June 28, 2011

Кога Torchlight II? Кога Diablo III?

Torchlight II

Годинава очекував барем една од игриве. Runic упорно ја поместуваат датата (беше пролетва, па јули, па крај на годинава), додека Blizzard не ни имаат дата. Се надевав дека летово ќе може да се игра Torchlight II, особено по сите најави за новите додатоци, како на пример co-op преку LAN, зошто од Diablo III нема никаков глас.

Runic од некоја причина ја одложуваат играта и стварно се надевам дека ја прават уште подобра од тоа што треба да е. Верувам дека сфатија за каква игра се гладни играчите и дека нема да промашат. Доколку е базирана на формулата од првата игра, со успешно имплементирани нови работи, гарантирам дека нема да има никаков проблем. Од скриншотите и видеата од разни гејмерски саеми и конвенции, Torchlight II изгледа сосема на место. Се надевам дека и приказната ќе биде на истото ниво.

Blizzard не згрешиле до сега и чекањето знам дека ќе се исплати. Ете, ќе си земам за право да ја приложам StarCraft II како доказ. Мислам, Blizzard се, сериозни се и не си дозволуваат да разочараат. Од Diablo III за среќа има квалитетни видеа, каде што убаво се гледа што може да се очекува овојпат. Преубаво дизајнирана игра, џам графика и детални анимации. Diablo како франшиза веќе си има приказна далеку поопширна од онаа на Torchlight, мислам, многу повеќе од два реда изговор за трчање низ пештери.

Ми се игра dungeon crawler. Единствено овој жанр RPG игри денес би бил добар ако ги оставиме ММОRPG-ата настрана. Баш пред скоро зборев дека денес останатото е тапа, ете и после The Witcher 2 можам да го кажам истото. Јебига, повеќе сакам изометриска камера и хек ен слеш, него конфузни контроли, беспотребни опции и ужасен гејмплеј. И искрено се надевам дека жанров ќе живне малце, ако не после Torchlight II, тогаш после Diablo III...

4 comments:

Random nobody said...

Patience, young padawan. Фино би било ако имаат co-op играње.

Бојан Николов said...

Torchlight II сигурно ќе има co-op, и тоа преку LAN, максимум 5 играчи. :) А, Blizzard се простија од LAN-от за да им плаќаме за battle.net :S

Random nobody said...

http://kotaku.com/5816757/at-least-diablo-iii-the-book-will-be-out-this-year . Утешна награда :)

Бојан Николов said...

Интересно, ама не сум толку навлезен во лорот на Diablo. :) Плус, ко шо читам нема да биде адаптација на причата него нешто друго. :)

Стрип е веќе друг муабет за вакви ствари (пример: RIFT стрипот за кој никако да пишам) :)