June 22, 2013

Man of Steel (2013)

Не ми се верува што гледав. Уште помалку не ми се верува што ќе мора да си ги изедам сите ствари што ги кажав за Нолан и Снајдер. За среќа, иако очекувањата ми беа големи, не се исхајпав како за Prometheus, така што разочарувањето не е толку страшно. Во секој случај, Man of Steel го држи местото на најлош филм што го изгледав годинава. Тоа е тоа, без спојлери, а подолу се деталите.

Да почнеме отпочеток. Man of Steel почнува на Криптон, каде што крајот на планетата се осеќа насекаде. Во непотребно долг сегмент, гледаме што се случува таму низ CGI со телевизиски квалитет и како Кал Ел завршува на Земјата. Основната приказна за тоа како и зошто е он пратен тука, е "збогатена" со навидум сериозна политичка нишка за општеството кое Џор Ел го остава навечер без сон. Тука некаде е и првата дупка во приказната, каде што технолошки напредна раса која испраќа криминалци буквално у курац, е способна да спаси само еден човек. Имаат факинг технологија за тераформирање, зошто целата надеж за опстанок ја праќаат во една единствена капсула? Доколку некаде го објаснија тоа, веројатно сум зевал од досада и сум го пропуштил. 

Океј, одиме понатаму каде што приказната се сели на Земјата каде што филмот се претвара во хаотичен колаж од флешбеци, лоши дијалози и бесмисленост. Тука следува уште еден шок од неверување. Како може такви имиња со челична репутација да не знаат да раскажат приказна. Приказна која е со години раскажувана и веќе има некаков темплејт. Овој дел од Man of Steel, се труди да го претстави детството на Кларк Кент повлекувајќи некои безвезни паралели со тоа што му се случува денес. Дури имаше и еден крајно, крајно кретенски момент каде што се обидуваат да шитнат некоја религиска аналогија споредувајќи го Супермен со Исус. Сериозно, чија идеја било ова? Тоа што ќе вметнеш религија каде што дефинитивно не припаѓа, не ти го прави филмот ништо посериозен, туку смешен и дебилен. 

Не знам дали некој примети, ама ја имаше и Лојс Лејн. Барем лик што се викаше така. Од итрата самоуверена новинарка која поместува планини за да си ја истера работата, тука има некоја неталентирана актерка чија минутажа во филмот е таму колку да ја има. Нејзиното присуство во филмот не правеше никаква смисла и форсирањето во сцени и ситуации каде што не и беше местото, е катастрофално. Зошто воопшто Зод и останатите Криптонци ја земаа и нејзе на бродот?! Тој што го пишувал сценариото веројатно некаде на пола од листот (на кој го собира цел филм), сфатил дека нема Лојс и на следното одење во ќенеф решил да ја допише. Алал.

Не само што немаше природна интеракција помеѓу Кларк и Лојс туку немаше апсолутно ништо, ниту трошка од тоа што целиот ебан свет го знае за ликовите. Летање десет минути низ пченки и карпи не те прави Супермен. Ниту еден од ликовите не се издвои, зошто сценариото беше напишано како за евтина СФ серија или сцена од глупава игра. Жалосно беше да ги гледаш актерите како го изустуваат тоа дно од сценарио. Башка, таква збирштина на неталент немам видено од ... од ... немам видено! Секоја чест за Расел Кроу и Мајкл Шенон, барем се трудеа, и покрај тоа што појавувањето на Расел Кроу после Криптон беше како во лош цртан филм. Хенри Кавил е одличен Супермен, но за жал само на слики. Секоја секунда од него во филмов ми ги печеше очите. 

Крајот на филмот и кретените што ја гасеа климата во Синеплекс ми предизвикаа главоболка. Последниот саат од филмот имаше три, напорно долги CGI сцени, ужасно изведени и режирани сцени каде што Супермен се бореше со роботи и Зод. Таман мислиш дека завршило, почнува нова зграда да се руши, заедно со луѓе кои Супермен не успеа да ги спаси. Мислам, кого воопшто спаси? Лојс и Лоренс Фишбурн? Од сето она што претставува Супермен за стрип сцената и Америка, видовме само добро дизајниран костим. 

За жал, Man of Steel остава чувство на очајна бљувоштина која го прави Superman Returns симпатичен. Од пренесувањето на ликот во денешно време, останаа само ветувачки трејлери, што ме тера да мислам дека прво го снимиле трејлерот, па решиле да прават два и пол саати филм базиран на тоа. Во иднина, секој филм на Нолан ќе го гледам со резерва. Секоја чест за Бетмен и претходните, ама ова е лошо, бе брат. Дно. Си ги сакам парите и времето назад.

