October 24, 2011

Вести од Blizzcon 2011

Blizzard на овогодинешниот Blizzcon кој заврши пред некој ден, обелоденија голем дел од нивните планирани активности и игри. Иако имаше муабет дека конечно ќе има некакви новости во врска со нивната нова игра, проектот работно наречен Titan, немаше ништо околу тоа. Titan има некоја дата за 2013, па најверојатно повеќе околу тоа дури на следниот Blizzcon и во текот на следната година. Да видиме што презентираа Blizzard оваа година.

World of Warcraft: Mists of Pandaria е следната експанзија на оваа игра. Пандите од Пандарија (Саки од Саканија ми е првото нешто што ми дојде на памет, меѓутоа е тотално ирелевантно во моментов) се новата раса и приказната ќе биде најмногу сконцентрирана на нив. Ќе може да ги играат и Хорда и Алијанса и баш ме занима како ќе биде изведено сето тоа. За да се направи некаков баланс и да им се даде еднаква шанса на двете фракции, најавена е и нова класа, Monk. Максимум левел ќе биде 90 и ќе има еден куп нови зони.

Оваа експанзија ми изгледа многу поинтересно од Cataclysm, некако е повесела, делува освежувачки и ми буди повторно некој интерес за WoW. Добро е што решиле малку да се дистанцираат од оној сериозен тон кој преовладуваше во минатите две експанзии. Ќе го следам развојот на Mists of Pandaria, во секој случај. На сајтот за експанзијава линкан погоре, има еден куп промо материјали кои може да се погледнат.

StarCraft II: Heart of the Swarm е експанзијата на StarCraft II: Wings of Liberty која беше најавена уште поодамна и еве сега конечно, нешто повеќе. Ќе има нови 20 сингл-плеер мисии, нови мапи и единици, меѓутоа се некако паѓа во вода ако нема LAN. Толку се надевав дека и претходната ќе може скирмиш во LAN и ништо од тоа. Е, сега што е битната работа тука. Модови. И тоа, најважото нешто се спомнување е Blizzard DOTA (конечно им текна да го официјализираат на некој начин).

Нивната верзија на DotA ќе ги содржи хероите од нивните игри, искомбинирани заедно, во, од тоа што може да се види во трејлерот, на грозна мапа. Сите некако во последно време се фатија за DotA (MOBA) игри и модови, меѓутоа Riot Games ја најдоа правилната формула и се издигнаа над сите. Дури ни DOTA 2 не изгледа доволно привлечно и заканувачки. Како и да е, еве го тизерот за Heart of the Swarm, пред да продолжам да го тупам со друго.

За Diablo III во посебен пост.

2 comments:

Anonymous said...

Пандареан со големо задоцнување...според мене. Јас сум сигурен дека да ги внесоа Пандарен како раса во WoTLK или Cata ке беше друго, но некако сега веќе 75% од популацијата на WoW се олади се презасити. Прст на чело дали ова ке направи некој jump start на веќе застарениот наслов останува да видиме, искрено Mists of Pandaria, изгледа интересно.

StarCraft II: Heart of the Swarm е експанзијата е на место погодено со многу новости кои не само во singleplayer кампањата, ке донесат многу свежина во целиот multiplayer meta game. Ми се свиѓа што некои единици решиле да ги изостават за подобар баланс, место да стават се на куп.
Во врска со нивната DoTA не сум возбуден ама ич, интересен е делот кога ке го покориш титанот (што и да е) и тој се приклучува како сојузник и јуриша кон противникот - изгледа застрашувачки.... сепак останувам со LoL :)
p.s Dota2 фаил според мене...

Бојан Николов said...

У новата експанзија на WoW ќе има и инвазии, нешто што е карактеристично за Rift. :) Незнам како на Близард не е им текна први да воведат таков динамичен content.

Новата ДОТА не верувам дека ќе успее. Касно е за тоа, веќе има многу бољи MOBA игрици.