Showing posts with label OGame. Show all posts
Showing posts with label OGame. Show all posts

February 2, 2010

Нов OGame универзум - Fornax

Денес е отворен новиот OGame универзум Fornax. Немам одамна играно, се ставив сега пак, се собра дел од старата екипа со која стално играм и се отвори и тука Twilight Armada алијансата. Името во играта ми е Locutus.

Нека почне кршењето на флоти. :)

August 5, 2009

Новата верзија на OGame

Најавена беше уште во ноември минатата година, почна со бета тестирање месец дена покасно, за конечно денес да биде пуштена, заедно со два нови универзуми, Barym и Andromeda. Си најдов денес место на Barym и почнав да играм. Еднаш годишно почнувам на нов универзум, играм неколку месеци додека не ме рокнат асално и додека не ми се здосади.

Никот ми е Locutus, aко некој игра, нека ме исконтактира. Алијансата Twilight Armada е ре-оформена (игравме на uni39 и uni41). Линкот е http://www.ogame.org

December 4, 2008

OGame бета тестирање

OGame неодамна го најави и обновувањето на дизајнот кој беше речиси ист од самиот почеток на играта, некаде во 2002 година. Новиот дизајн заедно со серверот (uni42) за бета тестирање беше пуштен пред малку и веќе се пополни квотата од 5000 играчи кои ќе тестираат. Од попладево следам што се случува на форумот, и после неколку неочекувани проблеми екипата од GameForge успеа да го крене серверот кој моментално работи беспрекорно. Има ситни багови, но за тоа е и бета верзијата, нели? Техничкиот дел е подинамичен, дури има и Flash.

Пред некој ден на Crapwerk ги објавив и скришотовите и трејлерот со кои го најавуваа освежувањето на OGame и мора да кажам дека во "живо" играта изгледа навистина добро и е прилагодена на Web 2.0 трендот. Сепак, мислењата на играчите се поделени, но со тек на време сигурен сум дека повеќето ќе се навикнат.

Ми се допаѓа тоа што секој дел од играта е детално разработен, па на пример, делот од планетата кај што се рудниците, се обновува со секоја нова градба. Тоа што е долу на скришотот, пред да изградам рудници, беше само празна трева и планини. Нешто слично како во Civilization II. Незнам битките какви се, се надевам дека ќе дознаам за неколку денови.

Би било добро и да вметнат нешто сосема ново, како што беше можноста за експедиција. Или барем да додадат и нешто ново, зошто сите исходи од експедицијата веќе на памет ги знам.

Претпоставувам дека тестирањево ќе трае најмалку една недела пред да го вметнат дизајнов и на другите сервери. Вчера беше отворен и uni41 кој си работи нормално, со стариот дизајн, па се регистрирав и таму. Twilight Armada алијансата е формирана и на uni41, се собравме десетина луѓе, па ако некој е заинтересиран може да аплицира за членство. Останувам да играм и на uni39. Ќе бидам и на uni42 додека трае тестирањево, немам намера да играм на три сервери, не сум до толку без живот.

November 20, 2008

OGame со нов дизајн

OGame конечно ќе добие нов дизајн. Мислам дека редно беше, бидејќи играта е речиси иста со години. Новиот дизајн ќе биде пуштен наскоро, се надевам со отварањето на uni41. На овој линк има и трејлер. Подолу следат неколку скриншоти од новиот OGame.

Инаку, јас уште играм на uni39, моментално сум 375 место (од 5300) со 77.225 поени.


За повеќе, клик тука.

August 7, 2008

Uni39 на OGame

Додека се привикнувам на Скопјево (бев недела дена во Охрид) и се спремам за гледање на седма сезона Stargate SG-1, како и некои продуктивни работи за кои веројатно наскоро ќе пишам, случајно видов дека деновиве отвориле uni39 на OGame. Со оглед на тоа што немав асално играно неколку месеци поради нападите во декември лани, а и откажувањето на пола членови од алијансата во која бевме, се регистрирав пак.

Новиов сервер е отворен пред неколку дена, така што сега е фина прилика да се почне од почеток. Јас сум со ник Locutus, на координати 4:55:4. Во план е и алијанса, па ако некој е заинтересиран нека пише.

December 29, 2007

Утрински Battle Report (полошо не можеше)

Ми ја рокнаа флотата на OGAME, и со тоа, неколку месеци играње се расфрлаа низ вселената. Типот што ме среди, доби месечина пред некој ден, и лесно ми ја следеше флотата. Тоа е тоа, ме начека и ме уништи. Ќе пробам да се вратам во форма, сигурно ќе ми треба повеќе од две недели.

Имав 20% шанси и јас да добијам месечина, ама ништо од тоа. Ај, следниот пат. :)

Денес е убав ден да правам нешто друго освен градење на нова флота, иако собрав ресурси од другите планети и почнав да градам.

Еве како изгледаше извештајот на крај (го ставам тука за спомен):



На сите мои девет планети, прогласив Ден на жалост.

October 30, 2007

OGAME: Отворени се uni34 и uni35


Незнам дали некој сеуште игра OGAME. OGAME на нашиве простори, најмногу се играше пред повеќе од две-три години.

Како и да е, вчера и денес отворија два нови универзума на англиската верзија, uni34 (стандарден) и uni35 ("speed" универзум). Пред месец дена, почнав да играм во uni33. Пред тоа, некое време ја играв Балканската верзија на uni7. Се регистрирав вчера и во uni35, да пробам како е да се игра OGAME така брзо. Интересно е, градбите се побрзи, се добиваат повеќе ресурси...

Доколку некој се реши да почне да игра, ги предлагам uni33 и uni35. Првиов е исто така релативно нов, и може лесно да се напредува во играта. Таму е и македонската алијанса во која сум и јас член, Last Stand.

Туку, за тие што незнаат што е OGAME, ме мрзи да објаснувам, еве линк од Wikipedia. Да напоменам само, дека играта е екстремно заразна, и се регистирате на своја одговорност. :)
OGAME не бара никаква инсталација, потребен ви е само веб-прелистувач (Mozilla Firefox, нормално), слободно време, нерви (де, на сите ни ја искршиле флотата и ни собрале илјадници ресурси) и добра воља. Не е ништо тешко, лесно се влага во шема... и тешко се излегува.

А, исто така, за почетниците, има и едно фино упатство, напишано од Chronic, OGAME ветеран, и објавено тука.