19 comments:

nikola said...

man of steel paralelata sto ja ima so superman returns, takva paralela ima i the dark knight so batman. taka da ocekuvav bas vakov film. ne mozes da ocekuvas blockbuster da bide ko starite filmovi so dolgi dijalozi i bez akcija. da bese neso slicno ko supermen returns kje propadnese finansiski. a kako ti se svigjaat onie marvel sranja stvarno ne znam nema ama bas niso u tie filmovi. tie se pa ultra komercijalni filmovi bez logika. i plot holes so si gi otkril vo man of steel i toa nemaat logika ako sakas i na toa kje ti repliciram

Бојан Николов said...

Филмовите на Марвел се такви, лајт. Удрен е акцент на забава, онаква стриповска. Дури и акционите сцени често се пресликани од стриповите, како што фино се гледа во Captain America, на пример.

Man of Steel претендира да е сериозен и темен, нешто што успеа кај The Dark Knight трилогијата. Пред се, зошто Бетмен е по down on earth (pun intended). А, логика ќе барам во филм што пробува да се издвои како таков. Барем така ме прелажаа најавиве. :) Дијалозите беа онака како од цртан филм. Акционите сцени беа колку да се пополни саат време.

Немаше ама баш ништо добро во Man of Steel. Еве, пробувам да се сетам да издвојам.

nikola said...

epa green lantern bese light pa se usraa. i zatoa se orientiraa na adult za razlika od marvel. po mene ne moze podobar film za man of steel da izleze od ova. toa ne znaci deka e kujznaekolku dobar filmot. te sfakjam deka starite filmovi se podobri u nekoja smisla kako character development i scanario no man of steel da bese light najverojatno kje zavrsese ko green lantern. marvel imaat edna caka so gi pravi nivnite filmovi atraktivni a toa e marvel cinematic universe toa ti e fransiza da pravi samo pari i da sozdava fanovi. a za stripovi ne se razbiram bas mnogu pa cim christopher nolan ne gi esapi neso posebno stripovite zasto snyder bi bil razlicen. ipak snyder e izbran od nolan da rezira :D inace i mene mi smeta nolan sto se pletka vo stripovski filmovi. kje si go potrosi talentot bezveze.

nikola said...

poentata na filmot e kako edna civilizacija napravila greski pa prakjaat niven na nasava civilizacija da i pomogne da ne gi povtori istite greski i deka kal el e prviot kriptonec posle tolku vekovi sto ima free will

Бојан Николов said...

Green Lantern не го гледав од две причини. Не го сакам ликот, а уште помалку Рајан Рејнолдс. Веројатно никогаш нема ни да го гледам. :) Башка Green Lantern е на DC, нивните ликови некако не ми функционираат добро на филм. Океј, освен Бетмен и Супермен (не овој).

Марвел направија одлични филмови, барем што мене ми се свиѓаат, и ете - ги заслужиле моите пари. :) Што денес не е франшиза што прави прави? Ваквите филмови се баш тоа. Сеа кој сака - ќе купи.

Инаку, не реков дека Нолан ми смета што се плетка во стриповски филмови, напротив - направи еден од најдобрите такви во историја. :)

За последниов коментар, можеби, меѓутоа не е доволно тоа за да направи комплетен филм. Едно е идеја на хартија, друго е два и пол саати филм со очајно сценарио и куп нелогичности. Зошто Зод ја зема Лоис и еден куп такви. :)

nikola said...

tesko nebitno e zod zasto ja zema lois :D kazi drug primer?

Бојан Николов said...

Тоа со Лоис ми е пример за колку е глупо сценариото. :) Ја ставиле колку ДА ЈА ИМА. Ако веќе правиш нешто, напрај го да има смисла. Цел филм беше таков. Зошто покрај толку технологија, успеа само Кал Ел да кидне? Зошто Супермен на крај беше у јадови дека уби, а притоа пола град го сруши? Демек никого не уби тогаш? :) Мислам, не е идејава да навлагаме у ситници, иако тие ја прават големата слика.

Прочитај ми го постот уште еднаш, да не се повторувам. :)

nikola said...

lois ja napnuvaat posto mora da bide glaven lik a za da ti bide logicna mora da ima romansa ko u starite filmovi da letaat po pola saat bezveze i da pijat vino i da jadat kavijar.

kal el bega zatoa sto jor el e svesen za doomot i edinstveniot koj ima madinja da smeni nesto kako sto e kradenjeto na kodeksot i spasuvanjeto na kriptonovata civilizacija na nekoj nacin.
ipak e naucnik number 1 a zasto nema drugi sto se spasile
ne smeat da se spasat
posto oficijalno
doom nema.

supermen em ubi em edinstveniot kriptonec go ubi sto ostana zaedno so nego a toa sto rusel pola grad ipak bil u zanes da se tepa so svoite znaes kako e koga si superman.

i za crkavata pa neli klark kent e amerikanec do daska porasnat vo konzervativna zaednica ne e ni cudo sto se ispoveda

nikola said...

a da i kako nolan go naprail batman najdobar vo istorijata koga ti trebase godini za da go goltnes batman begins :D ?

