместен во главната серија на Wolverine стрипот, по настаните во House of M, кој го немам читано, отприлика знам што е како е, меѓутоа недоволно за да ме заинтересира.
Има малку спојлери подоле, да си помуабетиме на раат.
"Origins & Endings" почнува во Токио, каде што Логан го напаѓа јапонскиот премиер. Сите се збунети од неговиот потег и мотив, се додека Ема Фрост не им објасни на S.H.I.E.L.D. дека Логан всушност се сеќава на целото негово минато. Сите експерименти, Weapon X, лагите, манипулациите, бришењето на меморијата и сите останати неправди кои му се нанесени. Доволен мотив за одмазда која решава да ја реализира и почнува да поставува прашања во стил својствен за него. Во Јапонија, патот го носи и до седиштето на Weapon X, каде бил изложен на сите тие експериментирања. Успева да влезе во трага на Баки, бившиот помошник на Капетан Америка, сега познат како the Winter Soldier (Русите го создаваат ваквиот Баки). Логан го наоѓа Баки во Белград каде што дознава дека токму Баки е одговорен за смртта на жената на Логан и нивниот син, со кој подоцна почнува многу интересна приказна.
Како вовед, ова е сосема доволно да навлече, да се прочита целиот серијал. Јас сум негде до пола, страшно е добро понатаму и има една феноменална приказна со Captain America за која ќе пишам деновиве. Мистериозното минато на Вулверин полека се открива и точките конечно се поврзуваат. Мајсторски е изведено, од пишување и цртање до развој на настаните. На линков ги има сите изданија кои ја комплетираат сагата. Од полу-лаичка перспектива ќе си земам за право да кажам дека ова е едно од најдобрите ствари на Марвел.
No comments:
Post a Comment