October 20, 2011

Крај на Mythos

До крај на месецот, последниот онлајн Diablo клон ќе прекине да функционира. Европските сервери ќе бидат затворени, додека иднината на Корејската верзија е неизвесна, исто така и не ме интересира.

Играта немаше среќа уште од самиот почеток, со тоа што дел од тимот продолжи со работа на сега веќе култната Torchlight. Ја начекав играта во почетокот на европската бета, кога немаа ни среден чет систем, и пред месец дена кога се наоѓаше во фина, функционална верзија со просечен (доволен) број на играчи. Фин dungeon crawler кој секако дека имаше потенцијал и затоа ми е криво што имав толку малку време за играње. Главната причина за пропаѓањето на Mythos е тоа што имаа лош систем на микротрансакции. Лош за компанијата, затоа што наплаќаа само за ствари кои воопшто не беа неопходни за нормално играње. Не знам како планираа да опстојат со продавање на торби кои не правеа многу голема разлика, затоа што постоечката во комбинација со сефот во главниот град, беше сосема доволна.

Штета што не успеа. Колку толку ќе пополнеше простор до Diablo III. Кога сме веќе кај Diablo III, деновиве ќе спамам со новости и слично, зошто успеав да се исхајпам до тој степен, да секој ден проверувам дата за излегување.

Frogstеr, компанијата зад Mythos е позната по безобразни микротрансакции (види: Runes of Magic) и баш ме чуди како не им успеа тука. Моментално се инволвирани во нова игра, Eligium: The Chosen One, чија бета наскоро треба да биде пуштена. Новава игра е закажана за пролет.

Слична игра, Path of Exile, има регистрација за бета, така да кој е заинтересиран нека провери.

2 comments:

Anonymous said...

Жално за mythos што вака дојде до самиот крај, незнам која е причината зашто не ја стартуваа с оасални микротрансакции, ми мириса како да било нешто друго не во ред....

Torchlight 2 би сакал да ја видам скоро да пополни простор до Diablo 3. Го следев целиот Blizzcon сите панели од WoW, StarCraft до Diablo 3 и морам да признаам hype/от е преголем кој ќе чека уште мин. 3/4 месеци.... ова не е фер!

p.s посебно препорака за Diablo фанови гледајте го овогодинешниот Lore Panel на blizzcon.
-d(-_-)b-

Бојан Николов said...

Torchlight II до крај на годинава. Пошто само тројца програмери ја кодираат, читав како Runic Games има набавиле вреќи со лекови, за во случај некој да не се разболи и да треба да се одложи додека новиот програмер се запознае целосно со проектот.

Тоа е тоа, и ја ја чекам, тоа со LAN-от ќе биде ептен добро.

Најавија и Torchlight MMO, ама за тоа повеќе откако ќе излезе двојкава.