September 23, 2007

Музика за оваа недела

На Блогерај, неделава е актуелна нова "штафета". Овој пат, темата на верижните постови е "5 омилени албуми". Некои пишуваа за нивните 5 омилени албуми на сите времиња, омилени албуми за викендот (минатиот) и за најслушаните албуми за изминатата недела.

"Штафетата", до мене стигна преку Гиж. Се одлучив да направам листа на пет омилени/најслушани албуми за оваа недела. Имаше многу, но се одлучив за овие пололу:

KATATONIA – The Great Cold Distance (2006)

Најдоброто парче музика за 2006 година, според мене. Katatonia се еден од најдобрите бендови што некогаш сум ги слушнал. Албумот е прекрасен спој на бес и меланхолија. На сингловите што излегоа од овој албум, имаше интересни бонус траки кои го најавија новиот правец на бендов. Нивната шарена, но солидна дискографија, е доказ дека се успешни кога станува збор за експериментирање со музиката.

DREADLOCK TALES – SynchroniCity (2007)

Кога првпат ги слушнав, мислев дека се некаде од Јамајка. Финциве комбинираат даб, амбиент и реге на ептен пријатен начин. Релаксирана музика, погодна за спиење.

KRAFTWERK – Computer World (1981)

Kraftwerk се бенд што никогаш нема да ми здосади. Неделава, постојано си ја вртев нивната дискографија. Омилен албум ми е “Computer World”, а тука некаде е и “The Man-Machine” (1978). Концертот на Саем пред неколку години им беше феноменален. Кој не бил, пропуштил многу.

XENOMORPH – Qlippoth (2003)

Додека го чекам новиот албум на лудиов Германец, мора да се задоволам со претходните два. Xenomorph е најдобриот dark psytrance артист, што некогаш постоел. Типов го преточува мракот во музика. :) Штета што не отидов кога настапуваше тука.

PIMENTOLA – Misantropolis (2007)

Новото издание на Шведската издавачка куќа, Cold Meat Industry, која се занимава со мрачна експериментална музика, индастријал и слични правци. По одличните Coph Nia, Deutsch Nepal и Arcana, на ред дојде и Pimentola. Одличен албум, со кул наслов. Оваа година излезе и албумот на Sturmast, кој е исто така добар.

5 comments:

NECRON said...

Еј Katatonia се многу јаки!
И јас баш си го пуштив пред некој ден Tonight's Decision, иначе ги немам сите но планирам да си ги досимнам.
(:

NECRON said...

И еве ти линк за Nil Recurring, но побрзај да не го снема!
(:

http://lix.in/2b5a50
pass: ALIEN

Бојан Николов said...

Е, фала ти. :)
Го симнав, и моментално го слушам. Добро е. :)

dr. Max said...

Уууу Синнееее, ми се видоа интересни овие Кататониа, ги симнав одма, човече, ептен ми се свиѓаат. Многу, многу се добри. Сеа им ги досимнувам сите албуми, на 67% сум :D Thanks for the sharing :P

XXX-->Ivan<--XXX said...

Пуф како ги изнафаливте ме заинтригираа. Дајте некој линк со download? :)