Бетмен како лик има доживеано еден куп адаптации, меѓу кои и неколку цртани серии. Мојот избор секако паѓа на Batman: The Animated Series, култната серија од раните 90-ти која доживеа неколку сезони (вкучувајќи ги и тие под името The New Batman Adventures), собра четири Emmy награди и послужи како подлога за најдобриот Бетмен анимиран филм до денес, Mask of the Phantasm. Кевин Конрој остана најдобриот актер кој го позајмувал гласот на Темниот Витез, а Марк Хамил е сеуште ненадминат во изведбата на Џокерот.
Подоцна следува Batman Beyond, серија работена од речиси истите луѓе (како Пол Дини, Брус Тим), сместена во истиот тој универзум кој го постави TAS. Првата сезона на Batman Beyond ја изгледав конечно, пред некој ден. Секогаш ми делуваше примамливо, но идејата за пензиониран Брус Вејн упорно ме одбиваше од серијата. Откако изгледав, сфатив колку не сум бил во право.
Подоцна следува Batman Beyond, серија работена од речиси истите луѓе (како Пол Дини, Брус Тим), сместена во истиот тој универзум кој го постави TAS. Првата сезона на Batman Beyond ја изгледав конечно, пред некој ден. Секогаш ми делуваше примамливо, но идејата за пензиониран Брус Вејн упорно ме одбиваше од серијата. Откако изгледав, сфатив колку не сум бил во право.

Сосема случајно, Тери открива дека Брус Вејн е легендарниот Бетмен и решава да го "позајми" последниот костим. Брус подоцна сфаќа дека Тери може да се носи со улогата на Бетмен и се поставува како ментор, кој го води речиси низ секоја мисија. Односот меѓу стариот и младиот Бетмен е тоа што ја прави серијата толку интересна, покрај низата негативци и приказни кои следуваат понатаму. Иако дејствието се случува во иднина, не е претерано СФ со забегана напредна технологија,а уште помалку наивно и детски (освен кога е, јебига цртан за деца е). Серијата е доволно мрачна и сериозна поголемиот дел од времето, што ја прави интересна за сите возрасти. Ја прекинав првата сезона за да гледам The Batman, па кога ќе изгледам уште нешто од тоа, ќе продолжам...

Приказните во првава сезона се океј, само што на моменти има некои непотребни забегувања кои воопшто не прават смисла, дури и на деца не би им биле занимливи. Како на пример, пиштолот на Џокер што ги 'сместува' луѓето во огромни картонски кутии кои изгледаат како големи карти за играње. За среќа, ваквите моменти се ретки, а остатокот од серијата си е баш како што треба. Првава сезона е супер, на крајот имаше интересен пресврт со кој го убација Клејфејс во приказната. Ѕирнав нешто и од втора сезона, таман е, се појави и Ридлер како негативец.
И двете серии се добри и би му биле интересни на секој Бетмен фан. Глупо би било да ги споредувам зошто секоја си е убава на свој начин. Во секој случај, не ја надминуват The Animated Series, но вредат за потрошеното време.
Види такоѓе:
No comments:
Post a Comment