Бојан Николов said...

Немаше ништо од ликот на Лоис. Ништо, ништо, ништо. Можеше било како да се вика ликот и пак немаше да направи разлика.

Како и да е, кога Супермен го уби Зод на крај, веќе бев уморен од изминатиот саат, а филмот веќе ми беше дојден до точка каде што се ми беше смешно и глупаво. :)

И пак ќе кажам, дупките во приказната не се ни мал дел од она што е погрешно во Man of Steel.

Batman Begins различен од претходните филмски адаптации, и бар ја бев премногу приврзан за тие на Бартон. За Супермен филмовиве не, па затоа и овој и претходниот не ги споредував со ништо на таков начин. :) Man of Steel не верувам дека некогаш пак ќе гледам.

Бојан Николов said...

Патем, за најдобар Бетмен мислам на The Dark Knight. :) Begins ми е најслаб од сите три на Нолан.

Anonymous said...

Znaci ustvari ti baras film sto ke trae 150 saati so dovolno character development, dovolno trening na superman za da stane toa sto e, bez zneski glaven lik vo filmot i bez akcija. Ah i se toa da ima epten onaka logika ( mislam deka ima dovolno ) a se zbori za "SUPERMAN" sto ima super moki itn itn.

Ajde mozebi ke ti se ispolni zelbata za nekoj milenium pa duri moze i na Sundance da stigne :)

Бојан Николов said...

Океј. :)

Anonymous said...

Ла(че) овде... ;) За моментот зошто ја земаа Лоис Криптонциве на бродот. Факт е дека таа оствари посебен bond со Супермен, со самото тоа што што го „разбра“ и реши да не го открие на јавноста (иако на тој нивен bonding не му посветија доволно минутажа). Блогерот на ТВ, откога Зод им запрети, пред цел свет објави дека Лоис е новинарката што знае се' за мистериозниот туѓинец, така да не е чудно дека Зод знаеше дека Лоис знае многу за Кал и затоа го побара нејзиното присуство на бродот. Потоа Лоис кажа дека и' влегле во главата, за што му се извини на Кал, а при тој влез верувам дека Зод ја доби адресата :) на Кал во Канзас, адреса која им беше потребна да дојдат во капсулата со која Кал стигнал на Земјата, со надеж дека во нејзе ќе го најдат тоа Кодексот. Еве, би рекол дека присуството на Лоис беше оправдано, а не само реда ради.

Филмот инаку многу ми се допадна (4.5/5).

Anonymous said...

^ Лаф(че) - не Ла(че)... :)

Aleksandar Ruseski said...

Филмот како акционен блокбастер си е ok. Тепачките сцени се супер, мислам дека не може никој да замери ништо за нив.
Зградите паѓале, луѓе имало внатре? Па очекувам да паѓаат, Супермен е ова или што? Впрочем секој акционен филм ја користи претпоставката дека не умираат луѓе во случајните спектакуарни експлозии освен ако специфично не прикаже дека умираат.
За дали е веродостојна верзија на Супермен од стриповите, тоа не можам да кажам, не ги имам читано.

Aleksandar Ruseski said...

Филмот како акционен блокбастер си е ok. Тепачките сцени се супер, мислам дека не може никој да замери ништо за нив.
Зградите паѓале, луѓе имало внатре? Па очекувам да паѓаат, Супермен е ова или што? Впрочем секој акционен филм ја користи претпоставката дека не умираат луѓе во случајните спектакуарни експлозии освен ако специфично не прикаже дека умираат.
За дали е веродостојна верзија на Супермен од стриповите, тоа не можам да кажам, не ги имам читано.

еленче said...

Филмот нема врска со Супермен. Никаква. Сакам промени. Ете Бетмен првиот дел ми беше супер, а и други филмови кои не се држат до класичната приказна. АМА ова нешто скроз не ми има врска со Супермен... А и општо како филм ми беше катастрофа. Потполно се согласувам со напишаното!

Dushko Zafirovski said...

Одличен Супермен. Одличен костим. Супер различна приказна.
Тапа Лоис Лејн, уште кога дознав дека е она тапа ми беше. Хемија меѓу нив никаква.
Тапа што беше дарк. Не e ова Бетмен, Супермен треба да е лајт бре.
Тапа планетата Криптон.
Одличен Џонатан Кент. Одлична смрт и траума за Кларк. Ептен. Оноа со „да го оставев детето да умре“ - “можеби“, ВАУ! Браво! Рационално размислување за да не му се открие тајната.

Зод феноменален. И првпат Супермен убива чоек со голи раце, ем земљак му е. Ем се надеваше ќе го преобрати у добар, а неможеше. Затоа беше напнат.

Искрено, се на се, добар филм за Супермен. И Хенри е закон. Така да си знајте.